Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

Акатист кон Годпод Исус Христос

Исусе Преслатки - ИП 
Исусе Сине Божји Помилуј Ме - ИСБП

Исусе преслатки на душата моја утешение, Исусе мој на умот мој очисување, владико многумилостив, Исусе спаси ме. Исусе спасе мој, Исусе мој сесилен не оставај ме, спасе Исусе помилувај ме и избави од секоја мака Исусе, и удостој ме со делот на спасените Исусе мој и кон соборот на избраните твои присоедини ме Исусе човекољубив. ИП слово на апостолите Исусе мој, пофалба на мачениците, владика сесилен, Исусе спаси ме, Исусе спасе мој, Исусе мој прекрасен, кон тебе прибегнувам, спасе Исусе, и сите пророци, спасе мој Исусе, и со сладоста рајска удостој ме, Исусе човекољубив. ИП славо на оние што монашествуваат, Исусе долготрпелив на испосниците наслада и украс, Исусе спаси ме. Исусе спасе мој, Исусе мој преблаг, за рака извлечи ме, спасе Исусе, од змијарникот, и од замката негова сега ослободи ме, спасе Исусе, и од длабочината најдолна, спасе мој Исусе, возведи ме и присоедини ме Исусе при овците оддесно тебе. Слава: Ти што ИП го роди Богородителке, Исуса седарежлив Бог и човекољубив, Исуса единствениот благоутробен, него умоли го владичице на светот сенепорочна да ме дарува мене паднатиот, да ме извади од левата страна и со стоење на десната страна да ме удостои, кога ќе седне да му суди на светот како што е напишано. Спасе мој Исусе заблудениот што го спаси, спасе мој Исусе, блудницата што ја прими, и мене помилувај ме сега, Исусе многумилостив, спаси ме и ољубови ме, о Исусе благодател, како Манасија, благоутробен Исусе мој, како единствен човекољубив. Ни една на земјава, заповед твоја не ја извршив, како тогаш да ти се обратам тебе кој на престол седиш и збор да прозборам од се што во знаење и незнаење сторив, Христе мој Исусе? Заради тоа кон тебе повикувам: По молитвите на служителите твои Исусе спаси ме мене грешниот. Кој не би заплакал над мене, престапникот на заповедите твои Исусе? Со невоздржување во адот се вселив Исусе, наместо во рајот, вкусувајќи од сластите кои смртните ги застапуваат, и на твојата слава и живот, Исусе и спасе мој, туѓ јавувајќи и се, но прими ме и мене кој се каам, како милостив човекољубив, Исусе мој, заради твојата неизмерна милост. Слава: Единствена чиста која Исуса го роди, избави ме од душевните прегрешенија, девојка, и спаси ме мене смрт, ти се молам, зашто надеж си на безнадежните, и на светот помошница, ти која сили имаш, Богородителке, како мајка Господова, не презирај го моето молење, ни отфрлај го, сечиста владетелке, но како човекољубива, спаси ме.



Умилителен канон
Во длабочините ја сотре некогаш фараоновата војска, воплотеното слово гревот сезлобен го сотре, преславниот Господ славно се прослави. ИП спаси ме. ИП Христе, Исусе долготрпелив, исцели ги раните на душата моја, и умили го срцето мое многумилостив, тебе те молам, Исусе спасе мој, да те возвеличам тебе спасителот мој. ИП Христе, отвори ни ги Исусе вратите на покајанието, човекољубив Исусе, и прими ме мене кој ти припаѓам и топло те молам, Исусе спасе мој прости ги моите согрешенија. ИП Христе, Исусе изведи ме од рацете на лошите бесови, Исусе, сотвори ме цврство да стојам десно од тебе во славата твоја, Исусе спасе мој. На Исуса Бога родителка, владетелка, моли за твоите слуги пречиста, по молитвите твои од маки да се избавиме, чиста, ние сакаме да се насладуваме со славата присносушна. На каменот на верата ме утврди, си ја отворил устата моја да те славам, се весели духот мој кога те воспева, нема свет како нашиот Бог и нема праведен како тебе Господи. Почуј го, човекољубив Исусе мој слугата твој кој во умиление повикува и избави ме Исусе од осуда и мака, единствен долготрпелив, ИП и многумилостив. Подигни го слугата твој, Исусе мој, кој со солзи ти припаѓа и спаси ме мене кој се каам Исусе мој, и од геената владико избави ме, ИП и многумилостив. Времето Исусе мој кое си ми го дал, во зло го потрошив Исусе мој, но ти Исусе мој, не отфрлај ме но повикај ме ти се молам владико ИП и спаси ме. Девојко која Исуса мојот го роди, моли се да бидам избавен од геената, единствена застапница на мачените Богоблагодатна, и удостој ме со живот неминлив Сенепорочна. Исусе заблудениот што го спаси, спасе мој Исусе, блудницата што ја прими, и мене сега помилувај ме, Исусе многумилостив, спаси ме и помилувај ме, о Исусе благодетелу, како Манасија, благоутробен Исусе мој, како единствен човекољубив. Си дошол од девојка, не си ни пратил застапник ниту ангел, но ти самиот дојде, се воплоти и ме спаси мене обичен човек, затоа ти повикувам, слава на силите твои, Господи. Исцели ги Исусе мој, раните на душата моја, ти се молам, Исусе мој земи ме, Исусе мој благоутробен и спаси ме. Му согрешив, Исусе мој пресладок на твоето благоутробие, Исусе мој спаси ме мене кој прибегнувам под твојата заштита, Исусе долготрпелив, и удостој ме со царството твое. Никој не згреши Исусе мој, како јас бедниот но те молам припѓајки, Исусе мој, спаси ме, и наследство животно Исусе мој подари ми. Севоспевана, која Исуса Господ го роди него умоли го од маки да не избави сите што ти пееме и навистина Богородица те нарекуваме. Просветување на оние што во темнина лежат, Спасение на очајните, Христе спасе мој, кон тебе поранив царе на мирот, просвети ме со блесокот твој, зашто освен тебе друг бог не познавам. Ти си просветување на умот мој, Христе мој, ти си спасение од очај на душата моја, Исусе мој од маки избави ме и од геената, кон тебе повикувам, спаси ме, Исусе мој Христе, мене бедниот. До дното, Исусе мој, на бесчестието страшно пропаднат, сега повикувам, ти Исусе мој, раката на помошта подај ми ја, истргни ме мене кој повикувам и спаси ме, Исусе мој Христе, мене бедниот. Ти која Исуса го роди Богородителке, него умоли го да ги спаси сите православни, монаси и мирјани, и од геена избави не кои ти повикуваме: Освен тебе друго застапување цврсто не знаеме. Исусе мој Христе многумилостив, прими ме владико мене кој се исповедам, о Исусе и спаси ме од распадливост Исусе, избави ме. Ти која Исуса Христа мојот го роди пречиста дева, единствена чиста, мене со исопот на молитвите твои очисти ме сега. Војводо и Господи бранител наш, силен победник, јас создание твое и слуга твој, сега исполнет со Св Дух, молитви и песни ти принесувам, ти кој неискажлива милост имаш, од секоја беда ослободи ме мене кој повикувам, Исусе сине Божји, помилувај ме. На ангелите создател, и Господи на силите, дај ми љубов и сила за да те прославувам и да го пеам твоето пречисто име, како што некогаш на глувиот и немиот, слухот и јазикот им го одврза, па зборуваа повикувајќи вака: Исусе сечудесен, на ангелите удивление. Исусе преслатки, на патриарсите величание. Исусе преславен на царевите укрепување. Исусе сељубив на пророците исполнение. Исусе прекрасен, на мачениците оснажение. Исусе претихи, на монасите радост. Исусе премилостив, на презвитерите сладост. Исусе семилосрден, на испосниците воздржание. Исусе сеслатки на преподобните радост. Исусе пречесен, на девствените целомудрие. Исусе предвечен, на грешниците спасение. Исусе сине Божји помилувај ме. Како што во она време, Господи, гледајќи ја вдовицата како силно плаче се умилостиви, и синот нејзин кој на погребение носен беше го воскресна, така и кон мене смилувај се, човекољубив, и воскресни ја душата моја која ти повикува Алилуја. Филип сакајќи да проникне во најголемата тајна на твојата Богочовечка пророда глаголаше: Господи покажи ни го Отецот. А ти му одговори: Толку време со мене си, зарем не позна дека Отецот е во мене, и јас сум во Отецот. Затоа јас со страв ти повикувам: Исусе Боже предвечен, Исусе царе сесилен. Исусе владико долготрпелив, Исусе спасе премилостив. Исусе преблаг заштитник мој, Исусе очисти го гревот мој. Исусе тргни ги моите беззаконија, Исусе, Исусе надеж моја не оставај ме, Исусе помошник мој не отфрлај ме. Исусе создателу мој не заборавај ме, Исусе, пастир мој не погубувај ме. Исусе Сине Божји помилувај ме. Со сила од висините апостолите кои во Иерусалим седеа ги облече, а мене соголен од секое доброчинство со топлина на Светиот Дух облечи ме, и дај ми со љубов да ти пеам Алилуја. Имајќи богато милосрдие, Исусе митниците грешниците и неверниците ги повика, не презирај ме и мене сега ним подобниот. Како бесценето миро прими ја оваа песна: Исусе сила непобедлива, Исусе милост бесконечна. Исусе убавина пресветла, Исусе љубов неискажлива. Исусе сине на Бога живиот, Исусе, помилувај ме. Исусе услиши ме мене во беззаконија зачнат, Исусе очисти ме мене во грев роден. Исусе вразуми ме мене темниот. Исусе очисти ме и воведи ме во светлината на твоето Царство. Исусе сине Божји, помилувај ме. Петар гледаше во тебе Господи, и одеше по водата преисполнет со Благодат, а кога неговата вера намали, повика кон тебе, и твојата рака веднаш му ја подаде и го спаси, затоа воскликна Алилуја Слушајќи Господи како минуваш, слепиот извика: Исусе, сине Давидов, помилувај ме. А ти очите му ги отвори. Така, просвети ги со милоста своја духовните очи на срцето мое, мене кој воспевам и глаголам, Исусе на небесните создател, Исусе на земните искупител. Исусе, на лошите духови истребител, Исусе на сето создание украсител. Исусе на душата моја утешител, Исусе на умот мој просветител. Исусе на срцето мое веселие, Исусе на телото мое исцеление. Исусе спасе мој спаси ме, Исусе светлост моја просвети ме. Исусе од секоја мака избави ме, Исусе мене недостојниот спаси ме. Исусе сине Божји помилувај ме. Како што во дамнина, со божествената крв од клетвата не избави, Исусе избави не од стапицата во која не заплеткуваат телесните желби, од блудни искушенија и униние, нас кои ти повикуваме Алилуја. Децата еврејски го познаа во образ човечки оној кој со рака човекот го создаде, и разбирајќи дека Он е Владика, поитаа со гранчиња почит му дадат воспевајќи Осана. Ние песна ти принесуваме, глаголајќи, Исусе Боже вистински, Исусе сине давидов, Исусе царе преславен, Исусе Агнец непорочен, Исусе пастир прекрасен, Исусе пазител во младоста моја, Исусе живот по смртта моја, Исусе утеха на судот твој, Исусе желба моја, не посрамувај ме, Исусе сине Божји помилувај ме. Откако ги зеде нашите слабости и болести, ги исполни пророкувањата за тебе Боже, Исусе на земјата се јави, со раните твои исцелени научивме да ти пееме Алилуја. На вселената и заблеска светлоста на вистината твоја, идолите, спасе наш, не поднесувајќи ја силата твоја паднаа. Ние спасение добиваме и воспеваме: Исусе вистина, што лагата ја одгонува, Исусе светлина, што секоја светлост ја надминува, Исусе царе што секоја сила ја надминува, Исусе Боже кој милоста секогаш ни ја покажуваш, Исусе леб животен насити ме гладниот, Исусе извор на разум исполни ме, жеден сум, Исусе одежда на веселие, облечи ме мене соголен, Исусе покривка на радост, покриј ме мене недостојниот. Исусе подател на просителите, дај ми плачење за гревовите мои, Исусе најди ја душата моја. Исусе отвори го срцето мое, Исусе искупител на луѓето, очисти ги беззаконијата мои. Сакајќи сокриената од вавек тајна да ја откриеш, како овца на заколение си бил воден, Исусе, и како јагне нем пред оние кои го стрижат. И како Бог од мртвите си воскреснал, и со слава на небесата си се вознел, и нас со себе си не подигнал, кои воскликнуваме Алилуја. Прекрасно создание ни покажа, творецот нам јавувајќи ни се, бессемено од девојка се воплоти, воскресна не кршејќи го печатот од гробот, и при апостолите низ врата затворена, со тело влезе, заради тоа восхитено да запееме, Исусе слово несогледиво, Исусе сила несовладива, Исусе, мудрост непоимлива, Исусе Божество неописливо, Исусе Господство неизмерно, Исусе царство непобедливо, Исусе, владеење бесконечно, Исусе сила највисока, Исусе власт вечна, Исусе, творец мој, дарувај ме, Исусе, спасе мој, спаси ме. Гледајќи како Бог чудесно се вочовечи, да отстапиме од суетниот свет и умот свој кон божественoто да го исправиме, затоа Бог на земјата слезе, да не воведе на небесата нас кои пееме Алилуја. Сиот беше меѓу земните, и од небесните не отстапи, бесмерен, кога заради нас доброволно пострада, и со смртта своја нашата смрт ја умртви, и со воскресение живот им подари на оние кои воспеваат, Исусе сладост на срцето, Исусе сила на телото, Исусе светлина на душата, Исусе бистрина на умот, Исусе радост на совеста, Исусе надеж сигурна, Исусе слово предвечно, Исусе похвала висока, Исусе слава моја возвишена, Исусе желба моја не отфрлај ме, Исусе пастир мој побарај ме, Исусе спасе мој спаси ме. Сето битие ангелско постојано го слави на небесата твоето Име, Исусе ти си Светлина Небесна, Животворна, и ние на земјата ти пееме Алилуја. Говорници речити, како риби безгласни пред тебе гледаме, Исусе спасе наш, немоќни да објаснат, икако Бог неменлив како совршен човек постоиш, а ние таинството восхитени со вера пееме, Исусе, Боже предвечен, Исусе, царе на царевите, Исусе владика на ангелите, Исусе судија на живите и мртвите, Исусе надеж на безнадежните, Исусе утеха на нажалените, Исусе слава на побожните, Исусе не суди ми по делата мои, Исусе, очисти ме по милоста твоја, Исусе одгони го унинието од мене, Исусе, просвети ги моите мисли во срцето, Исусе подај ми сеќавање на смрта. Сакајќи светот да го спасиш, извор на изворите, исток на вечното сонце, се смири себе си до смрт. Затоа се превознесува името твое над секое име, и од сите поколенија небесни и земни слушаш Алилуја. Царе предвечен утешител, вистински Христе, очисти не сите нас како што ги очисти десетмината прокажани, и исцели не како што ја исцели душата на Закхеј митникот, да ти пееме во умиление извикувајќи, Исусе сокровиште нераспадливо, Исусе богатство неисцрпно, Исусе најсилна храна, Исусе питије совршено, Исусе на голите облека, Исусе на вдовиците сила и утеха, Исусе на сираците заштитник, Исусе, на работниците помошник, Исусе наставнику на оние што патуваат, Исусе, кормилар на оние што пловат, Исусе пристаниште на оние што бура ги носи, Исусе Боже подигни ме паднат сум, ИСБП. Пеење сеумилно ти принесувам јас недостоен, како Хананејката ти велам, Исусе помилувај ме, зашто во моето тело немир се всели. Исцеление дај ми мене кој ти пеам Алилуја. Просвети ги во мене темните зеници на душата, која повикува, Исусе царе мој пресилен, Исусе Боже мој најмил, Исусе Господи мој совечен, Исусе создател мој преславен, Исусе наставник мој предобар, Исусе пастир мој седарежлив, Исусе владика мој премилостив, Исусе просвети ги моите болни сетива, Исусе исцели го телото мое слабо и болно, Исусе очисти го умот мој од помисли суетни, Исусе смири го срцето мое од желби лукави, ИСБП. Благодат подај ми, ти кој ни ги простуваш сите долгови кога ќе видиш во нас вистинско покајание, вистинска промена во Св Дух, во твојата Љубов, Исусе прими ме мене кој се каам, како што го прими Петар кој се откажа од тебе, и повикај ме мене потиштениот, како Павел кој некогаш те гонеше и услиши ме мене, кој радосно воскликнувам Алилуја. Пеејќи го вочовечувањето твое сите те славиме, и со Тома веруваме дека ти си Господ и Бог, кој со Отецот седи и повела на живите и мртвите да им суди. Тогаш удостој ме со стоење оддесно тебе, мене кој ти повикувам, Исусе царе предвечен помилувај ме, Исусе, цвет благоухан намирисај ме, Исусе топлина блага загреј ме, Исусе храм предвечен засолни ме, Исусе одежда светла украси ме, Исусе бисер скапоцен заблескај ме, Исусе скапоцен камен просвети ме, Исусе сонце на правдата озари ме, Исусе светлина духовна освети ме, Исусе од болест душевна и телесна избави ме, Исусе од раката на противниците грабни ме, Исусе од огин незгаслив и од сите маки вечни ослободи ме. ИСБП. О пресладок и дарежлив Исусе, те молам прими ја оваа мала молитва од нас твоите слуги, како што од вдовицата двете лепти ги прими, и сочувај го твоето достоинство од духовите во темнината, од напад на иноплеменици, од болест и од глад, од секоја болка и рани и од идните маки избави ги сите што ти повикуваат Алилуја. На ангелите создател и Господ на силите, отвори го нашиот немоќен ум и јазик за пофалба на твоето преславно име како што во дамнина на глувиот и немиот, слухот и јазикот им го одврза, па зборуваа повикувајќи вака, Исусе сечудесен на ангелите удивление, Исусе сесилен на прародителите избавување, Исусе преслатки на патриарсите величание, Исусе преславен на царевите засилување, Исусе Љубов, на пророците исполнување, Исусе прекрасен на мачениците сила, Исусе претихи на монасите радост, Исусе премилостив, на презвитерите сладост. Исусе сеслатки на преподобните радост, Исусе пречесен на девствените целомудрие, Исусе предвечен, на грешните спасение. Војвода и Господи, бранител наш, и на адот победителу, јас, создание твое и слуга твој, кој од вечната смрт сум избавен, те фалам тебе кој неизречно милосрдие имаш, од секоја беда ослободи ме мене кој повикувам, ИСБП. Христе Исусе сите згрешивме, затоа те молиме дарувај ни ја твојата голема милост нас кои ти пееме: благословен си Боже на нашите татковци. Христе Исусе во стравот твој утврди ме, о Исусе мој, и води ме сега кон пристаниште мирно ти пеам во своето спасение: Благословен си, Боже на татковците наши. Ти што Христа Исуса ни го роди чудно и натприродно сенепорочна, моли го него сите прегрешенија мои да ги прости Богородителка, да повикам така спасен, благословена си, која Бога во тело го роди. Бог во печка огнена при децата Еврејски слезе и пламенот во роса го претвори, опевајте ги делата Господови и превозносете го во сите векови. Тебе Исусе мој те молам како што блудницата си ја избавил од многуте согрешенија, и мене Исусе Христе избави ме и очисти ја мојата душа и од неразумност избави ме. Поразен од невидливите разбојници, без одежди боготкаени останав и лежам во рани целиот, елеј Христе мој излеј на мене и божествена благодат. Ти која Исуса Христа нашиот Бог неискажано го носеше Богородице Марие, моли го секогаш него, од беда да се спасат слугите и певците твои, света девојка тебе те молиме. Да не бидам одлачен, Исусе мој од неискажливата твоја слава, да не примам од делот на оние од левата страна, пресладок Исусе, но ти вброј ме во овците оддесно тебе, Христе Исусе мој, дај ми го твојот мир како благоутробен. Исуса Богородице кого си го носела, единствена Дева Мариа, умилостиви го чиста да не избави нас кои кон тебе прибегнуваме, од искушенија беди, и огин вечен. Исусе на смисла и премудрост посадител, на ништите водител, на сираците покровител, на болните исцелител, исцели го и просвети го срцето мое Исусе, и телото мое рането и болно воскресни го Исусе и спаси ме. Со блескањето девојка на оној кој на светот му забласка низ тебе, умот мој озари го, и срцето просвети го, и маглата на леноста моја истреби ја. Твоето прекрасно име ангелите го пеат на небото, и ние на земјата ти пееме и те молиме, по твојата голема милост помилувај не. Твоето превелико на небесата се слави, ти кој седиш оддесно на Отецот а на земјата неискажливото твое воплотување се пее, твоето слегување во адот демоните ги плаши, од нив избави не и нас, Христе Боже, и спаси не. Авакум како во загатка, ги разбра твоите чудесни дела и во страв се восхити, и блудниците и разбојниците на кои им пријде те познаа, Исусе, јас бедниот во негрижа живеам, но дај ми барем од сега разум страв и голема милост. Избавителке силна на оние кои кон тебе преипаѓаат, во тивкото пристаниште на волјата Божествена води ме Богородице, со мајчинска храброст која ја имаш кон синот твој, Богоневеста. Владика, Господи Исусе Христе Боже мој, по неискжаното твое човекољубие, во последните векови во тело се облече од секогашдева Марија, и јас слугата твој, ја славам спасоносната твоја промисла за мене, владика ти песнословам, зашто низ тебе Отецот небесен го познав, те благословувам зашто тебе ради Св Дух во светот дојде. Се поклонувам на твојата пречиста мајка која и послужи на страшната тајна. Ги фалам твоите ангелски хорови како славители и служители на величието твое. Го почитувам Јован Крстител кој те крсти, Господи ги почитувам и пророците кои те предскажаа, и апостолите твои свети ги прославувам. Ги славам мачениците, и свештениците твои ги славам, на преподобните твои им се поклонувам, и ги славословам праведните твои, сите ликови во овој собор божествен на молитва пред тебе ги приведувам, дарежлив Боже, опрост молам за гревовите мои, заради сите светии твои, и највеќе поради твојата голема Љубов, благословен си во векови вечни Амин.



Акатист на Евхаристија
Избран Жениху на душите и срцата, ти кој со своето вочовечување и со смртта на крстот си се венчал за навек со сиот род човечки и си ни го дал залогот на вечниот живот, самото пречисто тело и крвта, еве според твоите зборови, и јас недостојниот се осмелувам да пристапам кон твојата божествена трпеза, и восхитен од нејзиното величество повикувам: Исусе Боже на моето срце дојди и соедини ме за навек со тебе. Ангелот твој при Исаија боговидецот со разгорен јаглен од олтарот небесен си го испратил за со него да ја очистиш устата негова зашто кога те виде кај на престолот седиш, заради скверноста своја тагуваше. А јас осквернет во душата и телото како ќе се осмелам да пристапам и да се причестам со твоите Божествени тајни ако ти самиот не ме очистиш од горе. Затоа од длабочината на душата повикувам: Исусе преблаг допри ги со твојата благодат и моите нечисти усни, Исусе изгори ги моите многу грешки, Исусе соѕидај во мене чисто срце и Св Дух обнови го во мојата утроба. Исусе изведија од понорот на страстите мојата бедна душа. Исусе уништи ги во мене лошите помисли и лукавите желби, Исусе исправи ги моите слаби ноги на патот на твоите заповеди. Исусе Боже на моето срце дојди и соедини ме секогаш со тебе. Со желба си посакал да ја јадеш со учениците последната Пасха пред твоето страдање, да им го предадеш нив последниот најголем залог на твојата љубов, два дена порано испраќајќи двајца од нив во Јерусалим за да ја приготват. Поучувајќи се од ова како треба и ние благовремено да се приготвиме за јадењето на нашата божествена Пасха, Телото и Крвта, благодарствено ти воскликнуваме Алилуја. Собуј ги обувките од твоите нозе зашто земјата на која што стоиш е света, си му рекол на Мојсеј од Капината која гореше а не согоруваше, од твоето во неа невидливо присуство. Путирот со божественото тело и крв навистина е повозвишен и посвет од несогорливата капина. А јас грешен, нечист и целиот сум предаден на гревот. Затоа со смирение и вера ти повикувам: Исусе семоќен соблечи го од мене стариот човек со делата негови, Исусе умртви го семето на распадливоста што во мене се вгнездило, Исусе раскини ги оковите на гревот со кои врагот ме врза, Исусе дај ми срце смирено и дух скрушен, Исусе изгони ги од мене искушенијата и соблазните, Исусе утврдиме во верата и љубовта кон тебе, Исусе Боже на моето срце дојди и соедини ме за секогаш со тебе. Татковците наши јадеа мана во пустината и умреа. Јас сум лебот на животот кој слегува од небесата, кој од него јаде, ќе биде жив секогаш, и лебот кого јас ќе ви го дадам е моето тело, тоа јас го предавам за живот на светот. Си им рекол на јудејците кои што сакаа од тебе да видат чудо од небесата подобно на маната мојсеева. А него ние слушајќи го, и раскажаново собитие гледајќи го со страв воскликнуваме Алилуја. Станувајќи од вечерата како што раскажува Јован, и со убрус препашувајќи се нозете на учениците си им ги измил, самиот поучувајќи не да не пристапуваме на божествената трпеза неизмиени со солзите на покајанието за гревовите наши. Чувствувајќи ја огромната потреба од ова таинствено миење и неопходноста од солзи на моето жестоко срце, со Петар ти повикувам: Исусе предобар, самиот измими ги и не само нозете, туку и рацете и главата, Исусе разголи ја пред мене бездната на мојата душевна пропаст, Исусе изнедри во мене извор на скрушеност во срцето, Исусе пороси ме со капките на твојата милост, Исусе обви ме со страв од судот и вечните маки, Исусе разбуди ја совеста заспана во мене и засили го гласот нејзин, Исусе Боже на моето срце дојди соедини ме за секогаш со тебе. Не е ли ова Исус синот Јосифоф, чија мајка и татко ги знаеме, како вели Он од небесата слегол? И како може да ни го даде телото свое да го јадеме, зборуваа меѓу себе Евреите откако го слушнаа преславното твое ветување дека ќе им се дадеш на верните за храна. Не разбираа бидејќи нивните срца беа како камен, та со смирение да поверуваат и кон тебе да воскликнат Алилуја. Ако не го јадете телото на Синот Човечки и ако не ја пиете крвта негова, нема да имате живот во себе. Си им го објавил на јудејците закаснети во верата словото кое беше претешко за слушање, и за некои од твоите ученици кои што сеуште не ја знаеа тајната на Царството Божјо. А ние озарени со светлината на евангелиото и со откриено лице гледајќи ја твојата Божја Слава со вера и љубов ти повикуваме: Исусе ти кој си семоќен во величието на силата и моќта, Исусе ти кој твориш и извршуваш повеќе отколку што можеме да разбереме и помислиме, Исусе ти кој мана некогаш како предзнак на сегашново таинство ни даде, Исусе ти кој како праобраз на благодатта вода од каменот излеа, Исусе ти кој облак од препелици за храна на гладните јудејци во пустината им испрати, Исусе ти кој пред очите на јудејците со пет леба 5000 души насити, ИБ. Откако го зеде лебот, го благослови, го прекрши и им го даде на учениците кој Пасхата со тебе ја јадеа, велејќи: Примете јадете ова е моето тело кое за вас се крши за прошка на гревовите. Ова божествено и преслатко слово слушајќи го со благодарност воскликнуваме Алилуја. Оној што го јаде моето тело и ја пие мојата крв во мене живее и јас во него, тој ќе има живот вечен и јас ќе го воскреснам во последниот ден, во воскресение на животот и блаженството. Посакувајќи со ова воскресение во живот да се удостоиме, од длабочината на душата ти повикуваме: Исусе пристапи кон оној што сака со тебе да се соедини, Исусе влези во утробата и сите коски мои, Исусе биди светлина за моите помисли, Исусе исполни го со тебе моето срце, Исусе зборувај со гласот на совеста моја, Исусе управувај со вољата моја, ИБ. Вистина ви велам еден од вас ќе ме предаде, си им рекол со тага во духот, на учениците твои на вечерата, а тие иако чисти од помислата да те предадат, да не сум јас, те прашуваа секој поединечно, покажувајќи ја со ова длабочината на своето смиреномудрие. А што ќе ти речам јас кој седум пати дневно те предавам и те изневерувам? Но ти сам запази ме да не отстапам до крај, и да воскликнувам благодарно, Алилуја. Како што прачката сама од себе плод не може да изнедри ако не биде на лозата, така и вие ако не бидете во мене, а кој биде во мене и јас во него, тој ќе принесе многу плод. Со ова тајнодејствувајќи си ги поучувал возљубените твои ученици во Гетсиманската Градина. Внимавајќи на оваа твоја поука, и знаејќи ја немоќта на моето битие без твојата благодат, усрдно ти повикувам: Исусе пренебесен градинар самиот насади ме во твојата животоносна градина, Исусе вистинска лоза зацврсти ме до тебе, бидејќи сум дива лоза, Исусе корен несовенлив исполни ме со сокот на вечниот живот, Исусе победител на секоја умртвеност оплеви го она што е исушено во мене, Исусе прекрасен во добрината украси ме со цветовите на добрите чувства и помисли, Исусе богат во милоста дарувај ме со плодови на вистинско покајание и правда, ИБ. Koj e тој што ќе те предаде, прашуваше ученикот што се наслони на твите гради. Оној е кому јас натопувајќи залак ќе му подадам. И натопувајќи леб си му дал на Јуда Симонов Искариот потикнувајќи го на покајание, а тој сиот исполнет со дух на злоба не посака да го разбере гласот на љубовта на својот учител и Господ. Те молиме сите ние со твојата благодат да бидеме избавени од лоши духови, ние кои непрестано ти повикуваме Алилуја. Во вид на леб и вино си благоизволил да ни го дадеш твоето пречисто тело и крв. Премудро и човекољубиво устројувајќи го секое дело на нашето спасение, Исусе најспасителните твои таинства си и ги приспособил на немоќта на нашиот разум и чувства. Восхитувајќи се на твоето снисходење и на твојата премудрост, благодарно те славиме: Исусе на достојните служители на олтарот, пресветиот Дух кој слегува за осветување на даровите си им го покажал. Исусе наместо недостојните служители на олтарот, ангелите твои за извршување на божественото таинство невидливо си ги испратил, Исусе со јавување на чудеса на светата трпеза мнозина од неверните кон верата си ги обратил. ИБ. Ова правете го во мој спомен, си им рекол на учениците на вечерата давајќи ја во вид на вино крвта своја. Затоа секогаш кога јадеме од лебот и пиеме од чашата смртта твоја ја објавуваме според зборовите на Св Павле. Затоа спомнувајќи си сега за твоите страданија со умиление ти повикувам, Исусе ти кој во рацете на непријателите твои за спасение на светот си се предал, Исусе ти кој не си им дозволил на легиони ангели во заштита да ти дојдат, Исусе ти кој неверниот ученик со поглед и со гласот на петелот во покајание си го обратил, Исусе ти кој на Кајафа и Пилат кои неразумно те испитуваа ништо не си им одговорил. Исусе ти кој за оние што на крстот те распнаа од Отецот простување на гревовите си просел, Исусе ти кој на твојата мајка возљубениот ученик премилостиво за син и го даде. ИБ. Јуда, со целив ли Синот Човечки го предаваш ? Си повикал горко кон ученикот неверен кога дојде тој со војниците во Гетсиманската градина, сакајќи со целив да те предаде. Но и овој преостар збор не ја порази со раскајание душата во зло ожестена. Знаејќи ја непостојаноста на мојата воља се плашам да не ти го дадам и јас некогаш неблагодарниот целив како Јуда. Затоа ти самиот засили ме со твојата благодат, и како благоразумниот разбојник секогаш да ти повикувам Алилуја. Оче, сите едно да бидат како што си ти во мене и јас во тебе, така и тие да бидат во нас едно и да поверува светот дека ти си ме пратил, така си возгласил во последната голема молитва кон Отецот. На овој твој пресладок глас последувајќи му и во силата на твојата молитва надевајќи се со вера ти воскликнувам: Исусе ти кој сите во едно ги собираш соедини нé сите нас неразделно со тебе и со Отецот, Исусе ти кој сите ги помируваш подај да бидеме едномислени во верата и Љубовта кон тебе. Исусе ти кој не трпиш завист и делба, уништи ги злочестивите ереси и расколи, Исусе ти кој сите ги љубиш и милуваш собери ги во едно стадо сите загубени овци. Исусе ти кој на сите мир им даваш угаси ја зависта и противречностите меѓу оние што го призиваат твоето име, Исусе ти кој ме причестуваш со твоето тело и крв благоволи да бидам навистина тело од твоето тело, и коска од твоите коски. ИБ На свадбата во Кана Галилејска, водата во вино ја претвори, првиот знак на твојата божествена сила си го покажал. Одејќи на крст, како Жених на душите, последното чудо на љубовта на оние што веруваат во тебе си им го јавил. За претворањето на лебот во тело твое и на виното во крв твоја, со кого и јас се наситувам за живот вечен, благодарно ти повикувам: Алилуја. Во денот на твоето воскресение, заедно патуваше со двајца од твоите учениците, во образ на патник за Емаус, си ги поучил за тајната на страданијата твои, а ним очите им беа заслепени за да не те познаат, иако срцата им гореа од сладоста на зборовите твои. Кога се согласи со нив да се одмориш, го благослови лебот и им го даде, тогаш очите им се отворија, за да те познаат. Слично на овие ученици се осмелувам и јас со смирение да го вознесам кон тебе ова слово: Исусе долготрпелив, не оставај ме и мене на патот на животот заради тоа што не го слушам и не го препознавам твојот глас, бидејќи ти Исусе, ти си секогаш со мене. Исусе научи ме да ги разбирам пророштвата за тебе и тајната на благодатното соединување со тебе. Исусе стопли го и разгори го моето студено срце како што твоите ученици се радуваа со тебе и се исполнија со Благодат и Љубов, кога патуваа за Емаус. Исусе преблаги остани со мене, зашто веќе одминал кон вечер денот на мојот живот. Исусе дај ми да те познаам во сегашното прекршување на таинствениот леб и во пиењето на чашата. Исусе направи и јас спознавајќи ја силата на твојата љубов, да те исповедам на моите браќа и сестри. ИБ. На победникот си му ветил дека ќе јаде од дрвото на животот, кое е сред Рајот Божји, и од таинствената мана. За оваа небесна храна подготовка нека ми биде причестувањето со твоето тело и крв, кон кое ние пристапуваме воскликнувајќи: Алилуја. Оној што недостојно јаде и пие, судот свој го јаде и пие бидејќи не го разликува го телото и крвта Господова, ги вразумува оние што пристапуваат кон причестувањето небесниот Павел. Затоа и јас се плашам и треперам заради недостојноста своја, но долго оддалечувајќи се од заедницата со тебе да не бидам уловен од злото. Исусе прими ме и мене како што си ги примил митникот, блудницата и разбојникот. Исусе влези во мојата душа, иако сиот сум пуст и разурнат. Исусе отвори ги и моите духовни очи. Исусе, повелај ми и мене, како на болниот: стани и оди. Исусе пресуши го поројот на нечисти желби на мојата душа, Исусе, исцели ја лепрата на душата и совеста моја. Заради непослушноста на Адам и Ева кога тие вкусија од забранетиот плод, сиот род човечки на смртта и се предаде. А со вкусувањето од твоето тело и крв сите ние повторно со вечен живот се удостојуваме и во првото достоинство восходиме. Преку причестувањето со живототворните тајни ти не воведуваш во Рајската Градина, во Царството Небесно, во Царството на Љубовта Вистината и Вечноста. Затоа благодарно ти повикувам: Алилуја. Ете, пред сосадот со бежествени тајни стојам, твојата семоќна благодат ме бодри и привлекува. Затоа нурнувајќи се во бездната на твоето милосрдие, воскликнувам: Исусе ти кој ги повикуваш во Мир сите изморени и обременети, прими ме и мене изморениот од светската суета. Исусе ти кој си дошол да ги повикаш не праведниците, туку грешниците на покајание, разреши ме и мене од гревовите и страстите. Исусе ти кој ја исцелуваш секоја болка и секоја рана, исцели ги раните на душата моја. Исусе ти кој ги наситуваш гладните, насити ме со твоето воскреснато тело и крв. Исусе ти, кој мртвите ги воскреснуваш, дам ми живот вечен и вечна радост. Исусе ти кој си го пообедил адот, извлечи ме од духот на злобата. О пресладок и дарежлив Исусе, ти кој непрестано снисходиш, како мана од небесата, за храна на душите и телата наши, во тајната на твоето Богочовечко тело и крв, удостој ме неосудено да се причестам со твоите Божествени тајни, а потоа исцелен, наситен, осветен и обожен со тебе занавек, благодарно да воскликнувам: Алилуја. Ангелот твој, при Исаија боговидецот со разгорен јаглен од олтарот небесен си го испратил за со него да ја очистиш устата негова, зашто кога те виде како на престолот седиш, тагуваше, никој не може да те види тебе и да остане жив, твојата светост е како огин за нашата слабост, а јас грешен во душата и телото, како ќе се осмелам да пристапам и да се причестам со твоите Божествени тајни, ако ти самиот на ме очистиш одозгора. Затоа од длабочината на душата ти повикувам: Исусе преблаг допри ги со благодатта твоја и моите нечесни усни. Исусе изгори ги моите прегрешенија. Исусе соѕидај во мене чисто срце, Св Дух обнови го во мојата утроба. Исусе изведи ја од темнина душа моја. Исусе, уништи ги во мене лошите помисли и лукави желби. Исусе исправи ги моите нозе на патот на заповедите твои. Избран Жених на душите и срцата, ти кој со своето вочовечување и со смртта на крстот, си се венчал занавек со сиот род човечки, и си ни го дал залогот на вечниот живот, твоето св тело и крв, според зборовите твои и јас се охрабрувам да пристапам кон твојата Божествена трпеза и восхитен од нејзиното величество, повикувам...Верувам Господи и исповедам дека ти си навистина Христос син на живиот Бог кој дојде во светот за да ги спасиш грешните од кои прв сум јас. Уште верувам дека ова е самото твое пречисто тело и ова е самата твоја чесна крв. Затоа ти се молам: помилувај ме и прости ми ги прегрешенијата мои волни и неволни направени со збор и со дело со знаење и незнаење и удостој ме неосудено да се причестам со твои свети тајни за простување на гревовите и живот вечен. Амин.
 




 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie