Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЗАД

контакт

П р е н о с

   Кога некоја личност која шири пропаганда користи симболи тогаш тој се обидува да го пренесе значењето, авторитетот и емоциите кои се врзани за тој симбол врз неговата цел.

   Симболите играат голема улога во обичниот живот. Преку нив ние се идентификуваме со колективот на кој припаѓаме, се гордееме со сопствените успеси, знаеме дека некоја зграда е болница или црква и др. По народната изрека "една слика вреди илјада зборови" се дефинира значењето на симболите во нашиот живот. При согледување на одреден симбол кај човекот се поврзуваат низа сложени емотивни дејства . Се претпоставува дека емотивните својства кои ги предизвикува симболот, поединецот би ги поврзал со пласираната идеа, односно би прифатил или одбил одредена пласирана идеа во зависност од целта на убедувачот (пропагандистот).

   Целта во оваа пропагандна шема е да се прифати некоја идеа само затоа што е врзана за одреден секојдневен симбол кој се цени или се одбива како, медицината, науката, христијанството, исламот, нацистичкиот кукаст крст, комунистичкиот срп и чекан и др.

Примери:

   Кога политичар го завршува својот политички говор со молитва тоа е пренесување на угледот на црквата и христијанството врз самиот политичар.

   Доколку еден плакат содржи срп и чекан во позадината а на преден план е дадена слика на агресивно делување на полиција врз демонстранти и сами знаете дека тој плакат нема да ви побудува позитивни емоции кон комунизмот кој е претставен со симболот негов.

   Доколку видете плакат во кој е насликан оџа со натпис дека Исус не постои, како ќе реагирате доколку сте христијанин а како доколку сте муслиман.

   Оваа шема е со ограничен спектар на делување затоа што симболите не се универзални, односно различни симболи значат различно кај различни колективитети. Затоа е мошне битно да се знае дека со оваа шема се таргетира одреден колективитет и се користат симболите кои дадениот колективитет ги цени или ги одбива во зависност од целта на убедувачот.

   Симболите, односно ваквиот начин на користење на симболите има неограничен простор на делување. Преку слика, збор или дејство тие се секогаш присутни, во видео спотови, политички говори, разни кампањи од стоп за сидата до возите внимателно и др.

   Кога ќе се соочите со шемата пренос, односно доколку забележите дека таа постои за пренесување на предлог, идеа или дејство кое вие треба да го прифатите тогаш:

1.      Откријте што е предлогот на говорникот, плакатот, видео спотот и др.

2.      Откријте што е значењето на симболот со кој пропагандистот се обидува да го пренесе авторитетот кон себе.

3.      Има ли некаква врска помеѓу предлогот и симболот користен?

4.      Изоставете го пропагандниот трик и прашајте се кои се вредностите на самиот предлог.

АКО ВИ ИЗГЛЕДА УБАВА СЛИКАТА ДАЛИ И ИДЕАТА Е ИСТО ТАКВА, НЕ ПРИФАЌАЈТЕ НИШТО САМО ЗАТОА ШТО Е НАПРАВЕНО ДА ИЗГЛЕДА УБАВО.

НЕ ОДБИВАЈТЕ НИШТО САМО ЗАТОА ШТО НА ПРВ ПОГЛЕД ИЗГЛЕДА ОДБИВНО.