АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА
-
ОД КНИГАТА ПОСЕН ТРИОД (може да се купи во митролија)
По Шестопсалмие, Бог Господ: на Глас 8. Тропар, Глас 8.
Кога ангелот ја прими на ум заповедта, бргу отиде
во домот Јосифов, велејќи и на неискусобрачната:
Оној
што со своето доаѓање ги приклони небесата, целиот
неизменливо се сместува во тебе.
Гледајќи то како во
твојата утроба прима облик на слуга, вчудовиден ти
викам:
Радуј се, Невесто неневесна
(3пати).
Потоа ја читаме 16та катизмата од Псалтирот: Рече Господ
на мојот
Господ:
Потоа мала ектенија и кондак,
Глас 8.
Тебе, Богородице, поборнице војвотко, ние твоите
слуги, од злото избавени, победна и благодарствена
песна ти пееме: Како онаа што имаш сила непобедлива,
од секакви неволи ослободи не, за да ти викаме: Радуј
се, Невесто неневесна!
За тоа време ѓаконот (свештеникот) ги кади иконите
и браќата (народот), по ред. На другите, само настојателот
хоровите (певниците). И читаме 6 икоса и кондака. За време
на читањето стоиме:
Икос
1: Ангел застапник беше испратен од небото
да и рече на Богородица: Радуј се! И гледајќи дека Ти,
Господи, со гласот на бесплотниот се воплотуваш,
зачуден стоеше и вака и велеше:
Радуј се, од тебе ќе изгрее радоста; радуј се, преку тебе ќе исчезне клетвата!
Радуј се, на паднатиот Адам враќање; радуј се, Евино од солзи избавување!
Радуј се, височино за човечките помисли тешко достижна; радуј се, длабочино и за ангелските очи несогледлива!
Радуј се, зашто си престол на Царот; радуј се, зашто Го носиш Оној што носи се!
Радуј се, ѕвездо што Го навестуваш Сонцето; радуј се, утробо на божественото воплотување!
Радуј се, преку тебе тварта се обновува; радуј се, преку тебе на Творецот Му се поклонуваме!
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 2: Светата, гледајќи се себе во чистота, смело му вели на Гаврила: Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: Алилуја!
Икос 2: Барајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева повика кон служителот: Кажи ми како е можно да се роди Син од чиста утроба! А тој со страв и рече вака:
Р адуј се, тајнице на неискажливиот Совет (Божји); радуј се, пазителко на тајна што бара молчење!
Радуј се, ти си почеток на Христовите чудеса; радуј се, ти си основа на Неговите заповеди!
Радуј се, лествице небеска, по која слезе Бог; радуј се, мосту кој луѓето ги преведуваш од земјата кон небото!
Радуј се, чудо преславно за ангелите; радуј се, рано најстрашна за демоните!
Радуј се, ти што неискажливо ја роди Светлината; радуј се, ти која никому не кажа како стана тоа!
Радуј се, ти што го надминуваш знаењето на премудрите; радуј се, ти која го просветлуваш умот наверните!
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 3: Силата на Севишниот ја осени Безбрачната за да зачне, и нејзината доброплодна утроба ја покажа како плодна нива за сите што сакаат да жнеат спасение и вака да пеат: Алилуја!
Икос 3: Имајќи го Бога во својата утроба, Дева отиде при Елисавета, чиј младенец, штом го позна нејзиниот поздрав, се радуваше и, со играње како со песни, викаше кон Богородица:
Радуј се, вејче, од неовенлива гранка; радуј се, на бесмртниот плод Поседнице!
Радуј се градино на Господа Човекољубецот; радуј се, Ти која Го роди Садителот на нашиот живот!
Радуј се, ниво, која раѓаш богатство од штедроти; радуј се, трпезо, која носиш изобилство на очистувања!
Радуј се, ти цутиш како рајот на убавините; радуј се, зашто ти го подготвуваш пристаништето за душите!
Радуј се, благопријатно за молитвата кадило; радуј се, на целиот свет очистување!
Радуј се, Божјо благоволение кон смртните; радуј се, за смртните смелост пред Бога.
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 4: Имајќи во себе бура од помисли на сомневање, непорочниот Јосиф се смути кога те гледаше тебе, Безбрачната, помислувајќи, Пречиста, дека си згрешила. Но, кога дозна дека твоето зачнување е од Светиот Дух, рече: Алилуја!
И пак кондакот: Тебе, Богородице поборнице: Потоа непорочни (Пс. 118) и мала ектенија.
И пак кондакот: Тебе, Богородице, поборнице: и другите 6 икоси и кондаци:
Икос 4: Пастирите ги слушнаа ангелите како го воспеваат Христовото доаѓање во тело, и отрчаа при својот Пастир и Го видоа како чисто Јагне, како почива во прегратките на Марија и, пеејќи и, рекоа:
Радуј се, Мајко на Јагнето и Пастирот; радуј се, трло на разумните овци!
Радуј се, заштитнице од невидливите непријатели; радуј се, ти која ги отвораш рајските двери!
Радуј се, бидејќи небесните се радуваат со земните; радуј се, зашто земните ликуват со небесните!
Радуј се, трајна усто на апостолите; радуј се, непобедлива смелост на мачениците!
Радуј се, цврста поткрепо на верата; радуј се, светло познание на благодатта!
Радуј се, преку тебе адот се соголи; радуј се, преку тебе ние со слава се облековме.
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 5: Кога мудреците ја видоа ѕвездата што кон Бога ги води, тие ги следеа нејзините зраци. И, имајќи ја за свој светилник, со неа го бараа силниот Цар и, кога стигнаа до Недостижниот, Му се зарадуваа, викајќи: Алилуја!
