Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Ѕоле Стојчев (Атеш паша)

Роден е во с. Баница, Леринско во 1867 година. Рано влегува во ВМОРО и извршува курирски и терористички акции. Потоа станува четник кај војводата Т.Стојчев, а од 1903 година е лерински војвода. Учествува во Илинденското востание, а по востанието е околиски војвода.

На 11 март 1905 година, четите на Т.Стојчев и Ѕ.Стојчев кај селото Жерви имаат судир си турскиот аскер.

За време на Хуриетот бил за соработка со Младотурскиот режим и верувал дека само така ќе се сочува целоста на Македонија. Учествувал и во Народната федеративна партија.

По завршувањето на митингот на 31 декември 1909 година во Лерин, како одмазда за наводно убиство на Шиназ ефенди, во една слаткарница, убиен е Ѕ.Стојчев од Турчинот Садреадин.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik