Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!







ВО СВЕТОТ ПОСТОИ СКАЛА КОЈА ВОДИ ОД ЗЕМЈАТА ДО НЕБЕСАТА, ОД СМРТТА КОН ВЕЧНОСТА
ОВАА СКАЛА Е НАРЕЧЕНА, СВЕТО ПИСМО, СЛОВО, ЖИВА ВОДА, СЛАВА И СПАСЕНИЕ

- Стар завет, кога Бог објавува повеќе заповеди преку кои човекот ќе поживее мирно на земјата, во изобилие на храна и секакви благослови, ако го слуша гласот Божји, и ако ги исполнува заповедите. Но ако не е послушен, ќе биде казнет со војна, глад, болести и лути ѕверови.
Кои се овие заповеди ?
Човек да биде верен на својот Бог и да не си прави свои божества од дрво и од камен, да не се поклонува на сонцето и месечината и на ѕвездите, секој човек да биде праведен, да биде милостив кон сиромашните, да го почитува седмиот ден за одмор, и постојано да ги проучува Божјите зборови,
дадени за нас преку пророците за поука на цел свет.
- Новиот Завет, е ветување за живот вечен, преку верата во Господ Исус Христос. Но што значи да се верува во Исус има повеќе толкувања низ историјата и во светот. Православната црква верува дека спасението доаѓа преку активно учество во светата литургија, преку соединување со Телото и Крвта на нашиот Спасител.
- Православната богослужба, а тоа е молитвениот живот, тоа се околу 20 големи книги со молитви и песни, во кои централно место завзема литургијата. Сите овие веруваме дека Бог, преку Светиот Дух ги објави на светите отци, како што се св. Сава Освештени, св. Јован Златоуст, св. Василиј Велики, св. Јован Дамаскин и многу други, за да не научи како да се молиме и како да Го славиме Господ во сите векови.
- Поуки и искуства на нашите отци и учители во црквата. Сите овие се запишани во безброј книги.
- Целата црковна уметност, музика, архитектура, орнаменти, одежди ... сите овие сведочат за вистинскиот Лик на Господ Исус Христос и овој лик го изобразуваат во нашето срце, во нашата душа, за да бидеме едно и да имаме дел од неговото Божество, дел од неговата вечност.

Ако внимателно се прочита светото евангелие според Јован, ќе видиме дека Исус, јасно и недвосмислено објаснува дека надвор од писмата нема живот, нема среќа, а и човекот ништо не може да направи во животот, но пребивајќи надвор од Божјото слово, душата на човекот се суши, исто како што гранка ако се скине од дрво, или прачка од лоза, надвор таа ќе се исуши, и потоа се става во огин за да изгори.

* Јас сум вистинска лоза. Мојот Отец е лозарот. Секоја прачка во мене која што не дава плод Он ќе ја исече, и секоја која што дава плод ќе ја очисти за да принесе повеќе плод. Вие сте веќе чисти преку словото кое ви го проповедав. Бидете во мене и јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе ако не е на лозата, така и вие ако не бидете во мене. Јас сум лозата, а вие прачките и кој што е во мене и јас во него, тој ќе даде многу плод. Оти без мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во мене ќе биде исфрлен надвор како прачката и ќе се исуши а такви ќе ги соберат и во оган ќе ги фрлат и ќе изгорат. Ако останете во мене и зборовите мои во вас тогаш што и да посакате барајте и ќе ви биде.

ЦЕЛАТА СКАЛА СВЕДОЧИ ЗА НАШИОТ ГОСПОД И БОГ ИСУС ХРИСТОС, И ТОА, ДЕКА ИСУС Е БОГ И ГОСПОД
ЦЕЛАТА ОВАА СКАЛА Е МОЛИТВАТА - ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ СПАСИ НЕ
БИДЕЈЌИ СО ОВАА МОЛИТВА ИСПОВЕДАМЕ ДЕКА МАРИЈА ГО РОДИ ВЕЧНИОТ БОГ
ЛУЃЕТО ШТО СЕ ИСКАЧУВААТ ПО ОВАА СКАЛА, СЕ НАРЕЧЕНИ - ЦРКВА
ЦРКВАТА ЈА ВОЗГЛАВУВА САМИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС


ШТО Е ТОА ВЕРА, ВЕРУВАЊЕ
Зборот вера означува пред се Верност, низ секојдневна посветеност и целосна предаденост.
Дали на Господ, дали на музика, работа, фамилија, деца, жена, или спорт, или било која уметност.
Значи, СЕКОЈДНЕВНА посветеност, заедништво, општење, соединување.
Ако е Господ, тогаш секој ден се причестуваш со неговата црква, молитви, книги и сите откровенија, преданија и сето она што ни е од Бога јавено, за да учествуваме во оваа чудесна љубов.
Вера не е само некаква нејасна претстава за она што е на небесата, за она што е невидливо, Вера не е само надеж за она што не очекува во идниот живот, но, Верата е живо и активно учество, силна љубов, интимно заедничарење со сето она што го посакуваш, што те прави среќен, што ти дава живот.


НИКЕО-ЦАРИГРАДСКИ СИМБОЛ НА ВЕРАТА

Заради нашето спасение, овој симбол треба да се научи, да се знае и да се сочува непроменет, во сите векови.
Верувам, во единиот Бог Отец Седржител. Творец на небото и земјата и на се видливо и невидливо.
И во единиот Господ Исус Христос, Син Божји, единороден, Кој е роден од Отца пред сите векови:
Светлина од Светлина, вистински Бог од Бога вистински, роден, нестворен, единосуштен на Отца, преку Кого се станало :
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата и се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек:
И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и пострада и беше погребен
И воскресна во третиот ден според Писмото: И се вознесе на небото и седи оддесно на Отца
И пак ке дојде со слава да им суди на живите и мртвите и Царството Негово не ќе има крај.
И во Светиот Дух, Господ Кој живот твори, и Кој излегува од Отца
И на Кого Му се поклонуваме и Го славиме заедно со Отца и Сина, и Кој говорел преку пророците.
Во една света, соборна и апостолска Црква.
Исповедувам едно крштение за простување на гревовите.
Го чекам воскресението на мртвите. И животот на идниот век. Амин.


                            
  Молитва на нашиот Господ Исус Христос 
Отче, дојде часот. Прослави го својот Син за да те прослави Синот твој. Како што си му дал власт над секое тело и преку се што си му дал да им даде живот вечен. А животот вечен е тоа да те познаат тебе, единиот вистински Бог и испратениот од тебе Исуса Христа. Јас те прославив на земјата, го извршив делото што си ми го дал да го извршам, и сега прослави ме ти Татко во тебе самиот со славата што ја имав во тебе уште светот пред да настане. Го јавив името твое на луѓето што си ми ги дал од светот. Тие беа твој и ти ми ги даде и го запазија твоето Слово. Сега разбраа дека се што си ми дал е од тебе, зошто зборовите што си ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и разбраа навистина оти од тебе сум излегол и поверуваа дека ти си ме пратил. Јас за нив се молам, не се молам за сиот свет, туку за оние што си ми ги дал зашто се твои. И се мое е твое, и твоето мое, и се прославив во нив. Веќе не сум во светот но тие се во светот а јас идам при тебе. Татко Свети, запазиги во твоето име оние што си ми ги дал за да бидат едно како што сме и ние. Додека бев со нив во светот јас ги пазев во твоето име оние што си ми ги дал, ги зачував и никој од нив не погина освен погибелниот син за да се исполни писмото. А сега одам при тебе и ова му го кажувам на светот за да ја имаат во себе мојата радост полна. Јас им го предадов твоето слово и светот ги замрази зошто тие не се од светот како и јас што не сум од него. Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. Тие не се од светот како и јас што не сум од него. Освети ги со својата вистина. Твоето слово е вистина. Како ти мене што ме прати во светот и јас ги пратив во светот. И за нив јас се посветувам така и тие да бидат осветени преку вистината. Но не се молам само за нив туку и за оние што по нивните зборови ќе поверуваат во мене, за да бидат сите едно како што си ти Татко во мене и јас во тебе. Па така и тие да бидат во нас едно и да поверува светот дека Ти си ме пратил. И славата што си ми ја дал, ним им ја дадов за да бидат едно како што сме ние. Јас сум во нив и тие се во мене, за да бидат во се едно и да узнае светот дека ти си ме пратил и нив си ги возљубил како мене што ме возљуби. Татко сакам и оние што си ми ги дал да бидат со мене каде што сум јас за да ја гледаат мојата слава што си ми ја дал оти ме возљуби уште пред да се создаде светот. Татко праведен, светот не те позна, јас те познав, и овие познаа дека ти си ме пратил и им го објавив името твое и ќе го известувам и љубовта со која ме возљуби ти, да биде во нив и јас во нив.





       

СЛУЖБА
НА СВЕТИТЕ И СПАСИТЕЛНИ СТРАДАЊА НА НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС - КНИГА ПОСЕН ТРИОД
  
Ова е срцето на Православната Богослужба, силно и неискажливо молитвено искуство
   Божјата Благодат излеана во полнотија, во Словото на Вистината 
   Непроценливо богатство за душата. Совршено познание
   Ослободување од сите лажни помисли и секаква суета.
   Тоа е книга со молитви и песни што секој човек треба да ја има и да ја чита
   Исто како секој што треба да има срце и ум, за да живее и да се радува на животот
   Ова не е раклама, но вечен извор на живот, радост и вистина
   Мал дел од оваа прекрасна и животворна книга

   ИЗВАДОК ОД КНИГАТА ПОСЕН ТРИОД

Молитви од службите на Велики Четврток, Велики Петок и Велика Сабота -
Книгата може да се набави во Митрополија



Симбол од св. Атанасиј Александриски

1. Оној кој сака да се спаси, пред се треба да ја почитува соборната вера
Која
ако во целост и непогрешно не ја сочува, без сомневање засекогаш ќе погине. Верата, соборна е оваа:

2. Ние го прославуваме Едниот Бог во Троица и Троица во Еден

Со три личности неслиени и една природа неразделна
Зашто една е личноста на Отецот, друга на Синот и друга на Светиот Дух
Но Божјата природа на Отецот, Синот и Светиот Дух е една, Славата е една, и Величието е едно
Каков е Отецот, таков е Синот, таков е и Св Дух
Несоздаден е Отецот, несоздаден е Синот, Несоздаден е Св Дух
Несфатлив е Отецот, несфатлив е Синот, несфатлив е Светиот Дух
Вечен е Отецот, вечен е Синот, вечен е Светиот Дух, меѓутоа не троица вечни, туку Еден Вечен.
Не се троица несоздадени ни троица несфатливи туку еден несоздаден и еден несфатлив
Како што Отецот е Семоќен, така и Синот е Семоќен и Светиот Дух е Семоќен (Седржител, Сеприсутен)
Не троица Семоќни туку Еден Семоќен.Отецот е Бог, Синот е Бог и Светиот Дух е Бог
Меѓутоа нема три Богови, но само Еден Бог
Слично Отецот е Господ, Синот е Господ и Светиот Дух е Господ
Но нема три господа но само Еден е Господ
Како што според Христијанската Вера секоја Личност ја нарекуваме Бог и Господ
Така според истата Соборна Вистина не смееме да кажеме дека има три богови или три господа
Отецот од никого не е создаден ни креиран ни роден.
Синот не е создаден од Отецот, ниту е креиран, туку е Роден
Светиот Дух не е создаден од Отецот ниту креиран ни роден. Светиот Дух од Отецот Произлегува
Има еден Отец, а не три Отци. Еден Син а не три сина. Еден Свет Дух а не три свети духови
Во лицата на Света Троица никој не е прв или последен, и никој не е поголем или помал
Сите три личности се вечни и еднакви.
Според она што до сега го кажавме, Троица во Еден, и Еден во Троица го Прославуваме
Затоа кој сака да се спаси треба вака да размислува за Пресвета Троица


3. Заради нашето спасение
треба точно да веруваме и во Воплотувањето на нашиот Господ Исус Христос
Вистинска вера е кога веруваме и кажуваме дека нашиот Господ Исус Христос, Син Божји, е Бог и Човек
Бог по природата на Отецот, пред времето роден, и човек по природата на мајката, во времето роден
Совршен Бог и совршен Човек, со душа разумна и тело човечко
Еднаков на Отецот со неговата Божја Природа и помал од Отецот со неговата човечка природа
Иако Он е Бог и Човек, во него нема две личности но еден е Христос
Еден, не со претворање на Божјата природа во Тело, но со примање на човечката природа од Божјата
Еден во полнота, не со слевање на природата, но со единство во Личноста (Христос е само една Личност)
Како што еден човек има разумна душа и тело, слично Еден е Христос, Бог и Човек, Богочовек
Кој пострада заради наше спасение и слезе во адот и во третиот ден воскресна од мртвите
И се вознесе на небесата и седна од десно на Бог, Отецот Семоќен
Од каде што ќе дојде да им суди на живите и мртвите
И со своето доаѓање, сите луѓе со телата свои ќе ги воскресне, за да дадат одговор за делата свои
И ако правеле добро, во вечен живот ќе појдат, ако правле зло, во вечен огин
Ова е соборната вера. Во неа ако некој верно и вистинито не поверува неможе да се спаси 
(Тука завршува Симболот)




Додека Св Јован Златоуст ги пишувал молитвите и песните, во 4 век
Ангел стоел покрај него и му кажувал се што треба да напише
Слично се случило малку покасно со една од најпознатите православни песни * Достојно ест ...
Еден монах, додека се молел, му се јавил Ангел и му кажал како да ја кажува песната
Целата Православна Молитвена Богослужба е составена со помош на Небесната Ангелска Хиерархија


Центар на Православната Црква е Литургијата и Пресвета Богородица, која молитвено се застапува за нас
На секоја литургија животот тече од рацете на презвитерите
Тие повикуваат: Со страв Божји, Вера и Љубов, пристапете. Дојдете и вкусете колку е благ нашиот Господ

Нашата
вера во Господ, се јавува единствено и само преку редовно и секојдневно:
- Читење и слушање молитви, Дома, и во Храмот во заедница со сите верни браќа и сестри
- Преку редовно читање Библија, Житија на Светите, Добротољубие ...
- И секој ден слушање по неколку песни, од манастирите на Света Гора, Јован Бигорски, Елеуса, Рајчица, Екатерина Синајска, Ормилиа ....
Тоа го вели Ап. Павле, дека верата во нас се зголемува преку слушање и исповедање на Словото

Денес човек има малку време, но ако сето ова се направи три пати на ден по 15 мин, тоа ќе биде 45 минути
Православните молитви и богослужби не соединуваат со сите Светии, со целата црква, а тоа е телото на  Господ Исус Христос
Молитвата е вечната жртва, од нашите усни, преку умот, со до олтарот на нашето срце
Ако секој секој ден ја потопуваш твојата душа во Славата на Православните Молитви и целото наследство на Црквата Христова
Ти ќе светнеш како сонце во царството небесно, и ќе ги вкусиш сите благослови, уште сега во овој живот
Единствено преку МОЛИТВАТА, човекот може за себе да најде, здрајве, среќа, љубов, постојана заштита, и конечно Вечен Живот

Прва книга што треба да ја имаме е Часослов, тука молитвите се паралелно напишани на Црковнословенски и Македонски јазик
Читањето молитви на Црквено Словенски јазик е посебна радост за срцето, тоа треба да се провери за да се почуствува

Само неколку букви треба да се научат, за овие било кој човек од црквата за неколку минути ќе сака да ви помогне
Во овој момент нема каде да се купи часослов, но голем дел од него може да се најде на оваа страна

Потоа во митрополија може да се купат 4 големи книги - Минеи
Тоа се молитви и песни за поголемите празници Том 1, Том 2, Посен Триод (пред велигден), Цветен Триод (после велигден)
Секоја од овие големи книги е 1200 ден
И Осмогласник (служби за секој ден кога не е голем Светител), се комплетно молитвено искуство и најголема радост за човекот
Постојат два Осмогласника, од 1 до 4 глас, и од 5 до 8 глас


Дигни се, светлеј се Ерусалиме
Зашто дојде твојата светлина
И славата Господова изгреа над тебе

Зашто, ете, темнина ќе ја покрие земјата, и мрак - народите
А над тебе ќе засветли Господ, и славата Негова ќе се јави над тебе
И народите ќе дојдат кон твоето видело, царевите - кон светлината што изгрева над тебе
Крени ги очите и погледај наоколу: сите тие се собираат, идат при тебе
Твоите синови ќе дојдат од далеку, и твоите ќерки на раце ќе се носат
Тогаш ќе видиш и ќе се зарадуваш, и срцето твое ќе затрепери и ќе се рашири
Зашто богатството на морето ќе се сврти кон тебе, имотот на народите ќе дојде при тебе


Природата Божја е неопислива, неискажлива, за нас сосема несватлива.
Затоа, Тој самиот, не научи, и постојано не учи, како да збориме за Него, како да мислиме, како да веруваме, како да Го славиме.
Нашата вера и спасение е преку Славата, а тоа се Светите Богослужби. Бидејќи Исус вели:

А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината
..
Ап. Павле вели:
Исто така и Духот нè поткрепува во нашите немоќи;
Бидејќи не знаеме за што да се помолиме, како што треба, туку Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување.

Светиот Дух во првите векови, ги научи апостолите и нивните ученици, како да се молат,
како да ја состават светата литургија, како да пеат, да цртаат, да градат храмови, одежди ...

На литургија се вели: Твое од Твоите, Тебе ти принесуваме за сите и за се.
Оти Бог не учи како да го Славиме, како да му ја принесеме оваа чудесна жртва, не со крв, но во Дух и Вистина.
Редоследот на сите овие песни и молитиви, и сите обреди во храмот, се вика Типик на Богослужба.
Постојат
безброј канонизирани молитви и песни, кои ги има за секој ден во годината, секој ден илјадници.
И така, ние пеејќи, славејќи, молејќи се, на Марија, на Св Јован Крстител, Св Никола, и сите Светии, ние го исповедаме Бог
Оваа Исповед, оваа бескрајна Слава, не озарува со Живот Вечен, неискажливо, оти и самиот Бог е Неискажлив.
Секојдневните богослужби, пример на
Св. Петка, Св. Екатреина, Св. Кирил, со сите молитви и песни, ја претставуваат нашата Вера.
Тие се темел, комплетна градба на Божјиот Храм во нас.
Тие се Небесен Брод, Свет Храм на Црквата, кој патува во Царството Христово, во Небесниот град Јерусалим
Во Светилиштето на вечно живите души на Небесата, каде што се сите Светии и Ангели
А нивната Светлина е постојаната Богослужба, вечно принесување молитви и песни, славословувајќи го Единиот Бог, во Лицето на Господ Исус Христос.

Да кажеш, верувам во Бог, тоа е само првата помисла, која треба цел живот да се надоградува се до еден огромен и совршен храм на Вера и Слава, Храм, преукрасен, полн со љубов, убавина, искуство, знаење, преданија, и живот вечен.
Постојат околу 20 големи книги со Богослужби, кои ја озаруваат твојата душа со Светлина и Вистината
А сега, и ти самиот си Светлина, Светлина од Светлина, Вистина од Вистина, Слава од Слава, Живот од Живот, и веќе смртта над тебе нема власт

Господ да ни даде вистинско покајание и мудрост

Да го бараме и да го правиме тоа што е добро пред Него
Да се научиме и да се утврдиме во Словото кое дојде од Небесата
Не престанувајки да се молиме и секогаш да му благодармие на Бога
Посебно за нашите учители во верата преку кои ја примивме оваа Вистина
Која за нас значи Живот Вечен, Бескрајна Љубов, Радост и Слава.
Господ да ги благослови и да ги преумножи сите наши учители и целото свештенство
Секое предавање, поука и совет, зашто нивата е голема, а работници се малку.
Му благодарам на Бога за најголемиот учител на сите времиња, Светиот Апостол Павле.
Не можам да се изначудам на неговите чудесни посланиа, кои секогаш длабоко ме вознемируваат, ме восхитуваат, ме учат и ме радуваат.
Словото на Ап. Павле е совршена уметност и во исто в
реме совршена наука.
Тој на чудесен начин ја објаснува Христовата Жртва и Божјата промисла за нашето спасение.
Секое послание на апостолот е Света Богослужба, прекрасно Стихословие.
Започнува со Слава и Благодарност од што душата ми се озарува
Потоа продолжува со поуки, сериозни и длабоки објаснувања на писмата со цитати од пророците
Изобилува со практични заповеди, со пророштва за иднината и последните времиња
И повторно завршува со Слава и Благодарење од кои уште еднаш се потопувам во Благодат и неискажлива Небесна Слава.

Пред да се зборува за Вера и Љубов треба да се каже нешто за простувањето
Ние луѓето имаме голема и нескротлива желба, и возбуда, да ги приметуваме грешките кај ближниот
И потоа да зборува за нив, и тоа преоѓа во клевета, хулење и конечно омраза
Во тие моменти најдобро е човек да си помисли: Господи помилувај ме, ја сум полош
И ако сеуште продолжува помислата и возбудата, човек добро е да си помисли:
Што ако некој за мене зборува, за моите грешки што мислам дека никој не ги знае
Ако и тоа не помогне, тоа е знак дека ја сум длабоко паднат во темнина, далеку од Божјата Милост и Љубов

Не е погрешно да се каже дека ние луѓето од Црквата, приличиме на војници кога одат во војна
И кога ке стигнат на фронт, бидејки непријателот е од онаа страна, на некој начин далеку
Тогаш пукаме по своите, по ближните што се до нас и така пукањето преоѓа во страст а не во реална војна
Човекот е во таква темнина и заблуда што не е ни свесен дека пука по своите, и дека непријателот е од другата страна
Црквата најголемите непријатели ги има во своите редови, односно секој на секого му е непријател
Затоа имаме непризната црква, држава без име, нема веронаука, нема византиско пеење, нема љубов, ништо нема

Секој човек паѓа на искушение да го гледа светот низ призма на пари и слава
Секој се бори сам против себе и сам против сите
Против себе, бидејки пука по се околу себе
Кога ке ги убие ближните, ке сфати дека самиот се убил

Најлесно е човек да го осудиш, бидејќи човекот е грешен и често вознемирен и несигурен
Секогаш слаб и збунет се движи во овој свет, трудејќи се да распознае што е добро а што е зло
А, ете уште полесно е човек да го пофалиш, да го израдуваш, да го помилуваш, а ние тоа ретко го правиме
Бидејќи од мали сме научени да се храниме со помисли на осуда, клевета, дури и омраза
Нашето тело е зависно од лоши помисли, бидејќи еден скриен дел од нас, потајно се радува кога го суди светот
За среќа, и во голема Слава Божја, оваа наша слабост можеме со мало внимание да ја совладаме
И да пуштиме изрвори од нежна Љубов да потечат во најдлабоките, скриени органи, во нашата потсвест
Оваа Љубов е толку силна, што може и планини да преместува, и непријателски војски да уништува
Бидејќи доаѓа од срцето, верува со срцето, мисли со срцето, чуствува со срцето
И одеднаш целиот свет се преобразува во Љубов, а ти само ќе гледаш и ќе се чудиш
И ќе го прославиш Господ, за целата добрина и милост која сите нас ни ја дарува

Сега е време за духовни разговори, и секакви расправи по прашање на верата
Но сето тоа да се изведе со многу Љубов, оти мечот Господов е издигнат, и наострен
Да пресече се на овој свет, што не е спремно да дава и да шири љубов во светот