Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



НЕДЕЛА НА СВЕТА ПЕДЕСЕТНИЦА

Во сабота навечер

МАЛА ВЕЧЕРНА

На Господи, повикав, земаме 4 стиха и пееме стихири. Глас 1:

Да ја празнуваме Педесетницата, и слегувањето на Светиот Дух, и исполнувањето на ветувањето, и остварувањето на надежта тајната која е голема и чесна. Затоа Ти викаме: Создателу на вселената, Господи, слава Ти. (двапати)

Со јазиците на незнабошците си ги обновил Твоите ученици; Христе, та на овие јазици да Те проповедаат Тебе бесмртниот Бог и Слово, Кој на душите наши им даваш милост голема.

Светиот Дух дава се: Он е Изворот на пророштва, ги усовршува свештениците, неписмените на мудрост ги учи, рибарите ги направи богослови, го утврдува целото црковно собрание. Едносуштен и сопрестолен на Отецот и Синот, Утешителу, слава Ти.

Слава, и сега, глас 8:

Кога Твојот Свет Дух им Го испрати на собраните апостоли, Господи, тогаш децата на Израил беа обземени од ужас, гледајќи го ова чудо, зашто ги слушаа како зборуваат на други непознати за нив јазици, како што Духот им даваше. Иако беа неуки, тие станаа мудри, и со мрежите на верата ги уловија народите, изложувајќи им ја Божјата наука. Затоа и ние Ти викаме: Господи, Кој се јави на земјата, и не спаси од прелеста, слава Ти!

Стиховни стихири самогласни, глас 2:

Ја видовме вистинската Светлина; Го примивме Духот небесен, ја најдовме верата вистинска, на Троица неразделна и се поклонуваме, зашто Таа не спаси нас.

Стих: С оздај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.

Преку пророците ни го навести патот на спасението, а преку апостолите ни засветли благодатта на Твојот Дух, наш Спасителу, зашто Ти си Бог од вечноста, Ти остануваш тоа и потоа, и Ти си нашиот Бог во вековите.

Стих: Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.

В о Твоите дворови Те воспевам Тебе, Спасителот на вселената, и, со преклонети колена, се поклонувам на Твојата непобедлива сила, навечер, и наутро, и напладне, и во секое време ќе Те благословувам Тебе, Господи!

Слава, и сега, истиот глас:

Со песни Ја славиме Троица едносуштна: Отецот, и Синот, со Светиот Дух, зашто така проповедаа сите пророци, и апостоли со мачениците.

Сега го отпушташ: Трисвето. Пресвета Троице: Отче наш: Зашто Твое е Царството: Отпустителен тропар, глас 8: Благословен си, Христе Боже наш: Остатокот како и обичпо. И отпуст.

Голема вечерна


ГОЛЕМА ВЕЧЕРН
А

Обично стихословие (катизми). На Господи, повикав, земаме 10 стиха, и пееме 3 стихири самогласни од Малата вечерна, повторувајќи ја првата. Потоа пет стихири глас 2, повторувајќи ]а првата.

Глас 1:

Ја ја празнуваме Педесетницата, и слегувањето на Светиот Дух; и исполнувањето на ветувањето, и остварувањето на надежта тајната која е голема и чесна. Затоа Ти викаме: Создателу на вселената, Господи, слава

Ти. (двапати)

Со јазиците на незнабошците си ги обновил Твоите ученици, Христе, та на овие јазици да Те проповедаат Тебе бесмртниот Бог и Слово, Кој на душите наши им дава милост голема.

Светиот Дух дава се: Он е Изворот на пророштва, ги усовршува свештениците, неписмените на мудрост ги учи, рибарите ги направи богослови, го утврдува целото црковно собрание. Едносуштен и сопрестолен на Отецот и Синот, Утешителу, слава Ти.

Глас 2: Ја видовме вистинската Светлина; Го примивме Духот небесен, ја најдовме верата вистинска, на Троица неразделна и се поклонуваме, зашто Таа не спаси нас. (два пати)

Преку пророците ни го навести патот на спасението, а преку апостолите ни засветли благодатта на Твојот Дух, наш Спасителу, зашто Ти си Бог од вечноста, Ти остануваш тоа и потоа, и Ти си нашиот Бог во вековите.

Во Твоите дворови Те воспевам Тебе, Спасителот на вселената, и, со преклонети колена, се поклонувам на Твојата непобедлива сила, навечер, и наутро, и напладне, и во секое време ќе Те благословувам Тебе, Господи!

Во Твоите дворови, Господи, ние верните, со преклонети колена на душите и на телата, Те воспеваме Тебе беспочетниот Отец, со беспочетниот Син, и со едносуштниот и Пресвет Дух, Кој ги проветлува и осветува душите наши.

Со песни Ја славиме Троица едносуштна: Отецот, и Синот, со Светиот Дух, зашто така проповедаа сите пророци, и апостоли со мачениците.

Слава, и сега, глас 8. Творба на Господин Лав.

Дојдете, луѓе, да се поклониме на Триипостасното Божество: на Синот во Отецот, со Светиот Дух; зашто Отецот безвремено Го роди едносуштниот и сопрестолен Син и Светиот Дух беше во Отецот, прославуван со Синот: една сила, едно суштество, едно божество. Нему поклонувајќи Му се, сите говориме: Свети Боже, Кој создаде се преку Синот, преку содејството на Светиот Дух; Свети Крепки, преку Кого Го познавме Отецот, и преку Кого Светиот Дух дојде во светот; Свети Бесмртни, утешителен Духу, Кој исходиш од Отецот, и почиваш во Синот: Троице Света, слава Ти.

Вход. Светлино тивка: Прокимен на денот, и читања.

Паримии:

Од книгата Броеви (4Мојс 11,16-17,24-29), читање:

И му рече Господ на Мојсеј: „Собери ми седумдесет мажи од старешините израилски, за кои знаеш дека се негови главатари и надзорници па доведи ги кај скинијата на собранието, за да застанат таму аедно со тебе. Јас ќе слезам и ќе зборувам таму со тебе, ќе земам од Духот, Кој е врз тебе, и ќе им наредам ним, да го носат заедно со тебе бремето на народот, а не ти сам да го носиш. Мојсеј излезе и му ги кажа на народот зборовите Господови, и собра седумдесет постари мажи меѓу старешините народни и ги постави околу скинијата. И Господ слезе во облак и говореше со него, и зеде од Духот, Кој беше над него, и им даде на седумдесетте мажи старешини. И кога слезе над нив Духот, тие почнаа да пророкуваат, но потоа престанаа. Двајца од мажите беа останале во логорот; името на едниот му беше Елдад, а на другиот Медад; но и над нив беше слегол Духот (тие беа меѓу запишаните, само што не излегоа крај скинијата), и тие пророкуваа во логорот. Дотрча едно момче и му јави на Мојсеј, и рече: „Елдад и Медад пророкуваат во логорот." Во одговор на тоа Исус, син Навинов, служител на Мојсеј уште од неговите млади години, рече: „Господаре мој, Мојсеје, забрани им!" Но Мојсеј му рече: „Зар завидуваш поради мене? О, да беа сите од народот Господов пророци, и да им го испратеше Господ Својот Дух!"


Од книгата на Јоил (2, 23-32), читање:

Вака вели Господ: А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господа, вашиот Бог; зашто Тој ви дава умерен дожд, па ќе ви праќа дожд пролетен дожд и есенски дожд, како и порано. И ќе се наполнат гумната со жито и ќе се преполнат бочвите со гроздов сок и со масло. И ќе ви надоместам за оние години, кога испојадоа се скакулците, црвите, бумбарите и гасениците Мојата голема војска што ја пратив против вас. Во изобилство ќе јадете и ќе се наситувате и ќе го славите името на Господ, вашиот Бог, Кој со вас постапи на чудесен начин, така што Мојот народ нема да се посрами довека. И ќе познаете дека Јас сум среде Израил и дека Јас сум Господ, вашиот Бог, и дека нема друг, и Мојот народ нема да се посрами довека. И, ете, потоа ќе излеам од Мојот Дух врз секое тело, и синовите ваши и ќерките ваши ќе пророкуваат; старците ваши ќе сонуваат соништа и младите ваши ќе гледаат виденија. А и врз слугите и слугинките во оние денови ќе излеам од Мојот Дух. И ќе покажам знаци на небото и на земјата: крв, оган и столбови од дим. Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината во крв, пред да настапи денот Господов, великиот и страшниот. Тогаш секој, што ќе го призива името Господово, ќе се спаси.

Од книгата на Езекил (36, 24-28), читање:

Вака вели Господ: Ке ве земам откај народите, ќе ве соберам од сите страни и ќе ве доведам во вашата земја. Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши осквернувања, и од сите ваши идоли ќе ве очистам. Ке ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо. Ке го внесам во вас Мојот дух и ќе направам да одите по заповедите Мои и да ги пазите и да ги исполнувате наредбите Мои. И ќе живеете во земјата, што им ја дадов на предците ваши, и ќе бидете Мој народ и Јас ќе бидам ваш Бог.

Литиски стихири, 3 самогласни, глас 2:

Преку пророците ни го навести патот на спасението, а преку апостолите ни засветли благодатта на Твојот Дух, наш Спасителу, зашто Ти си Бог од вечноста, Ти остануваш тоа и потоа, и Ти си нашиот Бог во вековите.

Во Твоите дворови Те воспевам Тебе, Спасителот на вселената, и, со преклонети колена, се поклонувам на Твојата непобедлива сила, навечер, и наутро, и напладне, и во секое време ќе Те благословувам Тебе, Господи!

Во Твоите дворови, Господи, ние верните, со преклонети колена на душите и на телата, Те воспеваме Тебе беспочетниот Отец, со беспочетниот Син, и со едносуштниот и Пресвет Дух, Кој ги просветлува и осветува душите наши.

Слава, и сега, глас 8:

Кога Твојот Свет Дух им Го испрати на собраните апостоли, Господи, тогаш децата на Израил беа обземени од ужас, гледајќи го ова чудо, зашто ги слушаа како зборуваат на други непознати за нив јазици, како што Духот им даваше. Иако беа неуки, тие станаа мудри, и со мрежите на верата ги уловија народите, изложувајќи им ја Божјата наука. Затоа и ние Ти викаме: Господи, Кој се јави на земјата, и не спаси од прелеста, слава Ти!

Стиховни стихири самогласни, глас 6:

Не разбирајќи ја силата на Пресветиот Дух Кој слезе врз

Твоите апостоли, Господи, размената на јазиците собраниот народ ја сметаше за пијанство. Ние, пак, утврдени со нивните зборови, непрестајно говориме вака: Твојот Свет Дух не одземај Го од нас, Ти се молиме, Човекољупче.

Стих: Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.

Господи, слегувањето на Твојот Свет Дух, кое ги исполни апостолите, ги оспособи да говорат други јазици. Неверните тоа чудо го сметаа за пијанство, но на верните тоа им носи спасение. Ти се молиме, Човекољупче, удостој не и нас за Неговата светлина.

Стих: Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.

Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и се исполнуваш, ризницо на добрини и Животодавче, дојди и всели се во нас, и очисти не од секаква нечистотија, и спаси ги, Благи, нашите души.

Слава, и сега, глас 8:

Некогаш народите беа расеани поради дрскоста на градителите на кулата, а сега народите се исполнија со мудрост поради славното Богопознание. Таму Бог ги осуди безбожните поради нивниот грев, а овде Христос со Духот ги просветли рибарите. Тогаш наместо казна беа измешани јазиците, а сега се обновува едногласноста за спасение на душите наши.

Отпустителен тропар, глас 8: Благословен си, Христе Боже наш, Кој рибарите ги направи премудри ловци, кога им Го испрати Светиот Дух, и преку нив ја улови вселената. Човекољупче, слава Ти. (три пати)


Потоа благословување на лебовите. И читање од Делата на светите апостоли. Ако нема бдение: По
Сега го отпушташ: тропар на Празникот еднаш. На Повечерие, по Достојно, и по Трисвето, кондак на Празникот. Полуноќницата ја пееме според обичајот.

Канон троичен од Октоих, на гласот (редовен).


      УТРЕН
А

На Бог, Господ, тропар на Празникот, трипати.

По првото стихословие, седален, глас 4.

Во овој завршен Празник, верни, да го празнуваме светло денот на Педесетницата, бидејќи е исполнување на ветувањето, зашто во тој ден слезе огнот на Утешителот во вид на јазици, и ги просветли учениците, и ги направи неботајници. Светлината на Утешителот дојде и светот го просветли. (двапати)

И се чита сломо 8 од толкувањето на св. Јован: Во последниот ден: (на два дела)

По втората катизма седален, истиот глас и подобен.

Кога изворот на Духот дојде на земјата, разделувајќи се духовно во вид на огнени реки, ги пороси апостолите просветлувајќи ги, и беше како облак кој освежува. Преку Него ние ја примивме благодатта, преку огнот и водата. Светлината на Утешителот дојде и светот го просветли. (двапати) И читање.


По полиелејните псалми, седален, глас 8.

По Твоето Воскресение од гробот, Христе, и по божественото Вознесение на небесата, на сведоците на Твоето божество им ја испрати Твојата слава, Штедре, и во срцата на Твоите ученици Го обнови Духот на вистината. Затоа, како мелодична гусла, со помошта на божествениот инструмент, на сите им се појасни тајната на Твојот повик и промисла, Спасителе! (двапати)

И читања од Јован Богослов. Степена, првиот антифон од глас 4. Прокимен, глас 4: Твојот благ Дух нека ме води по прав пат. Стих: Господи, слушни ја молитвата моја, чуј го молењето мое. Се што дише:

Евангелие, според Јован (20, 19-23), зачало 65: Вечерта на истиот ден: Крајот: На кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.

Откако го видовме Христовото Воскресение, не говориме, но веднаш го читаме 50~иот псалм. Потоа, Слава: По молитвите на апостолите: И сега: По молитвите на Богородица: Потоа стихот:

Помилуј ме, Боже: Стихира, глас 6: Цару небесен:

Канони на Празникот два. Ирмосите и на двата канона по двапати, а тропарите на 12. На крајот, првиот хор (певница) првиот ирмос, а вториот хор, вториот ирмос.

Канон, чиј акростих е: Да ја празнуваме Педесетницата, творба на монах Козма. Глас 7.

Песна 1.

Ирмос: Оној што ги добива битките со силата на Својата рака, го потопи и фараонот со неговите колесници. Нему да Му пееме, зашто се прослави.

Како што некогаш нм вети на Твоите ученици, Христе, дека ќе им Го испратиш Духот Утешител, светот си го озарил со Твојата светлина, Човекољупче. Она што некогаш беше проповедано до Законот и од пророците, се исполни, зашто денес благодатта на божествениот Дух се излеа врз сите верници.

Другиот канон, јамбичен, е творба на Господин Јован Арклијски. Глас 4.

Песна 1.

Ирмос: Покриен со божествениот мрак, човекот што тешко говореше, лесно го изговори од Бога напишаниот Закон; и, откако го истресе правот од очите, Го гледа Оној Кој е, и се упатува во познанието на Духот, славејќи Го со песни божествени.

Чистата и чесна уста рече: Нема да се разделам од вас, пријатели Мои, зашто Јас, седејќи со Отецот на вишниот престол, ќе ви Го излеам Духот, за да ги просветлам оние што ја сакаат изобилната благодат.

Откако се искачи на планината, вистинското Слово ја исполни желбата на Своето искрено срце, зашто, откако го заврши Своето дело, Христс ги развесели пријателите давајќи им Го Духот со силното дување и во вид на огнени јазици, како што им вети.

Катавасија: Оној што ги добива битките со силата на Својата рака, го потопи и фараонот со неговите колесници. Нему да Му пееме, зашто се прослави.

Покриен со фжествениот мрак, човекот што тешко говореше, лесно го изговори од Бога напишаниот Закон; и, откако го истресе правот од очите, Го гледа Оној Кој е, и се упатува во познанието на Духот, славејќи Го со песни божествени.

 

Песна 3.

Ирмос: На Твоите ученици, Христе, си им рекол: Седете во Ерусалим, додека не се облечете во сила одозгора. И Јас ќе ви испратам друг Утешител, мојот Дух и на Отецот, во Кого што ќе се утврдите.

Силата на Светиот Дух божествено ги соедини во хармонија порано разделените јазици: некогаш тоа се случи поради согласноста во злото, а сега верните ги исполни со познание на Света Троица, во Која што се утврдивме.

Друг канон.

Ирмос: Единствената молитва на пророчица Ана, која носеше сокрушено срце пред силниот и семоќен Бог, во она време ги одврза оковите на бездетната утроба, и неподносливото срамотење на многудетната жена.

Недостижна е врвната сила на Бога, зашто таа неуките рибари ги направи премудри говорници кои, со своите зборови, ги посрамуваа проповедниците на заблудата, и од длабоката ноќ изведуваа безбројни луѓе, со светлината на Светиот Дух.

Светиот Дух исходи од неродената Светлина вечната Светлина со илјадници огнови, Чиј огнен глас сега на народите во Сион им јавува еднаква по природа светлина, наследена од Отецот преку Синот.

Потоа седален, глас 8.

Подобен: Кога ангелот ја прими:

Кога пријателите на Спасителот се исполнија со радост, и оние што порано се плашеа, сега се осмелија, кога Светиот Дух денес слезе одозгора врз домот, каде што беа учениците кои на сите луѓе им се обраќаа на нивните јазици, зашто тие им беа разделени на сите во вид на оган, кој не ги изгоре, туку ги пороси.

Слава, и сега, истиот глас.

Песна 4.

Ирмос: Созерцавајќи го Твоето последно доаѓање, Христе, пророкот викаше: Ја слушнав Твојата сила, Господи, зашто си дошол да ги спасиш сите Твои помазаници.

Оној што говореше преку пророците, и Кој што некогаш им беше навестен на несовршените луѓе, денес им се открива на слугите и сведоците на Словото, како вистински Бог и Утешител.

Оној што го носи печатот на Божеството Духот, во вид на оган им се раздели на апостолите, и се покажа преку дарот на јазиците, зашто Он е божествената сила на Отецот, која доаѓа самовласно.

Друг канон.

Ирмос: Цару над царевите, единствен Сине на единствениот Бог, единствен Слове Кој си произлегол од беспочетниот Отец, Ти си им Го испратил навистина Твојот рамносилен Дух на апостолите кои, како на Добротвор, Ти пеат: Слава на Твојата сила, Господи.

Откако со Твојот збор ја подготви бањата за повторното раѓање за мојата падната природа, Слово Божјо, Ти ме изми со водата што потече од Твоето нетлено прободено ребро, запечатувајќи ме со топлината на Светиот Дух.

Сето создание ги преклонува колената пред Утешителот и пред едносуштниот Син, Кој се раѓа од Отецот, зашто во трите лица виде единствена вистинска природа, недопирлива, безвремена, бидејќи засветли благодатта на Светиот Дух.

Сите оние кој се служители на Трисветлото суштество, нека се исполнат со почит кон суверената сила Божја, бидејќи Христос, како Добротвор, прави натприродни чуда и не просветлува заради наше спасение, давајќи ни ја сета благодат на Духот.


Песна 5.

Ирмос: Духот на спасението, Господи, Кого што некогаш пророците со страв Го примија во своите утроби, ги прави чисти срцата на апостолите, и го обновува правиот дух во верните, зашто Твоите заповеди, Господи, носат мир и светлина.

Силата што слезе врз нас денес е Благиот Дух, Духот на Премудроста Божја, Духот Кој излегува од Отецот, и Кој нам верните ни се јави преку Синот, Кој дарува и ги осветува оние во коишто се вселува.

Друг каион.

Ирмос: 0 чеда светлообразни црковни, примете ја огнената роса на Духот, како разрешително очистување на гревовите, зашто сега излезе закон од Сион благодатта на Духот, во вид на огнени јазици.

Како што благоволи самовласно и слободно, Светиот Дух исходи од Отецот, на апостолите им ја дава мудроста да говорат јазици, споделувајќи ги со Отецот образот и силата, и потврдувајќи ги живоносните зборови на Спасителот.

Бог Словото, Кој е почеток на се, за да ги исцели душите од гревот, некогаш од апостолите направи Свој пречист дом, а сега во него се вселува светлината на едносуштниот и едносилниот Дух.

Песна 6.

Ирмос: Пловејќи низ метежот на животните грижи, потопен со коработ на гревовите, и фрлен во челустите на ѕверот кој ги голта душите, како Јона Ти викам, Христе: Од смртоносната бездна избави ме!

Од Твојот Дух си излеал изобилно на секое тело, како што си ветил, и целата вселена се исполни со Твоето богопознание, Господи, зашто си се родил нетлено како Син од Отецот, од Кого што и Светиот Дух исходи неразделно.

Друг канон.

Ирмос: Очистување и спасение си ни засветлил од Дева, Владико Христе! Та, како што од утробата на морскиот ѕвер си го избавил пророкот Јона, да го избавиш од распадливоста и целиот човечки род, по падот на Адама.

Седржителу, вечно обнови Го во срцата наши вистинскиот и прав Дух, Кој излегува од Отецот, без да се одвојува од Него, и Кој ги гори нечистотиите на срцата и на душите.

Откако ги покажа како залудни жестоките зборови на незнабошците, на апостолите кои на Сион го очекуваа Твоето слегување им го даде саканото наследство, печатот на Светиот Дух, на Словото Кое се раѓа од Отецот, Кој слезе во вид на огнени јазици и ги утврди.

Кондак, глас 8:

Кога Севишниот слезе и ги измеша јазиците, тогаш ги раздели народите; а кога ги разделуваше огнените јазици, сите луѓе ги повика на единство, и сите заедно Го славиме Сесветиот Дух.

Икос: Брза и сигурна утеха дај ни нам на Твоите слуги, Исусе, кога тагуваат духовите наши; не одвојувај се од душите наши во неволите; не оддалечувај се од мислите наши во маките, туку постојано помагај ни, приближи ни се; приближи се Ти, Кој си насекаде, како што си постојано со Твоите апостоли, и соедини ги со Тебе оние што Те љубат, та сите заедно да Ти пееме и да Го славиме Твојот Сесвет Дух

                                     

Синаксар во недела на светата Педесетница.

Стихови:

Преку силно дување, Христос им Го дава на апостолите Божествениот Дух, во вид на огнени јазици.

Во тој голем ден Духот се излеа врз рибарите.

Во овој ден, осма недела по Пасха, ја празнуваме Педесетницата. И овој Празник го примивме од еврејските книги. Како и тие што ја слават нивната Педесетница, оддавајќи му почит на бројот седум, и затоа што педесет дена по Пасха го примија Законот, така и ние, празнувајќи го педесеттиот ден по Пасха (Велигден), Го примаме Сесветиот Дух, Кој ни го дава Новиот закон, не упатува на секоја вистина и го заповеда она што Му е угодно на Бога.

Треба да знаеме дека Евреите имаа три празника: Пасха, Педесетница и Скинопигија, односно празникот на шаторите. Пасхата ја празнуваа во спомен на преминот преку Црвеното Море, зашто самиот збор Пасха значи премин. Тој Празник беше праслика на нашиот премин или враќање од темниот грев во рајот.

Педесетницата, пак, ја празнуваа во спомен на нивното страдање во пустината, и враќањето во Ветената земја, по многу неволи. Тогаш се насладија и од плодовите на пченицата и на виното. Тој Празник го навестуваше и нашето страдање од неверието и влегувањето во Црквата. Тогаш и ние се причестуваме со телото и крвта на Господа. Едните велат дека од таа причина се слави Педесетницата кај Евреите, а други велат дека тоа се прави во чест на педесетдневниот пост на Мојсеја пред да го прими од Бога напишаниот Закон. По тој повод се спомнува и жртвата што му е принесена на златното теле, и за други дела што ги изврши Мојсеј кога се искачи на планината и кога слезе од неа. Други пак, сметаат дека Педесетницата ја измислиле Евреите во чест на бројот седум, како што е речено, бидејќи бројот седум, помножен со седум, дава педесет дена без еден. Оваа Педесетница не се почитува само во однос на деновите, туку и во однос на годините. Оттаму е дојден кај нив и јубилејот што се слави после седум по седум години, наречен мирување. Тогаш тие ја оставаат земјата ненасеана, им даваат одмор и на животните, и на оние што купиле робови, им заповедаат да ги отпуштат.

Третиот Празник, Скинопигија, е празник по собирањето на плодовите, односно пет месеци по празникот Пасха. Се слави во спомен на денот кога Мојсеј за првпат ја постави скинијата што беше ја созерцавал во облакот на Синајската гора, и која беше изградена од архитектот Веселеил. И тие прават шатори, палатки, живеат по полињата и, благодарејќи Му на Бога, ги собираат плодовите на својот труд. Се чини дека и Давид ги напишал таму своите псалми (8, 80, 83), кога се гмечело грозјето.

Таа скинија е слика на нашето Воскресение од мртвите, кога ќе се разрушат нашите телесни шатори и кога ќе биде поставено ново живеалиште, и ќе ги примиме плодовите на нашите напори, торжествувајќи во вечните живеалишта.

Треба да го знаеме и ова дека во овој ден, кога ја славиме Педесетницата, Светиот Дух слезе врз учениците. Потоа, светите Отци сметале дека е добро овој празник да се раздели на два, имајќи ја предвид величината на Пресветиот и Животворен Дух, како еден од Света и Живоначална Троица. Ете зошто утре ќе зборуваме за слегувањето на Светиот Дух.

По молитвите на светите апостоли, Христе, помилуј не и нас, амин.


Песна 7.

Ирмос: Преподобните момчиња, фрлени во огнената печка, огнот во роса го претворија, со пеење викајќи вака: Благословен си, Господи, Боже на отците наши.

Кога апостолите ги проповедаа величијата Божји, дејството на Светиот Дух неверниците го сметаа за плод на пијанство, преку кое се познава Троица, единствениот Бог на отците наши.

равославно богословиме за неразделната природа на беспочетниот Бог Отец, за истата власт на Словото и на Духот, викајќи: Благословен си, Боже, на отците наши.

Друг канон:

Ирмос: Хармонична песна од инструменти загрме, за да му оддаде почит на бездушниот идол, направен од злато; а светлоносната благодат на Утешителот не кани да викаме: Троице единствена, рамносилна, беспочетна, благословена си.

Оние што не го разбраа гласот на пророците, зборуваа за пијанство од вино, и зборовите на апостолите ги сметаа за необични; а ние благочестивите божествено Ти викаме: Добротвору на сите, благословен си.

Божествениот (пророк) Јоил вдахновено го изговори пророштвото на семоќното Слово, кое велеше: Од мојот Дух ќе излеам врз оние што викаат со мене: Божество со тројна светлина, благословено си.

Третиот час имаше благодат и среќа да ја открие единствената суштина на божеството во три ипостаси, што ние ја воспеваме во овој единствен ден Господин: Отче, Сине и Духу, благословен си.


Песна 8.

Ирмос: Капината на Синај, која гореше и не согоруваше, му Го откри Бога на Мојсеја кој тешко зборуваше, и трите момчиња во огнот, непобедливи во нивната ревност за Бога, пееја: Сите дела Господови, пејте Му на Господа, и превозносете Го во сите векови.

Кога дојде одозгора силниот шум кој носеше живот Сесветиот Дух, во вид на огнени јазици, дувајќи бурно врз рибарите, тие ги проповедаа величијата Божји: Сите дела на Господа, пејте Му, и превозносете Го во сите векови.

Доближувајќи се до недопрената гора, не плашејќи се од страшниот оган, пријдете, да застанеме на Сионската гора, во градот на Живиот Бог, ликувајќи сега со духоносните ученици: Сите дела на Господа, пејте Му, и превозносете Го во сите векови.

Друг канон:

Ирмос: Трисветлиот лик на единственото Божество ги раскинува веригите и пламенот го претвора во роса, а младите момчиња ги тера да Му пеат: Сета создадена твар нека Го благословува, како Добротвор, единствениот Спасител и Создател на вселената.

Во спомен на спасоносните зборови, слушнати од Отецот и предадени на апостолите, Христос Го испраќа Духот во вид на огнени јазици; а созданието, преку преобразеното присуство, Ти пее: Господи, благословен си.

Дојден слободно да не спасиш, Ти Кој си Светлина и подател на светлина, исполнувајќи ги апостолите и на Твоите чесни слуги им Го даваш Духот Кој се исполнува.

Вдахновената уста на пророците го воспеваше, о Цару, Твоето телесно пришествие, и Ти Го испрати Духот Кој произлегува од Отецот, Кој е несоздаден, законодаваец, Кој го дели истиот престол со Тебе, за верните чест на единственото воплотување.

 
Почесна, не пееме: Песна 9.

Ирмос: Ти, која роди без да ја вкусиш распадливоста, и на Словото Создател Му го позајми телото, Мајко неискусомажна, Дево Богородице, живеалиште на Оној што никој не може да Го опфати, ниво на несместливиот твој Создател, тебе те величаме.

Пророкот кој некогаш беше вознесен на огнена колесница радувајќи се, исполнет со ревност и топлина, го навестуваше сегашново светло слегување на Духот одозгора врз апостолите. Од Него осветени, тие на сите им Ја проповедаа Света Троица.

Законите на природата се надминати; се слушна чудна работа: додека од учениците се слушаше само еден глас, со благодатта на Духот, луѓето и народите, племињата на различни јазици ги слушаа божествените величија, упатени во познанието на Света Троица.

Друг канон.

Ирмос: Радувај се, Царице, славна Мајко и Дево, бидејќи ниту една богоглаголива уста не може да најде збор за да ти пее достојно! Ниту еден ум не може да го разбере твоето раѓање! Затоа сите заедно те славиме.

Греба да ја воспеам Отроковица, изворот на Животот, зашто таа единствена во својата утроба го скри Словото, Кое ја лекува болната човечка природа, Кое сега седи од десната страна на Отецот, и ни ја испрати благодатта на Духот.

Сите ние, врз кои дувна благодатта на Духот, зрачејќи со светлина и чудесно преобразени, откако ја дознавме рамносилната и неразделна Премудрост, Го славиме Три-

светлото суштество.

Потоа катавасијата, и двата ирмоса заедно.


Егзапостилар.
Подобен: Како Бог што небото со ѕвезди:

Сесвети Духу, Кој исходиш од Отецот, и преку Синот дојде врз неписмените ученици, спаси ги оние што Тебе како Бог Те познаа, и сите помилуј ги. (двапати) Слава, и сега, друг подобен:

Светлина е Отецот, Светлина е Словото, Светлина е и Светиот Дух Кој на апостолите им се испрати во вид на огнени јазици, и преку Него целиот свет се просветлува, да ја почитува Света Троица.


Хвалитни стихири.
Се што дише: земаме 6 стиха и ги пееме овие самогдасни стихири, глас 4, повторувајќи ги:

Денес во градот Давидов сите народи видоа преславни (работи), кога Светиот Дух слезе во огнени јазици, како што раскажува богоглаголивиот Лука, кога вели: Кога учениците Христови беа собрани заедно, се слушна шум, како да идеше силен ветар, и се исполни домот каде што тие седеа, и сите почнаа да говорат туѓи јазици, ново учење, нови заповеди на Света Троица. (двапати)

Светиот Дух беше од секогаш, и е, и ќе биде: ниту започнува, ниту престанува, но секогаш е вброен со Отецот и со Синот со еднакво достоинство; Он е Живот и живот твори, Светлина и подател на светлина, Самодобар и извор на добрина, преку Кого се познава Отецот и Синот се прославува, и од сите се познава како една сила, со еднаква чест, едно поклонување на Света Троица. (двапати)

Светиот Дух е светлина и живот, и жив духовен извор: Дух на премудрост, Дух на разум, на добрина, на правда, на знаење, Кој владее, очистува гревови; Он е Бог и нас не обожува; Оган Кој од Огнот исходи; Кој говори, дејствува, дарови разделува, преку Кого се овенчаа сите пророци и божествени апостоли со мачениците. Страшен шум, страшна глетка: Оган кој се разделува заради раздавање дарови. (двапати).

Слава, и сега, глас 6:

Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и се исполнуваш, ризницо на добрини и Животодавче, дојди и всели се во нас, и очисти не од секаква нечистотија, и спаси ги, Благи, нашите души.

Славословие големо. Отпустителен тропар на Празникот. Потоа ектении.

И свештеникот прави отпуст вака:

Христос, нашиот вистински Бог, Кој од небото Го испрати Пресветиот Дух врз Своите ученици и апостоли, по молитвите на Својата Пречиста Мајка, на светите славни и сефални апостоли, и на сите свети, да не помилува и да не спаси како благ и Човекољубец.


И Првиот час. На Првиот час тропар на Празникот. По Трисвето,
кондак на Празникот. И крајниот отпуст.

На Литургијата ги читаме овие антифони: Антифон 1, псалм 18, глас 2: Стих 1: Небесата ја објавуваат славата Божја. Припев: По молнтвите на Богородица, Спасителе спаси не.

И вториот хор го пее истиот стих:
       
 Стих: Небесата ја објавуваат славата Божја, а за делата на рацете Негови известува сводот небесен. Припев: По молитвите на Богородица, Спасителе спаси не.

Стих 2: Ден на денот објавува, и ноќ на ноќта знаење открива. Припев: По молитвите на Богородица, Спасителе спаси не.

Стих 3: Нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на светот. Припев: По молитвите на Богородица, Спасителе спаси не.

Слава, и сега: По молитвите на Богородица, Спасителе спаси не.


                    Антифон 2, псалм 19, истиот глас:

       
Стих 1: Нека те слушне Господ во тежок ден. Припев: Спаси не, Утешителу благи, нас кои Ти пееме алилуја.

И вториот хор го пее истиот стих: Стих 1: Нека те слушне Господ во тежок ден, да те заштити името на Бога Јаковов. Припев: Спаси не, Утешителу благи, нас кои Ти пееме алилуја.

Стих 2: Да ти испрати помош од светилиштето и од Сион да те поткрепи. Припев: Спаси не, Утешителу благи, нас кои Ти пееме алилуја.

Стих 3: Да ти го даде Господ и она што ти срце сака; и сите твои помисли да ги исполни. Припев: Спаси не, Утешителу благи, нас кои Ти пееме алилуја.

Слава, и сега: Единороден Сине:

Антифон 3, псалм 20, глас 8: Стих 1: Господи, со Твојата сила се весели царот. Тропар, истиот глас: Благословен си, Христе Боже наш, Кој рибарите ги направи премудри ловци, кога им Го испрати Светиот Дух, и преку нив ја улови вселената. Човекољупче, слава Ти.

И вториот хор го пее истиот стих:

Стих: Господи, со Твојата сила се весели царот и за спасението од Тебе безмерно се радува. Тропар: Благословен си, Христе Боже наш:

Стих 2: Ти му даде она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не ја отфрли. Тропар: Благословен си, Христе Боже наш:

Стих 3: Зашто Ти го пресретна со добри благослови, му стави на главата венец со скапоцени камења. Тропар: Благословен си, Христе Боже наш:

Входно: Издигни се, Господи, со Твојата сила, ние ќе ја воспеваме и ќе ја прославуваме Твојата моќ. Потоа, тропарот: Благословен си, Христе Боже наш:

Слава, и сега, кондак глас 8: Кога Севишниот слезе и ги измеша јазиците, тогаш ги раздели народите; а кога ги разделуваше огнените јазици, сите луѓе ги повика на единство, и сите заедно Го славиме Сесветиот Дух.

Место Трисвето: Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте, алилуја.

Прокимен, глас 8: Нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на вселената. (и до оданието) Стих: Небесата ја објавуваат Божјата слава, а за делата на рацете Негови известува сводот небесен.

Апостол, од Дела (2, 1-11), зачало 3: Во оние дни, кога се навршија дните на Педесетницата: Алилуја, глас 1: Преку словото на Господа беа создадени небесата, и преку Духот на устата Негова сите сили нивни. Стих: ОД небесата гледа Господ, ги гледа сите синови човечки.

Евангелие, спореа Јован (7, 37-52; 8,12), зачало 27: В« последниот голем ден од Празникот:

Место Достојно, д0 ода^ето го пееме ирмосот: Радувај се, царице Причесен Твојот Благ дух нека ме води по прав пат, Алилуја (Три пати) По отпустот на литургијата го пееме 9 час

НЕДЕЛА ОД СВЕТА ПЕДЕСЕТНИЦА
ВЕЧЕРНА

На ко]а се читаат молитви со преклонети колена.

Свештеникот започнува со: Благословен е нашиот Бог.Чтецот говори: Цару небесен: И предначинателниот псалм (103).

Потоа ѓаконот, ако има, ако пак нема, свештеникот ја говори великата ектенија:

Во мир да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За мир од висините и за спасение на нашите души, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За мир во целиот свет, за благосостојба на светите Божји цркви и за соединување на сите, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За овој свет храм и за оние коишто со вера, набожност и страв Божји влегуваат во него, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За блаженејшиот архиепископ (или: за високопреосвештениот митрополит; или: за преосвештениот епископ) наш (името), за чесното презвитерство, во Христа ѓаконството, за сиот клир и за сите луѓе, да се помолиме на Господа.

Недела од света Педесетница

Народот: Господи, помилуј.

За благочестивиот православен народ наш, и за христољубивото воинство, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За да помага и да покори под нозете нивни секој непријател и противник, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За овој град (или: за ова село, или: за оваа света обител), за секој град, земја, и оние коишто со вера живеат во нив, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За благопријатен воздух, за изобилие на земни плодови и мирни времиња, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За оние коишто пловат, патуваат, боледуваат, страдаат, за заробените и за нивно спасение, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За луѓето што стојат овде и ја чекаат благодатта на Светиот Дух, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За оние што ги приклонуваат своите срца и колена пред Господа, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За да бидеме поткрепени за извршување на она што Му е угодно на Бога, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За да ни бидат испратени Неговите богати милости, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За да ги прими иашите коленопреклоненија како темјан пред Него, да се помолиме на Господа.

Народот: I осподи, помилуј.

За оние што имаат потреба од Негова помош, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

За да се избавиме од секаква скрб, гнев и насилство, да се помолиме на Господа.

Народот: Господи, помилуј.

Заштити, спаси, помилуј и запази не, Боже, со Твојата благодат.

Народот: 1'осподи, помилуј.

Пресветата, пречиста, преблагословена, славна Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, откако ја спомнавме со сите свети, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.

Народот: Тебе, Господи.

Зашто Тебе Ти прилега секоја слава, чест и поклонение, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во веки веков.

Народот: Амин.

Потоа пееме: Господи, повикав: И земаме 6 стиха: пееме стихири самогласни, глас 4: Денес во градот Давидов сите народи видоа преславни: повторувајќи ги. Слава, и сега, глас 6: Цару небесен: (напшиани се погоре, нахвалитните, на стр: 495-496).

Вход со кадилница. Светлино тивка:

Прокимен голем, глас 7: Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!? Ти си Бог, Кој прави чудеса. Стих 1: Ти ја покажа силата Своја меѓу народите. Стих 2: Па си реков: Ова е мојата болка: десницата на Севишниот се изменила. Стих 3: Ке си спомнам за делата на Господ; ќе се потсетам на дамнешните чудесни дела. И пак: Кој бог е толку голем:

Потоа свештеникот или ѓаконот возгласува:

Пак и пак, коленопреклоно, да се помолиме на Господа.

Ние: Господи, помилуј. (трипати) А додека ние коленичиме на земјата, со преклонети колена и непокриени, свештеникот во олтарот ја чита оваа молитва велегласно:

Пречист, неосквернет, беспочетен, невидлив, недостижен, неистражлив, неизменлив, непобедлив, неизмерлив, незлоблив Господи, Кој си единствениот бесмртен и живееш во непристапна светлина, Кој си ги создал небото и земјата и морето, и се што е создадено во нив, Кој им ги исполнуваш желбите на сите уште пред да побараат. Тебе Ти се молиме и од Тебе просиме, Владико Човекољупче, Отче на нашиот Господ Исус Христос Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Приснодева, преславната Богородица; Кој прво не учеше со зборови, а потоа ни покажуваше и дела, а кога претрпе спасителни страдања, нам грешните, смирени и недостојни Твои слуги ни даде пример како да Ти принесуваме молитви со клечење и со наведнати глави, за своите гревови и за човечките незнаења. Самиот Ти, многумилостив Човекољупче, услиши не во кој ден и да Те повикуваме, особено во овој ден на Педесетницата, во кој што, по вознесението на Господ наш Исус Христос на небесата и Неговото седнување оддесно на Тебе Бога и Отецот, Го испрати Твојот Свет Дух на Своите свети ученици и апостоли, Кој застана врз секого од нив, и сите се исполнија со Неговата неисцрпна благодат и говореа на разни јазици за Твоите големи дела, и пророкуваа. Затоа, услиши не и нас кои сега Ти се молиме, и спомни си за нас смирените и осудени, и врати ги од ропство нашите души, имајќи ја секогаш Твојата милост која се моли за нас. Прими не нас кои паѓаме пред Тебе и кои викаме: Згрешивме! Кон Тебе сме приврзани уште од мајчината утроба! Ти си нашиот Бог! Но, бидејќи нашите денови поминаа во суета, останавме без Твојата помош, и се лишивме од секаков одговор. Сепак, охрабрени од Твоите добрини, ние викаме: Не спомнувај си за гревовите од нашата младост и незнаење, и од тајните наши (гревови) очисти не, и за време староста наша, кога нашата сила ќе ослабне, не отфрлај не. Удостој не да се вратиме при Тебе, пред да се вратиме во земјата. Биди благонаклонет кон нас и дај ни ја Твојата благодат. Беззаконијата наши измери ги со мерката на Твоите штедрости. Неизмерните Твои добрини спротивстави ги на мноштвото наши гревови. Погледни, Господи, од Твојата света височина кон Твоите луѓе што стојат пред Тебе и чекаат богати милости од Тебе. Посети не со благоста Твоја, избави не од ѓаволското насилство. Утврди го нашиот живот со Твоите свети и свештени закони. На Твоите луѓе дај им го верниот ангел пазител. Сите нас прими не во Твоето царство. Дај им прошка на оние што се надеваат на Тебе. Прости им ги нивните и нашите гревови. Очисти не со дејството на Твојот Свет Дух. Уништи ги подмолните напади на непријателот против нас.

Ја додаваме и оваа молитва:

Благословен си, Господи, Владико, Седржителу, Кој си го осветлил денот со светлината на сонцето, а ноќта си ја направил јасна со огнени зраци, Кој не удостои да ја поминеме должината на овој ден, и да се приближиме до почетокот на ноќта. Услиши ги нашите молитви и на сите Твои луѓе, и прости ни ги сите наши гревови, волни и неволни; прими ги нашите вечерни молитви, и испрати му ги на Твоето наследство мноштвото Твои милости и штедрости. Заштити не со Твоите свети ангели; вооружи не со оружјето на Твојата Правда; огради не со Твојата вистина; сочувај не со Твојата сила; избави не од секаква опасност, од секаков напад противнички. Дај ни оваа вечер, со ноќта што настапува, како и сите денови од нашиот живот, да ни бидат совршени, свети, мирни, без грев, без соблазни, без празни мечти, по молитвите на света Богородица, и на сите светии кои од памтивек Ти благоугодиле.

Ако има ѓакон, тој говори:

Заштити, спаси, помилуј, подигни и запази не, Боже, со Твојата благодат.

Народот: Господи, помилуј. (еднаш)

Пресветата, пречиста, преблагословена, славна Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, откако ја спомнавме со сите свети, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.

Народот: Тебе, Господи.

Потоа свештеникот возгласува:

ашто Твое е да не милуваш и да не спасуваш, Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во веки веков.

Народот: Амин.

Потоа свештеникот, или ѓаконот, вели:

Да речеме сите од сета душа и од сета наша помисла, да речеме.

Народот: Господи, помилуј.

Господи, Седржителу, Боже на нашите татковци, Ти се молиме, услиши не и помилуј.

Народот: Господи, помилуј.

11омилуј не, Боже, по Твојата голема милост, Ти се молиме, услиши не и помилуј.

Народот: Господи, помилуј. (3-пати)

Уште се молиме за благочестивиот православен народ

наш, за неговата власт, победа, опстојување, мир, здравје и

спасение, и Господ нашиот Бог, да му помага во се и да по-

кори под нозете негови секаков непријател и противник. Народот: Господи, помилуј. (3-пати)

Уште се молиме за блаженејшиот архиепископ, (или: за високопреосвештениот митрополит, или: за преосвештениот епископ) наш (името), и за сето во Христа братство наше. Народот: Господи, помилуј. (3-пати)

Уште се молиме за блажените и секогаш споменувани создатели на овој свет храм (или: оваа света обител), и за сите православни порано упокоени отци и браќа наши, кои почиваат овде и насекаде.

Народот: Господи, помилуј. (3-пати)

Уште се молиме за милост, живот, мир, здравје, спасение, посетување, прошка и разрешување од гревовите на Божјите слуги, и браќата на овој свет храм (или: оваа света обител).

Народот: Господи, помилуј. (3-пати)

ште се молиме за оние што принесуваат плодови и прават добрини за овој свет и сечесен храм, за луѓето што се трудат, пеат и престојуваат (на молитва), очекувајќи од Тебе голема и богата милост.

Народот: Господи, помилуј. (3-пати) Свештеникот возгласува:

Зашто си милостив и Човекољубец Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во веки веков.

Народот: Амин.

Потоа ѓаконот вели:

Пак и пак, коленопреклоно, да се помолиме на Господа.

Ние: Господи, помилуј. (трипати) И ги преклонуваме колената, како што претходно се напиша. Свештеникот ја чита втората молитва за сите да ја слушнат.

Господи Исусе Христе, Боже наш, Кој си им го дал на луѓето Твојот мир, Кој си со нас и во овој живот и на верните постојано им го даваш дарот на Пресветиот Дух како трајно наследство; Кој во овој ден особено јасно си им ја испратил оваа благодат на Твоите ученици и апостоли, и со огнените јазици си ги утврдил нивните усни. Преку нив целиот човечки род, на свој јазик, го слушнавме и го примивме богопознанието, и со светлината на Духот се просветливме, и се избавивме од заблудата како од темнина и, со видливото разделување на огнените јазици и со натприродно дејство, се озаривме и се научивме да веруваме во Тебе, и да Те богословиме со Отецот и со Светиот Дух, во едно божество, власт и сила. Според тоа, Ти, Светлино на Отецот, неизменлив и неизбришлив печату на Неговото суштество и природа, извору на премудроста и на благодатта, отвори ми ги усните и мене грешниот, и научи ме како треба и за што треба да се молам, зашто Ти си Тој што ги знае многубројните мои гревови, но Твоето милосрдие ќе го надмине нивното мноштво. Ете, со страв стојам пред Тебе, откако очајанието на мојата душа го фрлив во бездната на милоста Твоја. Ти, Кој со неискажлива премудрост и сила го управуваш сето создание, раководи го и мојот живот, тивко пристаниште на оние што ги зафатила бура, и покажи ми го патот по кој да тргнам. На моите помисли дај им дух на премудрост; на моето безумие дарувај му дух на разум; со духот на Твојот страв осени ги моите дела, и правиот дух обнови го во утробата моја, и со духот моќен утврди ја колебливоста на моите мисли, та, со Твојот благ Дух упатуван катадневно кон она што е полезно, да се удостојам да ги исполнувам Твоите заповеди, и секогаш да го имам на ум Твоето славно пришествие, кога ќе бидат испитани делата што сме ги сториле. И не оставај ме да се соблазнувам од гнилежните убавини на овој свет, но поткрепи ме во стремежот кон идните блага, зашто Ти, Владико, си рекол дека се што ќе побара некој во Твое име, непречено ќе го прими од Твојот вечен Бог и Отец. Затоа и јас грешниот, при слегувањето на Твојот Свет Дух, ја молам Твојата добрина, дај ми се што побарав за спасение. Да, Господи, богат дарителу на секое добро, и благ подателу, зашто Ти си Оној што ни дава преизобилно се што просиме! Ти си сострадателен и милостив, Кој безгрешно стана заедничар на нашето тело, и со љубов се приклонуваш кон оние што ги преклонуваат своите колена пред Тебе, и стана очистување на нашите гревови. Затоа, Господи, дај им ги на Своите луѓе Твоите добрини. Услиши не од Твоето свето небо. Освети не со Твојата спасителна десница. Заштити не со покривот на Твоите крилја, и да не го презреш делото на Твоите раце. Тебе единствениот Ти згрешивме, но и Тебе единствениот Ти служиме. Не знаеме на туѓ бог да се клањаме, ниту кон друг бог да ги пружаме нашите раце, Владико. Прости ни ги нашите согрешенија, и прими ги нашите коленопреклони молења. Раката на помош на сите нас подај ни ја; прими ја молитвата на сите како пријатно кадило, пред Твоето преблаго царство.

Свештеникот ја додава и оваа молитва:

Господи, Господи, Кој си не избавил од секоја стрела што лета дење, избави не и од се што оди во темнината. Прими ја вечерната жртва, принесена од нашите раце. Удостој не и ноќниот подвиг да го минеме без порок, неискушани од лоши работи, и избави не од немир и страв, што ни доаѓаат од ѓаволот. Дарувај им на душите наши умиление, а на помислите наши загриженост за испитот на Твојот страшен и праведен суд. Прикови ги телата наши кон Твојот страв, и умртви ги нашите земни членови, та и во сонливото тихување да се просветлиме преку созерцавањето на Твоите судови. Отстрани од нас секакво непристојно мечтаење и штетна похот. Крени не во часот на молитвата утврдени во верата, и напреднати во Твоите заповеди.
Гаконот говори:
Заштити, спаси, помилуј, подигни и запази не, Боже, со Твојата благодат.

Народот: Господи, помилуј.

ресветата, пречиста, преблагословена, славна Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, откако ја спомнавме со сите свети, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.

Народот: Тебе, Господи.

Потоа свештеникот возгласува:

Со милоста и добрината на Твојот Единороден Син, со Кого си благословен, со Пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во веки веков.

Народот: Амин. Потоа: Удостој не, Господи, оваа вечер:

Потоа ѓаконот вели:

Пак и пак, коленопреклоно, да се помолиме на Господа.

Ние: Господи, помилуј. (трипати) И ние исто така ги преклонуваме колената.

Свештеникот ја чита третата молитва:

Непресушен, живоносен и просветителен Извору, совечна и содејствена сило на Отецот, Кој сета промисла за спасение на луѓето прекрасно ја исполни, Христе Боже наш; Кој ги скрши нераскинливите окови на смртта и резињата адови и ги уништи мноштвото лукави духови; Кој се принесе Себе Си за нас како непорочен принос, и како жртва го даде Своето пречисто тело, од било каков грев недопрено, и со ова страшно и неискажливо свештенодејство ни дарува вечен живот; Кој слезе во адот и ги скрши вечните резиња, и на оние што седат во мракот им го покажа излезот; Кој со богомудрата јадица ја улови змијата на бездната началникот на злото, и ја врза со веригите на мракот во тартарот и во неизгасливиот оган, каде што ја затвори во крајната темнина со Твојата неизмерна сила; Великоименита Премудрост на Отецот, Која се покажа како голем помошник на угнетените, и Која ги просветли оние што седеа во крајната темнина и во сенката на смртта. Ти, Кој си Господ на вечната слава и возљубен Син на Вишниот Отец; Вечна Светлино од Вечната Светлина, Сонце на правдата, услиши не нас кои Ти се молиме, и упокој ги душите на Твоите слуги, порано починатите отци и браќа наши, и другите роднини по тело, и сите свои во верата, за кои сега правиме помен, зашто Ти ја имаш власта над се, и во Свои раце ги држиш сите краишта на земјата. Владико Седржителу, Боже на отците и Господи на милоста, Создателу на смртниот род и на бесмртниот, и на секоја човечка природа, Кој составуваш и пак разделуваш, на животот и на смртта, за престојот овде и за преминот таму; Кој го мериш времето на живите и го одредуваш времето на смртта, Кој воведуваш во адот и изведуваш, Кој врзуваш во слабоста и ослободуваш во силата; Кој сегашниве работи ги уредуваш според потребата, а идните ги устројуваш полезно; ранетите со осилото на смртта ги веселиш со надежта во Воскресението.

Самиот Ти, Владико на сите, Боже Спасителу наш, надеж на сите краишта на земјата, и на оние кои се далеку по морињата, Кој и во овој последен, велик и спасителен ден на празникот Педесетница ни ја покажа тајната на Светата, едносуштна и совечна, и неразделна, и неслеана Троица, и го подготви доаѓањето и слегувањето на Светиот и животворен Твој Дух, и Го излеа врз Твоите свети апостоли во вид на огнени јазици, и нив ги постави за благовесници на нашата благочестива вера, и ги покажа исповедници и проповедници на вистинското богословие. Кој и во овој сесовршен и спасителен Празник благоволи да ги примиш нашите молитви за оние што се држани во адот, и ни даде голема надеж за олеснување на маките на починатите, и дека ќе им испратиш утеха. Услиши не нас Твоите смирени слуги, кои Ти се молиме, и упокој ги душите на Твоите порано починати слуги во место светло, во место благопријатно и свежо, каде што нема никаква болка, тага или воздишка, и всели ги нивните души во населбите на праведниците, и удостој ги за мир и олеснување; зашто мртвите нема да Те фалат, Господи, ниту заробените во адот ќе имаат смелост да Те исповедаат, туку ние живите Те благословуваме и Те молиме, и Ти принесуваме очистителни молитви и жртви за нивните души.

Ја додаваме и оваа молитва:

Бже велик и вечен, свет и човекољубив, Кој не удостои и во овој час да застанеме пред Твојата непристапна слава, за да ги воспеваме и фалиме Твоите чудеса, очисти не нас Твоите недостојни слуги, и дај ни благодат со раскајани срца и без горделивост да Ти принесуваме трисвето славословие и благодарност за Твоите големи дарови што си ни ги дал и ни ги даваш постојано. Спомни си, Господи, за нашата немоќ и да не не погубиш со нашите беззаконија, но покажи голема милост кон нашето смирение, та, откако ќе го избегнеме гревовниот мрак, да одиме во правдата како дење и, облечени во оружјето на светлината, да бидеме поштедени од секаква зла мисла на лукавиот, и со смелост да Те прославиме Тебе единствениот вистински човекољубив Бог во се; зашто, Владико Човекољупче и Создателу, навистина е голема тајна ослободувањето на Твоите созданија во определено време, и нивното повторно соединување и упокојување во вековите.

Ти благодариме за сите нешта: за нашето доаѓање на овој свет и за нашето заминување, за нашата надеж во Воскресението и за нераспадливиот живот што ќе ги примиме при Твоето идно второ пришествие, според нелажното ветување. Зашто Ти си Началникот на нашето Воскресение и непоткуплив и човекољубив Судија на оние што поживеале, и Владика и Господар на доделувањето на наградите, Кој од крајно снисходење стана еднаков со нас, земајќи удел во телото и крвта, и ги прими нашите неотклонливи страсти кога, поради големо милосрдие, доброволно се иодложи на искушение и, откако Самиот Ти претрпе искушение, ни стана Помошник и нам искушуваните, и не издигна и нас со Себе до Твојата нестрадалност. Затоа, Владико, прими ги нашите молби и молења, и упокој ги на сите нас нашите татковци, мајки и чеда, браќа и сестри, и роднини и едноплемени, и сите порано упокоени души, со надеж на Воскресение за вечен живот. Запиши ги нивните имиња во книгата на животот, во прегратките на Авраама и Исака и Јакова, во земјата на живите, во Царството небесно, во рајот на сладоста, воведувајќи ги сите, преку Твоите свети ангели, во Твоите свети живеалишта, воскреснувајќи ги со нив и нашите тела во денот што си го определил според Твоите свети и вистински ветувања. Зашто за Твоите слуги, Господи, не е смрт кога ние излегуваме од нашите тела и доаѓаме при Тебе, туку премин од жалоста кон блаженството, спокојот и радоста. Ако нешто згрешивме пред Тебе, биди милостив кон нас и кон нив, зашто никој не е без нечистотија пред Тебе, макар да живеел и само еден ден. Само Ти се јави на земјата без грев, Господ наш Исус Христос. Сите се надеваме да примиме од Тебе милост и прошка на гревовите.

Затоа, и нам и ним, како благ и човекољубив Бог, олесни, разреши и прости ни ги гревовите наши, волни и неволни, направени со знаење или без знаење, за кои сме свесни или се заборавени; со дела или помисли, со зборови, во сите наши животни постапки. На оние што заминале пред нас, дај им слобода и прошка, а нас кои сме овде, благослови не, дарувајќи ни добар и мирен крај, како и на сите Твои луѓе. Отвори ни го Твоето срце полно со љубов кон  луѓето во денот на Твоето страшно и ужасно пришествие, и направи не достојни за Твоето царство.

Свештеникот ја чита и оваа молитва:

Боже велик и вишен, Кој единствен ја имаш бесмртноста и живееш во непристапна светлина; сета твар со премудрост си ја создал; си ја разделил светлината од темнината, и сонцето си го поставил да владее со денот, а месечината и ѕвездите да владеат со ноќта; Кој си не удостоил нас грешните, и во овој час да излеземе пред Твоето лице со исповедание и да Ти принесеме вечерно славословие. Самиот Ти, Човекољупче, исправи ја нашата молитва како кадило пред Тебе и прими ја како мирис на благоухание; нам, пак, дај ни да ги поминеме мирно оваа вечер и ноќта што доаѓа; облечи не во оружјето на светлината; избави не од ноќниот страв и од се што се движи ноќе; и дај сон, што си ни го дарувал за смирување на нашите немоќи, ослободен од секакво ѓаволско привидение. Да, Владико, дарителу на добрини, смирувајќи се на нашите постели, и во ноќта да го спомнуваме Твоето име и, просветлени преку поуката од Твоите заповеди, во душевна радост да се разбудиме за прославување на Твојата добрина, принесувајќи кон Твоето милосрдие молби и молитви за согрешенијата свои и на сите Твои луѓе; нив; по молитвите на света Богородица, со милоста посети ги.

Гаконот говори:

Заштити, спаси, помилуј, подигни и запази не, Боже, со Твојата благодат.

Народот: Господи, помилуј.

Пресветата, пречиста, преблагословена, славна Бладичица наша Богородица и Приснодева Марија, откако ја спомнавме со сите свети, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.

Народот: Тебе, Господи.

Свештеникот возгласува:

Зашто Ти си покој на душите и телата наши, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во веки веков.

Потоа ѓаконот:

Да ја исполниме нашата вечерна молитва пред Господа.

Народот: Господи, помилуј.

Заштити, спаси, помилуј и запази не, Боже, со Твојата благодат.

Народот: Господи, помилуј.

Целата вечер да биде совршена, света, мирна и безгрешна, просиме од Господа.

Народот: Подај, Господи.

Ангел на мирот, верен наставник, пазител на нашите души и тела, просиме од Господа.

Народот: Подај, Господи.

Прошка и разрешување на нашите гревови и прегрешенија, просиме од Господа.

Народот: Подај, Господи.

Се што е добро и полезно за нашите души, и мир во светот, просиме од Господа.

Народот: Подај, Господи.

Останатото време од нашиот живот да го поминеме во мир и покајание, просиме од Господа.

Народот: Подај, Господи.

Христијански крај на нашиот живот, безболен, непосрамен, мирен, и добар одговор на страшниот Христов суд, просиме.

Народот: Подај, Господи.

Пресветата, пречиста, преблагословена, славна Бладичица наша Богородица и Приснодева Марија, откако ја спомнавме со сите свети, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.

Народот: Тебе, Господи.

Свештеникот возгласува:

Зашто си благ и Човекољубец Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во веки веков.

Народот: Амин.

Свештеникот: Мир на сите.

Народот: И на твојот дух.

Ѓаконот: Нашите глави да ги приклониме пред Господа.

Народот: Тебе, Господи.

Свештеникот ја чита оваа молитва:

Господи, Боже наш, Кој си ги приклонил небесата и си

слегол за спасение на човечкиот род, погледни на Твоите слуги и на Твоето наследство, зашто кон Тебе страшниот и човекољубив Судија, Твоите слуги ги приклонија главите и ги наведнаа вратовите свои, не чекајќи помош од луѓе, туку очекувајќи ја Твојата милост и чекајќи го Твоето спасение; нив запази ги во секое време и по оваа вечер, и во претстојната ноќ, од секаков непријател, од секакво противничко ѓаволско дејство, и од суетни помисли и лукави спомени.

Потоа свештеникот возгласува:

Да биде благословена и препрославена власта на Твоето царство, на Отецот и Синот и Светиот Дух; сега и секогаш и во веки веков.

Народот: Амин.


Стиховни стихири самогласни, глас
3.

Сега јазиците станаа јасен знак за сите, зашто Јудеите, од кои Христос потекнува по тело, поради нивното неверување, се лишија од Божјата благодата, а ние, кои потекнуваме од незнабошците, се удостоивме за божествената Светлина, откако се утврдивме со зборовите на учениците, кои ја проповедаа славата на Бога, Добротворот на сите. И ние, со преклонети срца и колена, со вера да Му се поклониме на Светиот Дух, утврдени од Спасителот на душите наши.

Стих: Создај чнсто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.

Сега Духот Утешител се излеа на секое тело, почнувајќи од хоровите апостолски; од нив благодатта се простре на сите верни преку заедничарење, и го потврдува Своето моќно слегување во вид на оган, раздавајќи им на учениците јазици заради воспевање и слава Божја. Затоа, со просветлен ум и срца, утврдени во верата преку Светиот Дух, се молиме да се спасат душите наши.

Стих: Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.

Сега апостолите се облекуваат со моќта Христова од висините, зашто нив ги обновува Утешителот, обновувајќи се во нив преку обновувањето на разумот, кои на странски јазици ќе одат да проповедаат и да не научат да Го почитуваме единствениот Бог во Три Ипостаси, Добротворот на сите. Затоа, просветлени со нивните учења, да Му се поклониме на Отецот со Синот и Светиот Дух, молејќи се да се спасат душите наши.

Слава, и сега, глас 8:

Дојдете, луѓе, да се поклониме на Триипостасното Божество: на Синот во Отецот, со Светиот Дух; зашто Отецот безвремено Го роди едносуштниот и сопрестолен Син; и Светиот Дух беше во Отецот, прославуван со Синот: една сила, едно суштество, едно божество. Нему поклонувајќи Му се, сите говориме: Свети Боже, Кој создаде се преку Синот, преку содејството на Светиот Дух; Свети Крепки, преку Кого Го познавме Отецот, и преку Кого Светиот Дух дојде во светот; Свети Бесмртни, утешителен Духу, Кој исходиш од Отецот, и почиваш во Синот: Троице Света, слава Ти.

Потоа: Сега го отпушташ: Трисвето. Пресвета Троице: Отче наш:

Тропар, глас 8: Благословен си, Христе Боже наш: Потоа свештеникот прави отпуст вака:

Христос, нашиот вистински Бог, Кој од божествените прегратки на Отецот се понижи Себе и слезе од небото на земјата и ја прими сета наша природа, и ја обожи, Кој по ова се вознесе пак на небесата и седна оддесно на Бога Отецот, и Го испрати божествениот и Свет и едносуштен, и едносилен, и еднославен и совечен Дух на Своите свети ученици и апостоли, и со Него ги просветли и нив, а преку нив и целата вселена, по молитвите на Својата пречиста и пренепорочна Своја света Мајка, на светите славни, сефалени богопроповедници и духоносни апостоли, и на сите свети, да не помилува и да не спаси, како благ и Човекољубец.





Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie