Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!




ИСТОЧНО ЦРКОВНО ПЕЕЊЕ
ПРАВОСЛАВНО АНГЕЛСКО БОГОСЛУЖБЕНО ПЕЕЊЕ

2016 г. излезе едно прекрасно музичко издание од нашите монаси во Бигорски
Тоа се две цедиња, едно Канон на Св. Јован Крстител, од машкиот манастир
Второто Канон на Пресвета Богородица од сестрите монахињи.
За првото ЦД со голема одговорност сведочам дека е на самиот врв од сите музички издание во цел свет
Му благодарам на Господ, за огромниот благослов што го излеа на овој проект, чудесен и совршен од секој поглед
Со наши зборови кажано: нешто најдобро, толку добро, што ќе му позавидат најдобрите православни хорови низ цел свет
Ова не е реклама. Секој нека најде начин да дојде до ова музичко издание и самиот нека се увери, провери па верувај.
На едно место, модерен македонски јазик, и Светиот Дух, благодатта која што беше излеана на Светите Отци да пеат и да слават.
Слава и похвала на нашиот Господ за ова издание и огромна благодарност до сите што учествуваат во овој проект
Еве линк и секој може да слушне и да се радува на ова пеење


Секоја душа, што ќе посака да учи или да се насладува од ова благодатно и душеспасително пеење
Нека ги побара овие два македонски диска, заедно со дискот на хорот Хармосини на цр. словенски
Нека се потопува, нека се бања во водата на љубовта и славата на Господ Исус


За совладаш добро Православното Ангелско пеење
Почни со слушање на најдобрите хорови и поединци во светот
МПЦ ги преведе сите песни на македонски, и на нас останува овие да ги кроиме.
Што е тоа кроење ?
Некои големи Отци на црквата и певци напишале најубави песни, ги ставиле во ноти
Овие се прилагодени за КИНИ (старогрчи јазик) и како такви звучат во полнотија на убавина и благодат
На нас останува добро да ги научиме преку слушање и потоа по истата мелодија да ги препееме на македонски
Црковното пеење не е само да ги научиш школски нотите и да пееш
Но секој мал украс, секоја мал израз, секое мало возбудување на пеачот треба да ја пренесе убавината на Христос
Да го донесе самиот Господ Исус во срцето на тие што слушаат
Затоа, мора да се почне со внимателно и посветено слушање на оние кои длабоко го разбираат ова ангелско пеење
Оние кои точно пеат, со искуслни учители позади себе
И затоа на оваа страна има повеќе примери од такви псалти и хорови

Најдобро е да се слушаат и да се научат на памет: во сите 8 гласови
, Воскресните Тропари и Воведните Ирмоси од Канони од
Со ова ќе имаш почетна точка за влегување во една од трите скали, и многуте гласови во ова пеење
Скалите само за себе, како такви, е тешко да се научат, дури и искусни пеачи може да се збунат.
Многу е полесно да ја смениш скалата сеќавајќи се на песна, отколку на самата скала
Совет: песните наведени како Ирмоси и Тропари, добро да се научат, на памет
Да се пеат безброј пати, и со ова да се направи цврста основа, на која ќе се научи ова пеење
Кроењето е нешто многу важно во православните служби.
Тоа е кога македонски текст, на пример од каноните во минеот, го кроиш според песни добро научени на памет
Види најдоле линкови за Ирмоси од Канони - советувам да се слушаат многу, да се научат, и да се вежба кроење
Ако не ти е јасно што се тоа тропари и гласови, не е страшно. Почни да слушаш и а пееш.

ИРМОСИ ОД КАНОНИ - Се пеат на Утрена
Канон на Акатист, Ормилиа, Песна 1, Глас 4
Богородичник - Повеќе гласови

Канон на Пасха Глас 1, Величание
Ирмос Глас 2 Богојавление, На Бездната и го откри дното
Ирмос Глас 2 Рождество на Богородица, Дојдете Луѓе
Неразбирливо е создаденото од тебе, Глас 3, Песни од канон на сретение, припеви
Ирмос Глас 4, Ќе ја отворам ујстата моја
Ирмос Глас 6, Христос е моја сила, Св. Дионисие
Ирмос Глас 7, Со знакот Твој
Ирмос Рождество на Богородица, Глас 2 и Глас 8, Дојдете Луѓе, Алотрион - Туѓе е за Мајките
Песна 1, Глас 8 Голем Молебен Канон на Богородица - Страшни Страданија
Канон на Св. Григориј, Глас 8, Ангелопулос
Канон Глас 1 на Богородица и Глас 8 на Св. Екатерина, Ангелопулос


