Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЗАД

ШАБЛОНИ КОРИСНИ ЗА АНАЛИЗИРАЊЕ НА

КОМУНИКАЦИЈА, УБЕДУВАЊЕ И ПРОПАГАНДА

 

  Во природата на многумина е да обвинуваат други за сопствените грешки, да се претставуваат себеси и својата околина како жртви на невидени сили или пак како жртви на големите држави и нивните интереси.

 

  Кај некои станува збор за правдање на однапред смислена активност за да не се соочат со морален или легислативен суд од својата околина.

  Кај други може да станува збор едноставно за незнаење и ароганција. Поседувањето на одредено едукативно ниво лажно им дава за право да си создадат емотивен штит од ароганција и супериорност, цврсто самоубедени дека нивната "ука" е доволна да ги зашти од емотивна манипулација или убедување.

  За да не се случи постојано да обвинуваме други, иако понекогаш и треба, постои потреба да се прифати реалноста дека убедувањето е меѓусебна, обострана човекова активност која се случува при комуникација. Треба да го признаеме и нашето активно учество во сложениот процес на систематското убедување.

  Да почнеме со основата дека сите ние сме побарувачи на добра, добра од кои ќе имаме полза. Да ги разгледаме овие два основни фактори

1. нашиот аршин на проценка на што е "добро" или "лошо" и

2. нашата сопственост, односно дали поседуваме одреден предмет, состојба, чувство или не.

 

  За подобро објаснување на основата ние ќе ја поделиме на 4 помали делови со кои подобро ке го објасниме нашето побарувачко однесување и активностите на убедувачите.

НАЗАД

 

 

Dokolku pobaruvame dobra, o~ekuvajte ubeduva~ite da ni gi vetuvaat (se podrazbira deka za vozvrat }e pobaraat da im dademe pari ili mo}.