Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Спомени - Даме Груев

Еден разговор со Даме Груев

Пред извесно време дописникот на „Новое времја“ разговарал со познатиот револуционерен деец Даме Груев за развојот на македонското прашање во текот на 1904 година. Откако зборува за слабите резултати на Мирцегшките реформи и нивната неискрена примена од страна на Турција, г. Груев говори за антагонизмите на разните националисти во Македонија, подобро кажано за таканаречената „војна“ на Внатрешната организација против Грците и Србите. Ние ќе го објавиме само тој дел од долгата кореспонденција, која доаѓа токму на време, дотолку повеќе што за Даме Груев се мисли дека е еден од најтолерантните дејци, а кон Србите дури има некои симпатии.

На прашањето на г. Кирилов, дописник на „Новое времја“ – зошто до востанието не се забележувало дека антагонизмот помеѓу Грцте, Србите и Бугарите во Македонија е толку изострен и како да се објасни тој факт? - Груев одговорил:

-Грците секогаш биле најголемите непријатели на македонските Словени; до Востанието тие својата национална пропаганда ја ограничуваат на определени реони; немаше преминување на села од Патријаршијата кон Егзархијата и обратно. Немаше повод за раздразнување на национално чувство, Бугарите и Србите како да се беа приспособиле кон постоечкото status-quo. Освен тоа во тоа време националните интереси силно се маскираа од очекуваното од сите (Бугари и Срби) претстојно востание.

Во време на востанието Србите имаа инструкција од Белград кон востаниците да имаат добронамерен неутралитет. Ние со тоа бевме задоволни. Но по востанието положбата се промени. Ефектот што го постигна Востанието, потоа сеништето на блиската македонска автономија ги исплаши Србите од Кралството; тие сакаа тоа да се случи колку што е можно подоцна, и во исто време побрзаа со својата пропаганда, во многу проширувајќи го нејзиниот реон, и тоа со поприлично неморални и предизвикувачки средства. На пример, помош во брашно се даваше само на оние настрадани од времето на Востанието што се согласуваа да се прогласат за Срби и патријаршисти. Урнување на status-quo од Србите предизвика негодување кај Бугарите, до толку што по Востанието националистичките интереси повторно станаа доминантни во умот на населението. Бугарите енергично реагираа против српската пропаганда.

Многу селани србомани, кога ќе чуеја за доближувањето на бугарската чета, од страв (често без причини) и од чувството на самозапазување ја известуваа турската власт за четата: потоа од страна на месните органи на Организацијата доаѓа до одмазда. Последниве откако видоа дека српската националистичка пропаганда води кон меѓусебно непријателство и раскол во народот, му го одвлекува вниманието од политичките цели на Организацијата, предизвикува предавство и репресалии од страна на Турците - под влијание на месното општествено мислење (мнозинството се Бугари) се насочија против српската пропаганда.

На многу места нашите прости војводи и месни дејци на Организацијата навистина ги застрашуваат Србите и србоманите, со тоа што ги принудуваат да се откажат од својата , национална пропаганда. Тоа е придружено со доста убиства: многу вистинските доставувачи и шпиони често и од двете страни гинат сосема невини луѓе. Како што гледатем јас не ги оправдувам нашите, а само ја објаснувам генезата за појавувањето и развојот на меѓусебното непријателство помеѓу Србите и Бугарите, што создаде опасна атмосфера за меѓусебна недоверба и лошо однесување, состојба на меѓусебна омраза и искоренување. Ви зборувам сосема искрено, поводот за создавањето на ваквата ужасна атмосфера го дадоа Србите; Бугарите во Македонија се однесуваат полојално отколку Грците и Србите, тоа можеби затоа што нашите таму се мнозинство и ние под своите нозе чувствуваме солидна морална почва. Бугарската девиза - политичка слобода - делува многу привлечно кај народот.

Јас никојпат нема да си дозволам да обвинувам за подбуцнување и доносничество такви српски државни дејци како што се С. Симиќ, Пашиќ: тие се гнасат од слични долни работи. Но второстепените агенти на српската пропаганда како резултат на својата примитивност и морална неразвиеност не се гнасат од шпионирање. Да го земеме како пример случајот со убиствата во с. Кокошине... Убиствата овде беа извршени од бугарската чета поради доносништво, меѓутоа морален виновник за овој однос (поради што минатото лето турската војска ликвидира една цела бугарска чета) беше српскиот архиерејски заменик во Куманово поп Ташко. После тоа во с. Кокошине дојде српска чета и го закла без секаква вина единствениот Бугарин во тоа село.

-Како се однесуваат српската и бугарската влада кон меѓусебните односи на Срби и Бугари во Македонија?

Крајно деморализаторски. Сепак бугарската влада таму наидува на отпор од Организацијата; се што е таму српско, е создадено и се раководи од Белград од српската влада, која во Македонија има сосема подруги цели од нашите; во тоа се наоѓа трагизмот на положбата во Македонија.

-Многу песимистичко гледиште на српско-бутрските односи во Македонија.

-Јас се уште не сум ви кажал се. Таму сега е многу, многу лошо; атмосферата е крајно противуречна и тревожна ... Се уште нашите, како и Србите се чуваат од крајности. Ние со сите сили настојуваме за меѓусебно скротување и смирување на умовите. Но... доколку Србите не ги ограничат своите невозможни амбиции, не прекинат со испраќањето на чети од Кралството, со помошта на кои со насилија, убиства и шпионирање го шират србизмот, тогаш ние тешко ќе можеме да ја спречиме катастрофата. Вие знаете дека е можно општо колење на Србите во Македонија. Во градовите, паланките и големите села бројот на сознателните Бугари е многу поголемо... Ние можеме сосема да ги истребиме Србите, но ниту ние ќе поминеме лесно во тоа безумно и бесмислено вртоломејско убивање. Во секој случај од тоа ќе добијат нашите заеднички непријатели, борбата против кои ја чини нашата цел. Без оглед на тоа, ваквото животинско истребување до крајност го деморализира и развратува народот. Ете затоа јас жарко сакам да не дојде до слична абнормална положба...

-Како може тоа да се постигне?

-Преку спогодба со Србите; тоа е можно и во прв ред зависи од српската влада... Нашите услови се состојат во следново: 1. Наш основен принцип е единствено на Внатрешната организација во Македонија: ние не можеме да дозволиме постоење на друга независна политичка организација таму. Во тој поглед македонските Срби треба да се согласат да работат заедно со нас. Во тој случај ние во Белград ќе отвориме задгранично претставништво на Организацијата за да може таа да контактира со српскиот народ.

Потем, за да не се возбудуваат националните чувства на народот, Србите треба да го ограничат реонот на својата националистичка пропаганда во границите на до Востанието постоечкото status-quo.

-Меѓутоа Србите токму затоа бараат одлагање на автономијата, за да го засилат својот елемент во Македонија.

-Тоа се за нив опасни илузии. Тие во Македонија никогаш нема да добијат повеќе од тоа што веќе го имаат; напротив, во колку продолжат да противдејствуваат побрзо ќе предизвикаат втора вртоломејска катастрофа - тогаш тие апсолутно сe ќе загубат... Јас многу ги почитувам српските државни дејатели и сакам да верувам во нивната политичка мудрост и предвидливост: како нивните, така и нашите непосредни интереси бараат едни на други да си подадеме рака за помирување и да се договориме за заедничка културна и политичка работа таму.

в. Ден бр. 391, Софија 17 јануари 1905, стр. 2

Почеток | <<Назад | Содржина

granicnik