Мал
Утешителен Канон на Пресвета Богородица (Молебен)
Творба на монахот
Теостирикт
Благословен е
нашиот Бог ...
Пс 142
Господи послушај ја молитвата моја, чуј го молењето мое поради твојата
вистина. Послушај ме поради твојата правда и не стапувај во суд со твојот
слуга зашто пред тебе нема да се оправда ниту еден од живите. Непријателот
ја прогонува душата моја го понизил животот мој дури до земјата, ме остави
во темнина како оние кои се одамна умрени, одпадна духот мој во мене, се
вознемири во мене срцето мое. Се сетив на дамнешните дни и размислував за
сите твои дела, расудував за делата на твоите раце. Ги протегнав кон тебе
рацете мои, душата моја е жедна за тебе како сува земја. Послушај ме поскоро
Господи, духот мој малакса, не одвраќај го лицето свое од мене за да не
заприлегам на оние кои слегуваат во гроб. Соопшти ми ја утрената милост
твоја зашто на тебе се надевам Господи. Покажи ми го Господи патот по кој да
одам зашто кон тебе ја вознесувам душат моја. Избавиме Господи од моите
непријатели зашто при тебе прибегнав. Научи ме да ја исполнувам вољата твоја
зашто ти си мојот Бог. Твојот благ дух нека ме води по прав пат. Заради
твоето име Господи ќе ме оживиш, поради твојата правда ќе ја избавиш од
невоља душата моја. Според милоста твоја истреби ги непријателите мои и
погуби ги сите кои ја измачуваат душата моја зашто јас сум слуга твој.
Послушај ме Господи по твојата правда и не влегувај во суд со твојот слуга.
Твојот благ Дух нека ме води во земјата на правдата.
Слава, и сега: Алилуиа, Алилуиа, Алилуиа, слава Ти Боже
3.
Припев: Бог Господ ни се јави, благословен е
оној што доаѓа во името Господово.
1. Фалете Го Господа,
зашто е добар, зашто е вечна Неговата милост.
2. Ме заокружија од сите страни, но со Името
на Господа ги одвраќав.
3. Нема да умрам но ќе
живеам за да ги кажувам делата на Господа.
4. Каменот што ѕидарите го отфрлија стана
аголен камен. Од Господ е ова и чудесно е во нашите очи
Тропар на Богородица
Кон
Богородица со љубов сега да пријдеме ние грешните и смирени, да паднеме во
покајание викајки од длабочината на душата: Владичице, помагај ни милувајќи
не, побрзај пропаѓаме од множтвото грешки. Не одбивај ги напразно твоите
служители зашто те имаме како единствена надеж (2
пати)
Слава, и Сега:
Ние недостојните никогаш нема да престанеме Богородице, да збориме за
твојата сила зашто кога ти не би стоела пред нас кој би не избавил од толку
опасности. Кој би не сочувал до сега слободни. Од тебе нема да одстапиме
Владичице зашто твоите слуги ги спасуваш секогаш од секакви маки.
Пс 50
Помилувај ме Боже поради големата твоја милост и заради големата твоја
добрина избриши ги беззаконијата мои. Најнапред измиј ме од моето беззаконие
и очисти ме од мојот грев, зашто беззаконието мое го знам и мојот грев е
секогаш пред мене. Пред тебе единствениот згрешив и пред тебе зло извршив,
за да бидеш праведен кога ќе пресудуваш и да победиш кога ќе судиш. Ете во
беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја. Но ти ја засака
вистината во срцето и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајна
премудрост твоја. Пороси ме со испоп и ќе бидам чист, измиј ме и ќе бидам
побел од снег. Дај ми да чујам радост и веселба и ќе се зарадуваат коските
мои ослабнати. Сврти го лицето свое од гревовите мои и избриши ги сите мои
беззаконија. Создај чисто срце во мене Боже, и Дух вистински обнови во мене.
Не одфрлувај ме од лицето свое и Светиот Дух не одземај го од мене. Врати ми
ја радоста спасувајќи ме и со својот моќен Дух зацврсти ме. Беззакониците ќе
ги научам да одат по твоите патишта и безбожниците кон тебе ќе се обрнуваат.
Избави ме од крвта Боже на моето спасение и јазикот мој ќе се зарадува на
твојата правда. Господе, отвори ја устата моја и устата моја ќе ја објави
похвалата твоја. Оти да сакаше жртва јас ќе ти ја принесев, но сепалениците
не ги сакаш. Жртвата пред Бог е смирен дух, срце понизно и смирено Ти Боже
не одфрлуваш. Господе направи му добро на Сион според благоволението свое
воздигни ги ѕидовите Ерусалимски. Тогаш ќе ти бидат угодни жртвите на
правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици, тогаш на твојот олтар ќе
принесуваат телци.
Канон на Пресвета Богородица без ирмосите.
Песна прва, глас 8: Ирмос: Поминувајќи преку водата како по
суво и избегнувајќи го египетското зло израилецот пееше: На избавителот и
нашиот Бог да му пееме. Припев: Пресвета
Богородица спаси не. Обземен од многу напасти кон тебе прибегнувам барајќи
спасение о мајка на Словото и дева, спаси ме од тегоби и зла. Нападите на
страстите ме смутуваат за да ја исполнат мојата душа со многу мрзливост.
Смири го девојко, со тивко, твојот Син и Бог, Сенепорочна.
Слава: Тебе дева која го роди
Спасителот и Бог, те молам да се избавам од маките, затоа сега прибегнувам
при тебе и ги отварам душата и помислата. И сега:
Мене кој страдам со телото и душата, со Божествена посета и грижа
удостој ме Богомајко, зашто како добра си го родила Добриот.
Песна трета. Ирмос: Господи создател
на небесниот свод и градител на Црквата, утврдиме во Љубовта кон тебе, место
на желбите, тврдина на верните, единствен Човекољубив. Застапување и
заштитата на мојот живот ти ги препуштам тебе Богородителка дева, упати ме
кон твоето пристаниште, причина на добрините, тврдина на верните, единствена
сепеана. Молам дева, да се стиши душевниот немир и бурата на мојата мака.
Зашто ти Богоневесто си го родила Христа поглаварот на мирот, единствена
пречиста. Слава: Раѓајќи го
Добротворот причинителот на добрините, богатство од добродетели излеј врз
сите. Ти можеш се зашто си го родила Христа, силниот во крепоста,
Богоблажена. И сега: Со тешки маки и
болни страдања измачуван, дева ти помогни ми зашто знам дека си неисцрпна
ризница на исцелување, сенепорочна.
По трета и шеста песна:
Спаси ги од беда твоите служители Богородице, зашто сите по Бог кај
тебе прибегнуваме како кај неразрушив бедем и заштита. Погледни со
добросрдечност сепеана Богородице кон мојата тешка мака и исцели ја болката
на мојата душа.
Ектенија
Помилувај не Боже по твојата голема милост ти се молиме послушај не и
помилувај. Господи помилуј (3 пати) Уште се
молиме за благочестивиот и православен народ наш. Уште се молиме за
Митрополитот наш ... Уште се молиме за милост, живот, мир, здравје,
спасение, посета, прошка и закрепнување на слугата божји и простување на
неговите гревови.. Уште се молиме за луѓето кои стојат овде чекајќи од Тебе
голема и богата милост, за сите браќа и сите христијани. Зашто си милостив и
човекољубив Бог и Тебе ....
Тропар Гл. 2.
Топло молење и неразрушива карпа, извор на милоста, засолниште
на светот, сесрдно ти пееме: Богородице Владичице која си единствена брза
посредничка, побрзај и избави не од бедата.
Песна четврта. Ирмос: Ја слушнав
Господи тајната на твојата промисла, ги разбрав твоите дела и го прославив
твоето Божество. Метежот на моите страсти, родителко на кормиларот Господ,
Богоневесто стиши ја и бурата на моите грешки. Те повикувам да ми ја покажеш
бездната на твоето милосрдие, родителко на милосрдниот и спасител на сите
кои ти пеат. Насладувајќи се од твоите дарови Сечиста, ти пееме
благодарствена песна ние кои те знаеме како Богомајка.
Слава: Немоќен лежам на одарот на
мојата болест, помогни ми како богољубива, Богородице единствена и секогаш
дева. И сега: Имајќи те како надеж и тврдина
и како непоколеблива карпа на спасението Сеопеана, се избавуваме од секоја
непријатност.
Песна петта. Ирмос: Господи просвети
не со твоите повелби и со твојата возвишена рака, дај ни го твојот мир,
Човекољубив. Чиста, исполни го со веселба моето срце давајќи ми ја
твојата нераспадлива радост, родителко на причинителот на радоста. Избави
не од беди Богородице Чиста, која си го родила вечното искупување и мирот
што го надминува секој ум. Слава: Растерај
ја маглата на моите грешки Богоневесто, со просветувањето на твојот сјај, ти
која си ја родила Божествената и предвечна светлина.
И сега: Исцели ја Чиста, немоќта на мојата душа, ти која ме
удостои со твојата посета и со твоите молитви дај ми здравје.
Песна шеста. Ирмос: Ќе ја излеам
мојата молитва кон Господ и нему ќе му ја кажам својата мака. Зашто душата
моја се исполни со зло а мојот живот се приближи до адот. И се молам како
Јона: Боже изведи ме од пропаста. Бидејќи си ја спасил од пропаст и смрт
мојата природа обфатена со гниење и смрт предавајќи и се самиот на смртта,
дева моли го Господ и Синот твој да ме избави од злоделата на непријателите.
Тебе те знам дева како заштитничка на животот и најсигурна чуварка која
ослободува од немирот на искушенијата и ги изгонува ѓаволските напади. И
секојдневно се молам: Избави ме од пропаста на моите страсти.
Слава: Како карпа на прибежиште те
стекнавме и потполно спасение на душите и олеснување во невољите девојко, и
на твојата светлина секогаш и се радуваме, о Владичице и сега спаси не од
страдања и опасност. И сега: На леглото сега
немоќен лежам и нема исцеление за моето тело. Но се молам на тебе Блага,
која си го родила Бог и спасителот на светот и избавителот од маки, подигни
ме од убиствената болест.
По трета и шеста песна:
Спаси ги од беда твоите служители Богородице, зашто сите по Бог кај
тебе прибегнуваме како кај неразрушив бедем и заштита. Погледни со
добросрдечност сепеана Богородице кон мојата тешка мака и исцели ја болката
на мојата душа.
Мала Ектенија ...
Кондак глас 6: Застапништво на
христијаните со кое нема да се посрамиме, неизменливо посредништво пред
творецот, не презирај ги молитвените гласови на грешните, но побрзај како
добра да ни бидеш на помош на сите кои со вера те повикуваме. Богородице
постојана заштитничке побрзај и дојди на помош во молитвата и молењето на
оние кои те почитуваат.
Да внимаваме премудрост да внимаваме.
Прокимен глас 6.
Ќе се потсетуваат на Твоето Име од род во род.
Стих: Слушни ќерко, види, и приклони го увото
свое
На Господа да се помолиме. Зашто си Свет Боже наш и во светиите почиваш и
Тебе ... Амин.
Да се удостоиме за слушање на светото евангелие Господа Бога Го молиме.
Премудрост, да стоиме со страв и да го чуеме светото Евангелие, мир на сите.
Евангелие по Лука.
Во она време, Марија, како
стана во тие дни, отиде набргу во ридскиот крај, во градот Јудин.
Па
влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета.
Штом го чу Елисавета поздравот на Марија, заигра младенецот во утробата
нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети, па извика гласно и рече:
„Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба. И
откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ
? Зашто, ете, кога пристигна гласот од твојот поздрав до ушите мои,
радосно заигра младенецот во утробата моја. И блажена е таа, која поверува,
зашто ќе се исполни она, што ѝ рекол Господ.” И рече Марија: „Мојата душа Го
велича Господа,
и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледа смиреноста
на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови,
зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име, и милоста Негова е од колено на колено за оние, што се бојат од Него. Он
покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние, што се гордеат со мислите во
срцата свои. ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените. гладните
ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни. го прифати Израилот,
Својот слуга, сеќавајќи се на милоста. како што им зборуваше на татковците
наши, на Авраама и на семето негово довека. И остана Марија со неа околу три
месеци, па се врати дома.
Слава Глас 6. Отец Слово Дух Троица
Света, избриши ги мноштвото наши гревови. И сега:
По молитвите на Богородица Милостив, избриши ги мноштвото наши гревови.
Помилувај ме Боже поради големата твоја милост и заради големата твоја
добрина избриши ги беззаконијата мои.
Глас 6.
Не доверувај ме на човечка заштита пресвета Владичице, туку прими ја
молитвата на твојот слуга, невоља ме снајде и неможам да ги поднесам
ѓаволските стрели, немам заштита ниту засолниште, јадниот од сите страни ме
напаѓаат. Нема кој да ме утеши освен ти Св Владичице, надеж и заштита на
верните, не презирај го моето молење но направи го полезно.
Спаси ги Боже твоите луѓе ... Господи помилуј (12
Пати)
По милоста, добрините ...
Песна седма. Ирмос: Кога дојдоа
некогаш од Јудеа како момчиња во Вавилон со верата во Св Троица го угасија
пламенот во печката пеејќи: Боже на отците наши, Благословен си. Бидејќи
посака да го извршиш нашето спасение се всели Спасителу во утробата на дева
и ја покажа неа како заштитница на светот. Боже на отците наши, Благословен
си. Мајко чиста моли го љубителот на милоста кого си го родила да се избават
од престапи и од духовна валканост сите кои со вера извикуваат: Боже на
отците наши, Благословен си. Слава: Си
покажал дека родителката твоја е ризница на спасението и извор на чистината
и сигурна кула и врата на покајанието на оние кои извикуваат: Боже на отците
наши благословен си. И сега: Богородице
удостој ги да се излечат од телесните слабости и душевни болести оние кои со
љубов пристапуваат кон твојата заштита, ти која ни го роди Спасителот
Христос.
Песна осма. Ирмос: Царот небесен кого
го пеат војските Ангелски фалете го и величајте го во сите векови. Дева не
презирај ги оние на кој им е потребна твојата помош, оние кои ти пеат и те
величаат во сите векови. Немоќта на мојата душа и телесните маки ги лечиш
дева, да те славам пречиста. Дева ти излеваш исцелително богатство врз оние
кои верно ти пеат и го величаат неизреченото твое рождество.
Слава: Дева не презирај ги оние на кој им е
потребна твојата помош, оние кои ти пеат и те величаат во сите векови.
И сега: Нападите на искушенијата и на
болестите ги одгонуваш дева, затоа ти пееме во сите векови.
Песна деветта. Ирмос: Навистина те
исповедаме како Богородица ние кои со тебе сме спасени дева чиста, величајки
те со Безтелесните Хорови. Не одвраќај се од течението на моите солзи дева
која си го родила Христа, кој ја избриша секоја солза од секое лице. Исполни
го со радост моето срце дева, ти која си ја примила полнотата на радоста и
си ја истребила гревовната жалост. Дева биди им пристаниште и заштита на
оние кои ти се обраќаат и неразрушива карпа прибежиште и заштита и веселие.
Слава: Изгонувајќи го мракот на
незнаењето просвети ги со зраците на твојата светлина оние кои побожно те
исповедаат како Богородица. И сега: На
местото каде што болеста го мачи паднатиот, дева излечи го и од болест врати
го во здравје.
Достојно е навистина да Те ублажуваме
Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог.
Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, Ти која нетлено
го роди Бога Словото, вистинска Богородице ние Те величаме.
Повишна од небесата и почиста од сончевата светлина и која не избави
од клетвата, Владичицета на светот со песни ја почитуваме. Од многуте
гревови немоќно е моето тело и слаба е мојата душа. Тебе ти се обраќам
Благодатна, надеж на безнадежните, ти помогни ми. Владичице и мајка на
избавителот, прими го молењето на твоите недостојни слуги да посредуваш кај
оној кој се роди од тебе, о владетелко на светот биди ни посредница. Сега и
пееме љубовна песна на сеопеаната Богородица, радосно со предходникот и со
сите Светии моли се Богородице да се сожали на нас. Сите ангелски војски,
предходник Господов, дванаесет апостоли и сите Светии, направете молитва со
Богородица за да се спасиме.
Трисвето:
Помилувај не Господи помилувај не зашто немаме никакво оправдување.
Оваа молитва како на Владика ти ја принесуваме ние грешните, помилувај не.
Слава: Господи помилувај не, зашто во Тебе се
надеваме, не гневи се многу на нас, ниту спомнувај ги нашите беззаконија, но
погледни и сега како добросрдечен, и избави не од нашите непријатели, зашто
ти си Бог наш и ние твоите луѓе сите сме дело на твоите раце и Твоето Име го
повикуваме.
И сега:
Дверите на милосрдието отвори ни ги,
благословена Богородице,
за да не загинеме ние што на Тебе се надеваме, туку преку Тебе од маките да
се избавиме,
зашто Ти Си спасение на родот христијански.
Ектенија: Помилуј не Боже по Твојата голема
милост, ти се молиме услиши и помилуј .. Господи помилуј. Уште се молиме за
милост, живот, мир, здравје, спасение ... Уште се молиме на Господ
нашиот Бог да го послуша гласот на молењето од нас грешните и да ги помилува
слугите свои и да ги заштити од секоја мака беда гнев и потреба и од секоја
болест душевна и телесна, да им дарува здравје долгодишно, да речеме сите:
Скоро послушај и со милост помилувај. Уште се молиме да се сочува овој Град
Село Св Храм Обител, секој Град и Држава, од глад пропаст земјотрес потоп
оган меч, напад на другоплеменици и меѓусебни борби, за да биде милостив
помирлив благ и Човекољубив нашиот Бог, да го одврати секој гнев кој се
движи кон нас и да не избави од нападна и праведна своја закана и да не
помилува. Послушај не Боже Спасител наш, надеж на сите дури до крајот на
земјата, и на оние кои се во далечните мориња, милостив биди Владико кон
нашите гревови и помилувај не, зашто си Милостив и Човекољубив Бог, тебе
слава.. Амихн.
Христос вистинскиот Бог наш, по молитвите на својата пречиста мајка,
преподобните и богоносни татковци наши и на сите Светии да не помилува и
спаси како благ и Човекољубив.
† Мистична
Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie