Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

         

И з ј а в и

 

 

Дедо Мраз пие Кока кола.

Во весник пишуваше...

 

 

     Оваа техника користи или цитира авторитети од најразлични профили кои таргетираното население ги цени. Всушност, како и да започнува реченица каде што се цитира одреден извор се појавува техниката Изјави.

     Оваа техника се користи и во случаи каде што познати личности, глумци или пејачи, потврдуваат, користат, изјавуваат или убедуваат во добрите карактеристики на некој производ, односно советуваат, оценуваат или поддржуваат одреден политичар или политичка идеа.

     Често во меѓусебната комуникација се цитираат извори за креирање на цврсти аргументи кои ја поддржуваат вистината. Во ваквото цитирање на авторитети нема манипулација, таа се појавува кога се користат нестручни но популарни лица да даваат суд за одрена тема, појава, политичка или општествена идеа или идеологија или пак некое движење.

     Оваа Шема е лесно откривлива и со ограничен дострел. Основата за нејзиното делување е во тоа, колку е позната и почитувана личноста која ја дава изјавата, односно доколку ја почитувате таа личност вие ке бидете помалку критични или ке го прифатите изјавеното. Доколку познатата личност не ја почитувате вие ке бидете критични и ке го отфрлите изјавеното па макар и бил во право. Ова правило во човековото однесување вешто се користи за постигнување на саканата цел; непочитувана личност ке изјави вистина за вие да ја одбиете како што ви е одбивна и личноста потоа некоја почитуваната личност ке ви ја пласира "вистината" која треба да ја прифатите како што ја прифаќате таа личност.

     Постојат и изјави на експерти кои изјавуваат "вистини" надвор од полето на нивната експертиза на пр.: експерт по право ви ја објаснува економската состојба или економист ве убедува во правни норми. Со самиот факт што личноста е експерт вие треба да го прифатите неговото размислување без критична мисла. Тоа е замката на оваа шема прифаќање врз основа на емотивност а не врз основа на критичко и аргументирано размислување, се во зависност од допадливоста на говорникот или кажаното.

 

Кога ке се обидат да ве убедуваат познати и признати треба да се запрашате:

1. Кој и што се цитира во изјавата.

2. Зошто треба да верувам дека оваа личност (организација или публикација) поседува стручно знаење или ја поседува целата вистина за одредена тема.

3. Без цитирањето на одредени стручњаци или изјави на познати личности какви вредности има темата или идејата.

4. Дали ми се пласира нешто што не е во мој интерес преку цитирање наводни стручни лица или пак преку познати лица кои јас ги ценам.

 

ЗАРЕМ ВО ПРАВО Е НЕКОЈ ПОЗНАТ ГЛУМЕЦ КОЈ БИ ИЗЈАВИЛ НЕШТО САМО ЗАТОА ШТО ВИ СЕ ДОПАЃА ТОЈ ГЛУМЕЦ?

НАУЧНИК, ЕКСПЕРТ ИЛИ ЛАИК? КОЈ ЈА ПОСЕДУВА ЦЕЛАТА, АПСОЛУТНАТА ВИСТИНА?

 

 

НАЗАД