Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!




Пасхален Канон
Ден е на Воскресение, да заблескаме луѓе, Пасха, Господова Пасха, зашто од смртта кон животот и од земјата кон небесата Христос Бог не приведе нас кои победна песна пееме. Да ги очистиме сетивата и Христа да го видиме во непристапна светлина на воскресението како блеска и пеејќи победна песна да го чуеме јасно како вели, радувајте се. Небесата достојно нека се веселат, а земјата нека се радува, да празнува светот, сиот видлив и невидлив, зашто воскресна Христос радоста вечна. Меѓата смртна си ја скршила Дева сенепорочна, вечниот живот, Христа што го роди кој денес од гробот засветли и светот го просвети. Откако го виде воскреснат твојот Син и Бог, со апостолите радувај се благодатна и чиста и најпрво радувај се, зашто причината на секоја радост си ја воспримила Богомајка сенепорочна. Дојдете ново питие да пиеме не од неплоден камен чудотворено, туку кое е извор на нераспадливост и кое од гробот на Христа се излеа во кого се утврдуваме. Сега сé со светлост се исполнува, и небото и земјата и подземјето. Нека го празнува затоа сето создание Христовото Воскресение, во кого се утврдува. Вчера се сопогребав со тебе Христе, со тебе станувам денес откако ти воскресна, со тебе вчера се сораспнав Спасе, ти самиот во царството твое сопрославиме. На нераспадливиот живот денес му приоѓам по благоста на оној кој од тебе е роден чиста, и кој на сите краишта светлина им заблеска. Бога кого по тело си го родила, од мртвите станат како што рече, откако го виде чиста, ликувај и него како Бог пречиста, возвеличувај го. Оние кои дојдоа пред утрото со Марија и го најдоа каменот од гробот поместен, од ангелот слушнаа: Зошто оној кој е во светлината вечна, меѓу мртвите како човек го барате ? Гледајте ги гробните повои, итајте и на светот кажете му дека воскресна Господ кој смртта ја умртви, зашто Син е на Бог кој го спасува родот човечки. На божествена стража благоглаголивиот Авакум да застане со нас и да ни го покаже светлоносниот Ангел кој јасно вели: Денес е ден на спасение на светот зашто воскресна Христос како сесилен. Како што машкото првородено ја отвора девствената утроба, се јави Христос и како човек Агнец се нарече. Непорочен зашто не вкуси скверност, Пасха наша и како Бог вистински совршен се нарече. Како јагне едногодишно благословениот наш венец Христос волно за сите убиен беше како Пасха очистителна и пак од гробот прекрасното сонце на правдата нам ни заблеска. Боготаткото Давид пред осенетиот ковчег потскокнуваше играјќи: Луѓе божји свети, гледајќи го исполнувањето на знаците да се веселиме божествено зашто воскресна Христос како сесилен. Оној кој Адам прататкото твој го создаде чиста, од тебе се гради, и смртното живеалиште со смртта своја денес го разори и со божествените блесоци на воскресението сите ги озари. Него  Христа, кого си го родила чиста, гледајќи како прекрасно од мртвите заблеска, добра и непорочна меѓу жените и прекрасна, денес за спасението на сите со апостолите радувајќи се него прославувај го. Да подраниме во утрото рано и наместо миро песна да му принесеме на владиката и Христа да го видиме, сонцето на вистината кој на сите живот им свети. Гледајќи ја неизмерната милост твоја, оние кој со адските окови оковани беа, кон светлината со весели чекори одеа Христе, Пасхата вечна фалејќи ја. Да му пристапиме свеќоносци, на Христа кој од гробот восходи, како на жених, и да ја празнуваме со празничен поредок спасителната Пасха Божја. Се просветува со божествените и животоносни зраци на воскресението на Синот, Богомајка пречиста, и со радост се исполнува соборот на благочестивите. Не си ја разрушил вратата на девството при воплотувањето, на гробот не си ги уништил печатите, Царе на созданијата, од каде воскреснат гледајќи те, мајка ти се радуваше. Си слегол во длабочините