Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



Богородични Отпустителни
Г
ледајќи во тебе чудо над чудата созданието се радува, зашто зачна безсемено и необјасниво го роди Оној, кој Ангелските водачи не можат да го видат. Него моли го за нашите души. Пречиста Богородице Благословена на небото и славена на земјата, радувај се Невесто Неневесна. Си зачнала незапалена од огнот на Божеството и безсемено си го родила изворот на животот Господ, благодатна Богородице, спаси ги оние кои те величаат. Оној без мајка на небото, несватливо за мислите и слухот на земјата си го родила без Татко. Него Богородице моли го за нашите души. Тебе те величаме Богородице велејќи: Радувај се облак на светлината која не заоѓа, него го носиш во твоите прегратки, Господ на славата. Тебе те величаме Богородице пеејќи: Радувај се Жезал од кој безсемено произлезе Бог и ја уништи смртта на дрвото. На убавината на твоето девство и на пресветлата твоја чистина Гаврил чудејќи се ти пееше Богородице: Не знам каква достојна пофалба да ти принесам или како да те именувам и се ужаснувам од тоа, затоа како што ми е заповедано ќе ти пеам: Радувај се Благодатна. Секој со право бега таму каде што наоѓа спас. Има ли друго такво засолниште како тебе Богородице која ги штитиш нашите души. Одкако се здобивме со крстот на твојот Син како силен жезал Богородице со него ги одбиваме непријателските напади. Со љубов постојано те величаме. Пророците предскажаа, апостолите научија, мачениците исповедаа а ние поверувавме дека навистина си Богородица, затоа и го величаме твоето неискажливо рождество. Богородице засолниште и наша сила, силна помош на светот со молитвите твои штити ги твоите служители од секоја невоља, единствена Благословена. Зашто си повозвишена од сите созданија не можеме достојно да ти пееме Богородице, за подарок те молиме, смилувај ни се. Кон Богородица сега усрдно да пријдеме ние грешни и смирени и да паднеме во покајание викајки од длабочината на душата: Владетелка помогни ни милувајќи не, побрзај, пропаѓаме од множтвото гревови. Не одбивај ги попусто твоите служители зашто те имаме како единствена надеж. Тебе те величаме Богородице пеејќи ти: Ти си капината во која Мојсеј го виде незапалениот пламен на Божествениот оган. Дева пренепорочна, мајка на Христос Бог, меч ја прободе твојата света душа кога доброволно го виде распнат твојот Син и Бог. Него Благословена не престанувај да го молиш да ни дарува простување на гревовите. Те величаме Богородице пеејќи: Ти си планина од која неискажливо се оддели камен и вратата на адот се сотре. Со небесните Ангели, со луѓето на земјата со радосен глас Богородице ти пееме: Радувај се Врата поширока од Небото, радувај се единствено Спасение за родените на земјата, радувај се Чиста благодатна која си го родила овоплотениот Бог. Од дева си засветлил на светот, Христе Боже, синовите на светлината преку неа си ги покажал, помилувај не. Својата брза заштита помош и милост покажи ги на твоите слуги и скроти ги брановите на суетните мисли. Пречиста Богородице, и мојата падната душа подигни ја зашто добро знам дева дека можеш се што ќе посакаш. Мајка Божја сесвета, карпа на христијаните, избави ги твоите луѓе кои постојано сесрдно викаат, спротивстави им се на срамните и гордите мисли за да ти пееме: Радувај се секогаш дева. Со крстот на твојот Син Богоблагодатна секоја идолска лага е обезсилена и ѓаволската сила е поразена, затоа ние верните по должност секогаш ти пееме и те благословуваме и исповедајќи те навистина како Богородица те величаме. Тајната непозната за дева за светот се покажа спасоносна. Зашто од неа безсемено си се родил и со телото си се покажал како вечна радост на сите, Господи слава ти. Гавриловиот поздрав на дева стана почеток на спасението. Зашто слушна, радувај се, и не го избегна поздравот, не се посомнева како Сара во шаторот, туку вака говореше: Еве ја Слугинката Господова, нека ми биде според зборот твој. Архангелскиот збор си го примила и си се покажала како херувимски престол и во прегратките твои си ја носела Богородице, надежта на нашите души. Надеж на светот блага Богородице, единствената твоја заштита ја молиме, сожали се на незаштитените луѓе, моли го милостивиот Бог да се избават нашите души од секоја закана единствена Благословена. Никој од оние кои ти се обратија не се врати засрамен од кај тебе Пречиста Богородице дева, но бара Благодат и прима дар како полза од молењето. Богородице дева моли го твојот Син кој своеволно се прикова на крстот и светот од лага го ослободи, Христос нашиот Бог да ги помилува нашите души. Пред векови од Отецот, без мајка родениот Син и Слово Божјо, на крајот од годината го роди овоплотен од твојата чиста крв Богородице без маж, него моли го да ни подари простување на гревовите пред да ни дојде крајот. Света Владетелка, чиста мајка на нашиот Бог која неискажано го роди Творецот на се, моли ја со свештените апостоли неговата добрина да не избави од страданијата да ни даде простување на гревовите. Богомајка Чиста дева ти си се удостоила со големи дарови зашто си го родила по тело едниот од Св Троица, Христос кој ни дава живот, за спасение на нашите души. Гедеон го наговести зачнувањето и Давид го предскажа твоето раѓање Богородице зашто како дожд на руно слезе Словото во твојата утроба земјо света, безсемено си го родила спасението на светот, Христос нашиот Бог, Благодатна. Богородице Дева, неосквернета, со вишните сили моли го твојот Син да ни дарува простување на гревовите пред да ни дојде крајот нам, кои верно го славиме. Ги надмина и небесните сили зашто се покажа како боженствен храм, благословена Богородица, раѓајќи го Синот, спасителот на нашите души. Радувај се, те поздравуваме Богородице, затоа што се покажа поголема од ангелите одкако го роди Бог. Смири го со молитвите на Богородица нашиот живот ние кои ти пееме: Милостив Господи слава ти. Распнатиот за нас, Христос Бог кој ја разруши силата на смртта, постојано моли го Богородице Дева, да ги спаси нашите души. Избави не Богородице од нашите гревови зашто ние верните немаме друга надеж освен тебе и од тебе родениот Бог. Плодот на твојата утроба се покажа за луѓето како посредник на спасението, Богоневеста, затоа ние верните со разум и јазик славејќи те величаме. Плодот на твојата утроба е исполнување на пророците и законот, затоа тебе Богородице, славејќи, побожно те величаме.





Тропари со Богородични и Кондаци
В
одачи на небесните војски, ние недостојните секогаш ве молиме да не заштитите со вашите молитви под покривот на крилата од вашата безтелесна слава чувајќи не нас кои сесрдно ви се обраќаме и пееме. Од беди избавете не како војсководачи на небесните сили. Одкако се воспита во Храмот во Светињата на Светите облечена со вера и премудрост и со неизмерна девственост, војсководачот Гаврил ти го пренесе од Небото поздравот: Радувај се, радувај се Благословена, радувај се преславна Господ е со тебе. Војсководачи божји служители на божествената слава на Ангелите, на луѓето наставници, полезното за нас просете го како и голема милост, вие кои сте Безтелесни Војсководачи. Споменот на праведник со пофалби тебе ќе ти биде доволно сведоштво од Господ, претходнику, зашто навистина се покажа како пославен и од пророците бидејќи се удостои да го крстиш проповеданиот, затоа откако пострада за вистината со радост им благовести на оние во адот за Бог кој се јави во тело, кој го зеде гревот од светот и ни даде голема милост. Со тебе Богородице и секогаш дева постанавме учесници во Божествената природа зашто овоплотениот Бог си ни го родила, затоа должност ни е сите побожно да те величаме. Пророк божји и претходник на Благодатта, твојата глава како свештена шипка од земјата ја одсекоа, исцелување да добиваме секогаш, дури и кога како порано проповедаат покајание во светот. Имајќи ја твојата заштита Пречиста, искупени од опасности со твоите молитви, од секогаш чувани со крстот на твојот Син, сите сме должни побожно да те величаме. Христе Боже кој доброволно се издигна на крстот, подари ги твоите добрини на твојот нов народ, зарадувај го со твојата сила твојот народ кој се именува со твоето Име, давајќи му победа над противниците, да го има непобедливо твоето оружје на мирот. Апостоли свети молете го милостивиот Бог да ни даде простување за гревовите на нашите души. Правило на верата, пример во кротоста и учител на воздржаноста, ја покажа на твоето стадо Вистината на сите нешта, со смиреност си стекнал големина, со сиромаштво богатство, свештеноначалник Никола, моли го Христос Бог да се спасат нашите души. Словото на Отца го познавме Богородице дева, Христос нашиот Бог кој од тебе се воплоти единствена чиста, единствена Благословена, затоа постојано пеејќи те величаме. Цврстите и Богопознати проповедници, првите твои ученици, Господи си ги примил да се насладуваат од твоите блага во мир, а болестите на другите и смртта си ги примил како секоја сепаленица, единствен кој познаваш. Во мир Светителу, си се покажал како свештенодеец, исполнувајќи го Христовото Св Евангелие, си ја положил својата душа за твоите луѓе и си ги спасил невините од смрт. Заради тоа, Св Никола, си се осветил како голем чувар на Божјата Благодат. Мајка света со неискажлива светлина, почитувајќи со Ангелски песни, побожно те величаме.


 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie