Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

       

   Редослед на Богослужба
   Часови со Изобразителна и Преждеосвештена

Постои следната пракса во нашите цркви:
Утрена, сите часови, изобразителна и преждеосвештена, сите заедно да се служат во света 40-ца, среда и петок наутро
Значи, на првиот час и следните служби нема царе небесен, но веднаш:
Придете да се поклониме ... а само на утрена: Царе Небесен ..
На крај се служи вечерна литургија, т.е. литургија преждеосвештена, литургија на предосветени дарови, и оваа ќе започне со
Придете ...
Преждеосвештената, започнува како Вечерна, а завршува како Литургија, затоа се вика и Вечерна Литургија

Први Час

        Пријдете да Му се поклониме на царот, нашиот Бог
        Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред Христа Царот и нашиот Бог
        Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред самиот Христос, нашиот цар и Бог                
                   

Пс 5 Чуј ги Господи зборовите мои разбери ги поплаките мои.
Чуј го гласот на моето молење Цару мој и Боже мој, наутро чуј го гласот мој, наутро застанувам пред тебе и во тебе гледам.
Оти ти си Бог кој не сака беззаконија, за лошиот нема место при тебе.
Безбожниците нема да излезат пред очите твои, ти ги мразиш сите што вршат неправда.
Ти ќе ги уништиш сите лажливци, од крвопиец и лукав Господ се гнаси.
А јас според твојата голема милост ќе влезам во твојот дом и ќе се поклонам во твојот свет храм со страв пред тебе.
Господи упатувај ме во твојата правда поради непријателите мои, патот твој пред мене порамни го.
Зашто во устата нивна нема вистина, во срцето им е измама, грлото им е отворен гроб, а на јазикот дволичност.
Казни ги Боже нека пропаднат тие и мислите нивни поради многуте нечесни работи отфли ги, бидејќи те огорчија тебе.
Па нека се зарадуваат сите кои се надеваат на тебе
Вечно да се радуваат оние што ти ги закрилуваш, и да се радуваат со тебе оние што го сакаат името твое.
Оти ти Господи го благословуваш праведникот и со оружјето на милоста своја го закрилуваш.

Пс 89 Господи, Ти си ни прибежиште од род во род.
Дури уште пред да се појават горите, и пред создавањето на Земјата и на вселената, отсекогаш и засекогаш Ти си Бог.
Го враќаш човекот во прав, и велиш: „Обратете се синови човечки!”
Зашто пред Твоите очи илјада години се како вчерашен ден, што поминал, и колку една стража преку ноќта.
Ги однесуваш како сон, како трева што зеленее наутро:
наутро ќе процути и ќе зазелени, а навечер паѓа и се исушува.
Така и ние исчезнуваме од Твојот гнев, и од Твојата јарост сме растревожени.
Ти си ги поставил пред Себе нашите беззаконија, нашите скришни гревови се во светлината на лицето Твое.
Сите наши дни минуваат под Твојот гнев, годините ни свршуваат како здив.
Дните на нашиот живот се седумдесет години, а ако сме крепки и до осумдесет години;
И повеќе време од нив се во труд и мака, бидејќи брзо минуваат и ние одлетуваме.
Кој ја знае силата на Твојот гнев, па во стравот пред Твојата јарост да се плаши?
Научи нѐ така да ги броиме нашите дни, па да се здобиеме со мудро срце.
Сврти се, Господи, до кога вака? Смилувај се на Твоите слуги!
Исполни нѐ изутрина со Твојата милост, Господи, за да се зарадуваме и се развеселиме во сите наши дни,
Развесели нѐ за оние дни, кога нѐ понизуваше, за годините, во кои видовме зло.
Нека се видат кај слугите Твои делата Твои, и Твојата славна сила – кај чедата Твои.
И благоволението на нашиот Господ Бог нека биде со нас
И дај да ни успеат делата на рацете наши, дај им успех на делата на рацете наши.

Пс 100
Ќе пеам за верноста и за правдата - Тебе, Господи, ќе ти свирам!
Ќе размислувам за патот непорочен: кога ќе го достигнам? Среде мојот дом ќе одам со чисто срце.
Нема да ставам пред очите мои ништо пакосно; ги мразам делата на отпадниците - тие нема да се прилепат за мене.
Развратно срце нема да се прилепи до мене; за лукавиот не сакам да знам.
Оној што тајно го клевети ближниот свој, ќе го погубам; оној што е со горделиви очи и ненаситно срце, не го поднесувам.
Очите ми се управени кон верните по земјата, за да седат со мене; кој оди по патот непорочен, тој ќе ми служи.
Нема да остане во мојот дом оној, кој прави сплетки; кој говори лага, не може да остане пред очите мои.
Секојдневно ќе ги истребувам сите нечестиви од земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите злосторници.
Слава и Сега: Алилуиа 3 Слава ти Боже (3 со метании) Господи Помилуј 3

Ако не е пост:
С: Тропар И: Богородичен
Како да те наречеме о Благодатна, небо ли, зашто засветли со сонцето на правдата.
Рај ли, зашто процвета со цветот на невиноста.
Девојка ли, зашто остана невина. Чиста мајка ли, зашто си го имала во твоите свети прегратки Синот и Бог на сите.
Него моли го да се спасат нашите души.
__________________________________________________________________________________________________

Ако е Пост: Припев: Наутро слушни го гласот мој, Цару мој и Боже мој.
Ст 1: Чуј ги Господи зборовите мои и разбери ги поплаките мои.
Ст 2: Зашто тебе ќе ти се молам Господи. СИ: Како да те наречеме...
__________________________________________________________________________________________________

Стапките мои упати ги по твоите зборови и да не завладее со мене никакво беззаконие.
Избави ме од човечка клетва па ќе ги чувам твоите заповеди (2 во Вел Пост)
Лицето твое да го освети слугата твој и научи ме на твоите заповеди (2 во Вел Пост)
Да се исполни устата моја со пофалба за тебе Господи
за да ја воспевам твојата слава и по цел ден твоет велелепие (1 во Вел Пост)

Трисвето: Свети Боже Свети Силни Св Бесмртни Помилуј не (3) Пресвета Троице помилуј не, Господи очисти ги гревовите наши
Владико прости ги беззаконијата наши. Свети посети не и исцелиги нашите слабости заради твоето име. Господи Помилуј 3
Слава на Отецот и Синот и Св Дух, сега секогаш и во вечни векови, Амин.
Оче наш кој си на небесата, да се свети името твое да дојде царството твое да биде вољата твоја како на небото така и на земјата
Лебот наш насуштен дај ни го денес, и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници
И не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот. 
Св: Зошто твое е царството и силата и славата на Отца и Сина ... 
Х:  АМИН Господи, помилуј
(12)

Кондак на Денот:

Ако е 40-ца во Пон. Втор. Четв.
Преславната Божја мајка, посвета и од светите ангели непремолчно да ја воспеваме со срце и уста
Исповедајќи ја како Богородица која навистина го роди Бог воплотениот и која постојано се моли за нашите души.

Среда и Петок
Побрзај Христе Боже наш пред да не заробат непријателите кои хулат на тебе и ни се закануваат.
Уништи ги со твојот крст оние кои се борат против нас
За да разберат колку е силна верата на Православните, по молитвите на Богородица, Единствен Човекољубив.

Сабота
К
ако првини на природата Господи вселената ти ги принесува богоносните маченици тебе насадител на сите созданија.
Заради нивните молитви и заради Богородица, запази ги во длабок мир твојата Црква и твојот народ, Многумилостив.

