Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЗАД

контакт

Еуфемизми



Не, не се немилосрдни убијци туку се терористи, односно не се терористи туку се екстремисти, односно не се екстремисти туку се бунтовници, односно не се бунтовници туку се борци за правда.

Овој пример го искусивме на сопствена кожа а станува збор за еуфемизми. Каде што првите две шеми при обиди за убедување користат зборови и зборовни форми кои во себе содржат сликовитост, емотивен набој и сугестибилност, со користењето на еуфемизмите убедувачот (пропагандистот) се обидува да ја смири, за него, непријатната вистина. Еуфемизмите се зборови кои се обидуваат да го избегнат негативниот емотивен набој од непријатната вистина создадена од реалната состојба, по можност да ја релативизираат до неважност или пак, да создадат по блага "реалност".

Не е подмитување туку е давање на подарок.

Не е крадење и проневерување туку е снаоѓање.

Значи, доколку се користат зборови за да се даде опис на одредено дејство кое ќе предизвика непријатни и непожелни активности а самото значење на тие зборови нема никаков контакт со реалниот опис на самото дејство тогаш дефинитивно станува збор за убедувачко(пропагандно) делување.

Во оваа антитерористичка кампања ние ќе се обидеме правдата да го стигне светскиот непријател број еден со што е можно помала колатерална штета.

Во овој пример се дадени досегашните обработени шеми како се користат заедно за да пренесат порака и да дефинираат дејство на војна со поблага зборовна форма, дури оди до степен на оправдување на самото дејство. Имајте во вид дека ние овде ја анализираме пораката а не судиме за оправданоста или неоправданоста на дејството.

"антитерористичка кампања" - Блескави доблести, вистинско значење војна

"правдата да го стигне" - Блескави доблести, вистинско значење да го казниме

"светскиот непријател" - Нарекување, вистинско значење мојот непријател

"колатерална штета" - Еуфемизам, вистинско значење цивилни жртви

ИНСИСТИРАЈТЕ ДА ВИ ГИ ИМЕНУВААТ РАБОТИТЕ СО СВОИТЕ ВИСТИНСКИ ЗБОРОВИ.

НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ УБАВО КАЖАН ЗБОР ДА РАЗУБАВУВА ГРДО ДЕЈСТВО.



                               --------------------------------------------------------------------------------


Мало повторување на веќе споменатото:

Нарекување - Го тепа за да ве гали.

Блескави доблести - Ве гали за да ве тепа.

Еуфемизми - Ве тепа а ви кажува дека ве гали.