МЕРЗОСТ НА ЗАПУСТУВАЊЕ *** Даниел 9 и Матеј 24
Пророк Даниел 7-ма до 12-та глава, и Исус сведочат дека:
Ќе дојде време кога во храмот ќе видиме мерзост на запустување.
Слично сведочат некои понови отци како Лаврентиј и Серафим, види подоле.
Мерзост значи ГНАСЕН ИДОЛ, што ќе ги запусти Божјите Храмови.
Зборот Мерзост, значи Гнасотија, но треба да се знае дека се однесува на ЛАЖЕН БОГ ИДОЛ.
Во поново време некои подземни организации, со мрачни култови, ги превземаат православните храмови како и други религиозни светилишта во цел свет, и тука прават обреди на своите богови, од кои најпознати се Луцифер, Бафомет и Баал. Вакви обреди прават и на многу други церемонии како што се олимписки игри, евровизија, церн, популарни манифестации, ... но не се поштедени и православните храмови, на интернет има сведоштва како ова се случува и во Србија и во Македонија. Да не си помисли некој дека ние ќе бидеме поштедени.
Ќе се обидам да објаснам зошто ова се случува.
Откровение 3:15-16
Ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, и не жежок, ниту студен, ќе те изблуам од устата Своја ...
Господ му се гади и му се повраќа од бљуткави, недоквакани, површни, непосветени несериозни.
Даниел 2
А каменот што го удри кипот стана голема планина и ја исполни целата земја
Според Божјата промисла, Господ ќе допушти сите храмови да ги превземат некои мрачни секти, да ги постават своите богови во олатарот, па кога народот ќе ја види оваа состојба, мерзост и запустување, гнасотија, ќе излезе од храмот и ќе почне да му служи на Господ секој во својот дом, и така секој дом, секоја куќа, секој стан ќе станат Храм на Господ, секој човек ќе биде Свештеник, сите ќе служат Литургија, сите ќе научат да се молат, да пеат, да читаат Свето Писмо, ќе научат Типик, редослед на Богослужба и светот ќе оди напред, еден чекор поблиску до Царството Божјо.
Каменот Исус ќе го удри гнасниот идол, и ќе ја исполни целата земја со ДУХ И ВИСТИНА.
Целата земја и целиот свет ќе стане ХРАМ НА ГОСПОД, ХРАМ НА СЛОВОТО.
Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Агнецот се неговиот храм - ОТКР 21
Ова ќе биде слично на раното христијанство кога секој дом бил храм и црква, но во исто време и чекор во последните времиња кога целиот свет треба да биде КАМЕНОТ ХРИСТОС, бидејќи пишува, КАМЕНОТ ја исполни целата земја.
ЈОВАН 4
Но иде време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се клањаат. Бог е Дух и оние, што Му се клањаат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина.
УШТЕ ЕДНАШ, ШТО САКА ГОСПОД
Сака сите да ги знаат сите молитви, сите песни, сите да служат сите да пеат.
Сите да читаат Библија, Свето Писмо, и добро да го познаваат.
Бидејќи ова е писмо од Господ, и не треба да фаќа прашина.
Во ред е да си стоиш во црква на литургија и потоа да си одиш дома.
Но не е во ред ова да го правиш сите денови од твојот живот.
Почни да прашуваш, да учиш, да читаш, не си дете.
Што вика ап. Павле? Евреите 5:12
Зашто, иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба да ве учат – кои се првите начела на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна.
УШТЕ ЕДНАШ
Заради нашето напредување во верата, заради нашето придвижување напред, Господ ќе дозволи храмовите да ги опседнат и да ги запоседнат некои секти, и со тоа Господ ќе ги натера своите да направат ПОДВИГ ВО ВЕРАТА, да се движат напред, да научат нешто, да прочитаат нешто, да научат да служат, да пеат, да толкуваат, да знаат да ја одбранат својата вера, не само да дадат правилен одговор на судот, но да бидат Светлина од Светлина, да ја носат Светлината и Вистината во Себе, со голема посветеност и внимание.
Св Лаврентиј Черниговски (1868 - 1950)
Цркви ќе постојат, но православните христијани во нив нема да смеат да одат, зашто таму нема да се принесува бескрвна жртва на Исус Христос, туку ќе бидат сатански собиралишта.
„Ќе дојде време“, зборуваше преподобниот отец Лаврентиј, „кога ќе се обновуваат и затворените храмови, и тоа не само од надвор туку и одвнатре. Куполите ќе се позлатуваат и на црквите и на камбанариите. А кога сето тоа ќе се заврши, ќе завладее антихристот. Молете се Господ да ни го продолжи времето за да зацврснеме, затоа што нè очекува страшно време. Гледате ли како сè се подготвува на лукав начин? Сите цркви ќе бидат во најголем раскош како никогаш претходно, а во нив нема да смее да се влегува.
Св. Серафим Вирицки (1866-1949)
Ќе дојде време кога нема да има прогони, но парите и световните привлечности ќе ги одвлекуваат луѓето од Бога, и многу повеќе души ќе загинат отколку во периодот на отворен воинствен атеизам. Од една страна, ќе се градат крстови и позлатени куполи, а од друга страна, ќе владее царството на лагата и злото. Вистинската Црква секогаш ќе биде прогонувана. Спасението ќе биде возможно само преку страдања и болести, прогонот ќе добие многу префинет и неочекуван карактер. Ќе биде ужасно да се живее во тие времиња.
Добро е да се знае дека зборот ЛУЦИФЕР, СВЕТЛОНОСЕЦ или ФОСФОРОС не постои во Свето Писмо
Зборот е лош превод на некои понови латински изданија на запад.
Подоцна низ вековите и денес го користат некои сатанистички култови.
Во библија постои ЕОСФОРОС; ЗОРОНОСЕЦ, се однесува на Навуходоносор кога му служел на Господ.
И се однесува на ИСУС, сјајната ѕвезда Деница, како Зора што ја најавува Вечната Светлина
Во библиската терминологија ИСУС НЕ Е СВЕТЛОНОСЕЦ
Исус Самиот ја најавува Светлината, и Тој Самиот е Светлина.
ЕДНА МАЛА СПОРЕДБА
Ако имаш татко некаде во странство.
И ако ти прати писмо.
Дали ова писмо ќе го славиш или ќе го читаш.
Православните многу го слават и го почитуваат
Ама ретко кој го чита малку, цело никој не го чита.
Во писмото стои дека ти пратил пари и други подароци.
Како да ги подигнеш, каде да ги подигнеш.
Уште пишува кога ќе се врати, да знаеш кога да го чекаш.
Ти дава совети како да живееш, како да го уредиш домот.
Ти пишува што да правиш со парите, и другите подароци..
Ама никој не го чита писмото.
Сите му се радуваат, ама не го отвораат.
Некои го читаат така по малку со страв и почит.
Сега кога ќе дојде, кога ќе се врати, многу ќе се зачуди и ќе рече:
Па нели ви пратив писмо и прекрасни дарови.
Ние многу се радувавме на писмото.
Ама немавме време да го прочитаме.
Па и многу си пишувал, преку илјада страни.
Некои ни кажаа да не го читаме, дека е тешко за разбирање.
Уште ни кажаа дека писмото е многу старо.
Многу од тоа што си пишувал не важи за нас.
Епа тогаш, и за вас чеда, не важи писмото, ветувањата и даровите.
Сега ќе ви напишам друго писмо, кратко и јасно и лесно за читање.
И ќе ве пратам таму каде што не сакате да одите.
† Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie