С Т Р А В
Уште една мошне често користена
шема кај нас со голема сила на убедување.
Кога некој ќе ве плаши дека
ќе се случи некаква катастрофа, војна, голема сиромаштија, или каква било
непожелна појава доколку не постапите на одреден начин тогаш работи
шемата страв. При користење на оваа шема обидот е да ви се скрене
вниманието од вистинските вредности на некој предлог за делување и да ве
насочи кон превземање на чекори кои би го намалиле стравот.
Оваа техника е многу
ефикасна доколку се користи со фашистичка демагогија но најчесто денес се
користи на помалку драматични начини, како на пример:
Телевизиска реклама покажува
автомобилска несреќа (потикнувач на страв) и ги потсетува гледачите
да се врзуваат со каишот од колата (предлог дејство за успешно
отсранување на причинителот на стравот).
Социолози, психолози и
комуниколози вршеле емпириски студии врз ефективноста при убедување кога
се користи шемата Страв. Иако овие студии биле критикувани или најдено е
грешка во експерименталните методи, општата проценка е вредна за размисла
ако не и прифатлива а таа е:
Колку повеќе е уплашена една
личност преку одредена комуникација, толку повеќе таа личност би
превземала превентивни чекори.
Доколку оваа шема се користи
со цел да се смени некаков веќе устоличен начин на однесување тогаш
препораката за делување кон намалување на стравот треба да биде ефективна
и извршна. На друг начин кажано, при желба да се промени начин на
однесување со заплашување треба личноста првин да се уплаши а потоа да се
насочи кон определено дејство кое ќе ја отстрани заканата или ќе го намали
стравот.
Во современата политика оваа
шема е широко распространета. Кога политичар го истакнува растечкиот
криминал и ви предложува гласањето за него дека ќе ја намали заканата од
криминал тогаш е најочигледно користењето на шемата Страв.
Оваа шема поседува 4 елементи
при нејзиното успешно користење:
1. Закана, како создавач на
страв.
2. Одреден предлог за делување
против заканата, како создавач на страв.
3. Перцепција на таргетираните
дека предлогот ќе биде ефикасен, како дејство за успешно отсранување на
причинителот на стравот.
4. Перцепција на таргетираните
дека се способни успешно да го изведат предлогот, како дејство за успешно
отсранување на причинителот на стравот.
Доколку во шемава не се
вклучени сите елементи тогаш нејзиниот успех во делувањето ќе биде
доведено во прашање. Доколку изостанат елементите 3 и 4, таргетираните
стануваат депресвни и апатични. Ако се заплашува таргетираната публика со
најразновидни закани а притоа не се дава предлог за одредено дејство при
отстранување на заканата или не се создава ефект дека таргетираната
публика е способна успешно да делува тогаш таргетираната публика станува
апатична и депресивна, без желба за делување.
Се надеваме дека ви се
објасни од каде е апатијата и депресивноста на нашето општество. Односно
зошто нашиот народ, вклучувајки ве и вас, не реагирате дури и при
најжестоки закани за нашиот опстанок како народ или општество. Едноставно,
зошто и за кого би реагирале. Не ви се дадени елементите 3 и 4 како поттик
за делување туку се вршат активности за да се осигури дека тие елементи
нема да се појават.
Да појасниме, скоро цела
деценија не бомбардираат со секакви закани, односно ни го поттикнуваат
стравот без да ни се создаде можност да делуваме во спречување на тие
закани. Доколку ни се создаде можност да делуваме во отстранувањето на
причинителите на заканата, дејството кое би го превземале станува уште
поголем создавач на закана. Ако ова не е контрола врз едно оп-штество
тогаш што е?
Кога ќе се соочите со препораки
на делување кои се хранат од вашите стравувања треба да се запрашате:
1. Дали не се претерува со цел
да се добие подршка?
2. Колку е реална заканата?
3. Доколку го прифатите
предлогот за делување дали навистина ќе се намали претпоставената закана?
4. Без емоции размислите кои се
вредностите на предлогот на говорникот(создавачот на страв)?
НАЗАД