СВЕТИТЕ ОТЦИ НАШИ И ВЕЛИКИ ЕРАРСИ
ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ, ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ И ЈОВАН ЗЛАТОУСТ
Стихири на 4, глас 4. Подобен: Како храбар:
Преподобен Василие, откако се искачи на висината од љубовта Христова, си ги видел Неговите неискажливи и божествени тајни, што ти ги откри и на луѓето им ги појасни, како мудар проповедник на верата. Затоа, моли се, да бидеме избавени од распадливоста и од неволи, ние што ги следиме твоите учења.
Со мудроста на твоите зборови и учења, Григорие, ти ги скрши синџирите на ересите и, сите што правилно Го слават Христа, ги собра во едномислие на православната вера. Него моли Го, да се избавиме од распадливоста и од неволи; ние што со вера ги примаме твоите богооткриени учења.
Да го прославиме овој букет на Света Троица Јована великиот, со божествениот Богослов Григорија, и високоумниот Василија овие прекрасни и мирисливи цвеќиња од Божјата ливада, овие зраци на духовното Сонце, кои со својата божествена светлина ја просветлуваат земјата.
Слава, глас 6:
Луѓе Божји, и верни слуги, служители на Господа, мажи со божествени желби, избрани садови, столбови и тврдина на Црквата, наследници на Царството, не престанувајте да се молите за нас на Господа.
И сега: Богородице, ти си вистинската лоза, која ни Го израсна Плодот на Животот. Тебе ти се молиме: Моли се, Владичице, со светите апостоли, да ги помилува душите наши.
Стиховни стихири, глас 6: Подобен: По три дена:
Благодатта се умножи, верата закрепна, сите со разум
Божји се исполнија, и со спасение се збогативме, зара-
ди апостолите и учителите.
Стих: Ке се развеселат светиите во слава, ќе се зарадуваат врз леглата свои.
Небесните тајни, и човечките учења, изобилството на разни дарови, и со објаснувањата што победуваат секое еретичко слово, ги прослави, Господи, овие Твои тројца светители.
Стих: Твоите свештеници нека се облечат во правда; Твоите светии нека се зарадуваат.
Заедно да ги прославиме тројцата врвни угодници на (Света) Троица: Божествениот ум Василија, божествениот глас Григорија, и секрасниот светилник -Јована.
Слава, глас 6:
Добри и верни слуги, добри работници на лозјето Господово, кои и дневната жега и товар го поднесовте, и дадениот ви талант го умноживте, без да им завидувате на оние што по вас дојдоа; затоа и небесните врати ви се отворија. Влезени, пак, во радоста на Господа, молете се за нас, свети учители.
И сега, богородичен: Никој што доаѓа при тебе, посрамен од тебе не излегува, Пречиста Богородице Дево, ами проси благодат, и прима дарови за полезното барање.
Тропар, глас 4.
Kако рамни по нарав на апостолите, и учители на вселената, Господарот на сите молете Го, мир на вселената да и дарува, и на душите наши милост голема.
Слава, и сега: богородичен.
Блажен е оној човек, првиот антифон.
Стихири на Господи повикав, на 8, глас 4.
Инструменти на благодатта, гусли на Духот, звучни труби на проповедта, на кои гласот од небото како гром им се слуша и на целиот свет му ја објавуваат славата Божја овие троица големи проповедници на Света Троица: Јован, Василиј и Григориј достојно да ги прославиме.
На Троица поборници, на благочестието заштитници, тројца апостоли по оние дванаесетте, реки кои од Рајот точат жива вода и лицето на земјата го наводнуваат со потоци од животворна вода овие елементи кои ни ја составија верата, а не тварта, достојно да ги прославиме.
Ова не се ни зборови ни раскази, како што се вели, на кои гласот не им се слуша, зашто проповедта на овие божествени и мудри учители се пронесе по сета земја и море; оттука, најдоброто што се содржи во нивните божествени закони, краиштата на земјата ги собира во единствено православие.
Овие инструменти на Светиот Дух, вистински труби, проповедници на Словото, со песни да ги прославиме ние коишто ги следиме нивните догмати, молејќи им се како на оние што имаат смелост пред Господа, да испросат траен мир за светот, а за сите нас прошка (на гревовите).
Други стихири, глас 2.
Подобен: Со какви пофални венци:
Со какви пофални венци да ги овенчаме светите учители? Иако телесно разделени, тие се духовно собрани; богоносни застапници и служители на едночислена Троица; светила кои ја просветлуваат вселената и црковни столбови коишто, како победници, со венци на слава ги овенчува Христос нашиот Бог, Кој има милост голема.
Со какви поетски добрини да ги овенчаме богоносните небесни тајници и проповедници најголемите богослови на православието? Великиот Василиј учителот на светите тајни, божествениот и богоглаголивиот Григориј и Златоустиот проповедник Јован, коишто достојно ги прослави Троица Господ, Кој има милост голема.
Со какви пофални зборови да ги прославиме овие светители? По благодатта рамни на апостолите и со еднаква чест поради нивните дарови; на нечестието разурнувачи, спасители и наставници со збор и дело, по вера пастири Христоподобни, ангели земни и небесни мажи, кои што со слава ги почести Господ Христос, Кој има милост голема.
Со какви пофални венци да го прославиме Златоустиот, заедно со Василија и Григорија чесни прибежишта на Духот, цврсти бранители на верата, столбови на Црквата, поткрепа на верниците, на сите што грешат утеха, извори од кои тече вода, од која црпеме и духовно се насладуваме, барајќи прошка на гревовите и милост голема.
Слава,глас6:
Да ги прославиме денес богоносните отци, таинствените труби на Духот, кои среде Црквата ја возгласија хармоничната песна на богословието: Троица единствена и неизменлива по природа и божество; победници на Арија и бранители на православните, кои секогаш Му се молите на Господа, да ги помилува душите наши.
И сега, богородичен (догматик) глас 6:
Кој нема да те нарече блажена, тебе, Пресвета Дево, кој ли нема да го воспее твоето пречисто рождество, зашто Единородниот Син Кој безвремено засветли од Отецот, истиот Он излезе од тебе, Чиста, откако се воплоти неискажливо; Он, Кој е Бог по природа и Кој, заради нас луѓето, стана и човек по природа; не во две лица разделуван, но во две природи неслиено познаван. Него моли Го, Чиста, Себлажена, да ги помилува душите наши.
