Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Назад

СЛОБОДА

 

Организираната самоодбрана, државата, заврши голема работа при зачувувањето на мирот во човечкото општество. Толку голема што и други искушенија се појавија. Секогаш кога човекот бил принуден да се соочи со некаква незгода во својот личен живот, тој паѓал под искушение да предава додатни свои одговорности на државата. Секогаш кога така ќе постапел тој откривал дека со секое предавање на свои одговорности на државата тој ја предавал својата слобода. Така постапувал се до моментот каде што неговиот од напред престанал да личи на човечки од и тој почнал да наликува на свиња во кочина. Тој ја препуштал сопствената одговорност за својот избор во туѓи раце, така постапувајки ја препуштал и сопствената судбина во истите тие раце во кои сега лежи неговата одговорност. Тој ја прифати поканата да ги ужива четирите слободи и го напушти сопствениот дигнитет како човечко суштество.

При согледувањето на последиците од сопствените активности човекот секогаш во минатото се обидувал да го поврати тоа што го изгубил. Но, доколку се препушти не-што на државата, единствената институција која го поседува правото и моќта да користи сила, многу тешко може да се поврати без борба и тоа често жестока. За жал во моментот кога борбата за своето ослободување ќе се добие, веднаш човекот почнува да ја чуствува тежината на одговорноста. Искушенијата кои го ставиле во положба да се бори повторно се презентираат пред него.

Како илустрација за веќе кажаното ќе ја користиме борбата за ослободување на евреите од египетското ропство водено од Мојсеј. Како робови на египјаните, евреите биле сведени на свињи во кочина. Ги уживале четирите слободи, им служеле на своите господари, но не беа задоволни. Се појави лидер по име Мојсеј и тој започна борба за ослободување која заврши со успех. Евреите се ослободија од ропството и како слободни луѓе застанаа како свои на своето. Тие беа слободни, веќе не беа сопственост на некој господар. Како слободни луѓе тие веќе не можеа да се потпрат врз некаков господар кој би им ги обезбедил нивните материјални потреби. Вознемирени од овој факт тие му се заканија на својот нов лидер со бунт велејки дека повеќе сакаат да бидат робови отколку да се соочат со потешкотиите самите да си ги обезбедуваат своите материјални потреби. Тие се уплашија кога дознаа дека слободата, можноста да ја креираш сопствената судбина, не значеше ништо друго освен одговорност за сопствената судбина.  

За жал, ваквата човекова практика со монотона редовност се појавувала низ историјата. Луѓето ги жртвувале своите животи за да се стекнат со слобода за потоа да се уплашат од неа во моментот кога таа ќе ја добијат.

Назад