Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЗАД

ПОБАРУВАЊЕ

 

Кога луѓето немаат некакво "добро" тие ќе сакаат да го набават.

   Со ова на ум, убедувачите нивните убедувачки пораки ги дизајнираат така што ни се додворуваат на нашата природна потреба да ги набавиме "добрата" кои ни се потребни за да си создадеме удобен живот за нас и нашите.

 

Рекламирање

   Повеќето од рекламите кои се даваат во едно општество едноставно го истакнуваат прибавувањето. Бидејки надвор, на пазарот каде што се нудат "добра" постојат разни производи, а нашите желби како луѓе се скоро неограничени и разнолики. Главна задача на убедувачот е да не убеди дека неговиот производ е токму тој кој ни е потребен или пак да создаде слика дека токму неговиот производ на некаков начин би ни ја задоволил желбата да поседуваме одредено добро. Истотака, постојат примери каде што побарувачката на одреден производ може да се намести, односно вештачки, преку убедувачки процеси, да се создаде потреба за поседување на одреден производ(побарувачка). Таквите производи обично служат за подигање на чувството на припадност кај одредени групи во нашето оп-штество. Таквата прифатливост е доволно голем мотив за многумина да поседуваат одредено "добро" кое е ценето во дадената групација од нивниот избор. Такви производи се обично најдени во производи кои припаѓаат во модата и производи кои служат како показател на материјалната позицијата во даденото општество (статусни симболи).

   Како што изјавил сопственикот на една фабрика за производство на козметика "Ние произведуваме кармин а продаваме надеж", така идните купувачи не го купуваат производот како неопходен производ туку како емотивна состојба или каква емотивна состојба при предизвикал купениот производ кај поблиските или пријателите.

   За разлика од шаблонот "Заштита" кој ја истакнува потребата за чување и оддржување на добрата кои веќе ги поседуваме, шаблонот "Прибавување" работи на создавање на чувство на незадоволство од постојните "добра" кои ни се во посед и создавање на потреба за прибавување на нешто ново и поинакво.

Производи и услуги кои при рекламирање најчесто се користи шаблонот Прибавување се:

Алишта (фармерки, чевли и др. слично)

Козметика (парфеми, шминка, креми и др. слично)

Превозни средтсва (автомобили, мотори, велосипеди и др. слично)

Храна ( слатки, пијалоци, ресторани и др. слично)

Цигари

Мебел

Електоника (телевизори, компјутери, видео камери и др. слично)

Играчки

Книги и часописи

Забава (филмови, ЦД, концерти, и др. слично)

Телефонски услуги (мобилни телефони, и др. слично)

 

Создадени ефекти

   Создадените ефекти од ваквото рекламирање, поточно од убедувањето да се купува од една или друга причина во нашето општество создаде состојба на чувство на незадоволство од постојните средства кои ни се во поседување. Трката за поголем престиж преку материјална сопственост, создаде ментален склоп на ценење на материјалната состојба на поединецот во нашето општество како успешен или неуспешен. Самиот поединец како личност не се проценува или поточно е во втор план наспрема примамливоста и очигледноста на материјалната сопственост (хиперматеријализација). Што се однесува до младината, таа и не се обидува да се забавува на поинаков начин од многу често рекламираните начини на забава денес (градски шеми, филмови, техно забави и др. слично).

   Клучни зборовни форми на кои треба да обрнете внимание кога ќе се соочите со убедувачки процес кој го користи шаблонот Прибавување се: купи, земи, користи, пробај, избери, одбери, добиј, задоволи се и др. слично. Зборовни форми кои се користат за специфични производи се: вкуси, јади, пиј, носи, види, слушај, почуствувај, искуси, купувај во, дојди кај и др. слично.

 

Политичко убедување

   За прибавување на општествено "добро" или општествена позиција кај нас често е потребно да се биде член на некоја политичка партија. Самите политички партии создаваат, но и ја потврдуваат оваа слика на дело со своите активности. Се користи "Прогресивна реторика", реториката на Не-поседувачите, за да се здобијат со лојално и бројно членство. Постојат примери низ историјата за користење на овој шаблон. Хитлер со својата нацистичка партија агитираше за прибавување на германската раса повеќе територија, исламската експанзија кон запад била оправдана со донесување на зборот на Алах и неговиот пророк Мухамед до неверниците и Крстоносците истотака при бој извикувале "Ние ја вршиме Божјата волја. Колонијализмот на империјалистичките држави беше оправдуван преку овој шаблон. Ако размислите малку веднаш ќе ви текнат најмалку три примери на користење на овој шаблон денес, но и каде се користи.

НАЗАД

ЗАШТИТА

ОЛЕСНУВАЊЕ

ПОБАРУВАЊЕ

ПРЕВЕНЦИЈА