Вход. Прокимен на денот. И паримии.
Од книгата Второзаконие (5 Мојс 1, 8-11,15-17), читање:
Во оние денови Мојсеј им рече на израилевите синови: Ете, ви ја давам таа земја, одете, земете ја земјата во наследство, која Господ со клетва им вети дека ќе им ја даде на предците ваши на Авраам, Исак и Јаков, ним и на потомството нивно.
И јас ви реков во она време: Не можам сам да ве водам; Господ, вашиот Бог, ве умножи, и еве, вие сте сега многубројни како ѕвездите небески: Господ, Бог на предците ваши, нека даде да се намножите и илјадапати повеќе, отколку што сте сега и нека ве благослови, како што ви говореше! И ги зедов првенците на вашите племиња, мажи мудри, (разумни) и искусни, и ги поставив за началници над вас: илјаданачалници, стоначалници, педесетначалници, десетначалници и за записничари во племињата ваши. И им заповедав на судиите ваши во тоа време, и им реков: Ислушувајте ги браќата свои и судете справедливо како брат спрема брат, а така постапувајте и со придојдениот кај него; Во судот не правете разлика меѓу луѓето, ислушувајте го и малиот, и големиот: не плашете се од никого, бидејќи судот е Божји.
Од книгата Второзаконие (5 Мојс 10,14-21), читање:
Во оние денови Мојсеј им рече на израилевите синови: Ете, небото и небото над небесата, земјата и се што е на неа, е на Господ, твојот Бог; но само предците ваши ги прими Господ и ги засака, и ве избра вас, нивното семе по нив, од сите народи, како што гледаш денес. И така, отстранете ја нечистотијата на вашето срце, и немојте да бидете во иднина тврдоглави; зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на боговите и Господар на господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не гледа на лице и не зема дарови, Кој право суди, на сирак и на вдовица, го сака придојдениот и му дава леб и облека. Сакајте го и вие придојдениот, бидејќи и вие самите бевте придојдени во египетската земја. Плаши се од Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му, кон Него приврзи се и во Негово име колни се; Тој е твојата пофалба, Тој е твојот Бог, Кој поради тебе ги направи оние големи и славни дела, што ги видоа очите твои.
Од книгата Мудрост Соломонова (3,1-9), читање:
Душите на праведниците се во Божја рака; до нив нема да се допре никаква
мака. Во очите на неразумните, тие се како умрени, а нивниот крај
се сметаше за пропаст; и тоа што тие заминуваат од нас како уништување, но тие
живеат во мир. Зашто иако во очите на луѓето се казнуваат, надежта нивна полна е
со бесмртност. Бидејќи малку казнети, тие ќе добијат големи добра, зашто Господ
ги проверил и ги нашол достојни за Себе. То) ги проверил како злато во печка и
ги примил како најсовршена жртва. Во времето на Неговата посета, тие ќе светкаат
како искри среде стрниште. На племиња ќе им судат, над народи ќе владеат, а над
нив Господ ќе царува довека. Оние што се надеваат на Него, ќе ја познаат
вистината, а кои Му се верни ќе живеат во љубов со Него, зашто Тој има милост и
милосрдност (за Своите светии и промисла за Своите избраници.
Литиски стихири, глас 2.
(Од Нил Ксантопул)
Дојдете, служители на небесна Троица, да ја прославиме земната троица од светите ерарси: Василија кој го носи името на царството; Григорија наречен Богослов, и Јована кој вистински го носи името на милоста; бездни на мудроста, кои го примија Духот, живи извори на вода која вечно тече; проѕирни бисери, земни светила, црковни кормила, светлоплодовити дрвја, икономи на благодатта, усти на мојот Христос и бранители на Света Троица, од Која непосредно примаат светлина, и кои непрестајно се молат за душите наши.
Од нив просветлени, верно да ги прославиме овие разгорени од неподносливиот Оган јаглени, зашто тие, од него запалени, за светот станаа светилници, а за бедните животна сила; тие верно и јасно Го проповедаа Отецот и Синот и Светиот Дух. И ние да им речеме: Радувај се, тројко богомудра на (Света) Троица.
Глас 6.
Троице Света и за поклонување достојна, слава на Твојата мудра промисла, зашто овие три големи светилника на луѓето од луѓето им ги даде, кои просветлуваат со светлината на Твоето познание, и осветлуваат со зракот на Твојата спасителна и чесна волја, преку кои вселената со светлината на разумот се збогатува, озарена со Твојата слава, и се брза кон Твоето блажено Царство. Уверувајќи не да ги слушаме нивните божествени учења, и Ти Самата Троице Света, нивните молитви за нас услиши ги, како сештедар Бог; и спаси ги душите наши; Човекољупче.
Слава, глас 6:
О празникољупци, собрани заедно, со песни пофални да ги воспееме светителите Христови, кои се слава на отците, столбови на верата, учители и чувари на верниците, говорејќи: Радувај се, Василие премудри и непоколеблив столбу! Радувај се, небесен уме, превелик архијереју, Григорие Богослове! Радувај се, Јоване, со златни зборови, на покајанието јасен проповеднику! Но, о пребогати отци, не престанувајте секогаш да Му се молите на Христа, за оние што со вера и љубов го слават вашето сесвето и божествено торжество.
И сега, богородичен, глас исти.
О празникољупци, собрани заедно, со песни пофални да ја воспееме девствената убавина, радоста на ангелите и цврстата ограда на верниците, говорејќи: Радуј се, Мајко, Дево чиста, светлозарен светилнику и врато небесна! Радуј се, свештена скинијо сечиста, која во својата утроба Го смести Бога! Радуј се, ти која несомнено ги надминуваш сите небесни чинови! Затоа, Мајко немажена, Бладичице, не престанувај да ги пазиш твоите слуги, кои со вера и љубов те воспеваат непрестајно и му се поклонуваат на твоето бессемено рождество.
Стиховни стихири, глас 1.
Подобен: Сефалени мачеиици:
Денес достојно да ги прославиме заедно духовните тајници, словесните труби Божји и божествени огледала: Великиот Василиј и божествениот и запален со пламена ревност Григориј, како и вистинскиот Златоуст, кој ни точи златострујни учења.
Стих: Ќе се развеселат светиите во слава, ќе се зарадуваат врз леглата свои.
Достојно со песни да ги прославиме оние кои се скала за верата, божествен и бодар ум, река златострујна, сесветли и чесни светилници, бранители на (Света) Троица, храмови на Духот, непоклатни столбови и тврдини на Црквата.
Стих: Твоите свештеници нека се облечат во правда; Твоите светии нека се зарадуваат.
Органи на Духот, труби на божествениот гром, молњи на проповедта, сесветли, златни и светлоносни свешници на Бога: трижблажен Василие, семудри Григорие, сезлатен и сечесен Јоване, молете Го Христа, да ги спаси оние што ве чествуваат.
Слава, глас 2:
Денес душите на земнородените се вознесуваат од земјата! Денес го славиме споменот на небесните светии, зашто небесните врати се отвораат и нам Господови работи ни се кажуваат: зборовите Го проповедаат Словото и јазиците пеат чудеса, а ние викаме кон Спасителот: Слава Ти, Христе Боже, зашто на верните, преку нив, мир им пристигна.
И сега, глас исти.
Никој од оние што бараат помош од тебе не останува без неа, Дево чиста и Мајко Божја, но секој што моли за твојата милост, го прима дарот што го бара.
На благословување на лебовите, тропар, глас 4.
Како рамни по нарав на апостолите и учители на вселената Господарот на
сите молете Го, мир на вселената да и дарува, а на душите наши милост голема
(2-пати) И
Богородице
Дево, радуј се:
(еднаш).
На Бог, Господ, тропар на светите (2-пати). Слава, и сега, богородичен.
По првата катизма, Седален, глас 5.
Сите да го прославиме Василија како царски украс на Црквата и неисцрпна ризница на учења, зашто со нив не научи да ја почитуваме Света Троица, соединета по природа, а разделена по ипостаси.
Слава, глас 4:
Светилници пресветли на Црквата Христова, вие го просветливте светот со вашите учења, отци богомудри, откако ги исушивте ересите на сите зломисленици, и ги угасивте богохулните смутови! Затоа, светители Христови, молете се, да се спасиме.
И сега, богородичен:
Дево сепеана, Мајко наХриста Бога, Марие Богоневесто и неискусобрачна, на верните застапништво! Избави ги од секаква невола, оние што со љубов и вера приоѓаат под твојата закрила, Владичице Богородице, единствена Богоневесто!
По второ стихословие, седален, глас
3.
Богослову Григорие, ти си бил столб на Црквата, си се покажал како сигурно богатство на набожноста; животот твој си го осветлил со бестрастие, и си ги објаснил троичните догмати! Отче преподобен, Христа Бога моли Го, за спасение на душите наши.
Слава, глас 4:
По ливадата на свештените книги, како пчели мудри летајќи ги обиколивте најдобрите цветови, за да им го понудите на верниците, како духовна наслада, медот на вашите учења. Поради тоа, секој што се насладува, со радост извикува: И по смртта бидете со нас, кои ве прославуваме, блажени!
Исега, богородичен:
Несовесниот јас, вознемируван од бурата на страстите, топло те повикувам, Пречиста, да не ме презреш мене; кутриот, па да загинам, ти што ја роди Бездната на милоста, зашто, освен тебе, друга надеж и немам; да не бидам за потсмев и радост на непријателите јас, кој својата надеж ја положив на тебе, бидејќи можеш се што ќе посакаш, како Мајка на Оној Кој е Бог на сите.
Полиелејни псалми:
Величание: Ве величаме вас, светители три ерарси, и вашиот свет спомен го славиме, зашто вие Го молите за нас Христа, нашиот Бог.
Избран псалм:
Чујте го ова сите народи; внимавајте вие сите што живеете по светот. Устата моја ќе говори мудрост, и мислата на срцето мое разбирливи нешта. Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да имате страхопочит кон Господа. Ја објавив Твојата правда во големото собрание. Ја објавив верноста Твоја и спасението Твое. Ке го објавувам името Твое на браќата свои, сред собранието ќе Те фалам. За да ја разгласувам похвалата Твоја и да ги раскажувам сите твои чудесни дела. осподи, го возљубив домот, во кој престојуваш и местото каде што пребива славата Твоја.
Го намразив друштвото на злонамерните; со нечестивите нема да седнам. Зашто ги запазив патиштата на Господа и не се оддалечив од мојот Бог. Устата на праведниот кажува мудрост, а јазикот негов изговара правда. Правдата Негова вечно ќе постои. Твоите свештеници нека се облечат во праведност; Твоите светии нека се зарадуваат. Блажени се оние, кои живеат во домот Твојтие постојано Те фалат. Слава, и сега: Алилуја (3-пати).
Седален, глас 4.
Премудрите учители на вселената, кои Го прославија Бога на земјата со дела и со зборови, денес нека бидат возвеличани како оние што се застапуваат за нашето спасение.
Потоа степена, првиот антифон на глас 4.
Прокимен, глас 4: Твоите свештеници нека се облечат во правда; Твоите светии нека се зарадуваат.
Стих: Устата моја ќе кажува мудрост, а мислата на срцето мое поука.
Потоа: Се што дише: Евангелие според Јован (10,9-16), зачало 36.
По 50~от псалм стихира, глас 6.
Благодатта се излеа во устите ваши, преподобни отци, и станавте пастири на Христовата Црква, учејќи ги словесните овци да веруваат во Троица едносушна, во едно божество.
Канон на Богородица со ирмос на 6. Глас 2.
И на светите два, на 8. Од Јован Евхит.
Песна 1.
Ирмос: Дојдете, луѓе, да Му пееме песна на Христа Бога, Кој го раздели морето и ги преведе луѓето, што ги изведе од ропството египетско, зашто се прослави.
Мене, кој вистински, со душа и тело, набожно те исповедам за Чиста Богородица, спаси ме, Пречиста, од опасни неволи, болести и прегрешенија.
Ние дознавме дека во тебе лежи сета бездна на дарови. Затоа, Богородице, прибегнувајќи од срце под твојата божествена закрила, се спасуваме.
Моли Го за нас, Пречиста, Оној што се воплоти од твојата пречиста и чесна утроба, да не избави од тешки прегрешенија и болести.
Друг канон на светите, чиј акростих е: Возвишувам три сонца на Трисолнечната Светлина. Творба на истиот Јован.
Песна 1.
Ирмос: Дојдете, луѓе, да Му пееме песна на Христа Бога, Кој го раздели морето и ги преведе луѓето, што ги изведе од ропството египетско, зашто се прослави.
Која благодарност достојна за нив, со какви дарови да им возвратиме, луѓе, на нашите добротвори, со кои се учиме на доброто!
Јазиците на ораторите, нивната наука и вештина, и сета сила на нивните зборови, сега нека се покренат само да им оддадат чест на оние што нас не почестија.
Овие небесни мудреци не бараа ништо свое овде на земјата, туку се покажаа како чувари и бранители на заедничкото добро, за да се удостојат и за наши заеднички пофалби.
Богородичен: Сенепорочна, во тебе ние сите ја славиме заедничката чест на нашата природа, како една уста и во совршена хармонија.
Друг канон на светите, од истиот автор. Глас 8.
Ирмос: Фараонот, кој беше на чело на борбените коли, Мојсеевиот жезол. во она време, на чудесен начин го потопи, кога (Мојсеј) со него направи крст и ја раздели водата, а го спаси Израилот кој одеше пеш и на Бога песна Му пееше.
Тоа што го преземам овде, не може да успее само со човечка грижа, туку мудроста која стои ка) Твојот престол, Човекољупче, нека ми помага давајќи ми jа благодатта на зборот, за да ги прославам оние што самата таа веќе ги прослави.
Како чаша што се прелева, Владико, благодатта Твоја и големото богатство на Твоето човекољубие се излева, и потече и во оние кои во тело се покажаа како ангели, а кои ние сега ги предлагаме за пофалба.
На овие небесни луѓе им прилега и небесна пофалба; ангелската песна совршено се совпаѓа со оние што станаа богови (по благодат) преку заедничарење со божественото, бидејќи во себе го имаа зборот и животот на Оној што по природа е единствениот Бог вистински.
Богородичен: Божественото собрание го слави споменот на праведниците, придружен со пофалби; со нив во убавина се прославува и Божјата Мајка, како нивна глава, која ги држи сите чинови, од првиот до последниот, минувајќи низ средниот, и зема свој удел во прославата на секого.
Катавасија: Некогаш сонцето ја допре сувата земја на морското дно, бидејќи водата се стврдна како ѕид и од двете страни, заради луѓето кои пеш го преминаа морето и кои богоугодно пееја: Да Му пееме на Господа, зашто славно се прослави.
Песна 3.
Ирмос: Утврди не во Тебе, Господи, Кој со дрвото (крсно) гревот го умртви, и стравот Твој всади го во срцата на нас коишто Ти пееме.
Со твоите молитви кон Бога Кого што си Го родила, Пречиста, направи Го благонаклонет кон твоите слуги што приоѓаат под твојот покров, и кои верно се поклонуваат на Твојата Рожба.
■ н 4 « л<ч л. ^
Целиот мој живот раководи го, Дево, надеж моја и застапнице, избавувајќи ме од тешки искушенија и неволи.
Откако во своите прегратки ја понесе Ипостасната Премудрост Божја, моли Ја да ги избави од незнаење и заблуда оние што те воспеваат.
Друг канон.
Ирмос: Откако ме утврди на каменот од верата, ја рашири устата моја против непријателите мои, зашто се развесели духот мој кога пеам: Никој не е свет како нашиот Бог и никој не е поправеден од Тебе, Господи.
Великата труба на Црквата, светилникот што ја просветлува вселената, проповедникот чија благовест допира до сите краишта на земјата великоименитиот Василиј го свикува ова собрание.
Светол по живот и дела, светол по зборови и учења, во се надминувајќи ги другите во светлина, како што сонцето ги надминува другите ѕвезди, многувоспеаниот Богослов денес блажен го именуваме.
Ете, светлината на светот се појавува на земјата; ете, солта на земјата ја засладува земјата; ете, дрвото на животот предлага плодови на бесмртноста светиот Златоуст. Вие што не сакате да умрете, дојдете и насладувајте се!
Богородичен: Оној што создаде се од небитие во битие, на се му ја даде соодветната природа; но Он знае, исто така, кога сака, да ја измени дадената природа. Затоа слушаме и дека Дева родила. Кој нема да се восхити?
Друг канон.
Ирмос: Христе, Кој во почетокот ги утврди небесата со разум и земјата ја основа на водите, утврди ме на каменот од Твоите заповеди, зашто никој не е свет повеќе од Тебе, Единствен Човекољупче.
Светло да ги прославиме овие исправители на обичаите и управители на душите, и заеднички спасители на сите, и светли учители на животот, кои ни покажаа примери и со дела и со зборови.
Духот Божји го исполни Василија со знаење, а Григориј имаше еден од огнените јазици и со огнот на врвната речитост дишеше, додека преку Јована говореше Христовата уста.
Лудоста на Божјата проповед ја порази мудроста на овој век, која сега му се покорува и ропски му служи; благодатта, пак, мудрите говорници ги прави проповедници.
Богородичен: Оној што се всели во утробата на Чиста Дева, душите на богоносните светители ги прави Свое живеалиште, и преку нивните усти ја кажува тајната за (Својата) Мајка.
Катавасија 3 Господи, Кој си поткрепа на тие што се надеваат на Тебе, утврди ја Црквата што си ја стекнал со Твојата чесна крв.
Седален, глас 8.
Ние, кои се насладуваме со нивните добрини, со нивните зборови и благодети, заедно да ги прославиме овие големи светлозарни светилници, неразрушливи столбови на Црквата: премудриот Златоуст, Великиот Василиј, со Григорија светлиот Богослов. Кон нив да повикаме од срце, велејќи: Преголеми светители, молете се на Христа Бога, да им даде прошка на гревовите на оние што со љубов го празнуваат вашиот свет спомен.
Слава: Откако примивте мудрост од Бога како тројца нови апостоли Христови, вие со мудроста на словото ги составувате догматите што порано, со силата на Духот, со прости зборови ги изложуваа рибарите, зашто така требаше да го добие својот тек нашата права вера. Оттука, сите ние ви пееме: Молете се на Христа Бога, да им даде прошка на гревовите на оние што со љубов го празнуваат вашиот свет спомен.
И сега, богородичен:
Богородице Дево, види ја мојата смирена душа која, без кормило, се дави во бурата на животот и во брановите на искушенијата, видливо потопена под товарот на гревовите, ризикувајќи да падне во дното на пеколот. Побрзај и со милоста на твоите молитви дај и мир и од неволи избави ја, зашто ти си мирното пристаниште, која се молиш на Твојот Син и Бог, да ми дарува прошка на гревовите, бидејќи тебе те имам за моја надеж, јас твојот недостоен слуга.
Песна 4.
Ирмос: Го слушнав, Господи, гласот на Твојата промисла, и Те прославив, единствен Човекољупче.
Владичице, која Го роди Бога, исцели ги раните на моите душевни и телесни болести.
Со твоите молитви, Мајко Божја, избави ме од маки, бури и неволи, единствена сепеана.
Вознемируван од животни бранувања, избави ме, Дево, водејќи ме кон твоето пристаниште.
Друг канон.
Ирмос: Ти си дошол од Дева, не како посредник, ниту како ангел, но самиот Ти, Господи, си се воплотил, и си ме спасилмене, целиотчовек. Затоа Ти викам: Слава на Твојата сила, Господи.
Црпејќи од мудроста овдешна, вие го најдовте добриот правец кон мудроста Божја, затоа оваа, како слугинка, семудро и ја покоривте на онаа, преславни светители!
Љубители на мудроста, ако навистина ги сакате мудрите, и вие бидете мудри и научете се да говорите, сите вие што им се восхитувате на нивните говори, потоа вежбајте се во добрите дела и созерцавањето.
Богородичен: Како доцен дожд во овие последни времиња, Создателот на вековите и на водите влезе во твојата утроба, Сенепорочна, за да ги освежи во погодно време осиромашените.
Друг канон.
Ирмос: Ти си моја крепост, Господи, Ти си моја и сила. Ти си мој Бог и радост моја. Без да ги оставиш прегратките на Отецот, ја посети нашата сиромаштија. Затоа со пророк Авакум Ти викам: Слава и на Твојата сила, Човекољупче!
Великиот Василиј се покажа како огнен столб кој врвеше пред верните луѓе, и ги гореше непријателите на верата, а ги спасуваше луѓето што го следеа. Нека биде храбра и нека победува Црквата Христова, која се збогати со таков бранител.
војот збор, Григорие беше сладост за јазикот и наслада за секое слушање, за животот манна, слатка роса, мед од каменот, леб небесен ангелски, кој поканува да се наситуваме со сладоста негова, и гостите со радост ги исполнува.
Реката од духовни дарови се наполни дури до прелевање, и со својата златна уста, како поток од наслади, го напојува доброто лице на земјата, веселејќи и хранејќи го секој град Христов, со водите на божествените бранови.
Богородичен: Во Твојот Син, Владичице, тројцата богоносни учители исповедија една Божја природа, Кој прифаќа од проста да премине во сложена, но без никакво мешање, и проповедаа две природи, две волји и две дејства.
Катавасија 4: Твојата добродетел, Христе, ги покри небесата, зашто, откако излезе од Ковчегот на светињата од Твојата Мајка нетлена, се јави во храмот на Твојата слава, како дете носен на раце, и со Твојата похвала се исполни вселената.
Песна 5.
Ирмос: Господи, Подателу на светлина и Создателу на вековите, упати не во светлината на Твоите заповеди, бидејќи, освен Тебе, друг Бог не знаеме.
Ние што те знаеме за чиста Богородица, имајќи те за непобедливо оружје во различните непријателски искушенија, секогаш се избавуваме од секакво непријателско понижување.
Ти, која си повозвишена од херувимите, си Го родила воплотениот од тебе Единороден Син Божји, Кој е исполнувањето на Законот. Него моли Го за твоите слуги.
Ти која на твоите раце Го понесе Создателот на се, умилостиви Го кон нас со твоите молитви, за да ги спаси оние што сега од срце прибегнуваат кон тебе.
Друг канон.
Ирмос: Ти, Кој си просвештение на оние што лежат во темнина и спасение на очајните, Христе мој Спасителе, кон Тебе подранувам, Цару на мирот: просветли ме со Твојата светлина, зашто освен Тебе, за друт Бог не знам.
Човекољупче, Ти на Твоите светии си им дал целосно да го испијат изворот на Твоите дарови, кој, празнејќи се, никогаш не се исцрпува, но целиот свет го напојува со божествените потоци што течат од нивната утроба.
Зошто ми е златото? Зошто ми се богатството, славата и моќта? Дим што се разнесува низ водухот! Оти, се ќе исчезне; ветерот се ќе однесе! Единственото богатство што ми лежи на срце, тоа се тројцата учители проповедници.
Од една река тече нераспадлива храна, и божествена напивка; бесмртна храна за гладните, и нераспадлива напивка за жедните; жива вода за вечноста, и која ги држи живи оние што пијат од неа. Сите вие, со преизобилен живот, наситете се!
Богородичен: Злото ја употреби својата сила против нас, но не и до крај, бидејќи тоа ја загуби моќта своја, кога Дева Го роди Семоќниот, Кој ја зеде врз Себе немоќта на телото, и силниот во злобата го умртви.
Друг канон.
Ирмос: Зошто ме отфрли од Твоето лице, Светлино незаодна, и мене бедниот ме покри необична темнина! Но, се молам, обрати ме и, кон светлината на Твоите заповеди, патиштата мои насочи ги.
Со благодарствени гласови да ги прославиме мудрите познавачи на Божјите и човечките работи, кои, како пријатели на Вистината, ни ја објаснија природата на нештата, и нивниот Создател на сите ни Го објавија поблизу.
Божествените лекари, со своите мудри зборови, учења и вештини, ја ублажија горчливоста и киселоста на спасоносните лекови. Затоа, сите вие благочестиви, насладувајте се со нив, и спасувајте се.
Кога Божјите проповедници зборуваат за Божји работи, тогаш молчи секое слово, и Новиот завет се утврдува над Стариот, создавајќи ги светите списи на овие законодавци, според кои се раководи сето собрание на верните.
Богородичен: Смртната природа по светост ја надмина бесмртната, и Дева Отроковица ги надмина бесплотните ангели, зашто Го роди Бога Кој царува и со ангелите, кои не можат да гледаат кон Него.
Катавасија 5: Кога Исаија, во слика, Го виде издигнат на престол Бога на славата, окружен од ангели, викаше: Тешко мене, зашто Го видов Бога Кој се воплотува, Светлината што не заоѓа, и Кој со светот господари.
Песна 6.
Ирмос: Во бездната гревовна валајќи се, ја призивам неизмерливата бездна на Твоето милосрдие: Боже, изведи ме од распадливоста.
Знаејќи те за иристаниште на спасението, И пловејќи по животното море, те призивам, Владичице: Биди кормило на мојата душа.
Поради мојата мрзливост, отпаднав од чистиот живот, јас кутриот; но ти, Сечиста и Благословена, врати ме пак таму, според прописите на Твојот Син.
Удостој ме за твојата милост, Богородице, која Го роди премилостивото Слово, Кој со Својата крв ги ослободи луѓето од распадливоста.
Друт канон.
Ирмос: Голема гревовна бездна ме окружува; но, како пророкот (Јона) Ти викам: Господи, изведи ме од распадливоста.
Вие тројцата богослови, заедно богословите за трите својства на Света Троица: нероденоста на Отецот, раѓањето на Синот, и исходењето на Светиот Дух (само од Отецот).
Денес во овој дом свети спасение, зашто Христос ги почестува со Своето присуство двајца или тројца кои се собрани во Негово име.
Неиспитана е бездната што земјата ја дели од небесната височина, но љубовта кон небото, од земјата светителите ги вознесе повисоко и од небесата.
Богородичен: Имајќи те, Дево, за нов извор на тајните и нивен почеток, тројцата богослови, врз нови основи, пре-
красно ги хармонизираа своите говори.
Друг канон.
Ирмос: Очистн ме, Спасе, од многуте мои беззаконија и, се молам, од бездната на злото изведи ме. Кон Тебе повикав, и услиши ме, Боже на моето спасение.
Ние се научивме да богословиме Троица единствена, и примивме да воспеваме Единица Троична, а од отците навикнавме да се поклонуваме на единствената природа во Три Ипостаси.
Собеспочетното Слово беше во почетокот во Отецот, и Духот Божји беше Бог пребеспочетен: просто, едносушно, соприродно божество, како што велат божествените проповедници.
Собирам и разделувам, она што може собрано да се разделува, и Ја замислувам неразделната Единица, а ги созерцавам Трите Ипостаси; примам и тројца богоносни учители, кои ме учат да верувам така.
Богородичен: Без мајка пред телото, без татко по воплотувањето: Син на Отецот и на Мајката, така надумно ги именуваме и двете синовства, зашто на Бога Му прили-
чат преславните чудеса.
Катавасија 6: Кога со свои очи го виде спасението кое на луѓето им дојде од Бога, старецот извика кон Тебе: Христе, Ти си мојот Бог.
Кондак, глас 2.
Свештените и богогласни проповедници врвот на учителите си ги примил, Господи, во покој и за наслада во твоите блага, зашто нивните подвизи и смрт си ги примил како повозвишени од било какви жртви паленици.
Икос: Кој ќе може да ги отвори своите усни, и да го раздвижи својот јазик во чест на оние што дишеа со огнот и со силата на Словото и на Духот? Сепак, ќе се осмелам да кажам нешто, зашто овие три ерарси ја надминаа сета човечка природа, со мноштвото големи дарови, со дела и богосозерцанија, кои и во едното и во другото преизобилуваа. Затоа Ти изобилно ги удостои за тие дарови, како Твои верни служители, Единствен Кој ги прославуваш Твоите светии.
Песна 7.
Ирмос: Твоите три млади момчиња ја отфрлија безбожната заповед да и се поклонат на златната статуа, подигната во Деирската долина, но среде огнот фрлени, поросени пееја: Боже на татковците наши, благословен си.
Кога на крстот се прикова Оној што се воплоти од тебе, Богородице, Адамовиот список на гревот го скина. Него сега моли Го, Сенепорочна, да ги избави од беди сите оние што викаат со вера: Боже на нашите татковци, благословен си.
Владичице, ти си блага застапница на верните, и сега ти се молиме да им ја даруваш бездната на сострадание на сите оние што имаат надеж во тебе, и на твојот Син Му викаат: Боже на нашите татковци, благословен си.
Откако во крштението се облеков со красната облека на спасителните заповеди, кутриот јас ја осквернив со мрзливоста. Но сега ти приоѓам, Дево, просејќи преку тебе пак да се облечам во облеката на радоста.
Друг канон.
Ирмос: Богопротивната заповед на беззакониот мачител силен оган запали; а Христос, Кој е благословен и најславен, на младите момчиња (во разгорената печка) им пушти роса духовна.
Како восок што се топи од лицето на огнот, со вашата пламена проповед, блажени (ерарси), се победува и бега неподносливата дрскост на ересите, како и секое погрешно учење.
Тие ги отстранија лажните дрдорења на елинското празнословие, а за единствен господар меѓу луѓето го избраа елоквентното убедување. Овие тројца светители ја утврдија вистината, и целиот собор на верните го водат и уверуваат со зборови.
Богородичен: Во тебе се запре секое пророштво, и се исполнизачудењенанивните автори. Одтебе, пак, Пречиста, излегуваат и посветли чудеса, и ја откриваат мудроста на оние што ги објасниле.
Друг канон.
Ирмос: Божјото снисходење го збуни огнот во Вавилон во она време, затоа младите момчиња во печката се радуваа, со весели чекори, како во расцветена градина, и пееја: Благословен си, Боже, на нашите татковци.
Молчаливи и говорливи, видливи и слушани, богоглаголивите учители беа столбови на добродетелта и на мудроста, заповедајќи ни да викаме со збор и со дело: Боже на нашите татковци, благословен си.
Семудри (учители), примајќи ги вашите пораки како зраци од молњи, кои чудесно одекнуваа како Божји гласови од небото, и ние заедно со вас пееме: Боже на нашите татковци, благословен си.
Од вашите јазици, како од каменофрлачи, ќе бидат испуштани зрна од град, кои ќе ги кршат гнилите учења, ако некој, среде празни разговори, некогаш ќе се осмели да не изговори: Боже на нашите татковци, благословен си.
Богородичен: Во тебе, Дево, се всели и, по раѓањето, пак Дева те остави Оној што ги устројува елементите, и ја преобразува природата како што сака, Богородице Марие. Затоа и ние заедно со тебе, Сенепорочна, кон Него викаме: Боже на нашите татковци, благословен си.
Катавасија 7 Тебе Бог Словото, Кој во огнот ги пороси момчињата што Го славеа Бога, и Којшто се всели во нетлена Дева набожно да Ти пееме: Боже на нашите татковци, благословен си.
Песна 8.
Ирмос: На Бога, Кој во огнената печка слезе при еврејските момчиња и пламенот во роса го претвори: Пејте Му, дела, како на Господа и превознесете Го во сите векови.
Откако те имаме за цврст столб на крепоста, и скала, и пазителка, и застапница во верата, сега се спасуваме. Го воспеваме Твојот Син, Пречиста, и Го превозносиме во сите векови.
Богородице, ние те знаеме за чист извор на бесмртноста, зашто Го роди Словото на бесмртниот Отец, Кој ги избавува од смртта сите оние што Го превозносат во вековите.
За нас верните ти секогаш ни точиш целебни води. Црпејќи од тој извор благодат изобилна, ние Го воспеваме Твојот Син, Пречиста, и Го превозносиме во сите векови.
Друг канон.
Ирмос: На Бога, Кој во огнената печка слезе при еврејските момчиња и пламенот во роса го претвори: Пејте Му, дела, како на Господа и превознесете Го во сите векови.
Набожно разбираме и славиме една природа со рамноправни Лица, неизмерно моќна Единица и Троица, Која управува со целата вселена, оти тројцата богоносни (учители) ни предадоа да славиме така. Со нив и ние и се поклонуваме во вековите.
е соединија тројцата богопроповедници, кои го проповедаа единството во Троица, и во се ја запазија неразделноста на божествената природа, и од Неа ја примија неразделната слава, и Која ги повикува на единствена пофалба оние што Ја превозносат во вековите.
Богородичен: Дево, откако Добротворот ја прими нашата природа и ни ја даде Својата, ништо не трпеше а само твореше, зашто Он не обожува без да ја зема распадливоста наша. Уште повеќе, страдајќи доброволно, со Своите страдања ги уништува страстите, како што тајно не учат тројцата отци.
Друг канон.
Ирмос: Халдејскиот мачител, седумпати повеќе од обично, ја разгоре печката за благочестивите момчиња, но кога ги виде спасени од некоја повисока сила, на Творецот и Избавител Му викаше: Благословен си, Господи Боже, во вековите.
Оние што Бог Ги соедини во рамночесно единство, човекот, кога Ги прославува, да не Ги разделува, туку, сметајќи Ги за рамноправни во нивните дарови, нека Ги удостои и со еднакви химни, пеејќи: Млади момчиња, благословете; свештеници, запејте; луѓе, превозносете Ги во сите векови.
Овие силни и непобедливи бранители на божеството, и вистински сотрудници за вистината, откако ја испитаа бездната на Духот, од неа ја црпат чудесната наука за Бога, и не учат да пееме: Луѓе, превозносете Го Христа во сите векови.
Две големи светила од небото го осветлуваат наизменично она што е под сонцето; но од земјата, уште посветло, целата вселена ја озаруваат три преголеми светила, осветлувајќи се еден со друг, и пеејќи заедно: Луѓе, превозносете Го Христа во вековите.
Богородичен: Заради нас се случија и воплотувањето и чесните страдања; заради нас Бог се вброи меѓу мртвите, иако е бесмртен и нестрадален, но за Кого се вели дека зеде учество во страдањата и во смртта, за и во неа да Го
превозносиме Христа во вековите.
Катавасија 8: Набожннте момчиња стоејќи во неподносливиот оган, од пламенот неповредени ја пееја божествената песна: Сите дела Господови, благословете Го, Господа и превознесете го во сите векови.
На 9~та песна не пееме Почесна, туку ги пееме припевите:
Величај ја, душо моја, Почесната од небесните воинства Дева Пречиста Богородица.
Потоа ирмосот. По ова го пееме истиот припев и на другите богородични тропари.
Песна 9.
Ирмос: Словото Божјо од Бога, Кој со неискажлива мудрост дојде да го обнови Адама, што преку отровот падна во распадливост; Кој заради нас неискажливо се воплоти од света Дева, ние верните едномислено со песни Го величаме.
Богоблажена Отроковице, надежта моја од се срце ја полагам на тебе: Мајко на вистинскиот Живот, спаси ме; и моли се, Чиста, да се наситам од вечната наслада јас, кој со вера и љубов со песни те величам.
Дево, откако се покажа како врата на божествената светлина, мракот на душата моја озари го со нематеријалниот блесок на твојата светлина, и моли се да се избавам од вечниот оган, јас кој со вера и љубов со песни те величам.
Во твојата утроба се всели Синот, Кого што Отецот Го роди од утробата пред вековите, Кој стана вистински човек и тебе, Богомајко, те покажа како извор на дарови, нам, кои се поклонуваме на Твојата Рожба неискажлива.
Друг канон.
Ирмос: Бог и Господ Син на Беспочетниот Родител, кога се воплоти од Дева нам ни се јави, за да ги просветли помрачените и да ги собере расеаните; затоа сепеаната Богородица ние ја величаме.
На каноните од светите, на секој тропар ги пееме овие припеви:
Величај ги, душо моја, трите велики светила меѓу ерарсите.
Ете ги вашите дела и паства, за кој а претрпевте најголеми страдања, собрани во едно; и така тројцата заедно собрани, и ние со заедничка служба го славиме вашето единство.
Величај го, душо моја, свешникот со три светилки, кој ја осветлува Црквата Христова.
Во борбата против непријателите, благодатта предлага меч не со две острици, туку со три: еден меч искован на небесата, добро изострен од овие тројца (ерарски), кој непрестајно се бори за Едното Божество со Три Светлини.
Величај ги, душо моја, овие три светли украси на Црквата Христова.
Вашето жителство беше на небесата, преславни (светители), иако носевте тело, но постојано неосквернето. Сега, кога во нив живеете сесовршено, молете се за нас, кои остануваме на земјата, за да можеме и ние да мислиме за небесните работи, и да ги остваруваме.
Величај ја, душо моја, Дева Пречиста Богородица, која е почесна од небесните воинства.
Богородичен: Широчината на твоите величија, Владичице, ме стеснува и секој збор во мене се задушува од нивната густина; и што е сосема спротивно, нивното изобилство ме лишува од средствата. Затоа Го славам Оној што
тебе толку те возвеличи.
Друг канон.
Ирмос: Небото се исплаши и краиштата на земјата се зачудија, кога Бог им се јави на луѓето во тело, а твојата утроба стана поширока од небесата: затоа, Богородице, ангелите и луѓето заедно те величаат.
Величај ги, душо моја, тројцата пастири на Пресвета Троица.
Троичната добродетел се возвиси, и со слава ја исполни вселената, откако ни запали една друга светилка со три светила, како Свој одблесок-небесните тајноводители. Преку нив, и ние верните сме водени кон Божјото созерцавање.
Величај ги, душо моја, трите големи светила, кои примаат светлина од Трисолнечното Божество.
Никој не е втор меѓу овие тројца (светители), во смисла дека е прв по старешинство меѓу другите рамни на себе, но уште повеќе, победата на другите секој од нив радосно ја смета и за своја (победа), зашто меѓу нив нема место за зависта која го расипува едномислието.
Величај ја, душо моја, силата на Триипостасното и неразделно божество.
Верата на татковците, која ги покажа своите првородени синови, од нив раѓа блиски и непорочни чеда на Светлината, што Духот на животот, Кој преку нив зборува, ги прави совршени, и бара да биде запазен до крај мирот што од нив го наследи.
В еличај ја, душо моја, Дева Пречиста Богородица, која е почесна од небесните воинства.
Врвот на мудрите учители, Мајко Божја, твојот Син Го проповеда за Син на Живиот Бог; а тоа го научија не од телото и од крвта, туку од откровение на Отецот. Затоа, откако те прослави како Дева, Тој те возвеличи и како Мајка
и Богородица.
Катавасија: Во законот на сенката и Писмото, ние верните, гледаме праслика на тајната: секое машко дете кое ја отвора утробата, треба да Му биде посветено на Бога. Затоа Првороденото Слово од Беспочетниот Отец, Првородениот Син од неискусомажната Мајка, ние Го величаме.
Светилен.
Да ги прославиме богоносните отци трите светлозарни светилници, посветли од сончевите зраци, од светлоначалната Троица, и трисолнечни единици, натприродно соединети.
Слава:
Сите сега да ги прославиме: Василија Великиот, Григорија Богословот и Јована Златоустиот трите светлозарни светилници, посветли и од сонцето.
И сега: Единствено божество, Отче, Сине и Духу, по молбите на Василија, Григорија и Јована, и на Пречиста Богородица, да не се лишам од Твојата слава.
Хвалитни стихири, глас 5.
Радувајте се, тројца светители, на Црквата големи заштитници, на верата столбови, на верните поткрепа, на еретиците уривање, кои Христовите луѓе ги нахранивте со божествени учења и со добродетели ги воспитавте јасните проповедници на благодатта; кои ги изложивте Христовите закони за исполнување; водачи кон горните нешта, за рајот -влезови. Молете Го Христа, да им испрати на душите наши милост голема (2-пати).
Радувајте се, тројца светители, небоодни земни ангели, на светот спасение, радост на луѓето и учители на вселената, бранители на Словото, премудри лекари на душевните и телесните болести, духовни реки кои течат постојано и со зборови го напојуваат сето лице на земјата, богословни скалила, божествени златослови! Молете Го Христа, да им испрати на душите наши милост голема.
Радувајте се, тројца светители, земни сводови на сонцето, зраци и светила од трисолнечното озарение, на помрачените прогледување, благомирисни рајски цветови прекрасен Богослову, мудри Василие и Златоусте; штички на Духот, таблици од Бога напишани, извори од кои тече спасително млеко, украси на мудроста! Молете Го Христа, да им испрати на душите наши милост голема.
Слава, глас 5:
Да запееме песни како со труба, да ликуваме празнично, да заиграме радувајќи се во пречесното торжество на учителите наши! Нека се соберат цареви и кнезови, и светителите со песни да им ракоплескаат на овие три преголеми реки, кои источија добротечни и вечни учења на Духот; пастирите и учителите на Пречиста Троица тројните свештенотајници, собрани, да ги прославиме: мудрите философи, јереи и пастири; на грешниците застапници, на бедните збогатители, на оние што се во неволја утешители, на патниците сопатници, на оние што се на море кормилари; и сите ние, на кои тие секогаш ни приоѓаат на помош, прославувајќи ги божествените архијереи, да речеме вака: Пресвети учители, побрзајте да ги ослободите верните од животните соблазни и да ги избавите од вечните маки, со вашите молитви.
Исега, богородичен: (од патријархот Герман)
Да затрубиме песни како со труба, зашто Царицата на се, Мајката Дева, откако погледна од небото, со благослови ги овенчува оние што ја воспеваат неа. Цареви и кнезови да се соберат, и со песни да и ракоплескаат на Царицата, која Го роди Царот, Кој човекољубиво благоволи да ги ослободи оние што смртта ги држеше од порано. Пастири и учители, собрани заедно, да ја прославиме пречистата Мајка на Добриот Пастир: златозарниот свешник, светлоносниот облак, која е поширока и од небесата; духовниот ковчег, огнозрачниот престол на Господа, златната стомна за манна, затворената врата на Словото, прибежиште за сите христијани. Со песни богогласни фалејќи ја, да речеме вака: Палато на Словото, удостој не нас смирените, за Царството небесно, оти ништо не е невозможно за твоето посредништво.
Големо славословие. И отпуст.
На Литургија:
Блажени од првиот канон 3"та песна, и од вториот канон 6'та песна.
Прокимен,
глас 8:
Нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата
на вселената.
Стих: Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови известува сводот небески.
Апостол, до Евреите (13,7-21),
зачало 334.
Алилуја, глас 4: И небото ќе ги прославува, Господи, Твоите чудесни дела.
Евангелие според Матеј (5, 14-19), зачало 11: Рече Господ на Своите ученици: Вие сте светлината на светот:
Причесен: Радувајте се, праведници, во Господа: на праведниците им прилега похвала.
†
Мистична
Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie