Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!








НЕМА И НЕ ПОСТОИ ДОКАЗ ЗА БОГ


ПОСТОЈАТ МНОГУ КНИГИ СО ДОКАЗИ ДЕКА ПОСТОИ БОГ

И ДОКАЗИ ДЕКА ИСУС Е БОГ
СЕТО ОВА Е СТРАШНА ЗАБЛУДА
СИТЕ ОВИЕ СЕ ШТЕТНИ ЗА ВЕРАТА

Зошто е важна оваа тема ?
Доаѓа време кога:
Верата ќе биде прогласена за луда и нетолерантна
И заради ова ќе ја забранат
Мнозина ќе се обидат да докажуваат дека има Бог
И дека Исус е Бог, но со ова ќе го направат спротивното

ДОКАЗ Е НАУЧЕН ТЕРМИН
Нема место за докажување во црквата
Црквата не е наука, црквата е вера
Доказ е дел, пред се од математика и физика
Овие науки се засноваат на физичките закони на овој свет
Овој свет е многу цврст но сепак е привремен
Сите закони на овој свет се страшни и непроменливи
Но сепак само до крајот на овој свет и на ова време
Пример: не постои начин да паднеш од високо без повреди
Но само до крајот на овој свет

Сите физички закони на овој свет се привремени
Затоа и секоја наука, и секој доказ се привремени
Постојат само во времето и до крајот на овој свет
Ако некој докаже дека има Бог
Кога ќе престане овој свет, и Бог ќе престане да постои

Многу теолози имаат докази
Со ова само го докажале спротивното
Дека не постои Бог

Да не паднеме на ова искушение што се вика ДОКАЗ
Да не се сопнеме, де не паднеме во адските длабочини
Бог во својата суштина е НЕСФАТЛИВ АПОФАТИЧЕН
Бог е Неискажлив
Нема зборови да се објасни Божјата Природа
Но Тој самиот, не научи како да веруваме, преку Симболи
И оваа вера за нас е Живот Вечен, Воскресение и Спасение.
А тие што го докажале Го ставиле во граници на овој свет
Го изедначиле со нас, со мерки и време
И со ова ништо не направиле
Но му ја одземале сета Божественост
Тие излегуваат од патот на Верата
Се излегле од патот на Спасението

Постојат сведоштва низ историјата
Дека Исус како човек постоел и поучувал во она време
Безброј списи, книги, пергаменти
Постојат во црквата и надвор од црквата
Но нема доказ дека Бог го создал светот
И нема доказ дека Исус е Бог

НИЕ ВЕРУВАМЕ
НАШАТА ВЕРА Е ПОДВИГ И ДЕЛО
Од верата даоаѓа радост и награда
Верата е нашето дело и труд за Спасение
Кога би имало доказ, нашата вера не би била за Спасение
Бидејќи нема доказ нашата Вера ни се зема како дело
И за ова дело и подвиг имаме награда
Оваа награда е Живот Вечен
Ние веруваме, без докази
Затоа нашата вера е подвиг
Овој подвиг и напор да веруваме е нашето спасение
ДА ВЕРУВАШ ЗНАЧИ ДА ЧИТАШ И ДА СЛУШАШ
Се што е запишано во книгите во црквата
ИСУС: А ВАШЕТО ДЕЛО Е ДА ВЕРУВАТЕ ВО МЕНЕ
На Ап. Тома му вели:
Ти виде и сега веруваш
Но блажен е тој што не видел а поверувал во Мене
Најчесто учителите го користат овој доказ:
Ништо не настанува само од себе
Затоа се на овој свет е создадено
Од горното следува: и Бог е создаден.
Ако малите работи не можат сами од себе да постанат
Колку потешко нешто сложено како БОГ само од себе да се појави
Ако Бог е создаден, и тој пред него е создаден, и тој пред него
Ова води во бескрајни милијарди предбогови низ историјата
Науката е далеку од разбирање на светот и времето
Уште подалеку од разбирање на нашиот Создател

Исус: Што и да побарате со вера ќе добиете
Или: За оној кој верува се е можно
Од тука:
Преку верата се надминуваат сите закони на овој свет
Човекот не може со наука да го докаже Бог
Бидејќи постои надвор од овој свет и ова време
Надвор од овој систем на закони
Бог е надвор од нашата:
Физика, хемија, математика, астрономија ...
Бог е надвор од сите науки и закони

СЕПАК ЗОШТО ВЕРУВАМЕ ВО БОГ И ВО ИСУС ?
Најдобро секој да се запраша
Јас ќе се обидам да одговорам

Животот во црквата за нас е неискажлива радост
Читање и Слушање на книгите за нас е нешто најубаво
Сето ова ни дава радост, мир, неискажлива среќа

Ветувањата Божји за нас се прекрасни
Вечен Живот, крај на сите страданија
Дека Бог ќе не чува овде на земјата
Бог ќе не радува во вечноста
Уште поважно
Исус учи дека постои пекол
И дека Бог ќе не спаси од оваа состојба
Има многу причини човек да верува
Да чита, да слуша, и да живее во црквата

Во црква постои наука АПОЛОГЕТИКА
Одбрана на христијанството и на верата
Но ова не е со докази
Но со внимателно проучување на сите списи
Историски записи, сведоштва низ целата историја
Проучување на книгите во црква
И книги со надворешни сведоштва
Како што е историчарот Јосиф Флавиј од првиот век
Современик на Исус и на Апостолите и нивните ученици

Проучување на книгите во Светото Писмо
Сите овие се полни со праведни закони и совети
Со прекрасни ветувања
Со пророштва од кои многу се исполниле
Овие книги објаснуваат зошто постоиме
Сведочат за патот на спасението
За Божјата Љубов и план за нас
Сведочат за Литургијата и Молитвата
Ниту една вера или фиософиа на овој свет
Не се посветува толку сериозно на Спасението
Нашата вера не е дел од многу вери
Ако малку проучуваш ќе видиш дека:
Црквата има најсериозен пристап кон животот
Кон спасението на душата, смислата на животот
Во споредба со другите светски философии
Исус е како КАРПА а останатите како мали зрна песок
На оваа КАРПА може да се изгради ХРАМ
КАДЕ ШТО ВЕЧНО ЌЕ ЖИВЕАТ НАШИТЕ ДУШИ
ВО БЕСКРАЕН МИР РАДОСТ И НЕИСКАЖЛИВА ЉУБОВ


ВЕРОНАУКА
www.angelfire.com/falcon/voznesenie