НЕОСНОВАНИ ПРЕДВИДУВАЊА
Тенденцијата да се прават
големи предвидувања за иднината врз основа на мали или безначајни факти е
многу честа логичка грешка. Оваа техника е мошне често користена бидејки е
тип на аргумент кој го поставува соговорникот во послаба позиција. Откако
соговорникот ќе се соочи со "предвидената иднина" тој е поставен во
одбранбена позиција односно, соговорникот не може аргументирано да негира
нешто што сеуште не се случило.
Како пример ќе го земеме
фактот дека доколку сакате од Ѓорче Петров да патувате до Гевгелија, вие
возејки низ Скопје ќе минете покрај многу бензиски пумпи или во просек на
секој 4км. Веќе на излезот од Скопје ситуацијата драматично се менува
односно, веќе нема толку често да наидувате на бензиски пумпи. Шемата
неосновани предвидувања користејки дел од вистината би одела вака:
Ако на тргнување
поминувате по една бензиска пумпа на секој 4км, тогаш додека стигнете до
Гевгелија која е оддалечена од Скопје околу 160км ќе поминете дури 40
бензиски пумпи.
Дали вие би верувале во
ваквото предвидување и не би сте се снабдиле со гориво навреме? Примеров е
премногу очигледен но јасно отсликува како се користи шемава.
Оваа шема создава добра
основа за истовремено користење на шемата Страв за потикнување на
емотивниот фактор во размислувањето. Погледнете ги следниве примери кои не
се толку очигледни во своите "предвидувања":
Ако Собранието го
донесе законот за партиципација, тоа ќе создаде ефект на низбрдно движење
која крајна цел ќе биде целосно плаќање на здравствената услуга.
Дококлу се прифати
предлогот за помош ние ќе ги изгубиме правата кои како работници сме ги
стекнале и ќе се претвориме во една безлична експлоатирана сиромашна
нација.
Прифаќањето на заемот
за земјоделство и со неговото правилно распоредување ќе добиеме економски
развој невиден досега кој ќе биде појак дури и од индуструјализираните
држави.
Кога соговорникот се
обидува да ве убеди дека одредена активност ќе резултира во застра-шувачка
катастрофа или во некаква невидена утопија не ќе биде на одмет да се
запрашате:
1.Дали има доволно податоци
кои ќе ги поддржат предвидувањата на говорникот?
2. Можам ли јас самиот да
создадам други предвидувања за тоа како би било со истите аргументи?
3. Доколку постојат и други
предвидувања кои можат да се извлечат од дадените аргументи тогаш зошто се
опишува толку екстремна слика од страна на говорникот?
НАЗАД