земни и си ги уништил оковите вечни кои ги држеа окованите Христе, и тридневно како од китот Јона, од гробот си воскреснал. Сочувајќи ги во целост знамењата, Христе од гробот си воскреснал не повредувајќи ја со рождеството твое заклученоста на Девата, рајските порти си им ги отворил. Спасе мој како живо и нежртвено коливо, како Бог самиот себе, волно на Отца си се принел, и Адам, прататкото на сиот род човечки си го совоскреснал, од гробот штом воскресна. Се возведе она што од искона во смрт и распадливост пленето беше, преку оној кој од пречистата утроба твоја се воплоти, за нераспадлив и вечен живот Богородице Дева. Во понорот на земјата оној кој низходеше во утробата твоја чиста, кој се всели и се воплоти надумно и откако воскресна од гробот го воздигна со себе Адам. Иако во гроб си слегол Бесмртен, ти адската сила си ја урнал и си воскреснал како победник Христе Боже, ти кој на жените мироносици им рече: радувајте се. И на апостолите твој мир им даруваш и на паднатите воскресение им даваш. Пред сонцето некогаш сонцето зајдено во гробот беше, кон него итаа рано наутро мироносиците девојки, барајќи го денот, една на друга повикувајќи: О сестри, дојдете со мириси да го помажеме телото, животоносно и погребано, телото на оној кој го воскресна паднатиот Адам, кое во гробот лежи. Да одиме да поитаме како мудреците и да се поклониме и миро да принесеме како дар на оној, не во пелени, туку во плаштаница обвитканиот, и да плачеме и да повикаме: О Владико, стани на паднатите подавајќи им воскресение. Оној кој од печката децата ги избави човек постанувајќи како смртен страда и преку страданијата смртното во нераспадлива благоубавина го облече, единствениот на Татковците Бог благословен и препрославен. Жените богомудри со миро при тебе итаа, на оној кого како мртов со солзи го бараа радувајќи се на жив Бог му се поклонија и Пасхата таинствена на твоите Христе ученици им ја благовестија. Го празнуваме на смртта умирањето, на адот уривањето и на другиот вечен живот почетокот и играјќи ја воспеваме причината, единствениот на татковците Бог благословен и препрославен. Зашто навистина свештена е и сепразнична оваа спасителна ноќ и светлозарна бидејќи предвесница на светлоносниот ден е и на воскресението, зашто во неа безлетната светлост од гробот телесно на сите им заблеска. Усмртувајќи ја смртта денес твојот Син Сенепорочна, на сите смртни вечниот во вечни векови, живот им подари, единствениот на татковците Бог, благословен и препрославен. Оној кој над сето создание царствува откако човек постана се всели во твојата утроба благодатна, и откако распетие поднесе и смрт, воскресна Боголепно совоздигнувајќи нé и нас како сесилен. Овој е особен и свет ден, првиот од неделата царски и господов, празник на празниците, слава на славите, во него да го благословуваме Христа во вечни векови. Дојдете на раѓањето на новиот виноград на божественото веселие во одредениот ден на Воскресението на Царството Христово да му се соединиме воспевајќи го него како Бог во вечни векови. Подигни ги околу себе очите твои Сионе и види, ете дојдоа при тебе како Богосветли светила од запад и од север и од кај морето и од исток чедата твои, кои го благословуваат Христа во вечни векови. Отец седржител, и Слово и Дух, во три личности, соединето Битие, безпочетен и пребожествен, во тебе се крстивме, и тебе те благословуваме во сите векови. Низ тебе дојде во светот Господ, дева Богородице, и откако утробата адска ја растргна, на нас смртните воскресение ни подари, затоа го благословуваме ние во сите векови. Сета сила на смртта откако ја урна твојот Син Дева со воскресението како силен Бог не вознесе и не обожи, затоа го воспеваме ние во сите векови. Го велича душата моја воскреснатиот тридневно од гробот Христа животодавецот. Го велича душата моја оној кој волно страдаше и погребан беше и воскресна тридневно од гробот. Христос е нова Пасха, жртва жива, Агнец Божји, кој гревовите на светот ги зема. Ангелот и повикуваше на Благодатната: Чиста девојка радувај се, и пак велам, радувај се. Твојот Син воскресна тридневно од гробот и мртвите ги подигна, луѓе веселете се. Откако се упокои, ги разбуди мртвите од навек, царски рикајки како Лав од Јуда. Марија Магдалена кон гробот поита и штом Христа го виде како чувар на градината го запраша. Ангелот блескајќи на жените им викаше: Запрете ги солзите зашто Христос воскресна. Христос воскресна смртта уништувајќи ја и мртвите ги подигна, луѓе веселете се. Денес секое создание се весели и радува зашто Христос воскресна и адот е победен. Ја велича душата моја силата на Триличното и неразделно Божество. Радувај се Дева, Радувај се благословена, Радувај се, Радувај се препрославена, зашто твојот Син воскресна тридневно од Гробот. Свети се свети се нов Јерусалим, зашто славата Господова на тебе Блесна, Ликувај сега и весели се Сион, а ти чиста, весели се Богородице за воскресението на твојот Род. О Божествениот о Љубезниот о Преслаткиот твој глас зашто со нас навистина си се ветил да бидеш до крајот на светот Христе, ние верните негови темел на надежта имајќи се радуваме. О Пасха голема и најсветла Христе, о Мудрост и Слово Божјо и Сила, дај ни вечно да се причестуваме со тебе во незалезниот ден на твоето Царство. Соборно ние верните Дева тебе те блажиме, радувај се порта Господова, радувај се град духовен, радувај се ти заради која сега нам ни заблеска светлината на воскресението од мртвите на од тебе родениот. Весели се и радувај се божествена порта на светлината зашто слезениот во гробот Исус заблеска светејќи од сонцето поблескаво и сите верни ги озари Богозарадувана Владетелке. Со телото откако заспа како мртов, Царе и Господи тридневно си воскреснал, Адам подигајќи го од распадливоста и смртта уништувајќи ја, Пасхо нераспадлива, на светот спасение.



Воскресни Тропари

И
ако со камен запечатено од Јудеите и со војници чувано твоето пречисто тело, си воскреснал по три дена Спасителу дарувајќи му живот на светот, затоа ти пееа силите небесни Животодавче: Слава на твоето воскресение Христе, слава на царството твое, слава на твојата промисла единствен човекољубив. Додека Гаврил ти благовестеше: Дева радувај се, се овоплотуваше Господарот на сите, во тебе - Св Ковчег, како што рече праведниот Давид. Се покажа поширока од небесата носејќи го твојот создател. Слава на оној кој се всели во тебе, слава на оној кој произлезе од тебе, слава на оној кој не ослободи со твоето раѓање. Покајанието на разбојникот рајот го грабна, а плачот на мироносиците ја објави радоста дека си воскреснал Христе Боже давајќи му на светот голема милост. Сега ќе воскреснам, вели Господ, ќе се поставам во спасение и нема да изневерам. Зборовите на Господ се чисти зборови. Како Бог од гробот си воскреснал во слава и светот си го воскреснал, затоа човечката природа те воспева како Бог и смртта изчезна. Адам ликува Владико, Ева сега од оков избавена се радува извикувајќи: Ти си Христе кој на сите им даваш воскресение. Кога си слегол во смртта, животе бесмртен, тогаш си го умртвил адот со блесок на Божество, а кога умртвените од подземјето си ги воскреснал, сите сили небесни воскликнуваа: Животодавче Христе Боже наш, слава ти. Се е над разумно, сите твои тајни преславни Богородице. Иако во девство чувана, во чистина запечатена, се покажа како вистинска мајка кога го роди вистинскиот Бог, него моли го да се спасат нашите души. Кога по страданијата жените дојдоа на гробот да го помажат твоето тело, Христе Боже, ги видоа Ангелите во гробот и се уплашија зашто слушнаа глас од нив дека воскреснал Господ кој му дарува на светот голема милост. Стани Господи Боже мој според повелбата со која си заповедал, и многу народ ќе се собере околу тебе. Господи Боже мој во тебе се надевав спаси ме. Си воскреснал од гробот сесилен Спасителу, и адот гледајќи го чудото се ужасна и мртвите станаа. Кога го виде делото Адам се развесели и израдува, светот Спасителу те воспева постојано. Да се веселат небесните, да се радуваат земните зашто Господ со својата сила се покажа како Господар и со смрт ја сотре смртта, првенец од мртвите постана, од утробата на адот не избави и на светот му даде голема милост. Тебе која си посредница во спасението на нашиот род те воспеваме Богородице дева, зашто со телото што го прими од тебе Синот твој и Бог наш одкако го зеде страдањето на крстот не избави од гниење како Човекољубив. Со прекрасна појава росејќи со зборови блескавиот Ангел им велеше на Мироносиците: Зашто живиот го барате во гробот, Он стана изпразнувајќи ги гробовите, неизменливиот ја измени пропаста разберете. Речете му на Бог: Колку се страшни твоите дела зашто си го спасил човечкиот род. Денес воскресна од гробот, Дарител на секакви дарови, и нас не изведе од смртните врати, денес Адам ликува а Ева се радува. Заедно пророците со патријарсите постојано ја воспеваат Божествената Сила на твојата Власт. Штом господовите ученички ја дознаа од Ангелот светлата проповед за воскресението и ја отфрлија прадедовската осуда, фалејќи им се на апостолите говореа: Се уништи смртта, воскресна Христос Бог дарувајќи му на светот голема милост. Тајната сокриена од вечност, непозната и за Ангелите, преку тебе Богородице се јави на земјата. Бог овоплотен во неслеано единство доброволно заради нас го прими крстот преку кој го воскресна првосоздадениот и ги спаси од смрт нашите души. Приоѓајќи кон твоето преславно Воскресение мироносиците им проповедаа на апостолите Христе дека си воскреснал како Бог давајќи му на светот голема милост. Спасител и избавител мој од гробот како Бог ги спаси од оков земнородните и вратата на адот ја уништи и како Владика воскресна тридневен. Собезпочетно Слово на Отца и Духот кое го роди дева за наше спасение, да му запееме верни, и да му се поклониме, зашто доброволно со тело се искачи на крстот за да претрпи смрт и да ги воскресне мртвите со своето славно Воскресение. Радувајте се врати Господови непреодни, радувај се Карпа и Засолниште на оние кои ти приоѓаат, радувај се Тивко Пристаниште, радувај се ти која не искуси брак, но со телото го роди твојот Творец и Бог. Постојано да се молиш за оние кои и пеат и и се поклонуваат на твојата Рожба. За Ангелската појава со збунет ум за божјото Воскресение со просветените души Мироносиците им благовестија на апостолите. Воскресението објавете им го на народите, Господ прави чудеса и ни дава голема милост. Кон адот си слегол Спасител мој, скршувајќи ја вратата како сесилен, мртвите си ги воскреснал како создател, си ги воскреснал и силата на смртта си ја уништил а Адам од клетвата беше избавен, Човекољубив, затоа сите повикуваме: Спаси не Господи. Од ангелската сила на твојот гроб стражарите премреа а Марија стоеше во гробот барајќи го твоето пречисто тело. Адот си го пленил не вкусувајќи од него, си ја сретнал дева дарувајќи живот. Господи кој воскресна од мртвите слава ти. Нарекувајќи ја твојата мајка благословена ти пријде доброволно кон страдање засветлувајќи на крстот. Сакајќи да го побараш Адама им рече на Ангелите: Радувајте се со мене зашто се најде изгубената драхма. Се мудро си направил, Боже наш, слава ти. Со твојата доброволна и животворна смрт Христе, ја разруши вратата на пеколот, како Бог ни го отвори древниот Рај и одкако воскресна од мртвите си го избавил нашиот живот од гниење. Божјата дланка мртвите од темнина ги изведе, оној кој им дава живот на сите кои воскреснаа, Христос Бог, воскресение му подари на човечкиот род, Он е Спасител на сите, воскресение живот и Бог на сите. Со твојот крст ја разруши смртта, на разбојникот му го отвори Рајот, на мироносиците плачот им го промени и им нареди на апостолите да проповедаат дека си воскреснал Христе Боже, дарувајќи му на светот голема милост. Како засолниште на нашето Воскресение севоспеана, изведи ги оние кои се надеваат во тебе од јамата и длабочината на гревот изведи ги, зашто ти ги спаси одговорните за гревот раѓајќи го спасението. Пред раѓањето дева и во раѓањето дева и по раѓањето пак остануваш дева. Ти кој го прими нашиот поглед и го претрпе телесно крстот, спаси не со твоето Воскресение Христе Боже, како Човекољубив. Никогаш смртната сила не може да владее со човекот. Христос слезе, ја уништи и урна нејзината сила. Запечатен е адот, пророците едносушно се радуваа, застанаа, велеа: Спасител вистински во верата. Излезете верни во Воскресение. Од висините слезе Милосрден, и тридневно погребение прими да не ослободиш од страдањата, живот и Воскресение наше, Господи слава ти. Ти кој за нас се роди од дева и распнување претрпе Благи, соборувајќи ја смртта со смрт и Воскресение јави како Бог, не презирај ги тие кои си ги создал со раката твоја, покажи го твоето човекољубие Милостив, прими ја таа што те роди, Богородица која се моли за нас и спаси ги Спасител наш луѓето од очајание. Мироносиците кои престојуваа крај гробот на Оној кој дава живот, го бараа безсмртниот Господар меѓу мртвите, и кога ја примија благата вест од ангелот ги известија апостолите дека воскреснал Христос Бог давајќи му на светот голема милост. Воскреснувајќи од гробот мртвите ги подигна, Адам го воскресна, Ева ликува во твоето воскресение, до крајот на светот се прославува заради твоето станување од мртвите, Многумилостив.


   

  Св Педесетница
Педесетницата ја празнуваме и доаѓањето на Духот и остварување на ветувањето и исполнување на надежта и секоја тајна зашто е голема и чесна. Затоа ти пееме: Создател на сите, Господи слава тебе. Со странски јазици си ги оспособил твоите ученици Христе, со нив да те проповедаат тебе бесмртно Слово и Бог кој им дава голема милост на нашите души. Св Дух сé ни дава, излева пророштва, ги усовршува свештениците, неписмените на мудрост ги научи, рибарите Богослови ги покажа, целиот црковен собор го прибра, единосуштен и сопрестолен на Отца и Сина Утешител, слава тебе. Видовме вистинска светлина, примивме Дух Небесен, најдовме верата вистинска, на неразделната Троица се поклонуваме зашто таа нé спаси. Преку пророците си ни го известил патот на спасението, а преку апостолите ни засветли Спасител наш, благодатта на Св Дух, ти си Бог од секогаш, ти си и сега и во векови, ти си Бог наш. Во твоите дворови ќе те воспевам Спасител на светот, и приклонувајќи ги колената ќе и се поклонам на твојата непобедлива сила. Навечер наутро и напладне и во секое време ќе те славовословам Господи. Господи во твоите дворови верниците ги приклонија колената на душите и телата воспевајќи те тебе, безпочетниот Отец и собезпочетниот Син и секогаш совечниот и пресветиот Дух кој ги просветува и осветува нашите души. Ја песнословам едносушната Троица, Отца и Сина со Св Дух, зашто така проповедаа сите пророци, и апостолите со мачениците. Дојдете луѓе да му се поклониме на триличното Божество, на Синот во Отца, со Св Дух, зашто Отецот безвремено го роди Синот, секогаш совечен и сопрестолен и Св Дух беше во Отецот со Синот прославуван, една сила, една суштина, едно божество. Нему поклонувајќи се му велиме: Свети Боже, кој направи сé преку Синот, во содејство со Св Дух, Свети Силен преку кого Отца го познавме и Св Дух дојде во Светот, Свети Бесмртен Утешителен Дух кој излегуваш од Отца и во Синот пребиваш, Троица Света Слава Тебе. Кога Св Дух си го испратил Господи кај собраните апостоли, тогаш еврејските деца гледајќи се исплашија од ужасот зашто ги слушаа оние што проповедаа на туѓи странски јазици, како што Духот им подаваше, зашто неуките вистински се омудрија и красноговореа за божественото. Затоа и ние ти пееме: Ти кој се јави на земјата и од прелеста не спаси Господи слава тебе. Господи народите не разбирајќи ја силата која дојде на апостолите од пресветиот Дух, мислеа дека помешувањето на јазиците е поради пијанство. А ние откако се утврдивме од нив непрестано вака збориме: Св Дух не одземај го од нас, ти се молиме Човекољубив. Не отфрлај ме од лицето свое и Св Дух не одземај го од мене. Народите некогаш се размешаа заради смелоста со изградбата на кулата, а сега народите се омудрија поради славата на Богопознанието. Таму ги осуди нечестивите со отфрлање, а овде Христос ги просвети рибарите со Духот. Тогаш договорот се претвори во измачување, а сега се обнови согласноста кон спасението на нашите души. Благословен си Христе Боже наш, апостолите ги направи премудри ловци откако им го испрати Св Дух и со нив ја улови вселената човекољубив, слава ти. Верници радосно да го празнуваме попразенствениот и последен празник. Оваа педесетница е исполнување на ветувањето и предложение, зашто во неа слезе на земјата огинот на Утешителот во вид на јазици и учениците ги просвети. Кога дојде на земјата изворот на Духот, разделувајќи се духовно во огнени реки ги оросуваше апостолите просветувајќи ги и им постана облак кој ги оросува во огин кој нив ги просветува и пламен кој дојде. Преку нив и ние примивме благодат со огин и вода. Светлината дојде од Утешителот и светот го просвети. Те величаме животодавче Христе и го почитуваме сесветиот Дух, кого од Отца си го испратил врз твоите божествени ученици. Христе по воскресението од гробот и божественото вознесение кон небесните височини си им ја испратил твојата слава на Боговидците добри, обновувајќи ги учениците со вистинскиот Дух, затоа како од музчички инструмент на сите им се разјасни Спасителе твојата промисла со божествен тимпан тајно огласувана. Твојот благ Дух ќе ме упати во вистинската земја (3) Покриен со божествен облак Мојсеј го објави богонапишаниот закон, зашто тресејќи ја тињата од окото на умот го виде вистинскиот и се научи на Духот на Разумот, фалејќи го со божествени песни. Ги разврза оковите на бездетната утроба и неподносливото подсмевање од многудетната единствената молитва на древната пророчица Ана, која имаше смирен дух кон силниот и Бог на разумот. Царе на царевите, еднаков на еднаквиот, единствено Слово кое произлезе од Отца, безпочетниот, рамносилниот Дух, преку апостолите вистински си го испратил како добротвор врз оние кои пеат: Слава на твојата власт Господи. Разрешителното очистување од гревовите во вид на духовно огнена роса примете го Духот, о чеда Црковни и Светлообразни, зашто сега од Сион излезе закон, кој е јазикообразна благодат на Духот. Владико Христе кој си наше очистување и спасение, ти си засветлил од Дева, да го извадиш од гниење паднатиот Адам, родоначалникот како пророкот Јона од градите на морскиот ѕвер. Кога слезе вишниот помешувајќи ги јазици, ги раздели народите, а кога раздаваше огнени јазици, ги повика сите во единство и едногласно да го славиме сесветиот Дух. Складната песна на органата загрме за да му одадат почит на златонаправениот бездушен идол, а светлоносната благодат на Утешителот ги удостојува да пеат: Троица единствена рамносилна безпочетна, благословена си. Ги разврзува оковите и пламенот го оросува Трисветлиот образ на Боговечниот. Момчињата пеат а сета создадена природа го благословува единиот спасител и создател како добротвор. Радувај се царице, мајчинодевствена слава, зашто никоја вештоговорлива уста не може да красноговори за да те опее достојно, а секој ум избезумува кога сака да го разбере твоето раѓање, затоа едногласно те славиме. Прилегаше да и се пее на животородната родителка зашто едино таа го скри Словото во утробата кое се таеше од болната