Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Назад

ПОЛИТИЧКА ФИЛОЗОФИЈА

 

  Политичката филозофија започнува со прашањето: каков однос треба да поседува поединец кон сопственото општество? Барајки ги етичките концепти во општествената сфера тој се соочува со разни форми на владеење и општествено постоење во кое луѓето ќе можат да живеат. Ваквата активност исто така создава можност за анализирање и просудување на веќе постоечките институции и односи во самото општество во кое живее поединецот.

  Иако двете се меѓусебно тесно поврзани од широк спектар на филозофски теми и методи, политичката филозофија се разликува од политичките науки. Политичките науки се занимаваат со анализа на постоечките општествени теми како на пример: уставност, гласање, рамнотежата на моќта во општеството, ефектот на судството врз општеството и др. Од друга страна политичката филозофија генерира политички визии за стекнување на поволен општествен живот, односно какви треба да бидат владеачките вредности и институции кои ќе ги вплотат луѓето во една хармонична општествена состојба. Предметот на обработка на политичката филозофија допира до разни гранки на општата филозофија, но поседува и допирни точки и со филозофијата на правото и економијата. Тука не претендираме да ги разгледуваме до детали сите гранки и дисциплини на политичката филозофија. Во овој сајт претендираме да ги изложиме само најбитните елементи кои би ви помогнале да ги процените нашите политички партии со цел да можете сами да решите кои и какво општество ви нуди или создава и дали е тоа во ваш личен интерес. Ние ќе се задржиме на основните теории кои во себе ги опфаќаат сите други гранки и под видови на политиката. Со нив ќе можете да откриете дали некоја партија или групација поседува политичка филозофија или станува збор за интересоманија на нивните култни лидери. Исто така ќе ви помогне да ги класифицирате и разните групи на интерес кои се активни на наше тло.

  Всушност, сe` се сведува врз клучното прашање кое треба самите да го одговорите: дали групата или поединецот треба да биде политичката единица мерка за анализа? Дали како припадници на ова општество вашите интереси ќе бидат застапени преку колективистички или индивидуален приод на прашањата кои треба да се решаваат во нашето општество.

 

 

ПОЛИТИЧКИ ФИЛОЗОФИИ

 

 

Назад