Добро е да се пее паралелно, слушајки ги овие неколку песни, од најдобриот хор на светот
Не само најдобриот, но и во цветот на неговото постоење и пеење
Човек најдобро учи да пее кога пее заедно со добар пеач, кога слуша и пее во исто време
А ако учи, и ако пее, нека учи од најдобрите, а најдобри на светот се хорот на Ликукргос Ангелопулос
Кога пееш паралелно со добри пеачи, се случува чудо со твоето пеење, одеднаш и ти пееш прекрасно
Твојот глас брзо се менува, твоите украси, твојот распон на скалата, на високите и ниските тонови, и стануваш прав пеач.
Така е создаден овој свет, така е благословен, ние да учиме едни од други, бидејќи, човек сам, ништо не може да направи.
Така учејки едни од други, да цвета љубовта и радоста, бидејќи овој свет, за Љубов е создаден, во Славата Божја.
Тон Номикон   Христос ен Поли   Дева Денес   Псалм 01
 Тропар на Акатист

Најдобриот женски хор на светот - ОРМИЛИА
И најдобриот машки хор - АНГЕЛОПУЛОС

ТИВКА СВЕТЛИНА - Гл 4 - 
Оваа песна e во Мека Хроматска Скала, која е сосема различна од се што сме слушале на радио
И затоа треба многу да се слуша и добро да се научи. Еве уште еден пример: Канон на
Св Дионисие
Византиското пеење користи три скали: Диатонска. Мека Хроматска и Тврда Хроматска

Воскресни Тропари

Литургија, најдобри примери, за кроење, пеење, вежбање, утврдување во сите три скали.
Господи Помилуј 3
Велико Славословие Гл 6 Симонопетра
Велико Славословие - Гл 1 - Јаков Манастир Света Екатерина Синаиска
ПС 102 Гл 1 М. Ормилиа
Ект и ПС 102 Гл 8
Пс 145 - Единородни - Блаженства
Молитва ми Богородици - Спаси ни Сине Божји Манастир Св Екатерина Синаиска
Придите Поклонимсја
Господи Помилуј
Иже Херувими Гл 1
Иже Херувими Гл 3 - Во следниот период
Свет Свет Господ
Тебе Поем
Достојно ест - Гл 1 - Григорие
Достојно ест - Гл 1 - Манастир Ормилиа
Еден Свет
Видјехом Свет Истини - Видовме Светлина и Буди Имја Господње
Да исполнатсја - Гл 5 - Симонопетра
Свете Тихии - Светлина Тивка - Карас
 


Научи да пееш и да читаш неуми - православни ноти - Учењето е голема радост и лесно е

Источното Црковно Пеење има 8 гласови и 4 основни скали
Под гласови се мисли на различни мелодии и текстови со кои се пеат сите песни
Кој глас е во моментот може да се види од Календарче

Православните песни се долги со многу вариации, и само неколку пократки може на памет да се научат
Затоа секој што сака да пее мора да гледа во неуми (ноти)
Во оваа смисла Неумите или Нотите лесно и брзо се учат
Доволно е да ја чуеш песната неколку пати во црква или на снимка
Ако слушаш и во исто време гледаш во неумите од истата песна - најлесно ќе научиш
Неколку ноти укажуваат колку степени се качуваш нагоре
Неколку ноти колку се симнуваш доле
И неколку знаци има за украси и траење на нотите
Но целосното искуство и богатство на овие записи е огромно
Во МПЦ може да се набават повеќе книги од оваа област

До сите псалти и служители во Македонската Црква !
Секоја Литургија треба да започне со Псалм 102, и потоа Псалм 145
** Освен ако е Господов празник. Во годината 7 пати е Господов празник, тоа се седум денови
    Тогаш Литургијата ќе започне со Молитвами Богородици ... и  Спаси не Сине Божји ...
Се верува дека во нашиот јужен сосед, од прошлиот век, за да се скрати литургијата, псалмите веќе не ги пеат
Оваа пракса не е во согласност со преданието што го имаме од Светите Апостолоти и сите Отци и Учители на Црквата
Псалмите се Срцето на Светото Писмо и на Светата Литургија и не е убаво да се изостават.
Во извесен случај, може да се отпеат по неколку стихови од двата псалми, но никако да ги избегнеме.


Црковното пеење, Светите Отци во првите десет векови на Христијанството, го довеле до совршенство
Исто и музичките записи за да го претстават ова совршено ангелско пеење биле сложени
Со многу знаци, скали, украси, и сето тоа тешко разбирлива за денешните научници
Поради многуте војни и поделби на територии, денешните учители не можат да се сложат во толкување на старите списи
Пред 3 векови, некаде од 17 век се случува мала преордба на музичкиот запис
Песните што вековно се пееле по манастирите се запишани во нов поедноставен музички запис
Овој запис и денес се користи, познат како НЕУМИ.

Црковното пеење во последните векови се најде во една голема опасност да биде европизирано,
Значи, намалување на украси, и прилагодување на старите скали, на модерната европска скала
Во оваа смисла, познати се две личности, како големи борци за зачувување на изворниот цркоквен мелос
Тоа се Симон Карас, и неговиот ученик Ликургос Ангелопулос
Овие двајца, се обидуваат да ги протолкуваат старите музички записи од времето ан светиоте отци
И на овие записи додаваат повеке музички знаци, и повеке толкувања, за музичко украсување
Поради ова, православниот музички свет е поделен на два дела
Едните го подржуваат поради зачувување на изворното пеење (како и оваа веб страна)
А другите ги осудуваат поради делумно нејасното толкување на старите сложени музички записи
Повеќе детали за оваа тема, може да дознаете од хорот Хармосини, Скопје, Црква Св Ѓорѓиј, Криви Дол.


Во македонија, во МПЦ
, официјално пеење е Мокрањац - Српско народно црковно пеење
Се нарекува српско но некои велат дека тоа е пеењето на народот од овие простори
Мокрањац сето тоа го запишал во ноти, отишол во Белград го издал во книга, го печател ....

Спореди Мокрањац и
Византиа една иста песна - Благословен Еси Господи

Искусните православни христијани како и сите православни манастири во светот пеат Византиски
Византиското, или Источно Црковно Пеење, го носи во себе Духот Христов во полнотија
Бидејќи тоа е составено од Светите Отци, кои го живееле и го гледале Царството Небесно уште овде на земјата
Но секој човек на оваа земја се раѓа во посебна култура со различно музичко наследство и влијание
Затоа не е лесно веднаш да се прифати и разбере изворното православно пеење
Најчесто православните цркви во градовите си имаат свое пеење со корени во народното пеење
А потоа секој човек постепено чувствува светлина, која се зголемува и на крај целосно го озарува
Тоа е едното неизменливо Православно Пеење, наречено Византиско, запишано во ноти од Светите Отци
Мокрањац како премин, содржи мелодии кои се слични на византиското пеење, тоа е глас 1 и 8
Исто така содржи и прекрасни мелодии кои не се византиски но се голема радост, 4 и 5 глас
Сличноста следува веројатно од тоа што на овие територии се пеело од секогаш и византиски
Може да се каже дека на овој простор, во Македонија и Србиа, Мокрањац се граничи со Византија
Плод на оваа блиска средба се неколку византиски гласови во песните на Мокрањац

Во Македонија изворно византиско пеење може да се вкуси во црквата Св Ѓорѓија, Криви Дол, Скопје
Но и во сите манастири, од поново време, дел од службата е преведена и се пее Византиски, на Црквенословенски јазик


ПРАВОСЛАВНИ БОГОСЛУЖБЕНИ ПЕСНИ -
ORTHODOX SERVICE CHANTS

Најубави примери за Византиско Пеење на Youtube
Канон 8 Глас Св. Григорие
Тропар на Акатист на Св Богородица

Покаен Канон - Suplicatory Canon
Богородичник - Hsuxastirio Timiou Prodromou Akritoxoriou Sidirokastrou Serron
- extract from a book called * Theotokario
Ангелопулос - Choir of Angelopoulos


MEGIM    Најбогат сајт со православна музика. Сите песни може да се симнат ако се кликне на плавата стрелка пред песната
                  
The most rich ortodox site with chants. You can download all, by clilcking the blue arrow before the song

Неколку прекрасни примери
  
Few Examples

Ормилиа - 1 - 2 - 3 - 4

Ангелопулос - 1 - 2 - 3 - 4 - 5 - 6 - 7
Симонопетрас - 1 - 2 - 3 - 4 - 5 - 6 - 7 - 8 - 9 - 10 - 11
Ватопед - 1 - 2 - 3 - 4 - 5 - 6 - 7 - 8 - 9
 

 НОТИ НЕУМИ

Ноти во jpg формат, од ЦД-то на Владика Наум, Литургија, со монахињите од Вељуса
Книги со Ноти со Словенски Текст, со Вѕзантиски напев, види * Обширен Осмогласник
Мокрањац, во Ноти  Тропари и Кондаци  -  Нотни Зборник - Luka
Повеќе книги со Неуми со Словенски Текст
† Часови за читање неуми, византиски ноти   Kelfar - Byz Chant





 


 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie

А за оние на кои сето ова не им се допаѓа, ете, ова нека биде мал предизвик
Нашите верни, заљубени во византиско пеење, да започнат со препејување на песните на македонски, денешен говорен јазик
Кога ќе се појават повеќе вакви песни, оваа страна можеби нема веќе да постои, како и сите видеа на ЈТ:
При преведување од стари записи, на нов јазик, ако се запази мелодијата, ќе се изгуби од акцентот и ритмиката, и обратно.
Кога повеќе луѓе би превеле една песна, сите тоа различно ќе го направат
Најдобро е Македонија да почне со преведување на овие ангелски песни, запишани од Светите Отци, осведочени во Вечната Слава
Вакви преводи да има многу, безброј, и секој да се насладува со оваа богата трпеза, за душата највкусна храна и спасение,

FACEBOOK Група за коментари и совети. Email: (svetokandilo@hotmail.com)