човечка природа, а сега седи од десно на Отца и ја испрати благодатта на Духот. На секој што му вдахна Боготочна благодат светеше блескајќи изменет од необичната промена во заслепувачка убавина разбирајќи ја рамносилната неделива премудрост на трисветата природа која ја славиме. Дух Сесвет, кој излегуваш од Отца, кој преку Синот дојде кај божествените ученици кои те познаа тебе како Бог, спаси ги и помилувај ги сите. Светлина е Отецот, Светлина е Словото, Светлина е и Св Дух кој беше испратен врз апостолите во огнени јазици, и преку нив целиот свет се просветува за да ја почитува Св Троица. Денес сите народи го видоа преславното чудо во градот давидов, кога Св Дух слезе во вид на огнени јазици како што раскажува богоглаголивиот Лука: Врз собраните ученици Христови се јави шум како што доаѓа бурен ветер и го исполни домот каде што беа седнати. И сите почнаа да зборуваат странски зборови, необични учења, необични заповеди од Св Троица. Св Дух беше постојано и е, и ќе биде, ниту почнат, ниту престанат, но постојано на Отца и Сина придружен и причислен, живот и живототворец, светлина и дарител на светлина, добар и извор на добрина, преку него Отецот се познава и Синот се прославува и од сите се запознава една сила, една заедница, едно поклонување на Св Троица. Светиот Дух светлина и живот, и жив извор на умот, Духот на премудроста, Духот на разумот, благ, вистински умен, кој владее, кој ги очистува прегрешенијата. Бог и Бог кој твори, огин кој од огинот произлегува, кој говори, дејствува, разделува дарови, преку кој сите пророци и божествените апостоли со мачеништво се венчаа, необично слушање, необично видение, огинот кој се разделува во давање на дарови. Небесата ја објавуваат славата на Бог, а за делата на рацете негови известува сводот Небесен. Ден на денот објавува и ноќ на ноќта знаење објавува. Нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на вселената. Нека те услуши Господ во тежок ден, да те заштити името на Бога Јаковов. Да ти испрати помош од светилиштето и од Сион да те засили. Да ти го даде Господ и она што ти срце сака и сите твои помисли да ги исполни. Господи со твојата сила ќе се весели Царот, и за спасението од тебе безмерно ќе се радува. Ти му даде она што срцето негово посака и молитвата на устата негова не ја отфрли. Зашто ти го пресретна со добри благослови, му возложи на главата венец со скапоцени камења. Издигни се Господи со твојата сила, ние ќе ја воспеваме и ќе ја прославуваме твојата моќ. Твојот благ Дух нека ме води по прав пат. Сега сите народи беа во чудо зашто Јудеите иако Христос по тело е од нив, боледувајќи од неверие, отпаднаа од Божјата благодат а ние кои сме од јазичниците се удостоивме со Божјата Светлина откако се утврдивме од зборовите на учениците кои ја проповедаа славата на Бог, добротворот на сите. Со нив приклонувајќи ги срцата и колената со вера да му се поклониме на Св Дух утврдувајќи се во Спасителот на нашите души. Срце чисто создај во мене Боже и Дух вистински обнови во мене. Сега утешителниот Дух се излеа врз секое тело зашто почнувајќи од апостолските редови по соединувањето од нив ја простре благодатта врз верниците и ги уверува во своето силно наитие во вид на огин разделувајќи им јазици на учениците за песнопеење и слава божја. Затоа со срцето умно просветени откако се утврдивме во верата преку Св Дух се молиме да се спасат нашите души. Не отфрлај ме од лицето свое и Св Дух не одземај го од мене. Сега апостолите се облекуваат во Христова сила од горе зашто ги обновува Утешителот обновувајќи се во нив со таинствено обновување на разумот, проповедајќи со необични и високопофални гласови, да се почитува вечната и трилична природа на Бог, добротворот на сите. Затоа откако се просветивме со нивното учење, да му се поклониме на Отца, со Синот и Духот, молејќи се да се спасат нашите души.

Статија Трета на Велики Петок
Сите народи твоето погребение Христе, со песни го пеат. Денес Ариматеец од дрво те симна и во нов гроб те положи. Жени мироносци миро ти донесоа од се срце, Христе мој. Сите созданија дојдете, на Бог да принесеме песни жални погребални. Како мртов животот, со мироносиците со миро да го помажеме. Јосифе преблажен, погреби го телото на твојот Животодавец. Со мана Тој ги храни, тие неблагодарни, со зло се отплатија. На својот Благодател што им даде мана, оцет и жолчка му даваат. О безумство страшно на пророкоубиците, што тие Христа ни го убија. О, безумен Јуда, ти на Христа предавник - од мудроста се откажа. Јуда лицемерен, Бога го остави и пленик гревовен стана. Според Соломон, устите лажливи се бездна на безумство. Патиштата нивни, криви и безакони, опасни се и трнливи. Јосиф го погребува чесно со Никодима телото на Творецот. Животодавче Спасе, Слава на твојата власт, адот ти го разурна. Твојата пречиста Мајка, гледајќи те мртов Христе, жално те плачеше. Слатка моја пролет, о премило чедо, каде е твојата убавина. Твојата пречиста Мајка мртов штом те виде, мајчински те оплакуваше. Жени мироносици дојдоа при Христа со миро да го помажат. Христе мој, со смртта смртта ја уништуваш со божествена сила. Се измами измамникот, луѓето се спасени со мудроста твоја Боже мој. Предавникот Јуда во бездната на адот гние и се измачува. Патиштата на Јуда очајникот безумен, полни се со трња и примки. Тие што те распнаа сите ќе загинат, Сине Божји Спасе мој. Во бездната на смртта гинат во страшни маки сите твој злосторници. Слове, Сине Божји, Боже мој и творче, зошто си примил да страдаш. Дева жално плаче гледајќи те Христе тебе распнат на крстот. Телото живоносно Јосиф со Никодима денес го погребуваат. Дева жално ридаше, со болките на мајка топли солзи ронеше. Слатко мое чедо, Светлино на сонцето, како лежиш во мрачен гроб ? Мајко не ридај, страдам да ги ослободам Адама и Ева од адот. Твојата голема милост денес ја Славам, заради која страдаш. Оцет и жолчка денес Христе вкуси, да не ослободиш од зло. Ти на крст си распнат што со столб од облак народот твој го водеше. Жени мироносици на гробот ти дојдоа Спасе, да те миросаат. Стани, Животодавче од пеколна бездна, воскресни не нас мртвите. Тажна, твојата мајка солзи рони, плаче: воскресни Животодавче. Брзај да воскреснеш, радост да и донесеш на твојата родителка. Силите небесни многу се исплашија кога мртов те видоа. Со страв ги почитуваме твоите страданија, прости ни ги гревовите. О пречудна гледка, Слово Божјо, Сине мој, земјата да те покрива. Некогаш со Јосиф во Египет појде, друг Јосиф те погребува. Твојата чиста Мајка те жали и оплакува тебе мртов, Спасителе. Разумот е во ужас Боже наш Створителе, кога го гледа твојот гроб. Жени миросици рано в зори со миро гробот твој го поливаат. Мир на твојата Црква, нам дај ни спасение, дај со твоето Воскресение. Троица Света Славна, Отец, Син, Дух, сиот Свет помилувај го. Дева, удостој не ние да го видиме од гроб воскреснат твојот Син. Сите народи твоето погребение Христе, со песни го пеат.
 

 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie