Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
undefined
undefined





ОТКУП ЗА ТЕБЕ ГО ДАДОВ
ЕГИПЕТ, ЕТИОПИЈА, САВЕЈА



*** Исаија 43:3
Зашто Јас сум Господ, Бог твој, Светецот Израилев, твојот Спасител; откуп за тебе го дадов Египет; Етиопија и Савеја ги дадов за тебе. Бидејќи си скап во очите Мои, многу си ценет; Јас те возљубив, затоа ќе дадам други луѓе за тебе, и народи за твојата душа.

Ова е не е лесно да се разбере.
Зборот ОТКУП, има две значења.
Прво, кога некој ќе плати за тебе да те ослободи од ропство или долгови.
Има и друго значење кога државата ја купува на пример целата пченица по нешто пониска цена ..

Исус платил, а ова значи пострадал наместо нас.
Некој ќе праша на кого му платил, на кого му дал пари за откуп ?
Платил во Светото Писмо значи пострадал.
Наместо ние да страдаме вечно во пеколот, Исус пострада, а ние сме слободни.
Зошто Исус морал да пострада и да умре ?
Затоа што Бог рече: во оној ден кога ќе јадете од дрвото ќе умрете ....
За да го одржи Својот Збор, а нас да не ослободи од клетвата.
Го дава својот Единороден Син, да пострада и да умре
Наместо нас, и со тоа да не ослободи од вечната смрт.

ЕГИПЕТ НЕ Е ИСУС, ЕТИОПИЈА И САВЕЈА НЕ СЕ ИСУС
Овие народи не можат да страдаат наместо нас.
Ниту наместо Израел за Израел да биде спасен.
И на друго место слично пишува:
Душата што греши, таа ќе умре. Синот нема да ги носи беззаконијата на таткото, ниту таткото ќе ги носи беззаконијата на синот. Праведноста на праведникот ќе биде врз него, и злобата на безбожникот ќе биде врз него.“ ЈЕЗ 18

Кога би можеле Египет или Етиопија да страдаат наместо Израел, може да дојдеме до погрешна мисла дека денес милиони жртви во Украина, Сирија, Палестина, страдаат наместо нас, за целиот свет да живее во мир. Како Бог да мора да го излева својот гнев некаде, да ја истури својата лоша енергија за своите да ги зааштити. Вакви помисли се еден вид сатанизам и лудило.

Вака би требало човек да размислува.
Египет, Етиопија, Савеја, или денес Украина, Палестина, Сирија ....
Сите овие се во страшни страданија заради тоа што не го слушаат Словото од Небесата.
Сите овие плаќаат со страшни страданија за својата состојба на безбожност.
Во она време Израел кога видел како се излева гневот Божји на безбожниците, требал да се покае и да се доближи до Словото на Вистината, да се врати во верата и Светлината Божја.
Исто и ние денес, во ништо не сме подобри од Украина или Палестина.
Кога гледаме што се случува, треба да се покаеме, да се преумиме и да се вратиме во Словото.
Ако не се вратиме, истото и нас ќе не снајде.
Треба да ги видиме сите моменти низ историјата.
Сите последици на гревот на безбожноста и нашето непознавање на Словото.
И тоа да не уплаши и да не вразуми.
Целата историја страда за ние да се вразумиме.
И денес многу народи страдаат, за ние да се вразумиме.
И некако да се вратиме на Словото кое доаѓа од Горе.

ЕГИПЕТ ПЛАТИЛ И ПОСТРАДАЛ НЕ НАМЕСТО ИЗРАЕЛ
Но за Израел да се доближи до Словото.
Денес Украина страда не наместо нас.
Но за ние да се доближиме до Словото кое е Вистина.
Во спротивно истото ќе не снајде и нас и целиот свет.

 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie