Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЗАД

 

ПРЕВЕНЦИЈА

   Доколку на луѓето не им е "лошо" тие ќе сакаат идното лошо да го избегнат. Одредени убедувачки процеси се базираат врз оваа основна човекова потреба да превенираме или избегниме некакво можно идно "лошо".

 

Рекламирање

   Луѓето посакуваат безбедност, вршат секакви дејства кои би оделе во прилог на отстранување на потенцијално опасните и непријатните работи кои би можеле да се случат во нивната блиска или далечна иднина.

   Маркетинг шемата "Уплаши потоа продади"  во овој случај најчесто се користи и во двата случаи на избегни го лошото и ослободи се од лошото. Значи и во овој случај се потенцира проблем потоа се понудува решение.

   Производи и услуги кои се поврзуваат со основната човекова потреба да избегне идни дејства кои за него би значеле "лошо" се:

Автомобилски делови (гуми, акумулатори, кочници)

Безбедоносна апаратура (катанци, аларми, огради)

Превентивни лекови (витамини, контрацептивни производи, масло за сончање)

 

Најчесто користени зборови во реклами кои нудат производи за превенција на идни непријатни или опасни дејства се:

избегни, блокирај, не дозволувај, превенирај, спреми се, спротивстави се и други зборови кои во своето значење содржат некаков вид на спремање или обезбедување.

 

Политичка реторика

 

   Во политичкото убедување оваа шема е сродна со шемата Заштита. Каде што шемата Превенција е ориентирана на идни непожелни дејства наспрема шемата Заштита која е ориентирана на веќе постоечкото, сегашното "добро".

   Дали станува збор за спасување на државата, душите на грешниците или животните, убедувачите знаат дека колку е поголема заканата толку е поголема потребата за некаква активност.

   Убедувачите често пласираат предупредувања за да го зголемат чувството на загрозеност кон некаква идна закана, нарочно кога одредената закана не се перципира како опасност. При тоа користат зборовни формулации како: домино ефект, темпирана бомба и други кои имаат емотивен набој на закана од некакво идно дејство кое ќе се случи доколку не се постапува по нивните предлози.

   Човековите стравувања се предвидливи, односно се знае од што може човек да се плаши. Убедувачите овој факт го знаат. Најчесто, но и најсилни мотиви за делување на луѓето во превенција од "лошото" се дејства кои имаат загрозувачки елемент на неговото постоење како: смрт и уништување, инвазија, ограничувања, доминација, нееднаквост и хаос.

 

Смрт и уништување

   Оваа опширна категорија вклучува во себе какво било наштетување на поединецот или на неговата сопственост како што се активното насилство на војната и опасностите на гладот, заразните болести, радијацијата и загадувањето на водата и воздухот. Истотака тука може да се вбројат и насилните напади врз поединец како физички напад и силување или пак на приватната сопственост на поединец како кражба и опожарување.

 

Инвазија

   Ова подразбира закана од завземање на територија или на сопствениот простор од страна на друго лице. Многумина поседуваат чувство за територијалност која се движи од личниот простор (моја соба, моја куќа, моето место за седење, мојот ред во редицата или моето место за паркирање) до пошироко сфатена сопствена територија (моето маало, мојот град, мојата држава).

 

Ограничувања

   Тука се подразбира секакво дејство кое служи за ограничување на личната слобода. Реториката се движи од една екстремност како ропство и заробеништво до друга ектремност, односно, какво било намалување на личната слобода преку закони кои ги наметнува едно оп-штество.

 

Доминација

   Стравот од покорување или доминација од посилен е уште една карта со која играат убедувачите во нивните напори да ги наметат своите идеи. Луѓето не се плашат од послабите. Доминацијата и покорувањето се релативни категории. Релативни во тоа што постојат различни стандарди за доминација. Тоа што за еден претставува доминација врз него и реагира соодветно на заканата за друг не претставува ништо и не реагира. Видовите на доминација се физичка моќ, општествен статус и "морална" доминација. Монетарната моќ може да биде заеднички именител на сите видови на доминација и обиди за убедување, а може да биде само средство која ја оправдува целта .

 

Нееднаквост

   Заканата тука лежи во тоа што некој има повеќе или нешто подобро кое не го заслужил или дека некој се обидува да го одземе нашиот дел од "правилната поделба". Во свет на нееднаква поделба на привилегиите или личните способности како талент, пари, сопственост, вештини, здравје и убавина постои широко распространета човекова желба за правда. Секој се обидува да си го заштити својот дел од "правилната поделба". Поседувачите се стремат да го зачуваат постојниот ред во општеството, Не-Поседувачите сакаат да го променат. Кога Поседувачите се обвинети дека поседуваат повеќе тие се бранат со тоа што понапорно работат, или работат подолго, поседуваат повеќе вештини, повеќе искуство и др. Убедувањата на закани од нееднаквост секогаш вклучуваат во себе реторика на прибавување на повеќе "добро" или помалку "лошо" каде што луѓето треба да бараат да го променат постоечкото заради нивна корист.

 

Хаос

   Стравувањата од хаос тука всушност значи распад на општествениот систем каде што би имало ефект врз благосостојбата на поединците. Значи, посочување на какви било  систематски проблеми во општеството, политиката или во економскиот систем.

   Заканите можат да бидат истакнати на директен и опиплив начин (снемување на струја, вода) или на индиректен и неопиплив начин (инфлација, девалвација). И во двата случаи штетните ефекти се реални и можат да се осетат. Во политичките кампањи ќе забележите дека позицијата истакнува колку добро функционира системот додека опозицијата истакнува дека системот треба да функционира подобро и дека е потребна промена и реформи.

 НАЗАД      

ЗАШТИТА

ОЛЕСНУВАЊЕ

ПОБАРУВАЊЕ

ПРЕВЕНЦИЈА