Во недела ипакој на гласот што преовладува

ГП 40
Ти, Кој во секое време и во секој час, на небото и на земјата, Си почитуван и славен
Христе Боже, Долготрпелив, Многумилостив и Добросрдечен;
Кој ги љубиш праведниците и ги милуваш грешниците, и ги повикуваш сите кон спасение заради ветените идни блага!
Самиот Ти, Господи, прими ги нашиве молитви во овој час, и упати го нашиот живот кон Твоите заповеди.
Освети ги нашите души, телата очисти ги, помислите исправи ги, мислите очисти ги и избави не од секаква тага, зла и болести.
Огради не со Твоите свети ангели, та, пазени и раководени од нивните војски
Да постигнеме единство во верата и разбирање на Твојата непристапна слава, зашто Си благословен во вечни векови. Амин. ГП 3
СИ:
Почесн од херувимите...Во името на Господа благослови Оче.
Св
: Боже сожали се благослови не просвети не со твоето Лице и помилувај не.
__________________________________________________________________________________________________

Ако е 40-ца

Господи и Владико на мојот живот, дух на леност, безволност, властољубие и празнословие, не давај ми. Метанија
Дух, пак, на целомудреност, смиреност, трпение и љубов, даруј ми, на Твојот раб. Метанија
Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го осудувам мојот брат
Зашто си благословен во вечни векови, амин. Метанија

Трисвето:  ГП 12
__________________________________________________________________________________________________

Христе вистинска светлина, која го просветуваш и осветуваш секој човек кој доаѓа на свет
Да засветлиш врз нас со светлината на твоето лице за да ја видиме во него непристапната светлина. Ѓ
Упати ги нашите стапки кон исполнување на твоите заповеди
По молитвите на твојата пречиста мајка и на сите твои Светии Амин. Тебе Војвотке ...
Св: Слава Ти, Боже, надеж наша, слава Ти. Пс: СИ: Господи Помилуј (3) Оче Благослови.
Св: Христос вистинскиоб Бог наш, заради молитвите на својата пречиста мајка
Преподобните и богоносни отци наши и заради сите светии да не помилува и спаси како благ и човекољубив



Редослед на Богослужба - Трети Час

Пријдете да се поклониме ....

Пс 16
Послушај ја Господи правдата моја чуј го гласот на молбата моја, примија молитвата моја што не излегува од лажлива уста.
Од твоето лице нека излезе судот за мене. Очите мои нека ја видат вистината.
Ти го искуша срцето мое ме посети ноќе со оган ме провери и не најде неправда во мене.
Човечки дела нека не зборува устата, моја поради зборовите на устата твоја чекорев по патиштата тешки.
Утврди ги стапките мои на патиштата твои за да не ослабнат нозете мои. Кон тебе викам зашто ти ќе ме чуеш Боже.
Приклони го увото свое кон мене и чуј ги зборовите мои.
Покажи ја твојата чудесна милост ти кој ги избавуваш оние кои се надеваат на тебе од оние што се противат на твојата десница.
Пази ме како зеница на окото
Засолниме под сенката на твоите крила, од лицето на нечестивите кои ме напаѓаат од непријателите на душата моја што ме опкружуваат.
Тие срцето свое го затворија, наоколу со устата своја гордо зборуваат.
Гонејќи ме сега ме опколуваат, тие ги управија очите свои за да ме соборат на земја.
Тие се како лав подготвен за лов и како лавче кое стои во потајни места.
Стани Господи пресретни ги и обори ги, спаси ја душата моја со твојот меч од нечестивиот, од оние Господи кои ги има малку на земјата
Раздели ги во нивниот живот и од она што е сокриено твое ќе се наполни стомакот нивни.
Откако се наситија синовите нивни од вишокот оставија и за децата свои.
А јас пред лицето твое ќе се покажам во правда, ќе се наситам кога ќе ми се покаже славата твоја.


Псалм 24 Кон Тебе, Господи, ја издигнувам душата своја.
Боже мој, во Тебе се надевам, да не се посрамам довека, да не ме исмејуваат непријателите мои,
да не се засрамат оние што се надеваат во Тебе; да се посрамат оние, што вршат беззаконија без причина.
Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои.
Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; во Тебе се надевам секој ден.
Спомни Си ги штедростите Твои, Господи, и милостите Твои, зашто се вечни.
Гревовите на младоста моја и незнаењето мое не ги споменувај; по милоста Своја сети се на мене, заради Твојата доброта, Господи!
Благ и праведен е Господ, грешниците ги изведува на пат, ги упатува кротките кон правда и ги учи кротките на Своите патишта.
Сите патишта Господови се милост и вистина за оние што го пазат заветот Негов и откровението Негово.
Заради Твоето име, Господи, прости ми го гревот мој, зашто е голем. Кој човек е тој што се плаши од Господа?
Нему Он ќе му покаже кој пат да избере. Неговата душа ќе почива во добро, неговото семе ќе ја наследи земјата.
Близок им е Господ на оние што се плашат од Него; ним името открива заветот Свој.
Очите мои секогаш се кон Господа, зашто Он ги вади од стапица нозете мои.
Обѕрни се и смилувај ми се, зашто сум самотен и во мака. Грижите на срцето мое се намножија; извади ме од неволјите мои.
Погледај ги страдањата и маките мои, па прости ми ги сите гревови мои.
Погледај ги моите непријатели, колку многу се намножија и колку многу ме мразат.
Запази ја душата моја и избави ме, за да не се посрамам, зашто во Тебе се надевам.
Непорочноста и правдата нека ме учат, зашто во Тебе се надевам, Господи. Избави го, Боже, Израилот од сите неволји негови.

Пс 50 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои.
Најнапред измиј ме од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто беззаконието мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене.
Пред Тебе единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив, за да бидеш справедлив кога ќе пресудуваш и да победиш кога ќе судиш.
Ете во безз: сум зачнат и во грев ме роди мајката моја. Но Ти ја засака вистината во срцето, и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајна прем: Твоја
Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег. Дај ми да чујам радост и веселба, и ќе се зарадуваат коските мои ослабнати.
Сврти го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија. Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.
Не отфрлувај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај го од мене. Врати ми ја радоста, спасувајќи ме и со Својот моќен Дух зацврсти ме.
Беззакониците ќе ги научам да одат по Твоите патишта, и безбожниците кон Тебе ќе се обрнуваат. Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение,
И јазикот мој ќе се зарадува на Тв: правда. Господи отвори ја устата моја и устата моја ќе ја објави похвалата Тв: оти да сакаше жртва јас ќе Ти ја прин:
Но сепалениците не ги сакаш. Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже не отфрлуваш.
Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги ѕидовите ерусалимски.
Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици
Тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.
СИ: Алилуиа 3 слава ти Боже (3) ГП 3

Ако не е Пост (Ако е Бог Господ, т. е. ако се пее Бог Господ на утрена по шестопсалмие):   
Сл: Тропар Ис:  Богородице ти си вистинска лоза од која израсна плодот на животот.
                            Тебе те молиме Владетелка, моли се со апостолите и со сите Светии да бидат помилувани нашите Души.

________________________________________________________________________________________________

Ако е Пост Припев:
Господи ти кој пресветиот Дух во третиот час го испрати на твоите апостоли, не одземај го од нас
                                        Но обнови не нас кои ти се молиме. (метанија)
                                        Стих: Создај чисто срце во мене Боже и Дух вистински обнови во мене.  
                                        Стих: Не отфрлај ме од лицето твое и Св Дух твој не одземај го од мене. СИ: Богородице ти си вистинска лоза ....

Господ Бог е Благословен, Благословен е Господ од ден во ден.
Бог ќе ни помогне во нашето спасение. Нашиот Бог е Бог кој спасува. Трисвето:
__________________________________________________________________________________________________

Ако е Пост Гл 8:
Благословен си Христе Боже наш, апостолите ги направи премудри ловци
Откако им го испрати Св Дух и со нив ја улови вселената човекољубив, слава ти.
Сл: Поскоро и сигурно утешување дај ни на твоите слуги Исусе. Кога слабеат нашите духови не се оделувај од нашите души во маки,
не одалечувај се од нашите мисли кога сме во тешкотии но секогаш биди со нас, приближи се до нас, приближи ни се ти кој си насекаде,
како што си секогаш со твоите апостоли, така присоедини ги кон себе оние кои те сакаат, милосрден
Та соединети да ти пееме и да го славиме сесветиот Дух.
Ис :Надеж заштита и прибежиште на христијаните, несоборлива карпа и мирно пристаниште на немоќните си ти Богородице пречиста.
Но како што со твојата постојана молитва го спасуваш светот, така и за нас спомни си дева севоспеана.
Б
идејќи ние немаме смелост поради премногуте наши гревови, ти Богородице дева моли го родениот од тебе
зашто многу може да направи мајчината молитва пред добросрдечноста на Господ.
Не отфрлај ги сечиста, молитвите на грешните, зашто е многумилостив и може да спаси Он кој благоволи да страда за нас.

ГП 40
Ти, Кој во секое време и во секој час, на небото и на земјата, Си почитуван и славен, Христе Боже
Долготрпелив, Многумилостив и Добросрдечен;
Кој ги љубиш праведниците и ги милуваш грешниците, и ги повикуваш сите кон спасение заради ветените идни блага!
Самиот Ти, Господи, прими ги нашиве молитви во овој час, и упати го нашиот живот кон Твоите заповеди.
Освети ги нашите души, телата очисти ги, помислите исправи ги, мислите очисти ги и избави не од секаква тага, зла и болести.
Огради не со Твоите свети ангели, та, пазени и раководени од нивните војски
Да постигнеме единство во верата и разбирање на Твојата непристапна слава, зашто Си благословен во вечни векови. Амин. ГП 3
СИ: Почесна од ... Во името на Господа благослови Оче.
 Св: По молитвите на Св Отци наши Господи Ис Хр Боже наш помилуј не.
________________________________________________________________________________________________________

Ако е 40-ца

Господи и Владико на мојот живот, дух на леност, безволност, властољубие и празнословие, не давај ми. Метанија
Дух, пак, на целомудреност, смиреност, трпение и љубов, даруј ми, на Твојот раб. Метанија
Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го осудувам мојот брат
Зашто си благословен во вечни векови, амин. Метанија

Трисвето:  ГП 12
___________________________________________________________________________________________________________

Св:
Владико Боже, Оче Седржителу, Господи Сине Единороден, Исусе Христе, и Свети Духу
Едно божество, една сила, помилуј ме, грешниот, Кој на сите им ги знаеш пресудите
Спаси ме, мене, Твојот недостоен раб, зашто си благословен во вечни векови. Амин.

Редослед на Богослужба - Шести Час

Пријдете да се поклониме..

Псалм 53 Боже, со името Твое спаси ме и со силата Твоја суди ми. Боже
Тслиши ја молитвата моја, чуј ги зборовите од устата моја;
Зашто туѓинци се кренаа против мене, и силници го бараат животот мој; тие не мислат на Бога. Ете, Бог ми помогна;
Господ е заштитник на животот мој. На непријателите мои Он ќе им врати за злото; ќе ги истреби со вистината Своја.
Со сесрдност Ти принесувам жртва, го прославувам името Твое, Господи, зашто е благо,
Оти Ти ме избавуваш од секаква мака и окото мое презриво ги гледа непријателите мои.

Псалм 54
Прими ја Боже, молитвата моја и не презирај го моето молење, погледај ме и услиши ме.
Нажален сум во тагата моја и збунет сум од гласот на напријателите, од притисокот на грешниците,
Зашто вршат врз мене беззаконие и со гнев непријателствуваат против мене.
Срцето мое затрепери во мене, и смртен страв ме спопадна, страв и трепет ме сполетаа, и темнина ме покри.
И јас реков: "Кој ќе ми даде крилја гулабови, па да одлетам и се успокојам."
Далеку би отишол и би се сместил во пустињата
С
е надевав на Оној Кој ме спасува од малодушноста и од бурата.
Потопи ги, Господи, и раздели ги нивните јазици, зашто видов насилство и расправии во градот.
Дење и ноќе обиколуваат покрај ѕидовите негови; и во него беззаконие, мака и неправда има;
Ане оскудеваше ни измама и лукавство по улиците негови.
Да ме беше навредил непријателот мој, тоа би го поднел
И
завидливецот мој да се беше покажал силен, јас ќе се сокриев;
Н тоа беше ти, човеку, кој си како јас, водач мој и *пријател мој, со кого сме јале леб заедно и сме оделе заедно во Божји дом!
Смртта дојде на нив; да слезат живи во пеколот, зашто лукавство има среде нив, во живеалиштата нивни.
Јас, пак, Бога ќе го повикам, и Господ ќе ме услиши.
Навечер и наутро, и напладне ќе молам и ќе викам, и Он ќе го чуе гласот мој,
Ќе
ја избави во мир душата моја од оние, кои ми се приближуваат, зашто многу ги има што беа против мене
Бог ќе ме чуе и ќе ги понизи; Оној, Кој вечно живее, зашто во нив нема промена; тие не се плашат од Бога
Ги креваат рацете свои против оние, со кои живееја во мир, го нарушија Неговиот завет.
Се растурија од гневот на лицето Негово, а во срцето им е непријателство; зборовите им станаа како елеј, но тие се стрели.
Пренеси ја на Господа маката своја, и Он ќе те поткрепи. Не дозволувај праведниот човек да пострада.
Ти, Боже, ќе ги фрлиш во погибелна јама; крвниците и лукавите луѓе да не поживеат ни половина од деновите свои.
Јас, пак, Господи, на Тебе се надевам!


Псалм 90 Кој живее под закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небескиот Бог.
И ќе Му рече на Господа: Ти си мој застапник, Ти си мое живеалиште, Бог мој, и во Тебе ќе се надевам!
Зашто Он ќе те избави од стапицата на ловецот и од зборот кој збунува.
Со плеќите Свои ќе те засени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: како што ќе те окружува Неговата вистина.
Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење
Од суштества што одат во темнина, од зараза и од бес што опустошува напладне.
Покрај тебе ќе паднат илјада, и десет илјади десно од тебе; но до тебе нема да се приближат;
Само ќе гледаш со очите свои и ќе го гледаш плаќањето на грешниците.
Зашто, Ти си, Господи, надеж моја, Севишниот го избра за Свое прибежиште;
Зло нема да Ти се случи и неволјата нема да се приближи до телото Твое;
Затоа што ќе им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да те чуваат на сите патишта Твои.
Ќе Те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата Своја; на отровница и на змија ќе нагазуваш, лав и змеј ќе убиваш.
Бидејќи се надеваше во Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое.
Ке повика кон Мене, и ќе го чујам; со него сум во неволјата;
Ќе го избавам и ќе го прославам, ќе му дадам многу денови и ќе му го јавам спасението од Мене. Алилуија 3 Слава ти Боже (3) ГП 3
________________________________________________________________________________________________

Ако не е пост: Сл: Тропар на денот: Ис: Богородичен: Б
идејќи немаме смелост поради премногуте наши гревови
Ти, Богородице, Дево, моли Го Родениот од тебе, Зашто многу може да направи мајчината молба пред добросрдечноста на Господа.
Не отфрлај ги, Сечиста, молбите на грешните, затоа што е многумилостив и може да спаси Тој, Кој се согласи да страда за нас.

Ако е пост: Припев: Ти кој во шестиот ден и час на крстот го прикова Адамовиот грев што се осмели да го направи во рајот
                                       Скини го ракописот на нашите грешки, Христе Боже, и спаси не. Метанија
                             Стих: Прими ја Боже молитвата моја и не презирај го моето молење.
                             Стих: Јас Бог ќе го повикам и Господ ќе ме послуша. СИ: Бидејќи немаме смелост ...
                             Ако е Света 40-ца, овде се чита тропарот на пророштвото, прокимен и паримија.
                             Петок од 4та седмица на светиот пост 511 стр. посен триод, на крстот.
________________________________________________________________________________________________

Брзо нека дојдат твоите добрини Господи зашто многу осиромашивме. Помагај ни Боже спасител наш заради славата на твоето Име.
Господи избавине и очисти ни ги гревовите заради твоето Име. Трисвето: Кондак на денот:
________________________________________________________________________________________________

Ако е пост:
Спасение изврши среде земјата Христе Боже
На крстот ги рашири твоите пречисти раце собирајќи ги сите народи кои велеа: Господи слава ти.
Сл: На твојот пречист образ му се поклонуваме Благи молејќи простување за нашите гревови Христе Боже
Зашто ти доброволно си примил со телото да се издигнеш на крстот за да не избавиш нас кои не создаде од робството на ѓаволот
Затоа благодарствено ти пееме, Спасителу наш, кој си дошол да го спасиш светот. Ти со радост се си исполнил.
Ис: Бидејќи си извор на милосрдието, удостој не со твојата милост Богородице. Пон Втор Чет
Погледни ги луѓето кои грешат, како и секогаш покажи ја твојата сила зашто надевајќи се на тебе извикуваме:
Радувај се, како некогаш Гаврил војсководецот на безтелесните.

Ис: Преславна си Богородице дева. Тебе те воспеваме
Зашто преку крстот на твојот Син адот се разруши и смртта се умртви.  Сред и Пет
Ние умртвените воскреснавме, со живот се удостоивме и го придобивме рајот, древната наслада
Затоа благодарејќи го славиме моќниот Христос, нашиот Бог, единствениот милостив.
________________________________________________________________________________________________

ГП 40
Ти, Кој во секое време и во секој час, на небото и на земјата, Си почитуван и славен
 Христе Боже, Долготрпелив, Многумилостив и Добросрдечен;
Кој ги љубиш праведниците и ги милуваш грешниците, и ги повикуваш сите кон спасение заради ветените идни блага!
Самиот Ти, Господи, прими ги нашиве молитви во овој час, и упати го нашиот живот кон Твоите заповеди.
Освети ги нашите души, телата очисти ги, помислите исправи ги, мислите очисти ги и избави не од секаква тага, зла и болести.
Огради не со Твоите свети ангели, та, пазени и раководени од нивните војски
Да постигнеме единство во верата и разбирање на Твојата непристапна слава, зашто Си благословен во вечни векови. Амин. ГП 3
СИ:
Почесн од херувимите...Во името на Господа благослови Оче.
Св
: По молитвите на Св. Отци наши Господи Ис Хр Боже наш помилуј не
________________________________________________________________________________________________________

Ако е 40-ца

Господи и Владико на мојот живот, дух на леност, безволност, властољубие и празнословие, не давај ми. Метанија
Дух, пак, на целомудреност, смиреност, трпение и љубов, даруј ми, на Твојот раб. Метанија
Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го осудувам мојот брат
Зашто си благословен во вечни векови, амин. Метанија

Трисвето:  ГП 12
___________________________________________________________________________________________________________

Боже Господар на силите, создател на сите нешта, кој поради милосрдието на твојата неизмерна милост
Си го испратил твојот единороден Син, Господ нашиот Исус Христос за спасение на нашиоит род
И преку неговиот чесен крст си го скинал списокот на нашите гревови и со него си ги победил властите на темнината.
Владико Човекољубив, прими ги овие благодарствени и умилни молитви од нас грешните
И избави не од секоја погубна и мрачна грешка и од сите видливи и невидливи непријатели кои сакаат да ни направат зло.
Прибери ги нашите тела со страв пред тебе и не дозволувај нашите срца да се одалечат кон лукави зборови и мисли
Но со твојата љубов исполни ги нашите души, гледајќи секогаш кон тебе упатувани од твојата светлина
Да те гледаме тебе, непристапна сеприсутна светлина
Да ти вознесеме постојано исповедување и благодарност на тебе
Безпочетниот Отец со твојот единороден Син и сесветиот благиот и животворен твој Дух сега... Амин


Редослед на Богослужба - Деветти Час

Пријдете да Му се поклониме ...

 

Пс 83 Колку се мили Твоите живеалишта, Господи на силите!

Копнее душата моја сакајќи да е во Господовите дворови; срето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог.

И птичката си наоѓа живеалиште, и ластовичката гнездо, каде што ќе ги положи пиоњата свои
А јас при олтарите Твои, Господи на илите, Цару мој и Боже мој!

Блажени се оние, кои живеат во домот Твој тие постојано Те фалат.

Балажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе и во чие срце се патиштата Твои.

Преминувајќи ја долината на плачот, тие наоѓаат извори во неа, и дожд ја покрива со благослови;

Минуваат од сила во сила, се јавуваат пред Бога, на Сион.

Господи, Боже на силите, услиши ја молитвата моја, послушај, Боже Јаковов!

Боже, заштитнику наш, погледај и види го лицето на твојот помазаник!

Зашто еден ден во Твоите дворови е подобар отколку - илјада дни надвор.
Повеќе сакам да бидат на прагот пред Божјиот дон, отколку да живеам во населбите на грешниците.

Бидејќи Господ Бог сака милост и вистина, дава благодат и слава; Господ не ги лишува од блага оние, што одат непорочно.

Господ на силите, блажен е оној човек, кој се надева на Тебе!


Пс 84
Господи, Ти омиле земјата Твоја, го врати од пленство Јакова.

Ти им ги прости беззаконијата на Твоите луѓе, ги покри сите нивни гревови
Го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој.

Поврати не, Боже, спасение наше, и одврати ја Твојата јарост од нас.
Зар вечно ќе се гневиш на нас, или ќе го протегнеш гневот Свој од род во род?

Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да не оживееш, и луѓето Твои да се зарадуваат во Тебе?

Покажи ни ја, Господи, Твојата милост, и подари ни спасение.

Ќе чујам што ќе ми рече Господ Бог
Зашто Он ќе зборува за мир на Својот народ и на Своите светии, и на оние што со срцето свое Му се обраќаат Нему.

Да, спасението од Него е блиску до оние, кои се бојат од Него, за да ја насели славата своја во нашата земја.

Милоста и вистината ќе се сретнат, правдата и мирот ќе се целиваат.
Вистината ќе изникне од земјата, а правдата ќе се појави од небото;

Зашто Господ ќе даде добро, и нашата земја ќе го даде својот плод
Правдата ќе оди пред Него и на патот ќе ги става стапките свои.


Пс 85 Приклони го, Господи, увото свое и услиши ја молитвата моја, зашто сум беден и сиромав.

Зачувај ја душата моја, зашто сум смирен; спаси го слугата Твој, Боже мој, кој се надева на Тебе.

Помилуј ме, Господи, зашто кон Тебе викам секој ден.

Развесели ја душата на Твојот слуга, оти кон Тебе, Господи, ја вознесувам душата своја;

зашто Ти, Господи, си добар, кроток и многумилостив кон сите, кои Те признаваат.

Чуј ја, Господи, мојата молитва и послушај го гласот на молбата моја.

Во денот на мојата мака повикав кон Тебе, и Ти ме чу.

Меѓу боговите нема таков каков што си Ти, Господи, и нема дела како Твоите.

Сите народи што си ги создал Ти, ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, Господи, и ќе го прославуваат името Твое,

зашто Ти си велик и правиш чудеса, - Ти си Бог единствен!

Упати ме, Господи, кон Твојот пат, и јас ќе одам во Твојата вистина; и нека се радува срцето мое, плашејќи се од името Твое.

Ќе Те славам, Господи, Боже мој, од се срце и вечно ќе го прославувам името Твое,

зашто Твојата милост кон мене е голема: Ти ја спаси душата моја од длабините на пеколот.

Боже, законопрестапниците станаа против мене, и многуте насилници ја бараат душата моја: тие Те немаат Тебе пред себе.

*Но Ти, Боже, Кој си штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистинит,

погледни на мене и помилуј ме; дај му ја Твојата сила на слугата свој и спаси го синот на слугинката Твоја;

покажи со мене чудо за добро, па да видат оние, што ме мразат, и да се засрамат, зашто Ти, Господи, ми помогна и ме утеши.
СИ: Алилуиа 3 Слава ти Боже (3) ГП 3

Ако не е пост: _______________________________________________________________________________

Сл:
Тропар на Денот:

Ис:
Ти кој заради нас се роди од дева и распнување претрпе Благи, соборувајќи ја смртта со смрт и воскресение јави како Бог
        Не презирај ги тие што си ги создал со раката твоја. Покажи го твоето човекољубие Милостив
        Прими ја таа што те роди, Богородица, која се моли за нас и спаси ги спасител наш луѓето од очајание. Метанија

Ако е пост:
______________________________________________________________________________________

Припев:
Ти кој во деветиот час со телото ја вкуси смртта заради нас, умртви го нашето телесно мудрување Христе Боже и спаси не.
    Стих:  Да се доближи мојата молитва пред тебе Господи, со зборовите твои вразуми ме.
               Да дојде пред тебе Господи мојата молитва, по твоите зборови избави ме. СИ: Ти кој заради нас ...
__________________________________________________________________________________________________

Не предавај не засекогаш заради твоето Име и не раскинувај го твојот завет.
Не одземај ја од нас твојата милост заради Авраама, твојот возљубен
Заради Исаак твојот слуга и твојот свет Израил. Трисвето: Кондак на Денот:
__________________________________________________________________________________________________

Ако е пост:
Глас 8:
Гледајќи го Зачетникот на нашиот живот како виси на крстот разбојникот велеше:
              Ако Он кој се распнува со нас не бил овоплотениот Бог, сонцето не би ги сокрило зраците ниту земјата би треперела
              Но Господи кој трпиш се, спомни не во твоето Царство.
       Сл:
Среде двајца разбојници твојот крст се покажа како праведно мерило.
              Едниот го упатува во адот поради тежината на хулењето а другиот се олеснува од гревовите заради познавањето на Богословието.
              Христе Боже слава ти.
      Ис: Гледајќи те на крстот тебе Јагне, Пастир и Спасител на светот, таа што те роди насолзена велеше:
              Светот се радува затоа што добива избавување а мојата утроба гори кога го гледам твоето распнување кое го поднесуваш заради сите,
              Сине мој и Боже мој. ГП 40
__________________________________________________________________________________________________

ГП 40 Ти, Кој во секое време и во секој час, на небото и на земјата, Си почитуван и славен,
Христе Боже, Долготрпелив, Многумилостив и Добросрдечен;
Кој ги љубиш праведниците и ги милуваш грешниците, и ги повикуваш сите кон спасение заради ветените идни блага!
Самиот Ти, Господи, прими ги нашиве молитви во овој час, и упати го нашиот живот кон Твоите заповеди.
Освети ги нашите души, телата очисти ги, помислите исправи ги, мислите очисти ги и избави не од секаква тага, зла и болести.
Огради не со Твоите свети ангели, та, пазени и раководени од нивните војски
Да постигнеме единство во верата и разбирање на Твојата непристапна слава
Зашто Си благословен во вечни векови. Амин. ГП 3
СИ:
Почесн од херувимите...Во името на Господа благослови Оче.
Св
: Боже сожали се благослови не просвети не со твоето Лице и помилувај не.
_______________________________________________________________________________________________________

Ако е 40-ца

Господи и Владико на мојот живот, дух на леност, безволност, властољубие и празнословие, не давај ми. Метанија
Дух, пак, на целомудреност, смиреност, трпение и љубов, даруј ми, на Твојот раб. Метанија
Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го осудувам мојот брат
Зашто си благословен во вечни векови, амин. Метанија

Трисвето:  ГП 12 и веднаш Спонине Госоди ... види подоле изобразителна
___________________________________________________________________________________________________________
М
олитва на Св Василие Велики
Св: Владико Господи, Исусе Христе Боже наш кој си долготрпелив за нашите согрешенија и си не довел до овој час
Во кој висејќи на животворното дрво ја отвори вратата на рајот за разумниот разбојник и со смрт ја разруши смртта.
Очисти не твоите грешни и недостојни слуги зашто згрешивме и беззаконуваме
И не сме достојни да ги подигнеме нашите очи и да погледнеме кон небесните висини
Зашто го напуштивме патот на твојата правда и одевме по желбите на нашите срца.
Но ја молиме твојата неизмерна благост да не поштедиш заради големата твоја милост и спаси не заради твоето свето Име
Зашто во суета исчезнаа нашите дни. Извлечи не од раката на противникот
Прости ни ги гревовите и умртви го нашето телесно мудрување
Па одкако ќе го отфлиме стариот човек во новиот да се облечеме и да живееме за тебе нашиот владика и добротвор.
И така следејќи ги твоите заповеди да стасаме до вечен мир каде што е домот на сите кои се веселат.
Зашто ти си всушност вистинската радост и веселие на тие кои те сакаат.
Христе Боже наш и на тебе слава ти даваме со безпочетниот Т..
СИ:
ГП 3. Оче Благослови.



РЕДОСЛЕД НА ИЗОБРАЗИТЕЛНА БОГОСЛУЖБА

Ако не е пост, ажи го ова: Благословувај Го, душо моја, Господа, благословен си Господи.

ПС 102
Благословувај Го, душо моја, Господа, благословен си Господи.
Благословувај го душо моја Господа, и целата моја внатрешност да Го благословува Неговото име.
Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите твои беззаконија,
Кој ги исцелува сите твои болести; Кој го избавува од распаѓање твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини.
Кој ја исполнува со блага твојата желба, како на орел ќе се обновува твојата младост.
Господ им дава милост и суд на сите онеправдани. Он му ги покажа Своите патишта на Мојсеја, на Израилевите синови - барањата Свои.
Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив. Он не се гневи до крај, ниту вечно се лути.
Он не ни направи ништо според нашите беззаконија и не постапи според нашите гревови.
Зашто, колку е големо растојанието од небото до земјата, толку е голема милоста на Господа спрема оние што се бојат од Него.
Колку е далеку исток од запад, толку ги оддалечил Он од нас нашите беззаконија.
Како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто Он го знае нашиот состав. Помни дека ние сме земја.
Дните на човекот се како трева; како полски цвет така прецутува тој; ќе дувне ли над него ветар и веќе го нема и местото веќе нема да се познава

А милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, и правдата Негова е од синовите на синовите, кои го чуваат заветот Негов
И ги помнат заповедите Негови, за да ги исполнуваат. Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над се.
Благословувајте го Господа - сите ангели Негови, крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов
Благословувајте Го Господа - сите Негови војски, Негови служители, кои ја исполнувате волјата негова;
Благословувајте Го Господа сите Негови дела. По сите места на Неговото владеење благословувај Го, душо моја, Господа! 

СИ:
Благословувај го душо моја Господа и целата моја внатрешност да го благословува неговото свето Име, благословен си Господи.

Сл:
Фали Го, душо моја, Господа! Ќе Го фалам Господа додека сум жив; ќе Му пеам на мојот Бог додека постојам
Не надевајте се на кнезовите и на синовите човечки, во нив нема спасение
Излегува духот негов, и тој се враќа во земјата своја: во тој ден исчезнуваат сите негови помисли
Блажен е оној, кому му е помошник Јакововиот Бог и чија надеж е во Господа неговиот Бог 
Кој го создаде небото и земјата, морето и се што е во нив, Кој вечно ја пази вистината 
Кој врши суд на навредени, им дава леб на гладни; Господ крши окови на затворени.
Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа подгрбавените, Господ ги сака праведните.   
Господ ги пази придојдените, ги поддржува сираците и вдовиците, а патот на грешниците го разурнува 
Господ ќе царува вечно; твојот Бог Сионе, е од род в род.

Ис: Единороден Сине и Слово божјо, бесмртен си, и  Си изволил заради нашето спасение да се вопл од Света Богор. и сек Дева Марија
Неизменливо си се вочовечил, се распна Христе Боже  и со смрт, смртта ја уништи.
Еден си од Света Троица Сопрославува со Отецот и Светиот Дух Спаси не

Ако е 40-ца од тука:
Во Твоето Царство спомни си за нас Господи,  кога ќе отидеш  во Царството Твое.
Блажени се бедните по дух, зашто нивно е Царството Небесно
Блажени се оние што плачат зашто тие ќе се утешат
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата
Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат
Блажени се милостивите зашто тие ќе бидат помилувани Бл се чистите по срце зашто тие ќе го видат Бога
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји
Блажени се гонетите заради правда зашто нивно е Царството Небесно.
Блажени сте вие кога ќе ве срамат и прогонат  и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно заради Мене
Радувајте се и веселете се зашто голема е ваш  наг на небесата

Спомни не нас Господи, кога ќе дојдеш во царството твое.
Спомни не нас Владико кога ќе дојдеш во царството твое.
Спомни не нас Свети, кога ќе дојдеш во царството твое.
Небесниот хор тебе ти пее и вели: Свет Свет Свет е Господ Саваот, исполнети се небото и земјата со твојата слава.
Пристапете кон него и просветете се и вашите лица нема да се посрамат.
Небесниот хор тебе ти пее и вели: Свет Свет Свет е Господ Саваот, исполнети се небото и земјата со твојата слава.
Спомни не нас Господи, кога ќе дојдеш во царството твое. Со повисок глас
Сл: Хорот на светите ангели и архангели со сите небесни сили тебе ти пее и говори:
        Свет Свет Свет Госод Саваот. Полни се небото и земјата со твојата Слава  Ако не е пост или нема литургија Ис: СИМБОЛ
Ис: Остави ослаби и прости ни ги Боже нашите грешки намерни и ненамерни  
       Со збор или дело, со знаење или без знаење дење или ноќе со ум или со помисла
       Прости ни се, бидејќи си благ и Човекољубив.

Оче Наш:


Кондак на Преображение Гл 7

Н
а гората си се преобразил Христе Боже и колку што можеа да сватат твоите ученици
Гледајќи ја твојата слава за да можат да го разберат доброволното страдање кога ќе те видат распнат
И на светот да му проповедаат дека ти си навистина светлина на Отца.

Во понеделник Кондак на бестелесните Гл 2

В
ојсководачи божји, слуги на боженствената слава, началници на Ангелите и наставници на луѓето
Испросете го полезното за нас и голема милост зашто сте војсководители на безтелесните.

Во вторник кондак на Претеча Гл 2
П
ророк божји и предходник на Благодатта, ние што ја најдовме твојата глава како најсвета роза која пораснала од земјата
Секогаш добиваме исцеление зашто како и порано ти пак проповедаш покајание во светот.

Во среда и петок ова: Гл 4
Христе Боже кој доброволно се издигна на крстот, подари ги твоите добрини на твојот нов народ,
Со твојата сила зарадувај го твојот народ кој се именува со твоето Име
Давајќи му победа над противниците, да го има непобедливо твоето оружје на мирот, како непобедлива победа.

Во четврток на апостолите Гл 2
С
игурните и Богогласни Проповедници, првите Ученици твои си ги примил Господи да се насладуваат од твоите Блага и Мир.
Бидејќи нивните страдања и смрт си ги примил повеќе од која и да било жртва зашто ти си единствен кој знаеш што има во срцата.

Во истоот ден на Св. Никола, Гл 3
Светителу, во градот Мир се покажа како вистински свештенодејствител:
Откако го исполни Христовото Евангелие, преподобни, ја положи душата своја за луѓето твои, и од смрт ги спаси невините;
Поради тоа се освети, како голем тајник на Божјата благодат.

Во сабота велиме
Сл:
Со светиите упокој ги Христе, душите на Твоите раби, таму каде што нема болка, ни тага, ни воздишка, но живот бесконечен.
Маченичен Гл 8
Ис: Како првина на природата Господи вселената ти ги принесува богоносните маченици, тебе насадител на сите созданија.
        Заради нивните молитви и заради Богородица запази ги во длабок мир твојата Црква и твојот народ, многумилостив.

Секој ден освен во сабота, се вели ова:
З
астапништво на христијаните со кое нема да се посрамиме, неизменливо посредништво пред творецот
не презирај ги молитвените гласови на грешните, но побрзај како добра да ни бидеш на помош на сите кои со вера те повикуваме.
Богородице постојана заштитничке побрзај и дојди на помош во молитвата и молењето на оние кои те почитуваат.

Ако е 40-ца ГП 40  
СИ: Почесн од херувимите...Во името на Господа благослови Оче.
Св
: Боже сожали се благослови не просвети не со твоето Лице и помилувај не.

Ако е 40-ца

Господи и Владико на мојот живот, дух на леност, безволност, властољубие и празнословие, не давај ми. Метанија
Дух, пак, на целомудреност, смиреност, трпение и љубов, даруј ми, на Твојот раб. Метанија
Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го осудувам мојот брат
Зашто си благословен во вечни векови, амин. Метанија


Ако е 40-ца тука веднаш започнува вечерната литургија (преждеосвештена) со: Придете да се поклониме ...

Ако не е пост:
Сесвета Троица, единосуштна сила, неразделно Царство, причина за сите добрини, покажи добра воља кон мене грешниот
Утврди го и вразуми го моето срце, отфрли секоја моја валканост
Просвети ја мојата мисла и секогаш да те славам и пеам и да ти се поклонувам и да велам:
Еден е Свет, еден е Господ Исус Христос, за слава на Бога Отца, Амин


Пс 33
СИ:
Ќе го благословувам Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста.
Со Госопда ќе се фали душата моја! Нека го чујат тоа кротките и нека се зарадуваат.
Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го превознесуваме Името Негово.
Го побарав Господ и Он ме чу и од сите опасности мои ме избави.
Пристапете Му и ќе се просветите, и лицата ваши нема да се посрамат.
Кога несреќниот вика,  Господ го услишува и го спасува од сите негови беди.
Ангел Господов застанува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува.
Вкусете и ќе видите, колку е благ Господ! Блажен е оној човек, кој на Него се надева!
Бојте се од Господа сите праведници Негови зашто ништо нема да им нед на оние кои се плашат од Него.
Осиромашеа и огладнеа богатите а оние што Го побараа Госопда не ќе бидат лишени од секакви добра.
Дојдете чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да се боите од Господа.
Сака ли човек да живее и да види добри денови, нека си го воздржува јазикот од зло и устата од лаги
Нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него.
Очите на Госопд се обрнати кон праведниците, и ушите Негови кон молитвите нивни.
Но Лицето на Господ е против оние што вршат зло; ќе го истреби од земјата споменот за нив.
Повикаа праведниците, и Господ ги услиши и ги спаси од сите маки нивни.
Блиску е Господ до оние со скрушено срце, и смирените по дух ќе ги спаси.
Бројни се маките на праведниците, но од сите нив Господ ќе ги избави.
Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се строши. Зла смрт го снаоѓа грешникот,
А оние, што го мразат праведниот, ќе загинат.
Господ ќе ги спаси душите на слугите Свои, и никој од оние, кои се надеваат на Него, нема да погрешат.

СИ:
Отпуст


ПРЕЖДЕОСВЕШТЕНА - ВЕЧЕРНА ЛИТУРГИЈА - ЛИТУРГИЈА НА ПРЕДОСВЕТЕНИ ДАРОВИ

Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. народ: Амин.

        Пријдете да Му се поклониме на царот, нашиот Бог
        Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред Христа Царот и нашиот Бог
        Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред самиот Христос, нашиот цар и Бог                
                   

  Пс 103
Благословувај Го, душо моја, Господа
, Господи, Боже мој, ти си се возвеличил; во слава и велелепие си се облекол;
Ти си се облекол во светлина како со облека, си го прострел небото како шатор; со вода си ги покрил Твоите дворови,
Облаците си ги направил за да одиш по нив, кога се движиш - ветрот Ти служи како крилја.
Ветровите ги правиш Свои гласници, а слугите Свои огнен пламен. Ти си ја поставил земјата на цврсти основи, таа нема да се разниша никогаш.
Си ја покрил со бездна како со облека, води ќе стојат на горите. Од твојата закана тие бегаат, од гласот на твојот гром се бојат.
Се издигаат горите, се спуштаат долините на места што си им ги определил.
Си поставил граница преку која нема да преминат, ниту ќе се вратат да ја покријат земјата.
Се управил извори во долините, меѓу горите течат води, ги напојуваат сите полски ѕверови, дивите магариња ја гаснат жедта своја.
При нив живеат птици небесни, меѓу камењата пуштаат глас. Ти ги напојуваш горите од своите височини, од плодовите на твоите дела се наситува земјата
Ти правиш да расте трева за добитокот и растение за потреба на луѓето, за да произведат леб од земјата
И виното што го весели срцето на човекот и елејот од кој блеска лицето негово, и лебот што го закрепнува срцето на човекот.
Се заситуваат дрвјата по полето ќедрите ливански, што си ги посадил, на нив птиците си прават гнезда, елките им се живеалишта на штрковите
Високите гори на срните, камењата прибежиште на зајаците. Он ја создзл месечината да ги определува времињата, сонцето го знае својот запад. Спушташ темнина и настанува ноќ, тогаш излегуваат сите горски ѕверови, лавовите рикаат за плен и бараат од Бога храна за себе.
Изгрева сонцето, а тие се собираат и легнуваат во своите легла; човекот излегува по своја работа и работи до вечерта.
Колку се многубројни делата Твои, Господи! Се си направил премудро; земјата е полна со Твоите созданија.
А тоа море е големо и пространо; таму се движат безброј лазачи, мали и големи животни; таму пловат кораби
Таму е чудовиштето што си го создал да игра во него. Сите тие од Тебе чекаат да им дадеш храна навреме.
Им даваш - примаат, ја отвораш раката Своја - се наситуваат со блага; го одвратиш ли лицето Свое - се збунуваат, им го одземаш ли духот нивни - умираат и во земјата своја се враќаат.
Го праќаш ли духот Свој - се создаваат; Ти го обновуваш лицето на земјата.
Нека пребива славата на Господа вечно; нека се весели Господ за делата Свои!
Погледнува ли кон земјата, и таа се тресе; се допре ли до горите, тие чадат.
Ќе му пеам на Господа преку целиот мој живот, ќе му пеам на мојот Бог се додека постојам. Нека Му биде мила беседата моја!
Ќе се веселам во Господа. Нека ги снема грешниците од земјата, и беззаконици да нема веќе! Благословувај Го, душо моја, Господа!
Сонцето го знае својот запад. Ти ја простираш темнината и настапува ноќ.        

Колку се многубројни Твоите дела, Господи! Се си направил премудро. Слава, и сега: Алилуја, алилуја, алилуја, Слава Ти, Боже. (3).


Господи повикав кон Тебе: услиши ме Услиши ме, Господи.
Господи, повикав кон Тебе: услиши ме чуј го гласот на молењето мое, кога повикувам кон тебе Услиши ме, Господи.
Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан, а воздигањето на рацете мои - како жртва вечерна. Услиши ме, Господи.

Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои. Не давај да застрани срцето мое кон зборовите лукави, да врши грешни дела. - - Пс 140

Јас нема да се здружам, со луѓето кои вршат беззаконија и со нивните избраници.

Нека ме казнува праведникот со милост и нека ме кара, но на грешникот не му давај елеј да ја помаже главата моја.

Зашто и молитвата моја се противи на нивната злоба, кога ќе се распрснат по стрмни камења.

Ке се чујат зборовите мои, зашто се пријатни, како грутка земја кога ќе падне и се растура, така се растурија коските нивни во пеколот.

Но кон Тебе Господи, Господи, се управени очите мои; во Тебе се надевам, не одземај ја душата моја.

Запази ме од стапиците што ми ги поставија, и од соблазната на оние што вршат беззаконие. Грешниците нека паднат во своите мрежи, само јас ќе поминам.

Со гласот свој повикав кон Господа, со гласот свој Му се помолив на Гос... - - Пс 141 Ке го излијам пред Него молењето мое маката моја пред Него ќе ја кажам.

Кога изнемоштуваше духот мој, Ти ја знаеше мојата патека. На патот, по кој одев, тие стапица ми поставија.

Се обѕирав на десно и гледав,и немаше никој што ме познава. Немаше каде да избегам, никој не се грижеше за душата моја.

Повикав кон Тебе, Господи, и реков: Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на живите.
Прими ја молитвата моја, зашто се понизив многу. Избави ме од моите гонители, оти тие се посилни од мене.

На10: Изведи ја од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое. 9. Мене ќе ме чекаат праведните, додека не ме вратиш.

На 8: Од дното на душата повикав кон Тебе, Господи. Господи чуј го гласот мој. - - Пс 129  7. Ушите Твои нека го чујат гласот на молењето мое.

На 6  Господи, ако гледаш на беззаконијата, тогаш кој ќе се одржи, Господи? Но во Тебе има простување.

           Заради името Твое, Те чекав долго Господи, чекаше душата моја на Твојот збор, душата моја се надеваше во Господа.

На 4: Од утрената стража, па до ноќта, од утрената стража нека се надева Израилот во Господа.

           Зашто милоста е во Господа и во Него има обилно избавување. И Он ќе го избави Израилот од сите беззаконија негови.

На 2  Фалете Го Господа сите народи, прославувајте Го, сите луѓе. Псалм 116 

           Зашто се зацврсти Неговата голема милост во нас, и вистината Господова останува вечно. СИ: Богородичен..


Премудрост Прости

Тивка Светлина на Св слава на бесмртниот Отец небесниот светиот и блажениот Исусе Христе.              Слушни ЈТ  ♫ ♪ ♪
Откако зајде сонцето ја видовме вечерната светлина, Му пееме на Оца, Сина и Св Дух Бог.
Достоен си во сите времиња да бидеш пеен од гласовите на препо... Сине Божји, Кој живот даваш. Затоа светот Те слави.

 

Да внимаваме. Мир на сите. И на духот твој. Премудрост ч Прокимен... Премудрост. Од Првата Книга Мој .. ќе се чита...Да внимаваме.

(првата паримија од Триод): Премудрост Прокимен... (на втората паримија) ѓ чтец: Повелите. Св Премудрост прости. (кон исток);
Свјет Христов просвештает всјех. (кон запад)  Од книгата на Соломонови изреки ќе се чита.. Да внимаваме. читање Мир ти премудрост


Св: Да исправитсја молитва моја, јако кадило пред Тобоју, воздејание руку моеју жертва вечернаја
поклон

Да исправитсја молитва моја, јако кадило пред Тобоју, воздејание руку моеју жертва вечернаја  

Св: Господи возвах к Тебје услиши мја, вон ми гласу моленија моего, внегда возвати ми к Тебје. покл

Да исправитсја молитва моја, јако кадило пред Тобоју, воздејание руку моеју жертва вечернаја.

Св: Положи Господи хранение устом моим, и двер ограждениа о устнах моих.  покл

Да исправитсја молитва моја, јако кадило пред Тобоју, воздејание руку моеју жертва вечернаја.

Св: Не уклони сердце мое в словеса лукавствија, непштевати вини о гресјех.  покл

Да исправитсја молитва моја, јако кадило пред Тобоју, воздејание руку моеју жертва вечернаја.

Св: Слава Оцу и Сину и Свјатому Духу, и ниње и присно и во век и веков. Амин. покл

Да исправитсја молитва моја, јако кадило пред Тобоју, воздејание руку моеју жертва вечернаја.

Св: Да исправитсја молитва моја, јако кадило пред Тобоју, покл, сите пеат воздејание руку моеју жертва вечернаја.


СУГУБА ЕК Да реч сите, од сета душа и со сета помисла да речеме ! Господи помилуј.
Господи, Седржителу, Боже на нашите Отци, Ти се молиме, послушај и помилуј.
Господи П .

Помилуј не, Боже, според Твојата голема милост, Ти се молиме послушај  и  помилуј ! Господи, помилуј. ( три пати )

УсМ за благ православен народ наш и за христољубивото воинство, за државата, победата, пребивањето,
за мир, здравје, и сп, и Гнашиот Бог да му помага во се и да му пок секаков непријател и противник
ГП ( три пати )

Уште се молиме за браќата наши свештеници, свештеномонаси и за сите во Христа браќа наши ! Господи, помилуј.  ( три пати  ДОЛГО)

Уште се молиме за високопреосвештениот митр. наш  за браќата наш, и свештениците,
св.монасите, св.ѓаконите и монасите и за сите во Христа браќа наши
  Господи, помилуј.  ( 3)

Уште се молиме за блажените и секогаш сп. создатели на овој св храм,
и за сите починати православни отци и браќа наши погребани тука и на секаде во
православието  Господи, пом  3

УСМ за м ж мир, здр спасение посетување прошка и прост на гр на Б чеда,
на сите благоч и прав хр кои живеат и се населени во овој град, настојателите и браќата на овој свет храм
! ГП 3

УСМ за сите што принесуваат плодови и добро чинат во овој св и сечесен хр за оние што се трудат,
за тие што пеат и луѓ што стојат на мол и чекаат од Тебе голема и богата милост
  ГП 3   зашто си милостив ... АМИН


ЕКТ ЗА ОГЛАСЕНИТЕ
Свешт:  Огласени на Господа да се помолиме ! ГП .
Верни за огласените да се помолиме, Господ да ги помилува !
  ГП Да ги огласи со словото на вистината- ГП

Да им го открие Евангелието на правдата  ГП Да ги соедини со својата света соборна и апостолска црква  ГП
Спаси помилуј, запази и заштити ги  Боже, со Твојата благодат ГП
Огласени, приклонете ги вашите глави пред господа  Тебје, Господи (бавно)
Та и тие заедно со нас да го слават Твоето чесно и великолепно име на Отца и Сина и Светиот
 ...  Амин

Вие што сте огласени, излезете! Огласени, излезете! Вие што сте огласени, излезете!
Никој од огласените да не остане, а вие кои сте верни, пак и пак во мир на Г да се помолиме
  ГП бавн

зашто ти си просветление наше ... Амин елици ко просвјесштенију изидите ... господу помолимсја  ГП  ГП Заштити спаси .. ГП
ѓакон: Премудрост. По дарот на Твојот Христос, со Кого Си благословен , со Пресветиот, .... народ: Амин.

 

Сега силите небесни со нас невидливо служат: зашто ете влегува Царот на славата. Ете совршената тајна жртва се принесува. 
Со вера и љубов да пристапиме, за да бидеме учесници во вечниот живот. Алилуја. Алилуја. Алилуја. 
Ова се пее наместо Иже Херувими


Да ја дополнеме нашата вечерна молитва пред Господа
. народ: Господи помилуј.

За предложените и претходноосветени чесни Дарови, на Господа да се помолиме. народ: Господи помилуј.

За овој свет храм, и за оние што со вера, побожност благоговение влегуваат во него, на Господа да се помолиме Господи помилуј.

Да нè избави од секаква скрб, гнев и опасност, на Господа да се помолиме. народ: Господи помилуј.

Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат народ: Господи помилуј.

Цел ден совршен, свет, мирен и безгрешен, од Господа просиме. народ: Подај Господи.

Ангел на мирот, верен водител, пазител на нашите души и тела, од Господа просиме. народ: Подај Господи.

Проштевање и отпуштање на нашите гревови и прегрешенија, од Господа просиме. народ: Подај Господи.

Останатото време од нашиот живот да го поминеме во мир и покајание, од Господа просиме. народ: Подај Господи.

Христијански крај на нашиот живот, безболен, непосрамен, мирен, и добар одговор на Страшниот Христов суд, просиме. народ: Подај Господи.

Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија
со сите Светии, самите себе ......
народ: Тебе Господи. И сподоби владико ...


Оче наш, Кој Си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја како на небото така и на земјата.
Лебот наш насушен дај ни го денес: и прости ни ги долговите наши како што им ги проштеваме и ние на нашите должници:
И не воведувај нè во искушение, туку избави нè од лукавиот.
Зашто Твое е царството и силата и славата на Отецот и Синот и Св Дух ..: Амин.

Мир на сите. И духови Твоему ѓ Главите наши пред Господа да ги приклонеме. н: Тебе Господи. Долго .... Амин Долго

 

ѓакон: Да внимаваме. возглас: Претходно осветена Светиња на Светиите .Сите клекнуваат  
Един Свјат Един Господ Исус Христос, во Славу Бога Оца Амин потоа причастен Вкусите и Видите јако благ Господ Алилуиа


Со страв Божји, вера и љубов, пристапете...
Ќе го благословувам Господа во секое време, Неговата похвала е во устата моја.
Спаси ги Госоди твоите луѓе и благослови го твоето наследство 
Леб небесен и Чаша на животот вкусете и видете дека е благ Господ. Алилуја, алилуја, алилуја
....
Сега секогаш и во сите векови.
Амин Да исполњјатсја уста наша хваленија Твоего Господи, јако да појем славу Твоју
Јако сподобил јеси нас причаститисја Свјатим Твоим, Божественим, бесмертним, и животворјашчим тајнам :
Собљуди нас во Твојеј свјатини вес ден поучатисја правдје твојеј . АЛИЛУИА
3


Откако ги примивме право стоејки Божествените, бессмртни и животворни страшни Христови Тајни
Достојно да Му благодариме на Господа !
Господи, помилуј
Заштити, спаси, помилуј и запази не Боже, со Твојата благодат ! Господи, помилуј
Откако испросивме цел ден совршен, свет, мирен и безгрешен
Самите себе и еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме
!  Тебје Господи
Зашто Ти си наше осветување и на Тебе слава Ти вознесуваме на Отца и Сина и Светиот Дух, ...  Амин.

Со мир да излеземе ! О имени Господни. На Господа да се помолиме ! Господи, помилуј.
Господи, Ти Кој ги благословуваш оние што Те славословуваат и ги осветуваш оние што се надеваат на Тебе,
спаси ги Твоите луѓе и благослови го наследството Твое, чувај ја полнотата на Твојата црква, освети ги оние што ја сакаат убавината на Твојот дом :
Прослави ги со Твојата божествена сила и не не оставај нас што се надеваме на Тебе.
Подари му мир на Твојот свет, на Твоите цркви, на свештениците, на православниот и Христољубив народ наш и на сите Твои луѓе.
Зашто секое дарование и секој дар совршен е одозгора, што доаѓа од Тебе, Отец на светлината
И на Тебе Ти вознесуваме слава, благодарност и поклонување на Отца и ...
АМИН


Амин Буди имја Господне благословено от ниње и до вјека. (три пати)   

На Пасха и во целата Пасхална седмица, наместо „Буди имја Господње“ се пее: Христос Воскресе – 3 пати.

Благословението на Господа и Неговата милост да дојде на вас преку Неговата благодат и човекољубие, сега и секогаш и во вечни векови ! Амин

Слава Ти, Христе Боже, надеж наша, слава Ти !
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови, Амин.  Господи помилуј (3) Оче благослови.


 

           

 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie