Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!









ПОДОБРО Е ЗА ВАС ЈАС ДА СИ ОТИДАМ
ОТИ АКО НЕ СИ ОТИДАМ УТЕШИТЕЛОТ НЕМА ДА ДОЈДЕ ПРИ ВАС
АКО ЗАМИНАМ ЌЕ ВИ ГО ПРАТАМ

Мал коментар на ова Слово

Исус бил постојано со апостолите, и одеднаш ги напушта, но не за да ги остави, но за самиот Исус да се всели во Своите ученици и да стане едно со нив, може да се каже со сите нас кои веруваме во Исус во сите времиња.
Исус никогаш не го напуштил светот, но ни ветува и ни дава нешто подобро, тоа е делото на целосно обожување преку Духот, преку Благодатта која ни се дава изобилно во црквата Христова, и највеќе преку писмата, преку Словото на Живиот Бог бидејќи е пишано: „Марта! Марта! Ти се грижиш и се вознемируваш за многу нешта; а потребно е едно. Марија го избра добриот дел, што нема да и се одземе.” Марија, седна при нозете на Господа и го слушаше Неговото слово.

Апостолите она време биле цело време со Исус, и биле радосни, но Исус има уште поголема радост за целиот свет, а тоа е да стане Едно, да се всели во нас и вечно да пребива во нас, правејќи од нас живи храмови, живи камења, пребивалишта Божји, пребивалишта на Духот, на самиот Господ Исус Христос.

Исус повеќе пати на пророците и на апостолите им дава дарови на Светиот Дух, еднаш да пророкуваат, да лекуваат, да воскреснуваат, друг пат да простуваат гревови, потоа да зборат на разни јазици, друг пат да се молат, да го кршат Лебот на Литургија, и така постојано не припрема сите нас, не удостојува, не менува, не усовршува, не обожува, не воскреснува, не уподобува на Самиот Себе, за да го примиме:
ЦЕЛОСНО И НЕРАЗДЕЛНО И НЕСЛЕАНО
Оваа таина е голема, ова е смислата и целта на верата.
Бог работи полека но сигурно со сите Негови Ученици
Ова ДЕЛО е најголемата љубов, радост и среќа на светот
Да станеш ЕДНО СО СВОЈОТ БОГ

Но не само едно со Исус, ние стануваме едно и самите со своите
Со семеиството, пријателите, и сите верни во црквата
Човек кога ќе се ожени и кога ќе има деца
И многу се радува на нивната близина и присуство
Но кога ќе стане едно со своите преку верата и црквата
Оваа радост и оваа среќа е неискажливо поголема од првата
Дури сега настанува вистинското единство и љубов
Како што Исус и Отецот се Едно
Така Исус со нас станува Едно
И потоа и ние создадените стануваме едно меѓу себе
И се во се да биде Едно

Постои учење во црквата
Целта на нашиот живот е да се исполниме со благодатта на Светиот Дух.
Ние целиот живот примаме дарови од Христовата Благодат, и со ова, самиот Господ полека се вселува во нас, не одеднаш, но малку по малку, се соединува со нас, се дододека целосно не стане Едно со Нас во Царството Небесно.

Господ постојано ги припрема луѓето за оваа најголема таина, од почетокот на светот, од Адам и Ева, преку пророците, преку Мојсеј, законот, Духот постојано излева од своите дарови на земјата, на најразлични начини, но со доаѓањето на Спасителот, влегуваме во времето на комплетно соединување со Бог, еден многу повисок степен на обожување, може да се каже многу посилно присуство на оваа Благодат, многу поголема сила, која не само што ни помага да живееме во светот, да победуваме, да знаеме, но Сила што го менува човекот, го усовршува и го обожува. Од човек го прави Бог, како што е пишано, ВИЕ СТЕ БОГОВИ.

Уште еднаш:
Благодатта, даровите на Духот Божји од почетокот на светот малку по малку не допираат, не учат, не водат, не менуваат, и сега тоа се случува уште пострашно, навлегува до коските, ги разделува мислите, прави страшно дело на ОБОЖУВАЊЕ
ДЕЛО НА ВОСКРЕСЕНИЕ И ЖИВОТ ВЕЧЕН


КРИСТАЛНО ЈАСНО ВО ЈОВАН 17 - ЈАС ВО НИВ

Отче Свети, запази ги во Твоето име оние, што си Ми ги дал, за да бидат едно, како што сме и Ние. За да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил. И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние. Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во сè едно, и да узнае светот дека Ти си Ме пратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби. Им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Ме возљуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив. И ЈАС ВО НИВ


НЕКОЛКУ СТИХОВИ:

Зашто Божјото Слово е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни, и навлегува до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и на мозокот; и ги суди мислите и намерите на срцето.

„Царството Божјо нема да дојде забележливо, ниту ќе кажат: »Еве, овде е« или: »Ене, онде е«. Зашто царството Божјо е во вас внатре.”

Јас ќе го помолам Отецот и Он ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека, Духот на Вистината кого светот не може да го прими оти не го виде ниту го познава, а вие го познавате зашто во вас е, и во вас ќе биде. Нема да ве оставам сираци, ќе дојдам при вас. Уште малку и светот веќе нема да ме гледа, а вие ќе ме гледате, зошто јас живеам и вие ќе живеете. Во оној ден вие ќе разберете дека јас сум во мојот Отец и вие сте во мене, и јас сум во вас.

Утешителот пак, Духот Свети, кого што Отецот ќе го испрати во мое име, Он ќе ве научи на се и ќе ви напомни за се што сум ви зборувал

А кога ќе дојде Утешителот, кого што ќе ви го испратам јас од Отецот, Духот на Вистината, кој излегува од Отецот, Он ќе сведочи за мене

Имам уште многу да ви кажувам но сега не можете да носите, а кога ќе дојде Он, Духот на Вистината ќе ве упати во секоја Вистина но од себе нема да зборува а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината. Он мене ќе ме прослави зошто од моето ќе земе и ќе ви јави. Се што има Отецот мое е. Затоа и ви реков дека од моето ќе земе и ќе ви јави

Колку повеќе Небесниот Отец ќе им даде Дух Свет на оние што му бараат

Духот е тој што оживува. Телото ништо не помага
Зборовите што ви ги кажав се Дух и Живот

И кога ги повика Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ.

Во тој час ќе ви биде дадено што да кажете бидејќи не сте вие што ќе говорите, а Духот на вашиот Отец ќе говори во вас.

Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.”
И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети!
На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.”

И собирајќи ги, Он им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! Зашто Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.”
„Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт; но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата.”



ВЕРОНАУКА
www.angelfire.com/falcon/voznesenie