Исус не Отккупи
со Својата Крв,
Исус плати за нас
Некој ќе праша,
но на кого му плати Исус
Галатјаните: 3:13
Христос нè откупи од проклетството на Законот
Некои ќе се запрашаат на кого му плати
Господ Исус Хростос
Дали на Отецот, или на некои лоши поднебесни духови што не држат во ропство ?
Отецот и Синот се едно, нема смисла да прават некаков откуп за нас меѓу себе
А за другиот одговор не треба да се размислува
Светото Писмо сведочи дека Христос ја пролева својата крв за нас
Нас ни се дава Христоваѕа Крв, тоа е Христовиот Живот, тоа е Христовото
Воскресение
За да се разбере размислувај вака:
Човек што вози брзо ќе плати со живот, или
човек што многу пие еден ден ќе плати со живот.
Плата во оваа смисла означува
ПОСЛЕДИЦА.
Адам и Ева згрешија и платија со смрт.
Зошто ? Бидејќи
Божјиот збор е неизменлив
Бог рече, во оној ден кога ќе вкусите од тоа дрво
ќе умрете
Може ли Бог да лаже ?
Но во својата совршена промисла, Бог
предопредели неговиот Син да ја плати казната за Адам и Ева, и за цел свет
И
со тоа Божјиот збор ќе остане Вистина, а ние ќе се спасиме
Бидејќи Исус плати
наместо нас, Исус умре наместо ние да умреме
Исус умре, но и воскресна, за и
ние да воскреснеме
Само едно ни останува, да научиме како да земеме учество
во овие настани, во ова спасение од Небесата.
Галатјаните: 3:13 ** Христос нè откупи од проклетството на Законот
Според учењето на Ап. Павле последица на гревот,
прекршување на законот, е излевање на крв
Според Божјото устројување на светот, секој грев ја бара нашата крв
За ова сведочи целата старозаветна богослужба
За секој грев, човекот морал да се претстави пред храмот, и да заколе животно
Со крвта се попрскувале делови од храмот
А човекот што грешел, животното што го колеле требало да го држи за глава
Ова требало да пробуди длабоко покајаниe и жалост
Но и свест дека крвта на животното се пролева наместо крвта на човек
И конечно, тоа е вовед во најголемта тајна на светот, Христовата Жртва
Јагњето требало да биде здраво, чисто и силно, симбол за Совршената Христова
Природа
Христос како совршен Бог и Совршен Човек ја пролева својата крв наместо нас
Наместо да се пролее нашата крв за нашите грешки во животот, тоа го прави
Божјиот Син
Како да ја ја примиме оваа Божја Жртва и да се спасиме од страшните
последици на гревот
Господ на последната вечера со Апостолите, ни го покажува како да учествуваме во
оваа спасителна жртва
Kога го крши лебот и го подига виното, вели дека тоа е неговото тело и тоа е
неговата крв
Во тој момент Господ Исус Христос ја извршува првата света литургија
А потоа им заповедува на своите ученици, тоа да продолжат да го прават
На секоја православна литургија презвитерите и епископите ни го даваат вечниот
живот
А ние треба да пристапиме со вера, покајание и исповед
На секоја литургија ние таинствено се соединуваме со воскреснатиот Господ Исус
Христос
Така, соединти, неговото воскресение го примаме како дел од себе, и неговиот
живот станува наш живот
Преку Христово Пречисто Тело и Крв, земаме учество и во Христовото Вознесение и
во Христовото Седнување оддесно на Отца
Што
е Грев, *Амартиа, што згрешија Адам и Ева
Грев е состојба на одалеченост од Божјото Присуство
Изворно **АМАРТИА, промашена цел
Значи, не си на вистинското место
Адам и Ева посакаа да ја вкусат оваа состојба
Таа нивна желба
им се исполни
Господ знаеше дека на Луѓето нема да им се допадне оваа страшна огревовена
состојба
Па затоа ни покажа Пат да се вратиме назад
Тоа е Нашето Живо Учество во Православната Литургија
Што е Живот ?
Целиот Стар
Завет сведочи за Исус Христос
Исус, самиот сведочи за себе дека е Христос
Јован Крстител Сведочи дека Исус е Христос
Светиот Дух преку апостолите и Св Отци последните 2000 г. сведочи за Христос
Дрвото на животот во рајската градина е Христос
Плодовите на ова дрво се Славата Божја, тоа е Св Дух, тоа е силата на
Воскресението
Каде е тогаш Гревот?
Грев е Богоодалеченост,
одалеченост од Изворот на животот, од Синот Божји
Адам Ева и сите ние се одалечивме од Изворот и Умревме
Но сега Изворот е распнат на КРСТ
Од него тече Живот, Река од Жива Вода
Ова се параболите во Евангелие по Јован.
Сите сведочат за Вистинска Храна и Вистинско Питие
Христос е Исвор на жива Вода што
ќе потече во нашата утроба
Христос е Лозата
а ние Прачките кои се храниме од Лозата и даваме Плодови
Христос е Лебот
на Вечниот Живот, ние треба овој леб во себе да го имаме
Христос е Пастирот,
кој ги храни своите Овци со Вечен Зивот
Христос е Вратата,
кој ќе влезе низ неа ќе најде Пасиште, и Вечни Извори на Љубов и жива Вода
Христос е Дрвото
во Рајската Градина, сега сите ние имаме отворен пат кон ова чудесно Дрво
Христос прво даваше здравје на болните
Второ Леб и Риба на Гладните
Конечно ни го даде
и Вечниот Живот што во себе го носи
За момент се откажа од животот, за животот од него да потече низ целата земја
Да ги нахрани сите гладни и жедни за Живот Вечен
Во времето на Ное Христос преку Духот, сведочеше дека ќе настане потоп, им
понуди пат на луѓето
Но Луѓето не му веруваа, тие се одлучиа за Смртта
Сега повторно сведочи за Вечен Живот, и повтоно никој не сака да Верува и да
Вкуси
Центар на Православната Црква е
Литургијата и Телото Христово
На секоја литургија
животот тече од рацете на презвитерите
Тие повикуваат: Со страв Божји, Вера и Љубов, пристапете
Дојдете и вкусете колку е благ нашиот Господ
† Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie