Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЗАД

контакт

ЛОША ЛОГИКА

 

     Логиката е мисловен процес во кој се извлекува заклучок од една или повеќе основи. Таа се користи за создавање на фактичка, реална и вистинита слика за појава или опкружување. Секојдневно ние ја користиме логиката за да донесуваме заклучоци за појави кои не опкружуваат, за процеси кои не засегаат и за дејства кои треба или да ги сфатиме или да ги извршуваме. Во сево ова нема ништо лошо, напротив, дури и да грешиме во своите логички заклучоци лесно тие ни се разрешуваат со реалноста. Скоро сите го знаат примерот за китот и човекот односно:

основа: Китот е цицач.

основа: Човекот е цицач.

заклучок: Китот е човек. Човекот е кит.

     Како што може да се види од овој едноставен пример каде што основните премиси се точни заклучокот е погрешен и помалку смешен односно, извлечен е погрешен заклучок. Ова е всушност многу едноставен и забавен пример како може логиката да греши во помошта при донесување на заклучоци.

     Дали е логиката пропагандна шема? Не! Пропагандна шема е кога таа се користи за оправдување на веќе постоечки и претенциозно донесен заклучок како со примерот веќе даден. Кога се користат полувистини или невистини или кога се поттикнуваат емоции за донесување на саканиот заклучок.

     Да претпоставиме дека Петко е личност која некој сака да го омаловажи во очите на другите негови колеги. Саканиот заклучок тука е дека Петко не е толку способен во својата работа колку што другите мислат.

Петко е добар и способен човек но да го видиш како се лизна на мразот (смеа), потоа кога влезе се удри од масата и падна (смеа) кога стануваше си ја удри главата од креденецот (смеа).

основа: да го видиш како се лизна на мразот

основа: се удри од масата и падна

основа: си ја удри главата од креденецот

заклучок: Петко е трапав човек и како таков не може да биде толку способен колку што се мисли.

забелешка: Бидете внимателни во друштво на лица кои се смеат на сопствените шеги иако не се смешни. Смеењето е пријатно пренослива состојба можеби вашиот соговорник поседува желба да ве натера и вие да исмејувате некого.

 

    Вакви но и слични злоупотреби секојдневно се случуваат во меѓусебната комуникација, мошне често и тенденциозно. Најлошото во оваа шема е што таа создава заклучок за поединец или за дејство кое е трајно и издржливо на промена.

Сега ќе докажеме дека македонците се нацисти и фашисти. Значи го поседуваме саканиот заклучок и сега треба да го потврдиме.

Македонецот е патриотски настроен кон својот народ и држава. Иако е назад во својот економски развој тој личи на патриотски настроените Германци и Италијани од средината на минатиот век.

    Доколку не сте знаеле односно, не забележавте, во средината на минатиот век или поточно тука се алудира на 1940 година кога Германците беа нацисти а Италијаните, фашисти.

    Доколку, под претпоставка, вие да сте се согласиле со соговорникот полни со гордост дека како македонец ве споредуваат со два богати европски народи вие всушност потврдувате дека македонците се нацистички и фашистички настроени.

      Еден начин да се тестира логиката на еден или повеќе аргументи е да ги анализирате основните термини и да видите дали заклучокот сеуште е валиден. Дадениве примери се помалку екстремни но сепак служат на намената за покажување како може логиката да се користи во пропагандни, убедувачки цели.

 

    Исто така треба да се има во предвид тоа што некоја порака не мора да биде пропагандна иако е нелогична односно, основите и се погрешни. Сите ние несакајки правиме логички грешки разликата во тоа е што некои тоа го прават намерно, со цел да ја насочат водата кон својата воденица.

НАЗАД