Блескави објаснувања (доблести)
"Да ја направиме
Македонија демократска држава".
Бидете посебно
внимателни кога некој користи зборови кои опишуваат и создаваат слика за
добронамерност и доблест. Може да е тоа само обид да ви ја намали
природната недоверливост и да ви пласира нешто што вие всушност би
одбиле доколку ви е кажано поинаку. Објаснувања со зборови кои имаат
значење на добрина и доблест често се користат за криење на не толку
доблесни намери.
Ако шемата
Нарекување користи погрдни зборови за да одбиете нешто, шемата Блескави
доблести користи зборови со добри и убави значења за да прифатите нешто.
Значи, Блескавите доблести создаваат убава слика и пријатни чувства за
да се направи плодна почва за засадување на не толку убави и добри
намери.
"Доста е, сакам
мир и просперитет, а не војна".
Значење
наметнато на слушателот - често слушана парола деновиве кај нас
пласирана од надворешни убедувачи (пропагандисти). Со "сакам мир и
просперитет" се насликува убавата слика (Блескава доблест), со "а
не војна" се нагрдува последицата од неприфаќање на првата порака
(Нарекување). Многу силна пропагандистичка парола со која треба
некритички да го прифатите рамковниот договор кој не му оди во прилог на
македонскиот народ. Нејзиното значење всушност е "сакајте вие мир и
просперитет затоа што ви е доста од се додека другите со
закани и со воени дејства ги остваруваат своите интереси кои се
спротивставени на вашите". Исто така тука се забележува и тоа што се
дадени само две опции односно ви се ограничува просторот за размисла и
избор што всушност секогаш треба да ви биде
сигнал за обид да ви се наметне било што.
Вака
функционира шемата Блескави доблести, ви се додворува со убавини и
добрини за да ве зашемети или да ви ја стекне довербата а потоа ја
пласира својата вистинска цел повторно со истата шема за да не ви звучи
одбивно.
Кога ќе се соочите
со шемата Блескави доблести треба да се запрашате:
1.
Кое е вистинското
значење на убавиот збор користен како шема?
2.
Дали
идеата која
се пласира поседува вистинска врска со убавите зборови кои се користени?
3.
Дали ми се сервира
да прифатам некоја идеа која можеби и не е во мој интерес само затоа што
ми се пласира на начин кој е убав и добронамерен?
4.
Ако ги изоставиме
убавите зборови кои се вистинските вредности на самата идеа?
5.
Дали другите
околности кои ја придружуваат оваа идеа се совпаѓаат со самата идеа?
-
НИКОГАШ НЕМОЈТЕ ДА ПРИФАЌАТЕ БИЛО ШТО САМО
ЗАТОА
ШТО ВИ СЕ ДОПАЃА КАКО Е КАЖАНО.
- НЕ Е
ЗЛАТО СЕ ШТО Е БЛЕСКАВО.
-
БОГАТСТВОТО НА РЕЧНИКОТ НЕ ЈА ОДРАЗУВА ДОБРИНАТА
НА
НАМЕРАТА