Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Назад

СЛОБОДА

 

Четирите слободи, поефикасна замка од оваа за губење на соствената слобода не постои. Многу нејасно звучи сето ова, четири слободи кои ни се овозможени да ни ја одземаат општата слобода. Како? Одговорот лежи во познавањето на суштинското значење на слободата и познавањето на четирите слободи. Четирите слободи за кои се прикачуваат многу негативности ние во нашето општество силно ги чувствуваме и ги "уживаме". Ревносни сме во нивната заштита затоа што ги уживаме со силен жар, но сепак, некако, нешто не ни оди. Не сме целосно задоволни од нештата околу нас. Како евреите во египет, но и многу други народи низ историјата на човекот ние не сме ништо поразлични кога станува збор за оваа тема.

Четирите слободи се:

Слобода на говор.

Слобода на вероисповед.

Ослободеност од потреби.

Ослободеност од страв.

Да, звучат прекрасно нели? Во тоа е и нивната замка. Призвукот на слободата. Дали се овие четири слободи доволни за човекот, размислите, дали се доволни и за вас?

Еве, ке ги ставиме на тест овие слободи за да го илустрираме нивното влијание врз оп-штеството и зошто едноставно не се доволно за човек да биде слободен. Како предмет за анализа ќе ја замеме свињата која ја гоиме во кочината во која ја имаме ставено.

Преку слободата на говор никој не и смета на таа свиња да грофта и квичи, едноставно може да грофта и квичи колку ќе ñ посака душата истото важи и за тоа дали ќе посака да обожува некој бог или не, преку слободата на вероисповед. Потребите и се задоволени, чувана е во удобно за нејзе сместувалиште и ñ се дава храна колку што ќе посака. Добро чувана од секакви опасности и не постои потреба самата да се брани од диви животни. Што ñ фали? Ова може да е доволно за свињата, но дали е доволно за човекот? Дали ваквото живеење е доволно за градење на цврста основа за воздигнувањето на човечкиот дигнитет, кој патем речено, го издвојува него од животинскиот свет.

Треба, односно мора да се напомене уште нешто во однос на четирите слободи на свињата. Овие четири слободи свињата не ќе може да ги ужива доколку не постои некаков стопан, газда или сопственик, (изберете кои термин повеќе ви одговара) кој би ñ ги обезбедил. Така е, свињата има сопственик кој ñ ги снабдува овие слободи. Замислите, и покрај четирите слободи, свињата не е слободна. Таа има газда кој има свои интереси за обезбедување на тие нејзини "слободи". Дали станува збор за стопанот на свињата или станува збор за држава која на своите граѓани го обезбедува истото е сеедно. Стопан, газда, сопственик или робовладател кој ги снабдува овие четири слободи, сеедно е, доколку постои, не постои вистинска слобода, само привидна.

Ако нешто значи слободата, тогаш таа значи состојба каде што се поседува сопственост врз самиот себеси. Суштината на слободата е во можноста да ја создаваш и оформуваш  сопствената судбина, нешто што свињата не може да прави. Се подразбира дека создавањето на сопствената судбина всушност значи лична одговорност за сопствената судбина. Самиот си одговорен за себе, никој друг. Самиот си одговорен за успесите но и за неуспесите и грешките. Доколку друг е одговорен за вашите постапки или пак сте зависни од друг да ви овозможи определена благосостојба без вие да вложите искрен и чесен труд... За ваквата состојба нашиот народ вели: Да те полази туѓа вошка, вие всу-шност наликувате на нашиот пример, едноставно затоа што сте зависни од друг. Изборот е ваш, ќе грофтате среќно во вашата кочина или ќе ги преземите нештата одговорно во ваши раце да се. Треба да знаете дека во нашето општество постојат многумина кои среќно грофтаат во своите кочини, но колку повеќе има од нив толку помалку слобода има за сите, тука сте вклучени и вие. Толку многу грофтачи но и такви кои едвај чекаат и прават се` за да постанат грофтачи, а сепак не сме задоволни.

Назад