Икос 5: Мудреците халдејски Го видоа во рацете на Дева Оној што со раце ги создал луѓето и, кога во Него
То препознаа Господа, иако примил облик на слуга, побрзаа да Му послужат со дарови и на Благословената да и повикаат:
Радуј се, Мајко на Ѕвездата што не заоѓа; радуј се, зраку на таинствениот ден!
Радуј се, ти што ја изгасна печката на прелеста; радуј се, ти која ги просветлуваш тајниците на (Света) Троица!
Радуј се, ти што му ја одзеде власта на нечовечниот мачител; радуј се, ти која Го покажа Човекољубецот, Господа Христа!
Радуј се, ти која избавуваш од варварското служење; радуј се, ти која не ослободуваш од лоши дела!
Радуј се, ти која го прекрати поклонувањето на огнот; радуј се, ти која не ослободуваш од пламенот на страстите!
Радуј се, ти која ги учиш верните на целомудрие; радуј се, ти си радоста за сите народи!
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 6: Откако мудреците станаа богоносни проповедници, се вратија во Вавилон, исполнувајќи го твоето пророштво, и на сите им објавија дека си Ти Христос и го оставија Ирода како будала, кој не знае да пее: Алилуја!
Икос 6: Спасителе, Кој во Египет ја покажа светлината на вистината, ја изгони темнината на лагата; идолите паднаа не можејќи да ја поднесат Твојата сила, а оние што се избавија, викаа кон Богородица:
Радуј се, ти ги подигаш луѓето; радуј се, ти ги соборуваш бесовите!
Радуј се, ти што ја уништи моќта на прелеста; радуј се, ти што ја изобличи идолската лага!
Радуј се, море, кое го потопи духовниот фараон (ѓаволот); радуј се, камену кој жедните за живот ги напои!
Радуј се, огнен столбу, кој ги водиш оние што се во темнина; радуј се, покрову на светот, кој си поширок од облак!
Радуј се, духовна храно, приемнице на мана; радуј се, служителко на света наслада!
Радуј се, земјо ветена; радуј се, од тебе тече мед и млеко.
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 7: Кога требаше Симеон да се пресели од овој лажовен век, му беше предаден в раце нему. Но тој Те позна и како совршен Бог. Затоа се чудеше на Твојата неискажлива премудрост и велеше: Алилуја!
И пак кондакот: Тебе, Богородице, поборнице: Псалм 50. И каноните: на светителот на обителта (манастирот), со ирмоси на 6; и на Пресвета Богородица на 6. Творба на Господин Јосиф (Ако храмот е посветен на Богородица, пееме канон на празникот на Богородица со ирмоси на 12. Ирмосите по двапати: Тропарите на 10), Глас 4.
Песна 1
Ирмос: Ќе ја отворам устата моја, и со Дух ќе се исполни, и збор ќе и кажам на Мајката Царица, и ќе се покажам светло торжестувајќи и, радувајќи се, ќе ги воспеам нејзините чудеса.
Припев: Пресвета Богородице, спаси не.
Чиста (Дево), Архангелот Гаврил те гледаше како жива Христова книга, со Духот запечатена, и ти велеше: Радуј се, прибежиште на радоста, преку кое се ослободивме од клетвата прамајчинска.
Радуј се, Дево Богоневесто, Адамово подигање, и адово умртвување. Радуј се, Сенепорочна, палато на Царот на сите! Радуј се, престоле огнен на Седржителот!
Радуј се, Цвету неовенлив, единствена која израсна јаболко благомирисно! Радуј се, ти која роди благоухание на единствениот Цар! Радуј се, неискусобрачна, на светот спасение.
Радуј се, ризницо на чистота, преку која од нашиот пад се кренавме! Радуј се, Владичице, благомирисен крину на верните, благопријатен темјану и миро скапоцено!
Катавасија: Ке ја отворам устата моја, и со Дух ќе се исполни, и збор ќе и кажам на Мајката Царица, и ќе се покажам светло торжестувајќи и, радувајќи се, ќе ги воспеам нејзините чудеса.
Песна 3
Ирмос: Твоите песнословци, Богородице жив и независен изворе, откако ќе ги собереш околу себе, духовно утврди ги и, во твојата божествена слава, со венците на славата удостој ги.
Како нива неорана, од која израсна божествената храна, радуј се, духовна трпезо, која Го смести Лебот на животот! Радуј се, Владичице, неисцрпен изворе на вода животворна!
Радуј се, Дево, ти Го роди Јагнето Божјо, кое ги зема гревовите на целиот свет! Радуј се, топло очистилиште!
Радуј се, утро најсветло, единствена што Го носеше Сонцето Христос! Радуј се, живеалиште на Светлината, кое ја разруши темнината и оттаму ги прогони мрачните бесови!
Радуј се, врато единствена, низ која единственото Слово мина; Владичице, која со Твоето раѓање ги скрши резињата и вратата адова! Радуј се, Богоневесто, божествен влезу на оние што се спасуваат!
Катавасија: Твоите песнословци, Богородице жив и независен изворе, откако ќе ги собереш околу себе, духовно утврди ги и, во твојата божествена слава, со венците на славата удостој ги.
Мала ектенија. По возгласот, кондак: Тебе, Богородице, поборнице: И ги читаме другите шест икоси и кондаци.
Икос7: Кога се јави Создателот, нам, на создадените од Него, ни ја покажа новата твар, откако се роди од бессемената утроба, и ја запази нетлена, каква што беше и порано, та, гледајќи го чудото, да ја воспееме, викајќи:
Радуј се, цвету на бесмртноста; радуј се, венецу на воздржанието!
Радуј се, светол примеру на воскресението; радуј се, ти која го откриваш ангелскиот живот!
Радуј се, дрво светлоплодоносно, од кое се хранат верните; радуј се, дрво лиснато од Бога, под чија сенка се засолнуваат мнозина!
Радуј се, ти која во утробата си Го носела Избавителот на пленетите; радуј се, ти што го роди водачот на заблудените!
Радуј се, молителко на праведниот Судија; радуј се, преку тебе се проштеваат многу согрешенија!
Радуј се, облеко на лишените од смелоста; радуј се, љубов што победува секаква лоша желба!
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 8: Откако го видовме чудното раѓање, да се оддалечиме од овој свет и нашиот ум да го издигнеме кон небото, зашто заради тоа високиот Бог се јави на земјата како смирен човек, сакајќи да ги привлече кон висините оние што му пеат: Алилуја.
Икос 8: Неискажливото Слово беше целосно на земјата, без и најмалку да отстапи од небесата, зашто Божјото снисходење и раѓањето од Дева, не беше и промена на место, ами Божја милост; затоа да и запееме на Богородица:
Радуј се, место на Бога несместливиот; радуј се, врато на чесната тајна!
Радуј се, ти за која неверните слушаат со сомневање; радуј се, сигурна пофалбо на верните!
Радуј се, колеснице пресвета на Оној што седи на херувимите; радуј се, преславно живеалиште на оној што седи на серафимите!
Радуј се, ти која ги собра заедно спротивностите; радуј се, ти што ги соедини девството и раѓањето!
Радуј се, преку тебе се разреши престапот; радуј се, преку тебе се отвори рајот!
Радуј се, клучу на Царството Христово; радуј се, надеж на вечните богатства!
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 9: Сите ангели се зачудија на големото дело на Твоето вочовечување, зашто во недостапниот Бог гледаа достапен човек, Кој престојува со нас и од сите слуша: Алилуја!
Икос 9: Красноречивите беседници ги гледаме како безгласни риби, кога станува збор за тебе, Богородице, зашто не можат да објаснат како си можела да родиш и Дева да останеш! Ние, пак, и се восхитуваме на тајната и верно викаме:
Радуј се, живеалиште на Божјата Премудрост; радуј се, ризницо на Неговата промисла!
Радуј се, ти што мудреците ги покажуваш како немудри; радуј се, ти која ги изобличуваш за неразумност красноречивите!
Радуј се, зашто полудеа злонамерните испитувачи; радуј се, зашто овенаа баснотворците!
Радуј се, ти која ги растури итрите сплетки на атињаните; радуј се, ти што ги полниш мрежите на рибарите!
Радуј се, ти која извлекуваш од длабочината на незнаењето; радуј се, ти која просветлуваш мнозина со знаење!
Радуј се, корабу на оние што сакаат да се спасат; радуј се, пристаниште на оние што пловат во животот! Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 10: Украсителот на се, сакајќи да го спаси светот, доброволно дојде во него и, бидејќи добар Пастир, како Бог заради нас се јави како човек. Затоа, откако создаденото по Свој образ го повика кон подобие, како Бог слуша: Алилуја!
И пак кондакот: Тебе, Богородице, поборнице:
Седален, Глас 1. Подобен: Гробот Твој:
Големиот воин на ангелските чинови, кога во градот Назарет застана пред тебе, Чиста, ти јави за Царот и Господ на вековите, велејќи ти: Радуј се, благословена Марие, недостижна и неискажлива длабочино, враќање на луѓето!
Слава, и сега: исто. Песна 4
Ирмос: Оној што седи во славата, на престолот од Божеството најбожествениот Исус, дојде на лесен облак и со нетлената рака ги спаси тие што викаат: Слава и, Христе, на силата Твоја.
Дево преславна, со песни те величаме: Радуј се, плодна горо со Дух напоена! Радуј се, светилнику и стомно златна што носиш мана, која ги засладуваш чувствата на сите верни!
Радуј се, Пречиста Владичице, на светот очистилиште! Радуј се, лествице, која сите од земјата ги издигнуваш со благодат! Радуј се, мосту кој навистина ги преведуваш од смртта кон животот, сите што тебе ти пеат!
Радуј се, Пречиста, повисока и од небесата, која во својата утроба лесно ја носеше основата на земјата! Радуј се, пресо која од твојата крв ја натопи божествената багреница на Царот семоќен!
Радуј се, Владичице, која Го роди вистинскиот Законодавец, Кој беззаконијата на сите бесплатно им ги очистува! Радуј се, несознатлива длабочино, неискажлива височино, браконеискусна, преку која ние се обоживме!
Тебе, која на светот му исплете венец со раце неисплетен, ти пееме, викајќи: Радуј се, Дево, пристаниште на сите, и оградо, и тврдино и свештено прибежиште!
Катавасија: Оној што седи во славата, на престолот од Божеството најбожествениот Исус, дојде на лесен облак и со нетлената рака ги спаси тие што викаат: Слава и, Христе, на силата Твоја.
Песна 5
Ирмос: Целиот свет и се чудеше на твојата божествена слава, зашто ти неискусобрачна Дево, си Го имала во утробата Оној Кој е Бог над сите и си Го родила вечниот Син, Кој им дава мир на сите оние што тебе те воспеваат.
Радуј се, Пренепорочна, која Го роди Патот на животот и која то спаси светот од гревовниот потоп! Радуј се, Богоневесто, која со страв ги прими зборовите Божји! Радуј се, живеалиште на Господарот на созданието!
Радуј се, Пречиста, крепост и тврдино на луѓето, осветување, место на славата, умртвување адово, палато најсветла! Радуј се, ти која си радост на ангелите! Радуј се, помошнице на оние што верно ти се молат!
Радуј се, Владичице, на Словото огнена колеснице, духовен рају кој во себе Го имаш дрвото на животот Господа, Кој со Својата сладост ги оживотворува оние што со Него се причестуваат и ги подига паднатите.
Поткрепени со твојата сила, верно ти викаме: Радуј се, граде на Царот на сите, горо несечена, за која се раскажуваат и се слушаат чудесни и достојни работи! Радуј се, длабочино неизмерна!
Радуј се, Пречиста, пространо живеалиште на Словото, сосуде од кој Божествениот бисер произлезе!
Радуј се, сечудно измирување со Бога, на сите што секогаш те слават тебе Богородице.
Катавасија: Целиот свет и се чудеше на твојата божествена слава, зашто ти неискусобрачна Дево, си Го имала во утробата Оној Кој е Бог над сите и си Го родила вечниот Син, Кој им дава мир на сите оние што тебе те воспеваат.
Овде престанува канонот на светителот на обителта.
Песна 6
Ирмос: Славејќи го овој божествен и сечесен празник на Божјата Мајка, дојдете, богомудри, со рацете да заплескаме и родениот од неа Бог да Го славиме.
Радуј се, Пречиста, неосквернета палато на Словото, преку која сите се обожуваме! Радуј се, славо на пророците кои за тебе предвестувале! Радуј се, украсу на апостолите!
Од тебе падна роса, која пламенот на безбожието го изгасна. Затоа ти викаме: Радуј се, Дево, руно духовно кое Гедеон го предвиде!
Ете, тебе, Дево, ти викаме: Радуј се, среде брановите биди ни пристаниште, и тивко засолиште во морето на неволјите и помош против сите соблазни.
Ти, која си причина за секоја радост, облагодати ги нашите помисли, за да ти викаме: Радуј се, капино несогорлива, сесветол облаку, кој непрестајно ги осенуваш верните.
Потоа четворопеснец, творба на Јосиф. Песна 6
Ирмос: Гледајќи го морето на животот, бранувано од бурата на искушенија, кон Твоето тивко пристаниште трчам и Ти викам: изведи го од гибел мојот живот, Многумилостиве.
Мачениците, откако пострадаа, и како избрани камења по земјата фрлани беа, градбите на секој враг совршено ги превртеа и храмови на живиот Бог станаа.
Ве молиме вас, маченици (свети), кои добрата трка ја завршивте, и не поткрепивте посниот подвиг добро да го истрчаме и во совршенството на добордетелите да засветлиме.
Слугите Твои, Владико, кои од земјата кон Тебе Преблагиот се претставија, заедничари на Твоето Царство направи ги, преку светите застапништва на Твоите маченици, Многумилостиве.
Богородичен: Мајко Дево, единствена севоспеана, на Сесветото Слово моли се, на оние што ти пеат со вера, да им даде прошка на гревовите и удел во Божјите дарови.
Друг. Ирмос, Глас 5: Ти си го избавил пророкот од китот: и мене од бездната на гревовите избави ме, Господи, и спаси ме.
Славејќи го споменот на мачениците, на Господа песни да Му испратиме, денес божествено веселејќи се.
Црпејќи храброст од верата, страдалници, од мечеви и оган не се исплашивте, а со тоа мачителите ги ранивте.
Троичен: Троице по лица, Те воспевам, на Единица по суштество се поклонувам, Тебе Оче, Сине и Духу Свети.
Богородичен: Дево, ти си похвала на ангелите и луѓето, зашто си Го родила Христа, Спасителот на душите наши.
Стих: Чудесен е Бог во своите светии, Бог Израилев.
Откако смртта со живот ја заменивте, се радувате живеејќи на небесата, маченици преславни на Христа Бога.
Стих: Душите нивни ќе се населат во блаженство.
Христе (Боже), Кој владееш со живите и мртвите, оние што од овој живот се претставиле со вера, со светите Твои упокој ги.
Ирмос: Ти си го избавил пророкот од китот: и мене од бездната на гревовите избави ме, Господи, и спаси ме.
Ектенија мала. И пак го пееме кондакот: Тебе, Богородице, поборнице:
И ги читаме останатите 6 икоси и кондаци. Икос 10: Богородице Дево, ти си закрила за девиците, и за сите што доаѓаат кај тебе, зашто Творецот на небото и на земјата те направи така, Пречиста, кога се всели во твојата утроба и ги научи сите да ти пеат:
Радуј се, столбе на девството; радуј се, врато на спасението!
Радуј се, началнице на духовниот растеж; радуј се, подателко на божествената добрина!
Радуј се, зашто ти си ги обновила срамно зачнатите; радуј се, зашто ти си ги вразумила духовно расеаните!
Радуј се, ти која го уништуваш заводникот на умовите; радуј се, ти што Го роди Сејачот на чистотата!
Радуј се, палато на бессемено невестинство; радуј се, ти што ги соединуваш верните со Господа!
Радуј се, добра хранителко на девојките; радуј се, невесто украсителко на светите души!
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 11: Бессилна е секоја песна што сака да ги опфати сите твои добрини, Господи, зашто да Ти принесуваме песни многубројни како песокот, Царе Свети, не правиме ништо достојно за тоа што си ни го дал нам кои Ти пееме: Алилуја!
Икос 11: Света Дева ја гледаме како запалена свеќа, која им се јави на оние што беа во темнина, зашто палејќи го духовниот оган, таа ги води сите кон богопознание, и умот го просветлува со божествени зраци. Затоа и пееме:
Радуј се, зраку на духовното Сонце; радуј се, светило на незаодната Светлина!
Радуј се, светкавице што ги просветлуваш душите; радуј се, ти што како гром ги плашиш непријателите!
Радуј се, ти што зрачиш многусветло просвештение; радуј се, од тебе извира многуводна река!
Радуј се, ти што живо ја претставуваш бањата; радуј се, ти што ја отстрануваш гревовната нечистотија!
Радуј се, бањо што ја миеш совеста; радуј се, чашо која црпеш радост!
Радуј се, мирису на Христовото благоухание; радуј се, животе на таинственото веселие!
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 12. Оној што ги простува долговите на сите луѓе, кога посака да даде милост за старите долгови, Самиот дојде при оние што се беа оддалечиле од Неговата благодат, го скина списокот на гревовите и од сите слуша: Алилуја!
Икос 12: Богородице, воспевајќи го твоето раѓање, те фалиме како духовен храм, зашто Господ, Кој држи се во Своја рака, се всели во твојата утроба и ги освети, ги прослави и ги научи сите да ти викаат:
| адуј се, скинијо на Бога Словото; радуј се, ти која си поголема и од Светињата над светињите!
Радуј се, ковчегу позлатен од Духот; радуј се, неисцрпна ризнице на животот!
Радуј се, чесен венецу на благочестивите цареви; радуј се, чесна похвало на набожните свештеници!
Радуј се, непоклатен столбу на Црквата; радуј се, неразрушлив бедему на царството!
Радуј се, преку тебе се креваат знамиња на победи; радуј се, преку тебе паѓаат непријателите!
Радуј се, лекарство на моето тело; радуј се, спасение на мојата душа!
Радуј се, Невесто неневесна!
Кондак 13: О, Мајко сепеана, која Го роди Словото, Кое е посвето од сите светии. Прими го овој наш сегашен принос и избави ги од сите напасти и идни маки оние што ти пеат: Алилуја!
Овој кондак се пее 3 пати.
И пак се чита првиот икос: Ангел застапник:
И пак кондакот: Тебе, Богородице, поборнице:
СИНАКСАР
Прво во Минеј, а потоа следниов.
Стихови:
Благодарствено, со песни непрестајни, Нападнатиот од непријатели град и пее на својата заштитничка.
Во овој ден празнуваме неседална песна Акатист на Пресветата Владичица наша Богородица, од овие причини: Кога Ираклиј управуваше со византиското царство, персискиот цар Хозрој, гледајќи дека моќта на Грците значително ослабела поради тиранијата на императорот Фока, испрати еден од своите велможи, по име Сарвар, со илјадници елитни војници, за да ги покори за себе сите источни земји. Кога велможата Сарвар ги плени сите источни земји, тој стигна и до самиот златен град (Хрисополис), кој сега се именува Скутари. Царот Ираклиј, поради недостатокот на општественото богатство (злато), свештените и црковни сосуди ги претвори во златници, заради поголем и посовршен реванш, употреби бродови на Црното Море, за да ги отфрли на персиска страна; тој ја уништи нивната моќ и Хозрој беше победен со остатокот од неговата војска. Малку подоцна, Сирој, синот на Хозрој, се побуни против својот татко и ја грабна власта. Тој го уби својот татко Хозрој и се здружи со царот Ираклиј. Но, хаганот мисојски и скитски, кога дозна дека царот го минал Црното Море за да се бори со Персијанците, го раскина примирјето со Грците и, на чело со илјадници војници, стигна до Константинопол од западната страна, извикувајќи хулни гласови против Бога. Веднаш морето разочарува, туку сета своја надеж од душа да Му ја предаде на Бога и на Неговата Пречиста Мајка Богородица. Исто и патрицијот Вонос, кој тогаш управуваше со градот, го направи она што беше потребно за да ги одбие непријателските војници. Тој велеше: „Треба и ние, покрај помошта одозгора, да го направиме она што е во наша моќ". А патријархот, со сиот народ, носејќи ја иконата на Божјата Мајка по бедемите, им даваше подршка. Додека Сарвар од исток, а Хаганот од запад почнаа да ја палат околината на градот, патријархот ја носеше и иконата „Неракотворен Образ Христов", чесниот и животворен Крст, како и чесната риза на Богомајката, околу градските бедеми. А Хаганот Скитјанин ги напаѓаше градските бедеми од копно со толку големо мноштво, што на еден Грк имаше по десет Скити. Но, непобедливата Војвотка (Богородица), со малиот број војници што се наоѓаа крај нејзиниот храм, наречен Извор, го уништи нивното мноштво. Тогаш Грците, охрабрени и радосни, под водство на непобедливиот Војвода Божјата Мајка, ги победија до крај и засекогаш. Кога им предложи примирје, граѓаните одбија, а Хаганот им рече: „Не залажувајте се со Бога во кого вие верувате, бидејќи утре секако ќе го освојам вашиот град". Граѓаните, кога го слушнаа ова, ги пружаа своите раце кон Бога. Откако се договорија, Хаганот и Сарвар нападнаа и од копно и од море, обидувајќи се да го заземат градот со помош на лукавства. Но, толку беа победени од Грците, што преживеаните не беа способни да ги изгорат ни мртвите. Чунови полни со војници, минувајќи низ кривината наречена Рог, се упатија кон Богородичната црква во Влахерна, но една силна бура го разниша морето ненадејно и оваа флота беше разбиена, уништена со сите непријателски бродови. И можеше да се види тоа чудо на Мајката Божја: ги одби од брегот во Влахерна сите напаѓачи. Тогаш народот побрза да ги отвори портите и речиси сите ги испотепаа, па дури и жените и децата се кренаа против непријателот. Нивните началници се вратија, плачејќи и редејќи. А богољубивите луѓе на градот Константинов, оддавајќи и благодарност на Мајката Божја, отпеаја една сеноќна песна, без седење (неседална Акатист), бидејќи и таа самата не престануваше да бдее за нив, и со натприродна сила таа ги победи непријателите.
Оттогаш, во спомен на тоа толку големо и натприродно чудо, Црквата го прими овој празник во чест на Мајката Божја, во ова време од годината кога се случи таа победа. А се именува Акатист, бидејќи тогаш беше отслужен стоејќи од страна на свештенството и од сиот народ.
Триесет и шест години подоцна, за време владеењето на Константин Погонат, Агарените собраа огромна војска и повторно го нападнаа Константиновиот град и го опседнуваа седум години и, кога тие зимуваа покрај Кизик, тие погубија многу свои (жители). Потоа, откако се откажаа и се вратија со нивната флота, сите тие беа проголтани од морето, покрај Силое, благодарејќи на заштитата на сечистата Богомајка.
И по третпат, за времето на Лав Исавријанин, потомците на Агара, на број повеќе илјади, најнапред го разурнаа Персиското царство, потоа Египет и Либија, ги освоија и Индија, Етиопија и Шпанија. Најпосле го нападнаа и царскиот град со илјада и осумстотини бродови. Тие го опколија и чекаа да го ограбат. Но градските посветени луѓе, носејќи го чесното дрво на чесниот и животворен Крст, и чесната икона на Мајката Божја Одигитрија (Патеводителка), ги обиколија градските бедеми, молејќи Го Бога со солзи. Тогаш на Агарените им се стори дека е подобро да се поделат на две групи: едните тргнаа против Бугарите и таму загинаа повеќе од дваесет илјади; другите беа оставени околу градот за да го заземат. Бидејќи беа спречени од веригите кои одат од Галата до градските ѕидови, тие допловија некаде до местото кое се именува Состен, но таму почна да дува северен ветар и многу нивни бродови се искршија и се потопија. Преживеаните станаа плен на голем глад, така што почнаа да јадат и човечки тела и кал. Потоа, бегајќи, стигнаа до Егејско Море, но таму се потопија со сите нивни бродови, бидејќи падна силен град од небото и го разбранува морето, така што ја распрсна и
смолата на бродовите, и така изгина оваа огромна војска, од која останаа само тројца за да раскажат.
Поради сите овие натприродни чуда на Пречистата Богомајка, ние го празнуваме овој празник. А го именуваме Акатист, бидејќи таа ноќ сиот народ остана стоејќи за да ја пее химната на Мајката на Словото. Ако при пеење други песни може и да се седи, овие на Божјата Мајка сите простум ги слушаме.
По молитвите на Твојата непобедлива Мајка, Христе Боже наш, избави не и нас од неволјите што не притискаат, и помилуј не како единствен Човекољубец.
Песна 7
Ирмос: Богомудрите момчиња не им послужија на тварите, наместо на Создателот, но, откако храбро ја победија огнената закана, се радуваа пеејќи: Највоспеаниот Господ и Бог на татковците, благословен си.
Ти пееме и викаме: Радуј се, колеснице на духовното Сонце, лозо вистинска, која Го произведе зрелиот Грозд, кој точи вино што ги весели душите на оние што те слават со вера.
Радуј се, Богоневесто, која Го роди Лекарот на сите луѓе, жезолу таинствен, од кој процуте Цветот неовенлив! Радуј се, Владичице, преку која со радост се исполнуваме и живот наследуваме!
Јазикот на беседниците не може со песни да те прослави, Владичице, зашто се издигна повисоко од серафимите, кога Го роди Царот Христа. Него моли Го овој народ да се избави од многуте искушенија.
Сите народи те слават, Блажена, и со љубов ти викаат: Радуј се, книго света, во која со прст се напиша Словото Очево, Чиста. Него моли Го, во Книгата на животот, да бидат запишани слугите твои, Богородице.
Ние, слугите твои, те молиме, и коленото на срцето наше го приклонуваме: Приклони го увото твое, Чиста, и спаси ги оние што секогаш во неволи се потопени и запази го од секаков неприЈателски напад народот твој, Богородице.
Друг. Ирмос, Глас 6: За преподобните момчиња ангелот направи печката да испушта роса, но таа ги гореше Халдеите по заповед Божја, а мачителот го натера да пее: Боже на татковците наши, благословен си!
Пресветлиот собор на Твоите божествени маченици, Многумилостиве, живеат во Твојата незаодна светлина. По нивните молитви, Христе, на сите дај им просвештение и од гревовите очистување.
Колку е красно времето што си ни го дал за воздржување, Господи. Во него помилуј ги душите наши како добар, по молитвите на светите, красни и чесни страдалци, кои ги возљубија Твоите страдања.
Слугите Твои, Владико, кои ја поминаа многуопасната бура на овој живот, упати ги кон пристаништето на животот, за да викаат со сите избрани: Благословен си, Господи, Боже на нашите татковци.
Богородичен: Приснодево, која Го роди Законодателот, во ова сегашно време, моли Го да ги ослободи од сите беззаконија, оние што сакаат грижливо да ги поднесат искушенијата на овој пост божествен.
Друг. Ирмос, Глас 5: Благословен си, Боже, највоспеван и најпрославуван, Кој бездните ги гледаш и на престолот на славата седиш.
Благословен си, Боже, највоспеван и најпрославуван, Кој ги покажа храбри мачениците што страдаат за Тебе.
Благословен си, Боже, највоспеван и најпрославуван, Кој ни ги даваш мачениците како наши молитвеници пред Тебе.
Троичен: Благословен си, Боже, највоспеван и најпрославуван, Кој си еден по природа, а познат во три Лица.
Богородичен: Благословен си, Боже, највоспеван и најпрославуван, Кој си се родил бессемено, и онаа што
Те роди си ја покажал чиста Дева и по раѓањето.
Стих: Светите што живеат на земјата, Господ ги исполни со милоста Своја.
Благословен си, Боже, највоспеван и најпрославуван, Кој ѕверовите си ги скротил, и огнот си го изгаснал, за слва на Твоите светии.
Стих: Блажеи се оние што си ги избрал и примил, Господи.
Благословен си, Боже, Кој од смртта во живот си ги превел, оние што во животот со вера Ти послужиле.
Ирмос: Благословен си, Боже, највоспеван и најпрославуван, Кој бездните ги гледаш и на престолот на славата седиш.
Песна 8
Ирмос: Набожните момчиња во печката ги спаси Рожбата на Богородица. Она што некогаш беше само предобраз, сега станува реалност, и сета вселена ја поткрева да ти пее: Пејте Го дела, Господа, и превозносете Го во сите векови.
Во утробата си Го примила Словото, си го носела Оној што носи се; со млеко си Го хранела, Оној што со мана ја храни сета вселена, Пречиста, затоа Му пееме: Сите дела на Господа, пејте Му и превозносете Го во сите векови.
Мојсеј ја позна во капината големата тајна на Твоето раѓање; а младите момчиња ја прасликуваа уште појасно, стоејќи среде огнот и останувајќи несогорени, нетлена Света Дево. Затоа те почитуваме во сите векови.
Ние, кои порано со прелеста се соголивме, со Твоето раѓање во риза на нетление се облековме. И, ние што во мракот на гревовите седиме, Светлина видовме, Дево живеалиште на Светлината. Затоа Ти пееме во сите векови.
Преку тебе оживуваат мртвите, зашто ипостасниот Живот си Го родила. Порано немите почнуваат добро да говорат, лепрозните се очистуваат, болести се лекуваат, мношто воздушни духови се победуваат, Дево, на луѓето спасение.
Радуј се, Преблагословена, која на светот му роди Спасение, со кое од земјата бевме земени на небото! Радуј се, покрове, и сило, бедему и тврдино на оние што ти пеат, Пречиста: Сите дела на Господа, пејте Му и превозносете Го во сите векови.
Друг. Ирмос: На преподобните, од пламенот роса си им пуштил, и жртвата на праведниот со вода си ја запалил; бидејќи Ти, Христе, се првиш како што сакаш, ние Те славиме во сите векови.
Небесните духови им се восхитуваа на подвизите на мачениците: по нивните молитви, Владико штедар, милоста Твоја врз нас богато излеј ја.
Страдалци Господови за восхит достојни, кои со божествената роса огнот го изгаснавте, избавете не од огнот што измачува, со вашите топли молитви кон Господа.
Преблаго Слово, упокоените од нас православно, за небескиот живот удостој ги и за светата Светлина, по молитвите на добропобедните маченици.
Богородичен: По молитвите, Штедре, на онаа што Те родила, и на светите маченици, и на Твоите апостоли, просветли ги нашите души, за да Те славиме, во душевна веселба, во вековите.
Друг. Ирмос: На Творецот на тварта, од Кого се плашат ангелите, пејте Му, луѓе, и превозносете Го во сите векови.
Хорови свети на мачениците, спомнете ги оние што со љубов ве воспеваат и Христа Го превознесуваат во вековите.
Со меч сечени се радуваа мачениците, пеејќи Му на Христа и превозносејќи Го во сите векови.
Да Го благословуваме Господа Отецот и Синот и Светиот Дух.
Троичен: Чудесно се дели Троица и како Бог останува неразделна: Неа да Ја превозносиме во сите векови.
Богородичен: Дева Го роди Младенецот, зашто од неа Бог се вочовечи; сета твар да Го воспева во вековите.
Стих: Чудесен е Бог во Своите светии, Бог Израилев.
Мачениците се покажаа како столбови на храброста, радувајќи се на падот на ѓаволот, пеејќи Му на Христа и превозносејќи Го во вековите.
Стих: Нивните души во блаженство ќе почиваат.
Господи, Твоите слуги, кои со вера и надеж се претставија пред Тебе, удостој ги да се вселат во прегратките на Авраама.
Ирмос: На Творецот на тварта, од Кого се плашат ангелите, пејте Му, луѓе, и превозносете Го во сите векови.
Песна 9
Ирмос: Секој роден на земјата, со Духот просветлен, нека се радува; нека торжествува природата на бесплотните умови, која гот почитува свештеното торжество на Божјата Мајка, и нека пее: Радувај се, Богородице себлажена, секогаш чиста Дево.
За да ти пееме: Радуј се, ние верните кои, преку тебе, станавме учесници во вечната радост, избави не од напастите, од варварското ропство, и од секаква друга рана, што ги снаоѓа луѓето поради мноштвото нивни гревови.
Ти се јави како наше просвештение и утврдување, затоа ти викаме: Радуј се, ѕвездо незаодна, која Го воведуваш во светот Големото Сонце! Радуј се, Чиста, која го отвораш заклучениот Едем. Радуј се, саду што го прими неисцрпното миро, врз тебе излеано.
Набожно да застанеме во домот на нашиот Бог и да повикаме: Радуј се, на светот Господарке! Радуј се, Марие, наша Госпоѓо! Радуј се, единствена непорочна и добра меѓу жените, огнен столбе, кој во небесниот живот го водиш човештвото!
Радуј се, Приснодево, гулабице која Го роди Милостивиот! Радуј се, похвало на сите преподобни, венецу на сите маченици! Радуј се, божествен украсу на сите праведници, и нам верните спасение!
Поштеди го, Боже, наследството Твое, откако ќе ги презреш сега сите наши гревови. За ова прими ги молитвите на онаа што на земјата бессемено Те роди, заради големата милост на Христа, Кој посака да ја прими на Себе човечката природа.
Друг. Ирмос: За луѓето не е можно да Го видат Бога, Кого не смеат ни ангелските чинови да Го погледнат: но, преку тебе Сечиста, на луѓето им се јави Словото воплотено, Кого величајќи Го, со небеските војски и тебе те прославуваме.
Мачениците како светлина, како сонце засветлија, и сета земја со зраците на благочестието и со светилките на чудесата ја просветлија и мракот на многубоштвото го растераа. По нивните молитви, Боже, помилуј не.
Непобедливата војска на мачениците сите нас не поткрепи добро да се подвизаваме и поприштето на постот да го завршиме. И, откако делото на божествениот живот ќе го завршиме, причесници на Животот да бидеме, веселејќи се.
Твојата добрина, Господи, нека ги пресретне упокоените од нас, по Твоја страшна заповед; нека ги опкружи Твојата милост и да ги насели во живеалишта, осветлени со светлината на Твоето лице.
Богородичен: СХ> гласот на ангелот, Богородице, ти Го роди неискажливо Ангелот на Големиот Совет. Затоа прими ги гласовите на твоите слуги, што за време на постот ти ги принесуваме, и нив како темјан на Бога принеси Му ги.
Друг. Ирмос: Исаие, ликувај, Дева зачна во утробата и роди Син Емануил, Кој е Бог и човек; Исток е името Негово: Него величајќи Го, Дева ја именуваме блажена.
Празнувајќи го торжеството на мачениците, денес, луѓе, со песни да воскликнеме, пеејќи Му на Христа Подвигоположникот, Кој им даде победа над непријателите. Него во песни Го величаме.
Сефални маченици, со нокти раскинувани, со меч на парчиња сечени, на Христа Му се придруживте. Затоа и сега на небесата веселејќи се, за сите молете се.
Троичен: Едно по природа Те воспевам, Троице беспочетна, живоначална, неразделна единице, Оче нероден, и роден Слове и Сине, Духу Свети; спаси не нас кои Ти пееме.
Богородичен: Твоето раѓање, Богомајко, е надумно, зашто зачнувањето во тебе беше без маж, а и раѓањето беше девствено, бидејќи родениот е Бог. Него величајќи Го, Дево, тебе блажена те именуваме.
Стих: Светите што живеат на земјата, Господ ги исполни со милоста Своја.
Со песни да ги овенчаме, мачениците храбрата војска на Царот на сите Бога, зашто тие бесовските полкови јасно ги победија. Нив воспевајќи ги, Господа Го величаме.
Блажени се оние што си ги избрал и примил, Господи.
Христе, кога ќе го кренеш сето Твое создание да му судиш, помилуј ги и верните Твои слуги што сега си ги примил, прости им ги гревовите што во животот ги напрвиле, и со светите упокој ги во вековите.
Ирмос. Исаие ликувај, зашто Дева зачна во утробата, и роди Син Емануил, Кој е и Бог и човек. Името му е Исток. Него величајќи Го, Дева блажена ја именуваме.
Егзапостилар . Подобен: Жени, слушнете: Денес се открива вечната тајна: Бог Словото Божјо, од љубов кон нас станува Син на Дева Марија и Гаврил радосната вест ја објавува. Со него сите да извикаме: Радуј се, Мајко на Господа.
На хвалитни: Се што дише: земаме 4 стиха и ги пееме сти
хирите на Глас 4. Подобен: Како храбар:
Скриената тајна, и на ангелите непозната, доверена му е на архангел Гавриил, и сега ќе дојде при тебе, единствената нетлена, и добра гулабица, за обновување на нашиот род, и ќе повика кон тебе, Пресвета: Радуј се! Подготви се, со неговиот збор, во твојата утроба да Го примиш Бога Словото (2пати).
Светлоносна палата се подготви за Тебе, Владико, чистата утроба на Дева Марија. Оди при неа и слези, и помилувај го Твоето создание, кое од завист беше држано во ропство од лукавиот, и првобитната добрина беше ја загубило и го очекуваше Твоето спасително слегување.
Архангел Гаврил ќе дојде при тебе видливо, Сенепорочна, и ќе ти повика: Радуј се, на клетвата разрешување, на паднатите станување! Радуј се, единствена од Бога избрана! Радуј се, колеснице на Сонцето на славата! Прими Го бесплотниот, Кој сака да се всели во твојата утроба.
Слава, и сега: самогласен, Глас 4.
Богородица слушна јазик што не го знаеше, кога Архангелот и ги кажа зборовите од радосна вест. Така, откако поздравот го прими со вера, Те зачна Тебе предвечниот Бог. Затоа и ние, радувајќи се, ти викаме: Боже, Кој неизменливо се воплоти од неа, мир на светот дарувај му и на душите наши милост голема. Славословие големо, и отпуст.
† Мистична
Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie