ВО САБОТА НА ВОСКРЕСНА ВЕЧЕРНА
СТИХИРИ НА ГОСИОДИ, ПОВИКАВ...
Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, услиши ме Господи! Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, чуј го гласот на моето молење, кога Те повикувам! Услиши ме Господи!
Да се исправи мојата молитва, како кадило пред Тебе, а воздигањето на рацете мои, како жртва вечерна. Услиши ме Господи!
Изведи ја, од темнина, душата моја, за да Му се исповедам на името Твое.
Вечерната, наша, молитва прими ја, Свети Господи, и дај ни прошка за гревовите, зашто Си единствен Кој објави во светот воскресение.
Мене ќе ме чекаат праведниците, додека не ме вратиш.
Опколете го, луѓе, Сион, и прегрнете го, и во него Воскреснатиот од мртвите прославете Го, зашто Тој е нашиот Бог, Кој не избави од нашите беззаконија.
Од дното на душата повикав кон Тебе: Господи, Господи услиши го гласот мој.
Дојдете, луѓе, да Го воспееме и да Му се поклониме на Христа, славејќи го Неговото воскресение од мртвите, зашто Тој е нашиот Бог, Кој го избави светот од измамата на непријателот.
Да бидат ушите Твои, тие, кои ќе го слушаат гласот на моето молење.
Веселете се небеса, зататнете основи на Земјата, повикајте гори од радост, зашто, ете, Емануил гревовите наши на крст ги прикова и Оној Кој живот дава, смртта ја умртви и Адама го воскресна, како човекољубец.
Ако гледаш на беззаконијата, Господи, Господи, кој ќе постои? Зашто само во Тебе има очистување.
На Оној Кој доброволно се распна заради нас, пострада и беше погребен и воскресна од мртвите, да Му запееме велејќи: Утврди ја, Христе, Црквата Твоја во православие и смири го животот наш, како благ и човекољубец.
Заради името Твое, чекав долго на Тебе, Господи, чекаше душата моја на Твојот збор; се надеваше душата моја на Господа.
Стоејќи, недостојни, пред Твојот животворен гроб, славословие принесуваме за
Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, зашто Си примил крст и смрт, безгрешен, за да му даруваш на светот воскресение, како човекољубец.
Од утрената стража, па до ноќта, од утрената стража, нека се надева Израилот на Господа.
Зашто во Господа е милоста и во Него има многу (начини за) избавување. И Тој ќе го избави Израилот од сите беззаконија негови.
Фалете Го Господа сите народи, прославувајте Го, сите луѓе.
Зашто се утврди милоста Негова на нас, и вистината Господова пребива вечно.
Слава на Оца, и Сина и Светиот Дух, и сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.
Славата на вселената, која израсна од луѓето и која Го роди Господарот, небесната врата, да ја воспееме Марија Дева, песна на бестелесните и украс на верниците; зашто таа стана небо и храм на Божеството, таа ја урна преградата на непријателството, мир воведе и царството го отвори; неа, пак, имајќи ја како тврдина на верата за бранител Го имаме родениот од неа, Господа; затоа бидете смели, не плашете се, луѓе Божји, зашто Тој ќе ги победи непријателите, како сесилен.
Глас први СГИХОВНИ СТИХИРИ
Со Твоето страдање, Христе, од страдањата се ослободивме и со Твоето воскресение, од пропадливоста се избавивме. Господи, слава Ти.
Господ се зацари, во убавина се облече.
Да се радува созданието, небесата да се веселат, со радост нека ракоплескаат народите, зашто Христос, Спасителот наш, на крст ги прикова гревовите наши. И откако смртта ја умртви, живот ни дарува Оној Кој го воскресна паднатиот Адама праотецот, како човекољубец.
Зашто ја утврди вселената, која нема да се помести.
Ти, Кој, Си Цар на небото и земјата, о, Недостижен, доброволно Си се распнал од човекољубие; од Тебе адот се огорчи кога Те сретна долу и душите на праведниците се зарадуваа кога Те примија; Адам, пак, воскресна кога Те виде во адот Тебе, Творецот. О, чудо! Како вкуси смрт животот на сите? Но, Тој посака да го просвети светот кој вика и говори: Слава Ти, Господи, Кој воскресна од мртвите.
На домот Твој му прилега светиња, Господи, за долги денови.
Жените мироносици, носејќи миро, со брзање и плачење до гробот Твој стигнаа, но, кога Твоето пречисто тело не го најдоа и од ангелот дознаа за новото и преславно чудо, на апостолите им велеа: Воскресна Господ, давајќи му на светот голема милост.
Слава... и сега...
Ете се исполни пророштвото на Исаија, зашто како девојка си родила, и по раѓањето си останала како и пред раѓањето, бидејќи родениот беше Бог, затоа и природата ја преобрази. Но, о Богомајко! Не презирај ги молитвите на твоите слуги што во твојот храм ти ги принесуваат, но, како што со твоите раце си Го носела Добросрдечниот, смилувај се, на твоите слуги, и моли се да се спасат нашите души.
Тропар
Иако, со камен, запечатено и од војници чувано Твоето пречисто тело, Си воскреснал по три дена, Спасителе, Кој, му даваш живот на светот; затоа силите небесни Ти пееја, Животодавче: Слава на Твоето воскресение, Христе, слава на царството Твое, слава на Твојата промисла, единствен Човекољупче.
Богородичен
Кога Гаврил ти велеше: Дево, радувај се! Со гласот се овоплотуваше Господарот на сите, во тебе светиот кивот, како што рече праведниот Давид: Се покажа поширока од небесата, носејќи Го твојот Создател: Слава на Оној Кој се всели во тебе, слава на Оној Кој излезе од тебе, слава на Оној Кој не ослободи со твоето раѓање.
НЕДЕЛА НА УТРЕНА НА УТРЕНА СЕДАЛНИ
Прв седален
Војниците кои го чуваа гробот Твој, Спасителе, премреа од блесокот на јавениот ангел, кој на жените им проповедаше воскресение: Тебе Те славиме, Истребителу на смртта, Тебе Ти приоѓаме единствен Бог наш, Кој воскресна од мртвите.
Воскресни, Господи, Боже мој, нека се издигне раката Твоја, не заборавај ги бедните Твои до крај.
Откако доброволно на крст се прикова, Милостиви, во гроб Си бил положен како мртовец, Животодавче; со Твојата смрт, Сесилен, Си ја сотрел власта (на смртта), зашто од Тебе затрепереа вратарите на адот, а Ти, со Себе си ги подигнал умрените од века, како единствен човекољубец.
Слава... и сега...
За Мајка Божја те знаеме тебе која навистина остана девојка и по раѓањето, сите ние кои со љубов прибегнуваме кон твојата благост, зашто тебе те имаме за посредништво ние грешните и те присвоивме како спасение во опасностите, тебе единствената непорочна.
Втор седален
Жените дојдоа на гробот, рано, и кога го видоа ангелското јавување затреперија; од гробот блесна живот, чудото ги восхитуваше: затоа отидоа и на учениците им проповедаа за воскресението: Адот го заплени Христос, како единствен, крепок, и силен, и пропаднатите ги крена со Себе, откако со крстот го истера стравот од осудата.
Ти се исповедам, Господи, од сето срце свое, ги кажувам сите чудеса Твои.
На крст Си се приковал, Животе на сите, и во мртвите Си се вброил, бесмртен Господи. По три дена, Си воскреснал, Спасителе, подигајќи го со Себе Адама од смртност; затоа силите небесни Ти пееја, Животодавче Христе: Слава на Твоето воскресение, слава на Твоето слегување, единствен Човекољупче.
Слава... и сега...
Марие, чесно засолниште на Господа, подигни не нас што паднавме во бездната на
тешко очајание, и прегрешенија, и маки: зашто ти си спасение, и помош на грешните, и крепко застапништво, и ги спасуваш твоите раби.
СТЕПЕНА (СКАЛИЛА)
Прв антифон
Кога страдам, услиши ги моите болки, Господи, кон Тебе викам. Пустиниците пребиваат со непрестана желба за Божјото, бидејќи се далеку од овој суетен свет.
Слава на Оца, и Сина и Светиот Дух, и сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.
На Светиот Дух, чест и слава, како на Оца Му прилега, заедно со Синот, затоа да и зацееме на Единосилната Троица.
Втор антифон
На гората од Твоите закони Си ме издигнал, со добродетели просвети ме, Боже, за да Ти пеам. Твојата десна рака, штом ме прими, Слове, запази и сочувај ме, за да не ме изгори гревовниот оган.
Слава... и сега...
Со Светиот Дух, секоја твар се обновува, враќајќи се пак на првобитното, зашто Он е едносилен со Оца и Словото.
Трет антифон
Кога ми рекоа да влеземе во дворовите Господови, се развесели духот мој, ми се зарадува срцето. Во домот Давидов е многу страшно, зашто таму, на поставените престоли, се судат сите племиња и народи земни.
Слава... и сега...
На Светиот Дух, чест, поклонение, слава и власт, како што на Оца Му личи и како што на Синот Му прилега да Му се принесува, зашто Троица е една по природа, но не и по лица.
Прокимен
Сега ќе воскреснам, вели Господ, ќе се поставам во спасение и нема да затајам. (3
пати)
Кондак
Си воскреснал, од гробот, во слава, како Бог, и светот Си го воскреснал со Себе, и природата човечка како Бог Те воспева и смртта исчезна: Адам, пак, ликува Владико, а Ева, сега, ослободена од веригите, се радува извикувајќи: Ти Си Христе, Оној Кој на сите им даваш воскресение.
ПОФАЈ1НИ (ХВАЛИТНИ) СТИХИРИ
Се што дише да Го фали Господа! Фалете Го Господа иа небесата, фалете Го, во висините: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го сите сили Негови: Тебе Ти прилега песна како на Бога!
Да се изврши над нив напишаниот суд: Тоа ќе биде славата за сите преподобни Негови.
Го пееме, Христе, Твоето спасително страдање, и Го славиме Твоето воскресение.
Фалете Го Бога во Неговите светии, фалете Го во цврстината на силата Негова.
Ти, Кој, претрпе крст, и смртта ја уништи, и воскресна од мртвите, смири го нашиот живот, Господи, како единствен сесилен,-
Фалете Го поради силите Негови, фалете Го поради многуте величија Негови.
Откако адот го заплени и човекот го воскресна со Твоето воскресение, Христе, удостој не, со чисто срце, да Ти пееме и да Те славиме.
Фалете Го со глас на труба, фалете Го со псалтир и гусли.
Славејќи го Твоето боголепно слегување, Ти пееме, Христе: Од Дева Си се родил и неразделен Си бил од Оца, Си пострадал како човек и доброволно Си претрпел крст, Си воскреснал од гробот, излегувајќи како од одаја, за да го спасиш светот, Господи, слава Ти.
Фалете Го со тимпани и хорови, фалете Го на струни и оргули;
Фалете Го во милозвучни кимвали, фалете Го со кимвали громогласни!
НА ЛИТУРГИЈА БЛАЖЕНИ
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Поради јадење непријателот го изведе Адама од рајот, а со крстот, пак, Христос го воведе во него разбојникот кој велеше: Сети се на мене кога ќе дојдеш во царството Твое.
Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
Се поклонувам на Твоите страдања, го славословувам и воскресението; со Адама и разбојникот, со светол глас, Ти пеам: Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Твое.
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Си се распнал, Безгрешен, и во гроб доброволно Си се положил, но како Бог Си воскреснал, подигнувајќи го, со Себе, Адама кој вика: Сети се на мене кога ќе дојдеш во царството Твое.
Блажени се гонетите заради правда, бидејќи е нивно царството небесно!
Храмот Твој телесен, кога го воскресна, преку тридневното погребение, со Адама Си ги воскреснал и оние од Адама, Христе Боже, кои извикуваат: Сети се на нас, кога ќе дојдеш во царството Твое.
Слава...
На Отецот да Му се поклониме, и Синот да Го славословиме, и Пресветиот Дух да Го воспееме, повикувајќи и велејќи: Сесвета Троице, спаси не, сите, нас.
И сега...
Твојата мајка Ти ја приведуваат во молитва, луѓето Твои, Христе, и по молитвите нејзини, штедростите Твои дај ни ги, Благи, за да Те прославуваме Тебе, Кој, од гробот ни засветли.
Прокимен на апостолот (пс. 33,22)
Нека биде, Господи, милоста Твоја на нас, како што се надеваме на Тебе.
СТИХИРИ НА ГОСПОДИ, ПОВИКАВ...
Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, услиши ме Господи! Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, чуј го гласот на моето молење, кога Те повикувам! Услиши ме Господи!
Да се исправи мојата молитва, како кадило пред Тебе, а воздигањето на рацете мои, како жртва вечерна. Услиши ме Господи!
Изведи ја, од темнина, душата моја, за да Му се исповедам на името Твое.
Пред вековите, од Оца роденото Божјо Слово, се овоплоти од Дева Марија; дојдете да Му се поклониме, зашто крст претрпе, и на погребение се предаде како Сам што посака, и откако воскресна од мртвите, ме спаси мене заблудениот човек.
Мене ќе ме чекаат праведниците, додека не ме вратиш.
Христос, нашиот Спасител, на крст го прикова списокот на гревовите наши, за да ја избрише нашата осуда и да ја уништи власта на смртта: се поклонуваме на Неговото тридневно воскресение.
Од дното на душата повикав кон Тебе: Господи, Господи услиши го гласот мој.
Со архангелите да го воспееме Христовото воскресение, зашто Он е избавител и спасител на нашите души, Кој во страшна слава и во крепка сила, пак ќе дојде да му суди на светот што го создаде.
Да бидат ушите Твои, тие, кои ќе го слушаат гласот на моето молење.
За Тебе, распнатиот и погребениот, ангел проповедаше, Владико, и на жените им говореше: Дојдете, видете каде лежеше Господ, зашто воскресна како што рече, оти е сесилен; затоа Ти се поклонуваме Тебе, единствениот бесмртен: Животодавче, Христе, Боже наш, помилуј не!
Ако гледаш на беззаконијата, Господи, Господи, кој ќе постои? Зашто само во Тебе има очистување.
Со крстот Твој, Си ја уништил клетвата на дрвото, со погребението Твое, Си ја умртвил власта на смртта, со воскресението Твое, Си го просветил родот човечки, затоа Ти пееме: Добротвору, Христе Боже наш, слава Ти.
Заради името Твое, чекав долго на Тебе, Господи, чекаше душата моја на Твојот збор; се надеваше душата моја на Господа.
Пред Тебе, Господи, од страв се отворија вратите на смртта, а стражарите на адот, кога Те видоа, се исплашија: зашто бакарната врата Си ја скршил и железните резиња Си ги уништил, и Си не извел од мракот, и од сенката смртна, и оковите наши Си ги искинал.
Од утрената стража, па до ноќта, од утрената стража, нека се надева Израилот на Господа.
Зашто во Господа е милоста и во Него има ммогу (начини за) избавување. И Тој ќе го избави Израилот од сите беззаконија негови.
Фалете Го Господа сите народи, прославувајте Го, сите луѓе.
Зашто се утврди милоста Негова на нас, и вистината Господова пребива вечно.
Слава на Оца, и Сина и Светиот Дух, и сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.
Помина сенката на законот, кога дојде благодатта. Зашто, како што запалената капина не согоруваше, така и ти, како девојка, си родила и пак девојка си останала; наместо огнениот столб, Сонце праведно засветли; наместо Мојсеја Христос, спасение на душите наши.
СТИХОВНИ СТИХИРИ
Воскресението Твое, Христе Спасителе, ја просвети сета вселена и Си го призвал Твоето создание: сесилен Господи, слава Ти.
Господ се зацари, во убавина се облече.
Со дрвото, Спасителе, клетвата од дрвото Си ја уништил; со погребението, Твое, власта на смртта Си ја умртвил, а со Твоето воскресение родот човечки Си го просветил, затоа Ти пееме: Животодавче, Христе Боже, слава Ти.
Зашто ја утврди вселената, која нема да се помести.
Кога на крстот се прикова, Христе, убавината на созданијата ја измени, а војниците, покажувајќи нечовечност, со копје ребрата Твои ги прободија, Евреите, пак, бараа да го запечатат гробот, не знаејќи ја Твојата власт, но Господи, Кој од големо милосрдие, прифати погребение и во третиот ден воскресна, слава Ти.
На домот Твој му прилега светиња, Господи, за долги денови.
Животодавче Христе, Кој доброволно претрпе страдање, заради смртните, кога слезе во адот како сесилен, оние што таму го очекуваа Твоето доаѓање ги избави како од моќен ѕвер и им даде да живеат во рај, наместо во ад: затоа и нам, кои го славиме Твоето тридневно воскресение, дарувај ни очистување од гревовите и голема милост.
Слава... и сега...
О, чудо, ново, над сите древни чуда! Кој познава мајка која родила без маж и која на раце Го носи Оној што го држи сето создание? Роденото е по Божја волја и, бидејќи како младенец, во твоите раце, си Го носела и пред Него имаш мајчинска смелост, Пречиста, не престанувај да се молиш за оние што те почитуваат, да ги помилува и спаси душите наши.
Тропар
Кога Си слегол кон смртта, Животе бесмртен, тогаш адот Си го умртвил со блесокот на божеството; а кога умрените, од подземјето, Си ги воскреснал, сите сили небески воскликнуваа: Животодавче, Христе Боже, наш, слава Ти.
Богородичен
Се е надмисловно, сите твои тајни се преславни, Богородице, иако со чистота си
запечатеиа и во девство сочувана, се покажа вистинска Мајка кога Го роди вистинскиот Бог: Него моли Го да се спасат душите наши.
НА УТРЕНА СЕДАЛНИ
Прв седален
Угледниот Јосиф кога, од крстот, го симна Твоето пречисто тело, со чисто платно го обви и со благопријатни мириси го прели, во нов гроб го положи: но, по три дена, Си воскреснал Господи, давајќи му на светот голема милост.
Воскресни Господи Боже мој, нека се издигне раката Твоја, не заборавај ги бедните Твои до крај.
Ангелот кога застана, пред гробот, на жените мироносици им велеше: Мирисите им приличат на умрените, а Христос, пак, му е туѓ на распаѓањето; подобро запејте: Воскресна Господ Кој на светот му дава голема милост.
Слава... и сега...
Препрославена си, Богородице Дево, ти пееме, зашто со крстот, на Твојот Син, се разурна адот, смртта се умртви, ние умртвените станавме и за живот се удостоивме, го примивме рајот, старата наслада: затоа, благодарејќи Го прославуваме Христа, нашиот Бог, како моќен и единствен многумилостив.
Втор седален Ти, Кој не попречи гробниот камен да биде запечатен, ни го даде на сите Каменот на верата откако воскресна; Господи, слава Ти.
Ти се исповедам, Господи, од сето срце свое; ги кажувам сите чудеса Твои.
Хорот, од Твоите ученици, се радува заедно со жените мироносици; зашто со нив слават заеднички празник, во слава и чест на Твоето воскресение. и со нив Ти пееме: Човекољубче, Господи, на Твоите луѓе дај им голема милост.
Слава... и сега... Преолагословена си Богородице Дево, зашто со овоплотениот од Тебе адот се плени, Адам беше повикан, клетвата се уништи, Ева се ослободи, смртта се умртви, а ние оживеавме; затоа, пеејќи извикуваме: Благословен е Христос Бог, Кој така благоволи, слава Ти.
СТЕПЕНА (СКАЛИЛА)
Прв антифон Кон небото ги подигам очиве од моето срце, кон Тебе Спасителе, спаси ме со Твојата светлина.
Смилувај се на нас кои, Ти, грешиме, многу, на секој час, о Христе мој и дај ни пример, пред крајот, да се покаеме пред Тебе.
Слава...
На Светиот Дух Му прилега да царува, осветува, да го движи создаденото, зашто е Бог, единосуштен, на Оца и Словото.
И сега... исто
Втор антифон
Ако Господ не е со нас, кој, доволно цел, би бил запазен од непријателот,. воедно и човекоубијците.
На забите нивни не предавај го, Спасителе, Твојот слуга, зашто како лавови се креваат против мене непријателите мои.
Слава...
На Светиот Дух Му припаѓа зачеток на животот и чест, зашто 'како Бог, ги одржува сите созданија, во Отецот и Синот.
И сега... исто
Трет антифон
Оние што се надеваат на Господа, слични се на гора света, и никогаш нема да се поместат пред нападите на непријателите.
Оние што живеат според Бога, рацете свои да не ги пружаат во беззаконие, зашто, тогаш, Христос не ќе му го остави Својот жезол на наследството Свое.
Слава...
Од Светиот Дух извира секоја премудрост: оттука и благодатта на апостолите, и мачениците се овенчуваат со страдања, и пророците претскажуваат.
И сега... исто Прокимен (Пс.7,7 и 8)
Стани Господи, Боже мој, и, со повелбата, со која Си заповедал, мноштво луѓе ќе се соберат околу Тебе.
Кондак
Си воскреснал од гробот, сесилен Спасителе, и адот се преплаши кога го виде чудото, и мртвите станаа; гледајќи го тоа, созданието се радува со Тебе и Адам се весели, Спасителе Мој и светот Те воспева секогаш.
ПОФАЛНИ (ХВАЛИТНИ) СТИХИРИ
Се што дише да Го фали Господа! Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, во висините: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го сите сили Негови: Тебе Ти прилега песна како наБога!
Да се изврши над нив напишаниот суд: Тоа ќе биде славата за сите преподобни Негови.
Се што дише и секоја твар Те слави, Господи, зашто со крстот Си ја обесилил смртта, за да им го покажеш на луѓето Твоето воскресение од мртвите, како единствен Човекољубец.
Фалете Го Бога во Неговите светии, фалете Го во цврстината на силата Негова.
Нека кажат Јудеите како војниците го загубија Царот што го чуваа, и зошто каменот не Го дочува Каменот на животот? Или Погребениот да Го дадат, или на Воскреснатиот да Му се поклонат, говорејќи со нас: Слава на мноштвото Твои милости, Спасителе наш, слава Ти.
Фалете Го поради силите Негови, фалете Го поради многуте величија Негови.
Радувајте се луѓе и веселете се: ангелот што седеше на гробониот камен, тој ни благовести велејќи: Од мртвите воскресна Христос Спасителот на светот и со благоухание ја исполни вселената; радувајте се луѓе и веселете се.
Фалете Го со глас на труба, фалете Го со псалтир и гусли.
Пред Твоето зачнување, Господи, ангел и рече на Благодатната: Радувај се! На Твоето воскресение, пак, ангел каменот од Твојот славен гроб го отклони: едниот, носејќи знаци на радост наместо жалост; другиот, наместо смрт, проповедајќи ни Го Владиката Животодавец, затоа Ти пееме: Добротвору на сите, Господи, слава Ти.
Фалете Го со тимпани и хорови, фалете Го на струни и оргули;
Фалете Го во милозвучни кимвали, фалете Го со кимвали громогласни!
НА ЛИТУРГИЈА БЛАЖЕНИ
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Повикот на разбојникот Ти го принесуваме и се молиме: Сети се на нас, Спасителе, во царството Твое.
Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
Крстот Ти го принесуваме за прошка на прегрешенијата, што Си го примил заради нас, Човекољубче.
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Се поклонуваме, Владико, на Твоето погребение и воскресение, со кое светот Си го избавил од пропадливост, Човекољупче.
Блажени се гонетите заради правда, бидејќи е нивно царството небесно!
Со Твојата смрт, Господи, смртта беше уништена, а со Твоето воскресение Си го спасил светот, Спасителе.
Слава...
Отецот да Го прославиме, на Синот да Му се поклониме сите и Светиот Дух верно да Го воспееме.
И сега...
Радувај се престоле огнозрачен, радувај се Невесто неневесна, радувај се, Дево, која, Бога на луѓето им Го роди.
Прокимен (Пс.117,14)
Крепост моја, и песна моја, е Господ; Он постана мое спасение.
СТИХИРИ НА ГОСПОДИ, ПОВИКАВ...
Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, услиши ме Господи! Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, чуј го гласот на моето молење, кога Те повикувам! Услиши ме Господи!
Да се исправи мојата молитва, како кадило пред Тебе, а воздигањето на рацете мои, како жртва вечерна. Услиши ме Господи!
Изведи ја, од темнина, душата моја, за да Му се исповедам на името Твое.
Со Твојот крст, Христе Спасителе, власта на смртта се разурна, и ѓаволската измама се уништи, а родот човечки кој со вера се спасува, песна секогаш Ти принесува.
Мене ќе ме чекаат праведниците, додека не ме вратиш.
Сите се просветија со Твоето воскресение, Господи, и рајот пак се отвори: а сето создание, фалејќи Те, песна секогаш Ти принесува.
Од дното на душата повикав кон Тебе: Господи, Господи услиши го гласот мој.
Ја славам силата на Оца и Сина и на Светиот Дух, ја пеам власта, неразделното, несоздадено Божество, Троица единосушна, Која царува во вечни векови.
Да бидат ушите Твои, тие, кои ќе го слушаат гласот на моето молење.
На Твојот чесен крст се поклонуваме, Христе, и Твоето воскресение го пееме и славиме, зашто со Твојата рана сите ние се исцеливме.
Ако гледаш на беззаконијата, Господи, Господи, кој ќе постои? Зашто само во Тебе има очистување.
Го воспеваме Спасителот Кој од Дева се овоплоти, оти заради нас се распна и во третиот ден воскресна, дарувајќи ни голема милост.
Заради името Твое, чекав долго на Тебе, Господи, чекаше душата моја на Твојот збор; се надеваше душата моја на Господа.
Кога слезе кај оние во адот Христос благовести, велејќи: Бидете смели, сега победив: Јас Сум воскресение, Јас ќе ве ослобрдам, разурнувајќи ја смртната врата.
Од утрената стража, па до ноќта, од утрената стража, нека се надева Израилот на Господа.
Зашто во Господа е милоста и во Него има многу (начини за) избавување. И Тој ќе го избави Израилот од сите беззаконија негови.
Фалете Го Господа сите народи, прославувајте Го, сите луѓе.
Зашто се утврди милоста Негова, на нас, и вистината Господова пребива вечно.
Слава на Оца, и Сина и Светиот Дух, и сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.
Како да не се восхитуваме на твојата Богочовечка рожба Пречесна; зашто, иако, не прими искушение од маж, Сенепорочна, ти си родила Син без татко, по тело, Кој пред вековите е роден од Оца, без мајка, Кој никако не претрпе промена, или мешање, или разделување, но својствата и на двете природи ги запази цели: затоа Мајко Дево, Владичице, Него моли Го да се спасат душите на оние кои православно, како Богородица, те исповедаат.
СТИХОВНИ СТИХИРИ
Со Твоето страдање, Христе, сонцето го помрачи, и со светлината на Твоето воскресение вселената ја просвети, прими ја нашата вечерна песна, Човекољупче.
Господ се зацари, во убавина се облече.
Животворното воскресение Твое, Господи, сета вселена ја просвети, и Твоето, изгниено, создание го призва; затоа, ослободени од клетвата Адамова, Ти пееме: Сесилен Господи, слава Ти.
Зашто ја утврди вселената, која нема да се помести.
Иако, неизменлив како Бог, страдајќи, телесно, Си се изменил; созданието, пак, не можејќи распнат да Те гледа, со страв се наведнуваше и воздивнувајќи го пееше Твоето долготрпение; но, откако слезе во адот, по три дена воскресна, дарувајќи му на светот живот и голема милост.
На домот Твој му прилега светиња, Господи, за долги денови.
За да го избавиш од смрт нашиот род, Христе, смрт Си претрпел и кога по три дена Си воскреснал од мртвите, со Себе си ги воскреснал и оние што Те препознаа како Бог, и светот Си го просветил, Господи, слава Ти.
Слава... и сега...
Бессемено од Божествениот Дух, а по волјата на Оца, сји Го зачнала Синот Божји, Кој
постои пред вековите од Оца без мајка, а заради нас, без татко по тело, си Го родила и младенецот со млеко си го хранела: затоа не престанувај да се молиш, од неволји да се избават душите наши.
Тропар
Да се веселат небесните, да се радуваат земните, зашто Господ со Својата сила се покажа Господар: со смрт смртта ја сотре, првенец од мртвите постана, од утробата на адот не избави и на светот му даде голема милост.
Богородичен
Тебе, која си посредница во спасението на нашиот род, те воспеваме, Богородице Дево, зашто со телото примено од тебе, Синот Твој и Бог наш, откако прими страдање на крстот, не избави од распадливост, како човекољубец.
НА УТРЕНА-СЕДАЛНИ
Прв седален
Христос восресна од мртвите и постана првенец на умрените, првороден од
созданијата и Творец на се: изгниената природа на родот наш во Самиот Себе
ја обнови; о, смрт, повеќе
нема да владееш, зашто Господарот на се, твојата власт ја разруши.
Воскресни, Господи, Боже мој, нека се издигне раката Твоја, не заборавај ги бедните Твои до крај.
Господи, Кој, со телото вкуси смрт, со воскресението Си ја пресекол горчливоста на смртта, и против неа Си го закрепнал човекот, признавајќи ја победата над првата клетва, Заштитнику на животот наш, Господи, слава Ти.
Слава... и сега...
На красотата, од твојата девственост, и на пресветлата чистота твоја, Гаврил, восхитувајќи се, ти пееше Богородице: Каква достојна похвала да ти принесам, како да те именувам? Во недоумица сум и се ужасувам; затоа, како што ми е заповедано, ти пеам: Радувај се благодатна.
Втор седален
35 |
Од неизменливото Божество и од доброволното Твое страдање, Господи, адот се преплаши и во самиот себе ридаше: Треперам од нетлената ипостас на телото, го гледам Невидливиот како тајно се бори против мене,
затоа и оние што ги држам, викаат: Слава му, Христе, на Твоето воскресение.
Ти се исповедам, Господи, од сето срце свое, ги кажувам сите чудеса Твои.
Тајната недостижна и неискажлива на распнувањето и воскресението ја богословиме, верни, зашто денес смртта и адот се заробени, а родот човечки во нетление се облече; затоа, благодарејќи Ти пееме: Слава, Христе, на Твоето воскресение.
Слава... и сега...
Недостижниот и неопишаниот, единосуштен на Оца и Духот, во утробата твоја, тајно, си Го вместила, Богородице: единственото и невместливо Божествф од Светата Троица, Кое преку твоето рождертво, научивме да Го славиме во светот, затоа и благодарствено ти пееме: Радувај се благодатна.
СТЕПЕНА (СКАЛИЛА)
Прв антифон Запленетиот Сион Ти Си го ослободил од Вавилон, и мене од страдања кон живот привлечи ме, Слове.
Тие кои навреме сеат божествени солзи, со радост жнеат класје, за живот вечен.
Глас трети Слава...
Од Светиот Дух зрачи секој добар дар, како од Отецот и Синот; зашто во Него се живее и се движи.
И сега... исто
Втор антифон
Ако Господ не го соѕида домот на добродетелите, попусто се трудиме; ако, пак, душата ја штити Он, нашиот град никој нема да го разурне.
По плодот утробен, на Тебе Христе, како и на Оца, светите секогаш Ти се посинети преку Духот.
Слава...
Со Светиот Дух се препознава секоја светиња и премудрост, зашто оживува секоја твар: Нему да Му послужиме како на Оца и Сина, зашто е Бог.
И сега... исто
Трет антифон
Блажени се оние што се плашат од Господа и одат по патот на Неговите заповеди, зашто ќе јадат од плодот на животот,
Развесели се околу Твојата трпеза гледајќи ги, Пастироначалнику, Твоите чеда како носат гранки на добри дела.
Глас трети Слава...
Од Светиот Дух е секое богагство, слава, од Него е и благодатта и животот на секое создание, зашто е воспеван со Отецот и Словото.
И сега... исто Прокимен (Пс.95,10)
Речете им на народите дека Господ се зацари; зашто вселената ја исправи, да не се помести. (3 пати)
Кондак
Си воскреснал денес од гробот, Милосрдни, и нас Си не извел од смртните врати; денес Адам ликува и Ева се радува, и пророците заедно со патријарсите, непрестајно, ја воспеваат божествената моќ на власта Твоја.
ПОФАЛНИ (ХВАЛИТНИ) СТИХИРИ
Се што дише да Го фали Господа! Фалете Го Господа на небесата, фалете Го во висините: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го, сите сили Негови: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Да се изврши над нив напишаниот суд: Тоа ќе биде славата за сите преподобни Негови.
Дојдете сите народи, дознајте ја силата на страшната тајна: зашто Христос нашиот Спасител, Кој во почетокот беше Слово, се распна заради нас, и доброволно се погреба, и воскресна од мртвите за да ги спаси сите, Нему да Му се поклониме.
Фалете Го Бога во Неговите светии, фалете Го во цврстината на силата Негова.
Стражарите Твои, Господи, ги раскажаа сите чудеса, но, собирот на суетните им ја исполни десницата со поткуп, мислејќи така да го сокрие Твоето воскресение што светот го слави, помилуј не.
Фалете Го поради силите Негови, фалете Го поради многуте величија Негови.
Сите се исполнија со радост кога ја примија веста за воскресението, и Марија Магдалена дојде на гробот, и најде ангел кој седи на каменот, во светла облека, и говори: Зошто Живиот го барате меѓу мртвите; не е овде, но вофресна како што рече, одејќи пред вас во Галилеја.
Фалете Го со глас на труба, фалете Го со псалтир и гусли.
Во светлината Твоја, Владико, ја гледаме светлината, Човекољупче, зашто Си воскреснал од мртвите Ти, Кој на родот човечки му даруваш спасение, да Те славословува сето создание, Тебе, единствениот безгрешен, смилувај се на нас.
Фалете Го со тимпани и хорови, фалете Го на струни и оргули;
Фалете Го во милозвучни кимвали, фалете Го со кимвали громогласни!
НА ЛИТУРГИЈА БЛАЖЕНИ
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Праотецот Адам, кој ја отфрли заповедта Твоја, Христе, Си го истерал од рајот, а во него, Милостиви, Си го вселил разбојникот што Те исповеди на крстот, велејќи: Сети се на мене, Спасителе, во царството Твое.
Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
Нас, кои згрешивме, Си не осудил со смртна клетва, Животодавче и Господи, а кога со телото Твое пострада, безгрешен Владико, Си ги оживеал мртвите кои викаат: Спомни не и нас во царството Твое.
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Кога воскресна од мртвите, со Своето воскресение, Господи, и нас Си не ослободил од страдања, и сета сила на смртта Си ја уништил,
Спасителе; затоа со вера Ти викаме: Спомни не и нас во царството Твое.
Блажени се гонетите заради правда, бидејќи е нивно царството небесно!
Кога воскресна од мртвите, Спасителе, најнапред им се јави на жените мироносици, велејќи: Радувајте се! И преку нив, Христе, воскресението Свое им го јавуваш на пријателите Твои; затоа со вера Ти викаме: Спомни не и нас во царството Твое.
Слава...
Отецот, и Синот, и Духот Свети, да Ги воспееме, верни, единиот Бог, единиот Господ, Кој, како од едно трисвето сонце е Троица и ги просветува сите кои повикуваат: Спомни Си и за нас во царството Твое.
И сега...
Радувај се врато Божја, низ која пројде овоплотениот Создател и запечатена те сочува; радувај се, облаку лесен, кој Го носиш божествениот дожд Христа; радувај се, лествице и престоле небесен, радувај се, горо Божја, чесна, густа, несечена.
Прокимен на апостолот (Пс.46,7)
Пејте Му на нашиот Бог пејте Му, пејте Му на нашиот Цар, пејте Му.
СТИХИРИ НА ГОСПОДИ, ПОВИКАВ . .
Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, услиши ме Господи! Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, чуј го гласот на моето молење, кога Те повикувам! Услиши ме Господи!
Да се исправи мојата молитва, како кадило пред Тебе, а воздигањето на рацете мои, како жртва вечерна. Услиши ме Господи!
Изведи ја, од темнина, душата моја, за да Му се исповедам на името Твое.
На животворниот Твој крст, непрестајно, клањајќи се, Христе Боже, тридневното воскресение Твое го славиме: зашто, преку. него Си ја обновил изгниената човечка природа, Сесилен, и патот кон небото Си ни го обновил, како единствен добар и човекољубец.
Мене ќе ме чекаат праведниците, додека не ме вратиш.
Проклетството поради забранетото дрво, Спасителе, Си го опростил кога доброволно на крст се прикова, а кога во адот слезе, Сесилен, како Бог смртните окови ги раскина: затоа се поклонуваме на Твоето воскресение од мртвите, радосно пеејќи: Сесилен Господи, слава Ти.
Од дното на душата повикав кон Тебе: Господи, Господи услиши го гласот мој.
Вратата, адова, Си ја скршил Господи, и со Твојата смрт, царството на смртта, Си го разурнал: родот, пак, човечки од гнилеж Си го ослободил, дарувајќи му на светот живот, нетление и голема милост.
Да бидат ушите Твои, тие, кои ќе го слушаат гласот на моето молење.
Дојдете, луѓе, да го воспееме тридневното воскресение на Спасителот, со кое се избавивме од нераскинливите адови синџири, и сите примивме нетление и живот, пеејќи: Ти Кој си се распнал и воскреснал, спаси не со Твоето воскресение, единствен Човекољупче.
Ако гледаш на беззаконијата, Господи, Господи, кој ќе постои? Зашто само во Тебе има очистување.
Ангелите и луѓето го пеат, Спасителе, Твоето тридневно воскресение, со кое се озарија краиштата на вселената, и од ропството на непријателот сите се избавивме, викајќи: Животворче сесилен, Спасителе, спаси не со Твоето воскресение, единствен Човекољупче.
Заради името Твое, чекав долго на Тебе, Господи, чекаше душата моја на Твојот збор; се надеваше душата моја на Господа.
Железната врата Си ја урнал и резињата Си ги скршил, Христе Боже, и паднатиот човечки род Си го воскреснал; поради тоа едногласно пееме: Слава Ти Господи, Кој воскресна од мртвите.
Од утрената стража, па до ноќта, од утрената стража, нека се надева Израилот на Господа.
Зашто во Господа е милоста и во Него има многу (начини за) избавување. И Тој ќе го избави Израилот од сите беззаконија негови.
Фалете Го Господа сите народи, прославувајте Го сите луѓе.
Зашто се утврди милоста Негова на нас, и вистината Господова пребива вечно.
Слава на Оца, и Сина и Светиот Дух, и сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.
За Оној Кој направи величие за тебе, богоотецот пророк Давид со песна
возгласи: Царицата застана оддесно од Тебе, зашто те направи мајка
посредница на животот, Бог Кој благоволи без татко да се овоплоти од тебе и
пак да го обнови својот, од страстите, извалкан образ, и во гора загубената
овца, земајќи ја на рамо, да ја приведе при Оца, и по своја волја да ја
присоедини кон небесните сили и да го спаси светот, Богородице, Христос Кој
има голема и богата милост.
СТИХОВНИ СТИХИРИ
Господи, кога се качи на крстот, предедовската клетва Си ја уништил и кога слезе во адот, заборавените од века, Си ги ослободил, дарувајќи му нетление на човечкиот род: затоа, пеејќи го славиме животворното и спасоносно Твое воскресение.
Господ се зацари, во убавина се облече.
Обесен на дрвото, единствен сесилен, сето создание Си го разнишал; а положен, пак, во гробот Си ги воскреснал оние што живееја во гробовите, нетление и животдарувајќи му на човечкиот род: затоа, пеејќи го славиме Твоето тридневно воскресение.
Зашто ја утврди вселената, која нема да се помести.
45 |
Беззаконите луѓе Христе, кога Те предадоа на Пилата, на распнување Те осудија, покажувајќи се неблагодарни кон добротворот:
но доброволно Си претрпел погребување, по три дена, самовласно Си, воскреснал како Бог, дарувајќи ни бесконечен живот и голема милост.
На домот Твој му прилега светиња, Господи, за долги денови.
Со солзи, жените дојдоа на гробот да Те бараат, но кога не Те најдоа, ридајќи со плач говореа: Тешко нам, Спасителе наш, Царе на сите, како Си украден? На кое ли место го скрија Твоето живоносно тело? Но ангелот им одговараше: Не плачете, туку одете и проповедајте дека воскресна Господ, Кој ни дарува радост, зашто е единствен добросрдечен.
Слава... и сега...
Погледни на молењето од твоите слуги, сенепорочна, и ублажи ги опасните напади против нас и од секаква мака избави не; зашто те имаме за единствена наша тврдина, и сигурна потпора, и твоето застапништво го стекнавме, да не се посрамотиме, Владичице, ние кои те призиваме, побрзај да им помогнеш на оние што со вера ти пеат: Радувај се Владичице, на сите помош, радост, покров и спасение за душите наши.
Тропар
Светлата проповед за воскресението штом ја дознаа Господовите ученички од ангелот и прародителската осуда ја отфрлија, фалејќи се на апостолите им говореа: Се уништи смртта, воскресна Христос Бог, Кој на светот му дарува голема милост.
Богородичен
Тајната скриена од памтивек, непозната и за ангелите, преку тебе, Богородице, на земјата се јави Бог, овоплотен во неслиено единство, и откако заради нас доброволно прими крст со кој го воскресна првосоздадениот, од смрт ги спаси душите наши.
НА УТРЕНА СЕДАЛНИ
Прв седален
Кога го видоа гробниот влез, и не поднесувајќи го блесокот на ангелот, мироносиците со треперење се восхитуваа и говореа: Зар е украден Оној што на разбојникот рајот му го отвори или, пак, стана Оној Кој уште пред страдањата проповедаше воскресение? Навистина воскресна Христос, давајќи им на оние во адот живот и воскресение.
Воскресни Господи Боже мој, нека се издигне раката Твоја, не заборавај ги бедните Твои до крај.
Со доброволна Твоја одлука Си претрпел крст, Спасителе, и во гроб смртните луѓе Те положија Тебе, Кој со збор Си ги составил краиштата (на вселената): затоа беше врзан ѓаволот, силно заробена смртта, и оние во адот сите викаа на живоносното Твое воскресение: Воскресна Христос, Кој до века животодавец останува.
Слава... и сега...
Јосиф се зачуди, гледајќи го она што ја надминува природата и во мислите се сети на руното прекриено со роса, во безсеменото зачнување твое, Богородице, капина од огнот неопалена, расцутениот жезал Аронов; и, сведочејќи, свршеникот твој и пазител на свештениците им велеше: Девојка раѓа и по рождеството, пак девојка, останува.
Втор седален
Си воскреснал од гробот, бесмртен Спасителе, и со Себе си го подигнал Твојот свет; со силата Твоја, Христе Боже наш, Си ја скршил силата на смртта: Си им објавил воскресение на сите, Милостиви, затоа и Те славиме, единствен Човекољупче.
Ти се исповедам,
Господи, од сето срце
свое, ги кажувам сите
чудеса Твои.
Слезен од небесните височини, во бела облека, Гаврил пријде кон каменот, во кој беше Каменот на животот и им велеше на жените расплакани: Прекратете го вашиот погребен плач, оти засекогаш Го имате Оној, што, со плач, Го барате; бидете слободни, зашто Он навистина стана; затоа јавете им на апостолите дека Господ воскресна, на станатиот со радост поклонете Му се; бидете смели, да биде смела и Ева.
Слава... и сега...
Ангелските хорови се зачудија, Пречиста, на твојата тајна од твоето страшно раѓање: Како, Оној што со единствена заповед ја држи сета вселена, во твоите прегратки Го држиш како човек, и почеток добива Оној што е пред вековите, и со млеко се храни Оној што со Својата неискажлива добрина го храни секое живо суштество? И тебе, фалејќи, те слават како вистинска Мајка Божја.
СТЕПЕНА (СКАЛИЛА)
Прв антифон
49 |
Од младоста моја се борам со многу страсти, но Ти Самиот заштити ме и спаси ме, Спасителе мој.
Вие што го мразите Сион, засрамете се од Господа, зашто ќе бидете исушени, како трева, од огин.
Слава... и сега...
Со Светиот Дух живее секоја душа и, со чистота се издигнува, светли со тајната на Троичното единство.
Втор антифон
Од длабочините на душата моја, топло, повикав кон Тебе, Господи, за да ме чујат Твоите божествени уши.
Секој човек што има надеж во Господа се издига над сите оние што се нажалени.
Слава... и сега...
Од Светиот Дух течат благодатни струи, напојувајќи ја секоја твар за оживување.
Трет антифон
Срцето мое нека се издигне кон Тебе, Слове, та ниедно светско задоволство да не ме наведе на искушение.
Како што секој има љубов кон мајката своја, должни сме Господа уште потопло да Го љубиме.
Слава... и сега...
Од Светиот Дух доаѓа богатството на богопознанието, провидението и премудроста, зашто преку Него Словото ги открива сите заповеди на Оца.
Прокимен (Пс.43,27)
Воскресни Господи, помогни ни и избави не заради името Твое. (3 пати)
Кондак
Сцасителот и избавителот мој, од гробот, како Бог ги воскресна, од окови, земнородените, и вратата адова ја скрши и, како Господар, воскресна по три дена.
ПОФАЛНИ (ХВАЛИТНИ) СТИХИРИ
Се што дише да Го фали Господа! Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, во висините: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го сите сили Негови: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Да се изврши над нив напишаниот суд: Тоа ќе биде славата за сите п|ј>еподобни Негови.
Откако претрпе крст и смрт, и воскресна од мртвите, сесилен Господи, го славиме Твоето воскресение.
Фалете Го Бога во ГЈеговите светии, фалете Го во цврстината на сидата Негова.
Со крстот Твој, Христе, Си не ослободил од древната клетва, и со Твојата смрт го уништи ѓаволот што ја измачуваше природата наша; со воскресението, пак, Твое, со радост Си исполнил се, затоа Ти пееме: Слава Ти, Господи, Кој воскресна од мртвите.
Фалете Го поради силите Негови, фалете Го поради многуте величија Негови.
Со Твојот крст Христе, Спасителе, упати не на вистината Твоја и избави не од замките непријателски: воскреснат од мртвите, подигни не нас во грев паднатите, подавајќи ни ја раката Твоја, Човекољупче Господи, по молитвите на светите Твои.
Фалете Го со глас на труба, фалете Го со псалтир и гусли.
Не одвојувајќи се од предгратките на Оца, единородно Слово Божјо, од човекољубие Си дошол на земјата; неизменлив како човек, и крст и смрт Си претрпел по тело, иако нестрадален по божество: кога воскресна од мртвите, бесмртност му подари на човечкиот род, како единствен Сесилен.
Фалете Го со тимпани и хорови, фалете Го на струни и огрули;
Фалете Го со милозвучни кимвали, фалете Го со кимвали громогласни!
НА ЛИТУРГИЈА БЛАЖЕНИ
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Поради дрво Адам од рајот беше иселен, преку крсно дрво, пак, разбојникот во рај се всели; зашто едниот, јадејќи од плодот, заповедта на Создателот ја отфрли, а другиот, сораспнувајќи се, Твоето скриено божество го исповеди: Сети се на мене во царството Твое.
Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
Господи, Кој на крст Си се издигнал, силата на смртта Си ја урнал и, како Бог, списокот на гревовите наши Си го избришал, разбојниково покајание дај ни и нам, единствен Човекољупче, кои со вера Ти служиме, Христе Боже наш и Ти пееме: Спомни не и нас во царството Твое.
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Списокот наш, на крстот, со копје Си го раздрал, и кога се најде меѓу мртвите, тамошниот мачител Си го врзал, Ти, Кој не избави сите од адовите синџири со воскресението Твое, со кое се просветивме, човекољупче Господи, и Ти пееме: Спомни Си и за нас во царството Твое.
Блажени се гонетите заради правда, бидејќи е нивно царството небесно!
Ти, Кој, Си се распнал, и по три дена како сесилен од гробот Си воскреснал, и првосоздадениот Адам Си го воскреснал,. единствен бесмртен и мене удостој ме од се срце со покајание да се обратам, Господи, и со топла вера секогаш да Ти викам: Спомни Си за мене, Спасителе, во царството Твое.
Слава...
Отецот и Синот и Светиот Дух, сите едномудрено, верни, да Ги славословат достојно, да се помолиме: единството на Божеството, Кое во три ипостаси, неслиено пребива, просто, неразделно и непристапно, преку Кое се избавуваме од огненото мачење.
И сега...
Твојата мајка, Христе, која по тело бессемено Те роди и девојка навистина и по раѓањето нетлена остана, неа Ти ја приведуваме во молитва, Владико, многумилостив; прошка за прегрешенијата Дарувај ни, на нас, кои постојаио Ти извикуваме: Сети се и на нас во царството Твое.
Прокимен на апостолот (Пс. 103,24) Колку се многубројни делата Твои, Господи! Се Си создал со премудрост.
СТИХИРИ НА ГОСПОДИ, ПОВИКАВ
Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, услиши ме Господи! Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, чуј го гласот на моето молење, кога Те повикувам! Услиши ме Господи!
Да се исправи мојата молитва, како кадило пред Тебе, а воздигањето на рацете мои, како жртва вечерна. Услиши ме Господи!
Изведи ја, од темнина, душата моја, за да Му се исповедам на името Твое.
Со Твојот чесен крст, Христе, Си го посрамил ѓаволот и со Твоето воскресение осилото на гревот Си го истапил и Си не спасил од смртните врати; Те славиме Единороден.
Мене ќе ме чекаат праведниците, додека не ме вратиш.
Оној што на родот човечки му дава воскресение, беше одведен како овца на колење; од Него се исплашија кнезовите адови, и се отворија вратите на плачот, зашто влезе Христос, Царот на славата, говорејќи им на окованите: Излезете, а на оние во темнината: откријте се.
Од дното на душата повикав кон Тебе: Господи, Господи услиши го гласот мој.
Големо чудо! Создателот на невидливите од човекољубие пострада и како бесмртен воскресна; дојдете народи да Му се поклониме, зашто со Неговата милост, сме избавени од измамата, научивме да пееме на едниот Бог во три ипостаси.
Да бидат ушите Твои, тие, кои ќе го слушаат гласот на моето молење.
I
Вечерно поклонување Ти принесуваме на Тебе Светлино што не заоѓаш, која на крајот од времето на светот му засветли во телото, како во огледало; и дури до адот слезе и тамошниот мрак го растера и светлината на воскресението на народите им ја покажа, дарителу на светлината, Господи, слава Ти.
Ако гледаш на беззаконијата, Господи, Господи, кој ќе постои? Зашто само во Тебе има очистување.
Да го славиме Христа, началникот на нашето спасение, зашто, со Неговото воскресение од мртвите, светот беше спасен од измамата: се радува хорот ангелски, демонската лага бега, паднатиот Адам стана, ѓаволот се обессили.
Заради името Твое, чекав долго на Тебе, Господи, чекаше душата моја на Твојот збор; се надеваше душата моја на Господа.
Беззакониците ги подучија стражарите: Затаете го Христовото воскресение, примете сребреници и речете: Додека ние спиевме, мртвиот беше украден од гробот. Кој видел и кој слушнал мртовец некогаш да е украден, па дури и помазан и гол, кој во гробот ја оставил погребната облека? Не прелажувајте се Јудеи, научете ги пророчките зборови и разберете дека Тој е избавител на светот и е сесилен.
Од утрената стража, па до ноќта, од утрената стража, нека се надева Израилот на Господа.
Зашто во Господа е милоста и во Него има многу (начини за) избавување. И Тој ќе го избави Израилот од сите беззаконија негови.
Фалете Го Господа сите народи, прославувајте Го, сите луѓе.
Зашто се утврди милоста Негова на нас, и вистината Господова пребива вечно.
Слава на Оца, и Сина и Светиот Дух, и сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.
Некогаш Црвеното Море стана слика на неискусобрачната невеста: таму Мојсеј разделител иа водата, овде Гаврил служител на чудото: тогаш Израил длабочината ја мина по суво, сега Христа бессемено Го роди Дева; морето, по преминот на Израилците, стана непроодно, а непорочната, по раѓањето на Емануила, остана нетлена: Ти Кој Си, и од секогаш постоиш, Кој се јави како човек, Боже, смилувај се на нас.
СТИХОВНИ СТИХИРИ
Тебе, овоплотениот Спасител Христос и од небесата неодвоениот, во гласовно пеење Те величаме; зашто крст и смрт Си примил заради родот наш, како човекољубец Господ, Кој вратата на адот Си ја уништил и по три дена Си воскреснал, спасувајќи ги душите наши.
Господ се зацари, во убавина се облече.
Од прободеното ребро Твое, Животодавче, за сите потекоа реки на опростување, живот и спасение; Си примил телесна смрт, дарувајќи ни бессмртност, а кога се всели во гроб, не ослободи нас, совоскреснувајќи не со Себе како Бог; затоа пееме: Човекољубче Господи, слава Ти.
Зашто ја утврди вселената, која нема да се помести.
Необично е Твоето распнување и во адот слегување, Човекољупче, зашто, откако
го
плени, и со Себе, старите заробеници славно како Бог ги воскресна, ги
удостои да влезат во рајот што за нив го отвори: затоа и нам, кои го славиме
Твоето тридневно воскресение, дарувај ни очистување од гревовите,
удостојувајќи не да бидеме жители на рајот, како единствен милосрден.
На домот Твој му прилега светиња, Господи, за долги денови.
Човекољупче, Кој заради нас со телото прими страдања и по три дена воскресна од мртвите, исцели ги нашите телесни страдања и подигни не од нашите тешки прегрешенија и спаси не.
Слава... и сега...
Ти си храм и врата, палата и престол царев, Дево сенепорочна, преку која избавителот мој Христос Господ, на заспаните во мрак им се јави како сонце на правдата кое сака да ги просветли оние што со Својата рака по Свој образ ги создаде: затоа сепеана, како онаа што има мајчинска смелост пред Него, непрестано, моли да се спасат душите наши.
Тропар
Собеспочетното Слово на Оца и Духот, Кое од Дева се роди за спасение наше, да Го воспееме, верни и да Му се поклониме, зашто благоизволи со тело да се искачи на крст, и смрт да претрпи, и да ги воскресне умрените, со славното воскресение Свое.
Богородичен
Радувај се, врата Господова непроодна, радувај се стено и покрове на оние што притекнуваат кон тебе, радувај се мирно пристаниште и неискусобрачна, која по тело Го роди Творецот твој и Бог; непрестајно моли се за оние што и пеат и и се поклонуваат на твојата Рожба.
НА УТРЕНА СЕДАЛНИ
Прв седален
Крстот Господов да го пофалиме, на светото погребение, со песни, почит да му оддадеме и Неговото воскресение да го прославиме, зашто со Себе ги крена умрените од гроб како Бог, заробувајќи ја силата на смртта и моќта на ѓаволот и на оние во адот светлина им засветли.
Вјоскресни Господи Боже мој, нека се издигне раката Твоја, не заборавај ги бедните Твои до крај.
Господи, мртов Си се нарекол Ти, Кој смртта Си ја умртвил; во гроб Си се положил Ти, Кој гробовите Си ги испразпил: горе војниците гробот го чуваа, долу умрените, од века, Си ги воскреснал, сесилен и недостижен Господи, слава Ти.
Слава... и сега...
Радувај се горо света и богопроодна, радувај се, духовна, капино неопалена, радувај се единствен мосту на светот кон Бога, кој мртвите ги преведува кон живот вечен, радувај се Девојко нетлена, која, без маж, Го роди спасението на душите наши.
Втор седален
Господи, по тридневното воскресение и поклонувањето на апостолите, Петар Ти велеше: Жените имаа смелост, а јас се исплашив; разбојникот богословеше, а јас се одреков; ќе ме повикаш ли по ова, ученик да Ти бидам, или, ќе ме вратиш во длабочините, риби да ловам. Но, прими ме кога се кајам, Боже, и спаси ме.
Ти се исповедам, Господи, од сето срце свое, ги кажувам сите чудеса Твои.
Господи, беззакониците Те приковаа меѓу осудените и со копје реброто Твое го прободија, о Милостиви! Погребение пак Си примил Ти, Кој Си ја разурнал адовата врата и по три дена Си воскреснал; жените дотрчаа да Те видат и на апостолите им објавија воскресение, превознефуван Спасителе, Кому апостолите Му пеат: Благословен Господи, слава Ти.
Слава... и сега... Неискусобрачна невесто Богородице, која тагата Евина во радост ја претвори, Те воспеваме ние верните и Ти се поклонуваме, зашто не изведе од древната клетва и сега моли непрестано, сепеана пресвета, за да се спасат душите наши.
СТЕТЕНА (СКАЛИЛА)
Прв антифон Кога сум нажален, давидовски Ти пеам, Спасителе мој, избави ја душата моја од јазик лажлив.
Блажен е животот на пустиниците, кои се закрилуваат со Божја љубов.
Слава... и сега... Со Светиот Дух се одржа се: видливо и невидливо, бидејќи има Своја власт, Он е навистина еден од Светата Троица.
Втор антифон На гората, душо, ќе се издигнеме; оди таму откаде што помош доаѓа.
Десната рака Твоја, Христе, која и мене ме допира, нека ме запази од секаква измама.
Слава... и сега...
На Светиот Дух, богословејќи да Му речеме: Ти Си Бог, живот, љубов, светлина, ум: Ти Си добрина, Ти царуваш вечно.
Трет антифон
Кога ми рекоа: Да влезам во дворовите Господови се исполнив со многу радост, молитви Ти упатувам.
Во домот Давидов чудни работи стануваат, зашто таму огинот го пали секој срамен ум.
Слава... и сега...
На Светиот Дух му припаѓа достоинството, зачетник на животот, зашто од Него оживува секое живо суштество, како и од Отецот, заедно со Словото.
Прокимен
Воскресни, Господи Боже мој, да се издигне раката Твоја, зашто Ти царуваш во векови. (3 пати)
Кондак
Во адот Си слегол, Спасителе мој, и вратата Си ја скршил како Сесилен; како
Создател, умрените со Себе Си ги воскреснал и осилото на смртта Си го скршил, а Адам од клетвата беше избавен, Човекољупче, затоа Ти
Спаси не, Господи.
ПОФАЛНИ (ХВАЛИТНИ) СТИХИРИ
Се што дише да Го фали Господа! Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, во висините: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го сите сили Негови: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Да се изврши над нив напишаниот суд: Тоа ќе биде славата за сите преподобни Негови.
Господи, иако гробот беше запечатен од беззакониците, низ гробот Си минал како што Си се родил од Богородица: бестелесните Твои ангели не разбраа како Си се овоплотил и војниците што Те чуваа не забележаа кога Си воскреснал, зашто ова двојно чудо е скриено за љубопитните, а им се открива на оние, што со вера и се поклонуваат на тајната и пеат: Подај ни радост и голема милост.
викаме: - |
Фалете Го Бога во
Неговите светии,
фалете Го во цврстината
на силата Негова.
Господи, откако ги скрши вечните резиња и веригите ги раскина, од гробот Си воскреснал, оставајќи ја Твојата погребна облека, за сведоштво на вистинското Твое тридневно погребение и оставајќи ги стражарите пред пештерата, побрзо Си пристигнал во Галилеја; голема е Твојата милост, недостижен Спасителе, помилувај и спаси не.
Фалете Го поради силите Негови, фалете Го поради многуте величија Негови.
Господи, жените мироносици трчаа кон гробот да Те видат, Христе, Кој заради нас пострада и кога дојдоа, на каменот најдоа седнат ангел, кој на оние што се навалија од страв, им рече: Воскресна Господ, кажете им на учениците дека воскресна од мртвите Спасителот на душите наши.
Фалете Го со глас на труба, фалете Го со псалтир и гусли.
Господи, како што Си излегол од гробот запечатен, така Си влегол и низ затворената врата кај учениците Твои, покажувајќи им ги телесните страдања што Си ги претрпел, долготрпелив Спасителе: како потомок Давидов Си претрпел рани, но како Син Божји Си го ослободил светот. Голема е Твојата милост, недостижен Спасителе, смилувај се на нас и спаси не.
Фалете Го со тимпани и хорови, фалете Го на струни и оргули;
Фалете Го во милозвучнИ кимвали. фалете Го со кимвали громогласни!
НА ЛИТУРГИЈА БЛАЖЕНИ
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Разбојникот на крстот, верувајќи дека Си Бог, Христе, Те исповеда со чисто срце, велејќи: Сети се на мене Господи, во царството Твое.
Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
Оној што на дрвото крсно направи да процути живот на родот наш и ја исуши клетвата на дрвото, едногласно да Го воспееме како Спасител и Создател.
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Со смртта Твоја, Христе, Си ја разрушил смртната сила и со Себе си ги подигнал од века умрените кои Ти пеат Тебе, вистинскиот Бог наш и Спасител.
Блажени се гонетите заради правда, бидејќи е нивно царството небесно!
Кога чесните жени дојдоа на гробот Твој Христе, бараа да Те помажат, Живодавче, и ангел им се јави, велејќи: Воскресна Господ!
Слава...
Троице неразделна, Единице сесоздателна и сесилна, Оче, Сине и Свети Душе, Тебе Те пееме вистинскиот Бог и Спасителот наш.
И сега...
Радувај се, духовен храму Божји, и врато непроодна; радувај се неопален и огнообразен престоле; радувај се Мајко на Емануила Христа, нашиот Бог.
Прокимен
Ти, Господи, ќе не сочуваш и ќе не запазиш од овој род во векови.
СТИХИРИ НА ГОСПОДИ, ПОВИКАВ..
Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, услиши ме Господи! Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, чуј го гласот на моето молење, кога Те повикувам! Услиши ме Господи!
Да се исправи мојата молитва, како кадило пред Тебе, а воздигањето на рацете мои, како жртва вечерна. Услиши ме Господи!
Изведи ја. од тсмнина, душата моја, за да Му се исповсдам на имсто Твое.
Христе, Кој ја имаш победата над адот, на крст Си се искачил за, со себе, да ги воскреснеш оние што седат во смртна темнина, Ти, Кој меѓу мртвите Си слободен: сесилен Спасителе, Кој од Својата светлина живот точиш, смилувај се на нас.
Мсне ќс ме чекаат праведниците, додека нс мс вратиш.
Денес Христос, откако смртта ја сотре, воскресна како што рече и радост на светот му дарува, та сите, пеејќи песна, вака да речеме: Извору на живот, непристапна светлино, сесилен Спасителе, смилувај се на нас.
Од дното на душата повикав кон Тебе: Господи, Господи услиши го гласот мој.
Господи, Кој Си присутен во секое создание, кај да бегаме од Тебе, ние грешните? Ти Самиот живееш на небесата; во адот смртта Си ја сотрел; во длабочините морски и таму е раката Твоја, Владико; кај Тебе приоѓаме и, предавајќи Ти се, се молиме: Смилувај се на нас Ти, Кој Си воскреснал од мртвите.
Да бидат ушите Твои, тие, кои ќе го слушаат гласот на моето молење.
Со крстот Твој, Христе, се фалиме и воскресението Твое го опеваме и славиме; зашто Ти Си нашиот Бог и освен Тебе за друг не знаеме.
Ако гледаш на беззаконијата, Господи, Господи, кој ќе постои? Зашто само во Тебе има очистување.
Секогаш благословувајќи Го Господа, воскресението Негово го пееме, зашто претрпувајќи крст, со смрт смртта ја погуби.
Заради името Твое, чекав долго на Тебе, Господи, чекаше душата моја на Твојот збор; се надеваше душата моја на Господа.
Слава на силата Твоја Господи, зашто Си го уништил оној што имаше власт над смртта: со Твојот крст Си не обновил нас, дарувајќи ни живот и нетление.
Од утрената стража, па до ноќта, од утрената стража, нека се надева Израилот на Господа.
Зашто во Господа е милоста и во Него има многу големо избавување. И Тој ќе го избави Израилот од сите беззаконија негови.
Фалете Го Господа сите народи, прославувајте Го, сите луѓе.
Зашто се утврди милоста Негова на нас, и вистината Господова пребива вечно.
Слава на Оца, и Сина и Светиот Дух, и сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.
Кој нема да те нарече блажена, пресвета Дево! Кој ли нема да го воспее твоето пречисто рождество? Зашто еднородниот Син, Кој вечно светли од Оца, Истиот мина низ тебе, неизречено овоплотувајќи се, Кој е Бог по природа: а заради нас постана и човек по природа: Кој не се дели на две лица, но се познава неслиено во две природи: Него моли Го, чиста, себлажена, да ги помилува душите наши.
СТИХОВНИ СТИХИРИ
Воскресението Твое, Христе Спасителе, ангелите го пеат на небесата, а нас, на земјата, удостој не со чисто срце да Те славиме.
Господ се зацари, во убавина се облече.
Откако ја скрши бакарната врата и ги разби резињата на адот, како Бог сесилен, паднатиот род човечки Си го воскреснал, затоа и ние едногласно пееме: Слава Ти Господи, Кој воскрсна од мртвите.
Зашто ја утврди вселената, која нема да се помссти.
Сакајќи да не избави од древната пропадливост, на крст се приковува и во гроб се полага Христос, Кого жените мироносици со солзи Го бараа и плачејќи говореа: Тешко нам на сите, Спасителе! Како Си благоизволел во гроб да се вселиш? Откако се всели, пак, доброволно, како Си бил украден и како Си бил пренесен? Кое ли место го сокри Твоето живоносно тело? Но, Владико, јави ни се како што ни вети и прекрати ги нашите солзи и ридање: додека тие плачеа, ангел им повика: Престанете со плачење и на апостолите речете им дека воскресна Господ, Кој на светот му дарува очистување и голема милост.
На домот Твој му прилега светиња, Господи. за долги денови.
Ти, Кој Си се распнал по Своја волја, Христе, и со погребението Свое смртта Си ја пленил, по три дена Си воскреснал, со слава, како Бог, Кој на светот му дарува бесконечен живот и голема милост.
Слава... и сега...
Творецот мој и избавител, Пречиста, Христос Господ, кога излезе од Твојата утроба, во мене се облече и од првата клетва Адамова ме ослободи: затоа сечиста, како на Мајка Божја и Дева, ангелски, непрестајно, Ти пееме: Радувај се Владичице, застапнице и покрове и спасение на душите наши.
Тропар
Од ангелската сила на гробот Твој и стражарите премреа, и стоеше Марија во гробот, барајќи го пречистото тело Твое; но Ти Си го пленил адот, не вкусувајќи од него, Си ја сретнал Дева, дарувајќи живот. Господи, Кој воскресна од мртвите, слава Ти.
Богородичен
Ти, Кој, благословена, Си ја нарекол Својата мајка, доброволно Си дошол да страдаш, откако засветли на крстот, сакаЈки да го побараш Адама, им рече на ангелите: Радувајте се со мене, зашто се најде загубената драхма; се мудро Си устроил, Боже наш, слава Ти.
НА УТРЕНА СЕДАЛНН
Прв седален
Додека адот плачеше што гробот е отворен, Марија им викаше на скриените апостоли: Излезете, работници на лозјето, проповедајте го словото за воскресението; воскресна Господ, Кој на светот му дарува голема милост.
Воскресни Господи Боже мој, нека се издигне раката Твоја, не заборавај ги бедните Твои до крај.
Господи, пред Твојот гроб стоеше Марија Магдалена и, мислејќи дека Ти Си градинарот, со плач говореше: Каде си го сокрил вечниот живот? Каде си Го положил Оној што седи на престолот херувимски, зашто стражарите Негови од страв омртвеа. Или Мојот Господ дајте ми Го или со мене извикајте: Ти, Кој беше меѓу мртвите и мртвите ги воскресна, слава Ти.
Слава... и сега...
Гедеон го предобразува Твоето зачнување, а Давид го објаснува Твоето рождество, Богородице, зашто, како дождот на руното, Словото слезе во утробата твоја и од тебе, земјо света, без семе изникна спасение на светот, благодатна, Христос нашиот Бог.
Втор седален
Животот во гроб лежеше и печат на каменот стоеше. Војниците Го чуваа Христа како цар што спие, и откако невидливо ги порази непријателите Свои, воскресна Господ.
Ти се исповедам, Господи, од сето срце свое, ги кажувам сите чудеса Твои.
Јона го предобразува гробот Твој, а Симеон го објаснува божественото воскресение, бесмртен Господи: зашто во гробот Си слегол како мртов Ти, Кој Си ја разурнал адовата врата, но, како Владика, пак, Си воскреснал, без пропаѓање, за спасение на светот Христе Боже наш, откако ги просвети оние што беа во темнина.
Слава... и сега...
Богородице Дево моли Го, Твојот Син, Христа нашиот Бог, Кој доброволно се прикова на крст и воскресна од мртвите, да ги спаси душите наши.
СТЕПЕНА
(СКАЛИЛА)
Прв антифон
Кон небото ги подигам очите мои, кон Тебе, Слово, уштедри ме за да живеам во Тебе.
Смилувај се на нас понижените, обновувајќи ги Твоите благопотребни садови, Слово.
Слава... и сега...
На Светиот Дух Му припаѓа секоја сеспасителна причина; вдахне ли Тој некого, според достоинството, Он брзо го зема од земните, му дава крилја, го издигнува и го упатува горе.
Втор антифон
Ако Господ не е со нас, никој од нас не би можел да им одолее на непријателските напади, зашто победниците се издигнуваат од овде.
Душата моја да не стане плен, како пиле, на забите нивни. Слово, тешко мене, како ќе се избавам од непријателот, кога сум љубител на гревот.
Слава... и сега...
Од Светиот Дух на сите им доаѓа обожување, разум, мир, милост, зашто по дејство е рамен на Оца и на Словото.
Глас шести Трет антифон
Оние што се надеваат на Господа, страв им влеваат на непријателите, сите им се восхитуваат зашто тие горе гледаат.
Имајќи Те за помошник Тебе, Спасителе, своите раце праведниците не ги пружаат во беззаконие.
Слава... и сега...
Светиот Дух владее над се, Нему Му се поклонуваат небесните војски со секое живо суштество на земјата.
Прокимен (Пс.79, 3)
Господи, издигни ја силата Твоја и дојди да не спасиш. (3 пати)
Кондак
Животодавецот, Христос Бог, откако со Својата животворна дланка ги воскресна умрените од мрачните долини, воскресение му даде на човечкиот род, зашто Он е спасител на сите, воскресение и живот, и Бог на се.
ПОФАЛНИ (ХВАЛИТНИ) СТИХИРИ
Се што дише да Го фали Господа! Фалете Го, Господа, на небесата, фалете Го, во висините: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го сите сили Негови: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Да се изврши над нив напишаниот суд: Тоа ќе биде славата за сите преподобни Негови.
Крстот Твој, Господи, е живот и воскресение на луѓето Твои; и ние, кои се надеваме на него, на Тебе, воскреснатиот Бог наш, Ти пееме: Смилувај се на нас.
Фалете Го Бога во Неговите светии, фалете Го во цврстината на силата Негова.
Погребението Твое Владико, рајот му го отвори на човечкиот род. И од гнилежот го избави. Ти пееме на Тебе, воскреснатиот Бог наш: Смилувај се на нас.
Фалете Го поради силите Негови, фалете Го поради многуте величија Негови.
Заедно со Оца и Духот, да Го воспееме Христа, Кој воскресна од мртвите и кон Него да извикаме: Ти Си живот наш и воскресение, смилувај се на нас.
Фалете Го со глас на труба, фалете Го со псалтир и гусли.
По три дена Си воскреснал од гробот, Христе, како што е напишано, и со Себе си го подигнал праотецот наш; затоа и Те слави човечкиот род и го воспева Твоето воскресение.
Фалете Го со тимпани и хорови, фалете Го на струни и оргули;
фалете Го во милозвучни кимвали, фалете Го со кимвали громогласни!
НА ЛИТУРГИЈА БЛАЖЕНИ
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Спомни ме Боже, Спасителе мој, кога ќе дојдеш во царството Твое и спаси ме како единствен човекољубец.
Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
Со дрво Адам беше прелаган; со дрво крсно, пак, Си го спасил и разбојникот кој вика: Сети се на мене, Господи, во царството Твое.
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Животодавче, Кој, Си ги скршил резињата и вратата на адот; Си ги воскреснал, Спасителе, сите кои пеат: Слава на Твоето воскресение.
Блажени се гонетите заради правда, бидејќи е нивно царството небесно!
Сети се на мене Ти, Кој со погребението Твое смртта Си ја пленил и со воскресението Твое сите со радост Си ги исполнил, како милосрден.
Слава...
Отецот и Синот Ги славословиме и Духот Свети, велејќи: -Троице Света, спаси ги душите наши.
И сега...
Ти, која необјасниво, во последните времиња, зачна и Го роди Создателот Твој, Дево, ги спасуваш тие што те величаат.
Прокимен на апостолот (Пс.27,9)
Спаси ги, Господи, луѓето Твои и благослови го наследството Твое.
ГЛАС СЕДМИ
Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, услиши ме Господи! Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, чуј го гласот на моето молење, кога Те повикувам! Услиши ме Господи!
Да се исправи мојата молитва, како кадило пред Тебе, а воздигањето на рацете мои, како жртва вечерна. Услиши ме Господи!
Изведи ја, од темнина, душата моја, за да Му се исповедам на името Твое.
Дојдете да Му се радуваме на Господа, Кој силата на смртта ја скрши и родот човечки го просвети со бестелесните сили, пеејќи: Создателе и Спасителе наш, слава Ти.
Мене ќе ме чекаат праведниците, додека не ме вратиш.
Крст и погребение Си претрпел заради нас, Спасителе, но како Бог смртта, со смрт, Си ја умртвил: Затоа се поклонуваме на тридневното воскресение Твое; Господи, слава Ти.
Од дното на душата повикав кон Тебе: Господи, Господи услиши го гласот мој.
Кога апостолите го видоа воскресението на Создателот, се чудеа пеејќи ангелска пофалба: Оваа слава е црковна, ова богатство е од царството; Ти, Кој заради нас пострада, Господи, слава Ти.
Да бидат ушите Твои, тие, кои ќе го слушаат гласот на моето молење.
Иако Си бил фатен, Христе, од беззаконите мажи, Ти Си Бог мој и од тоа не се срамам: Си бил биен по плеќите, но јас не се одрекувам; на крст Си бил прикован, но јас тоа не го кријам; со воскресението Твое се фалам, зашто смртта Твоја е живот мој; сесилен и човекољубив Господи, слава Ти.
Ако гледаш на беззаконијата, Господи, Господи, кој ќе постои? Зашто само во Тебе има очистување.
Исполнувајќи го пророштвото Давидово, Христос на учениците им ја открил величината Своја на Сион, покажувајќи Се достоен за слава и пофалба, во секое време, со Оца и Духот Свети. Отпрвин бестелесен како Слово, а потоа, заради нас, овоплотен и умртвен како човек и воскреснат со слава, како човекољубец.
Заради името Твое, чекав долго на Тебе, Господи, чекаше душата моја на Твојот збор; се надеваше душата моја на Господа.
Во адот Си слегол Христе, како што Си сакал, смртта Си ја уништил како Бог и Владика и по три дена Си воскреснал, со Себе воскреснувајќи го, од адските вериги и гниење, Адама кој вика и говори: Слава на Твоето воскресение, единствен Човекољупче.
Од утрената стража, па до ноќта, од утрената стража, нека се надева Израилот на Господа.
Зашто во Господа е милоста и во Него има многу (начини за) избавување. И Тој ќе го избави Израилот од сите беззаконија негови.
Фалете Го Господа сите народи, прославувајте Го сите луѓе.
Зашто се утврди милоста Негова на нас, и вистината Господова пребива вечно..
Слава на Оца, и Сина и Светиот Дух, и сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.
Како што натприродно Си станала Мајка, Богородице, така Си останала и Дева, неискажано и надразумно; никаков јазик не може да го искаже чудото на Твоето раѓање, бидејќи е преславно зачнувањето; Пречиста, недостижен е и начинот на раѓањето, оти, каде што сака Бог, ги победува законите природни; затоа, знаејќи Те сите за Мајка Божја, од срце Ти се молиме: Моли да се спасат душите наши.
СТИХОВНИ СТИХИРИ
Си воскреснал од гробот, Спасителе на светот, и со Себе Си ги подигнал луѓето со телото Твое: Господи, слава Ти.
Господ се зацари, во убавина се. облече.
Дојдете, да се поклониме на Оној што воскресна од мртвите и се просветли, зашто со тридневното Свое воскресение, од маките адови не ослободи, ни дарува живот и голема милост.
Зашто ја утврди вселената, која нема да се помести.
Кога во адот Си слегол Христе, смртта Си ја пленил и кога по три дена Си воскреснал, со Себе си не воскреснал и нас, кои го славиме Твоето сесилно воскресение, човекољубче, Господи.
На домот Твој му прилега светиња, Господи, за долги денови.
Страв Си влевал Господи, додека Си лежел во гробот како заспан; кога по три дена
Си воскреснал како сесилен, со Себе си го воскреснал Адама кој вика: Слава на Твоето воскресение, единствен Човекољубче.
Слава... и сега...
I
Сите родени на земјата, кои под твојот кров се засолнуваме, Владичице, ти пееме: Богородице, надеж наша, избави не од безмерните прегрешенија и спаси ги душите наши.
Тропар
Со крстот Твој смртта Си ја разрушил, на разбојникот рајот Си му го отворил, на мироносиците плачот Си им го променил и на апостолите Си им заповедал да проповедаат дека Си воскреснал Христе Боже, Кој на светот му даруваш голема милост.
Богородичен Како сокровиште на нашето воскресение, оние кои во тебе се надеваат, Севоспеана, од јамата и длабочината на прегрешенијата изведи ги; зашто си ги спасила виновните за гревот, ти која си Го родила спасението наше; пред раѓањето беше Дева, во раѓањето си Дева и по раѓањето пак ос.тануваш Дева.
НА УТРЕНА СЕДАЛНИ
Прв седален
Животот во гроб лежеше и печат на каменот стоеше; војниците Го
чуваа Христа, како цар што спие, и ангелите Го славеа
како бесмртен Бог; жените, пак, извикуваа: Воскресна
Господ, дарувајќи му на светот голема милост.
Воскресни, Господи, Боже мој, нека се издигне раката Твоја, не заборавај ги бедните Твои до крај.
Христе Боже, Кој со тридневниот погреб Твој, смртта Си ја пленил и распадливиот човек со живоносното Твое воскресение Си го воскреснал, како човекољубец, слава Ти.
Слава... и сега...
Христа, нашиот Бог, Кој се распна заради нас и воскресна и власта на смртта ја симна, непрестајно моли Го, Богородице Дево, да ги спаси душите наши.
Втор седален
Христе Боже иако гробот беше запечатен, од него живот блесна. Низ заклучената врата пред учениците застана, Ти Кој Си воскресение на сите, обновувајќи го во нас Духот на вистината, според Твојата голема милост.
Ти се исповедам, Господи, од сето срце свое, ги кажувам сите чудеса Твои.
Жените трчаа кон гробот, со солзи, миро носејќи и додека војниците Те чуваа како цар на сите, во себе си велеа: Кој ќе ни го навали каменот? Воскресна Ангелот на Големиот совет, победителот на смртта; сесилен Господи, слава Ти.
Слава... и сега...
Радувај се благодатна Богородице Дево, пристаниште и застапништво на родот човечки, зашто од тебе се овоплоти избавителот на светот; ти си единствена Мајка и Дева, секогаш благословена и најпрославена; моли Го Христа Бога, мир да и дарува на целата вселена.
СТЕПЕНА (СКАЛИЛА)
Прв антифон
Запленетиот Сион од лагата го одврати, и мене, Спасителе, ме оживеа отргнувајќи ме од робувањето на страстите.
Оној што при јужен ветер, со солзи, сее испосничка тага, тој со радост ќе жнее ракатки од вечна храна.
Слава... и сега...
Светиот Дух е извор на божествени ризници, од Него се премудроста, разумот, стравот; Нему пофалба и слава, чест и сила.
Втор антифон
Ако Господ не го изгради домот душевен, попусто се трудиме, зашто без Него ни збор, ни дело, не се извршува.
Под вдахновение на Духот, како плод на утробата, светите прават да цутат татковските преданија за посинување.
Слава... и сега...
Од Светиот Дух сите постојат, бидејќи е Бог пред се, Господар на се, непристапна светлина, живот на сите.
Трет антифон
Оние што се плашат од Господа го нашле животниот пат; сега и секогаш се насладуваат со нетлена слава.
Околу трпезата Твоја, гледајќи ги чедата Твои како гранки, радувај се и весели се, приведувајќи ги нив при Христа, пастиреначалникот.
Слава... и сега...
Светиот Дух е бездна од дарови, богатство од слава, голема длабочина на судови, зашто по слава и служење е рамен на Оца и Сина.
Прокимен (Пс. 9,32)
Воскресни, Господи, Боже мој, нека се издигне раката Твоја, не заборавај ги бедните Твои до крај. (3 пати)
Кондак
Силата на смртта повеќе не може да ги држи луѓето, зашто Христос слезе, и ја скрши, и ја разори силата нејзина: адот е врзан, пророците, едногласно се радуваат, говорејќи: Спасителот им се јави на тие што останаа во верата; излезете верници, земете удел во воскресението.
ПОФАЛНИ (ХВАЛИТНИ) СТИХИРИ
Се што дише да Го фали Господа! Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, во висините: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го сите сили Негови: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Да се изврши над нив напишаниот суд: Тоа ќе биде славата за сите преподобни Негови.
Христос воскресна од мртвите, откако ги разурна смртните окови; благовести земјо радост голема, пејте ја небеса Божјата слава.
Фалете Го Бога во Неговите светии, фалете Го во цврстината на силата Негова.
Откако го видовме Христовото воскресение, да се поклониме на Светиот Господ Исус, единствениот безгрешен.
Фалете Го поради силите Негови, фалете Го поради многуте величија Негови.
На Христовото воскресение непрестано се клањаме, зашто Он не спаси од беззаконијата наши, Светиот Господ Исус, Кој објави воскресение.
Фалете Го со глас на труба, фалете Го со псалтир и гусли.
Што да Му дадеме на Господа за се што ни даде? Заради нас Бог поживеа меѓу луѓето; заради изгниената природа, Словото стана тело и во нас се всели; кон неблагодарните е добротвор, за плениците ослободител; за оние што седат во темнина сонце на правдата; Нестрадалниот, на крст во адот е светлина, во смртта живот; за паднатите воскресение; затоа кон Него да извикаме; Боже наш, слава Ти.
Фалете Го со тимпани и хорови, фалете Го на струни и оргули;
Фалете Го во милозвучни
кимвали,
фалете Го со кимвали
громогласни!
НА ЛИТУРГИЈА БЛАЖЕНИ
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Прекрасен беше и добар за јадење плодот што ме усмрти. Христос е дрвото, живоносно, од кое можам да јадам, а да не умрам; и викам со разбојникот: Спомни Си за мене Господи, во царството Твое.
Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
Издигнат на дрвото, милостив Боже, Адамовиот список на првородниот грев Си го избришал и целиот човечки род од заблуда Си го спасил, затоа Ти пееме:-Добротвору Господи.
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Ти, Кој на крст ги прикова гревовите наши, милостив Христе, и со Својата смрт смртта ја умртви, умрените Си ги подигнал од мртвите; затоа се поклонуваме на Твоето свето воскресение.
Блажени се гонетите заради правда, бидејќи е нивно царството небесно!
91 |
Некогаш, змијата го излеа својот отров во ушите на Ева; Христос, пак, на дрвото крсно, на светот, му источи сладост на животот, затоа повикуваме: Сети се на нас Господи, во царството Твое.
Слава...
Светлина е Отецот, светлина е и Синот Словото, светлина е и Духот Свети; но една светлина се Тројцата, зашто еден е Бог во три лица, со една, пак, природа и начало, неразделен и неслиен, Оној Кој е предвечен.
И сега...
Си Го родила Синот и Словото на Оца, со тело, заради нас, како што знае, Богородице, Он Самиот; затоа, Дево, мајко, обожени постанавме преку тебе; радувај се, тебе ти викаме, надеж на христијаните.
Прокимен на апостолот (Пс.28,11)
Господ, крепкост на луѓето Свои ќе им даде, Господ, со мир ќе ги благослови луѓето Свои.
СТИХИРИ НА ГОСПОДИ, ПОВИКАВ..
Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, услиши ме Господи! Господи, повикав кон Тебе: Услиши ме, чуј го гласот на моето молење, кога Те повикувам! Услиши ме Господи!
Да се исправи мојата молитва, како кадило пред Тебе, а воздигањето на рацете мои, како жртва вечерна. Услиши ме Господи!
Изведи ја, од темнина, душата моја, за да Му се исповедам на името Твое.
Вечерна песна, и словесна служба, Ти принесуваме, Христе, зашто Си благоволил да не помилуваш со воскресението.
Мене ќе ме чекаат праведниците, додека не ме вратиш.
Господи, Господи, не отфлај не од Твоето лице, но благоволи да не помилуваш со воскресението.
Од дното на душата повикав 'кон Тебе: Господи, Господи услиши го гласот мој.
Радувај се Сионе свети, мајко на Црквите, Божјо живеалиште, зашто прв си примил
прошка на гревовите, преку воскресението.
Да бидат ушите Твои, тие, кои ќе го слушаат гласот на моето молење.
Словото, Кое пред векови се роди од Бога Оца и во последно време доброволно се овоплоти од неискусобрачната, претрпе смртно распнување и одамна умрениот човек го спаси со воскресението Свое.
Ако гледаш на беззаконијата, Господи, Господи, кој ќе постои? Зашто само во Тебе има очистување.
Христе, го славиме Твоето воскресение од мртвите, со кое адамовиот род Си го ослободил од маките адови, и како Бог, на светот, Си му дарувал живот вечен и голема милост.
Заради името Твое, чекав долго на Тебе, Господи, чекаше душата моја на Твојот збор; се надеваше душата моја на Господа.
Слава Ти Христе Спасителе, Сине Божји единороден, Кој на крстот се прикова и по три дена воскресна.
Од утрената стража, па до ноќта, од утрената стража, нека се надева Израилот на Господа.
има многу (начини за) |
Зашто во Господа е милоста и во Него
избавување. И Тој ќе го
избави Израилот од сите беззаконија негови.
Фалете Го Господа сите народи, прославувајте Го, сите луѓе.
Зашто се утврди милоста Негова на нас, и вистината Господова пребива вечно.
Слава на Оца, и Сина и Светиот Дух, и сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.
Царот небесен од човекољубие на земјата се јави и со луѓето поживеа, оти, Оној што од чиста Дева тело прими и низ неа мина со примање на природа, единствен Син е, двоен по природа, но не и по ипостаси; затоа, проповедајќи дека е совршен Бог и совршен човек, Го исповедаме Христа нашиот Бог; Него моли Го, Мајко безневесна, да ги помилува душите наши.
СТИХОВНИ СТИХИРИ
На крст Си се искачил Исусе, Ти, Кој Си слегол од небото; на смрт Си дошол животе бессмртен, кон тие што се во темнина вистинска светлина; кон паднатите воскресение на сите; просветлување и Спасителе наш, слава Ти.
Господ се зацари, во убавина се облече.
Го славиме Христа, Кој воскресна од мртвите; иако душа и тело прими со Своето страдање, обете ги раздели; зашто душата пречиста слезе во адот, заробувајќи го во гробот не претрпе распаѓање телото свето на избавителот на душите наши.
Зашто ја утврди вселената, која нема да се помести.
Со псалми и песни Го славиме Христе, Твоето воскресение од мртвите, со кое не ослободи од маките адови и како Бог Си ни дарувал живот вечен и голема милост.
На домот Твој му прилега светиња, Господи, за долги денови.
О, недостижен Господару на се, Творецу на небото и земјата! Ти Кој на крстот пострада, мене бесстрасност ми даде; а откако прими погребение и воскресна во слава, со Себе си го воскреснал Адама со Својата сесилна рака. Слава на Твоето тридневно воскресение со кое Си ни дарувал живот вечен и очистување на гревовите, како единствен добросрдечен.
Слава... и сега...
Безневесна Девојко, која неискажливо Го зачна Бога по тело, Мајко на Бога Севишниот, прими ги молбите на твоите слуги, сенепорочна, која на сите им даваш очистување на гревовите и сега нашите молби ги примаш, моли, сите да се спасиме.
Тропар
Од висините Си слегол, Милосрден, погребение тридневно Си примил, да не ослободиш од страдањата, животе и воскресение наше, Господи, слава Ти.
Богородичен
Ти кој заради нас се роди од Дева и распнување претрпе Благи, соборувајќи ја смртта со смрт и воскресението го најави како Бог, не презирај ги оние кои Си ги создал со раката Твоја. Покажи го Твоето човекољубие, Милостиви, прими ја таа која Те роди, Богородица, која се моли за нас и спаси ги, Спасителе наш, луѓето од очајание.
НА УТРЕНА
Прв седален
Си воскреснал од мртвите, животе на сите, и ангел светол на жените им викаше: Престанете со солзите, благовестите им на апостолите, повикајте пеејќи: Воскресна Христос Господ Кој благоволил, како Бог, да го спаси родот човечки.
Воскресни, Господи, Боже мој, нека се издигне раката Твоја, не заборавај ги бедните Твои до крај.
Навистина воскреснат од гробот, на преподобните жени Си им заповедал на апостолите да им јават за воскресението, како што е напишано; брзиот Петар застана, пред гробот, и гледајќи ја светлината во гробот, се преплаши, зашто ја виде плаштаницата без божественото тело, во која лежеше, па со страв извика: Слава Ти, Христе Боже, Кој ги спасуваш сите, Спасителе наш, зашто Си отсјај на Отецот.
Слава... и сега...
Да ја воспееме небесната врата и кивот, сесветата гора, светлоносниот облак, небесната скала, словесниот рај, Евиното избавување, големата ризница на сета вселена, зашто во неа се изврши спасението на светот и опростувањето на древните согрешенија, затоа Ти извикуваме: Моли Го Синот Твој и Бог да им дарува прошка за прегрешенијата на оние, што се поклонуваат на твојата пресвета Рожба.
Втор седален
Спасителе, гробот Твој луѓето го запечатија, но каменот од вратата ангел го навали; жените Го видоа Воскреснатиот од
мртвите, и тие им благовестија на учениците Твои во Сион, дека, животе на сите Ти Си воскреснал; и дека се раскинати смртните вериги: Господи, слава Ти.
Ти се исповедам, Господи, од сето срце свое, ги кажувам сите чудеса Твои. Кога жените донесоа миро за погреб, глас ангелски од гробот слушнаа: Престанете со плач и, наместо жалост, радост примете, пеејќи извикувајте, дека воскресна Христос Господ, Кој благоволи како Бог да го спаси родот човечки.
Слава... и сега...
Во тебе, благодатна, се радува секоја твар; соборот ангелски и родот човечки; осветен храме и духовен рају; девствена похвало од која Бог се овоплоти и младенец постана; нашиот Бог, Кој постои пред вековите, од утробата твоја престол Си создаде и твојата утроба поширока од небесата ја направи. Во тебе, благодатна, се радува секоја твар, слава ти.
СТЕПЕНА (СКАЛИЛА)
Прв антифон
Од младоста моја непријателот ме искушува, со сласти ме пали, но јас го победувам, надевајќи се на Тебе, Господи.
Тие што го мразат Сиои, нека бидат како трева пред корнење, зашто Христос, ќе ги посече главите нивни со мачно посекување.
Слава... и сега...
Од Светиот Дух живее се, Светлина од Светлина, Бог велик, Му пееме со Оца и со Словото.
Втор антифон
Смирувајќи се, срцето мое со страв од Тебе нека се покрие, за да не се погордее и да не отпадне од Тебе, Милосрден.
Оној што има надеж во Господа, нема да се исплаши, тогаш кога со огин и мака ќе им суди иа сите.
Слава... и сега...
Со Светиот Дух, секој кој преку Бога предвидува и претскажува, прави чудеса од висините, воспевајќи Го во Троица единиот Бог, зашто, иако светли во Троица, единоначалствува во Божеството.
Трет антифон
Кон Тебе викам, Господи, чуј ме, приклони го увото Твое кон мене, кој Ти викам и очисти ме пред да ме земеш одовде.
Секој што дошол кон својата мајка земјата, пак ќе се врати да прими маки или почести, зависно од животот.
Глас осми: Слава... и сега...
Од Светиот Дух е богословието за Трисветата Едииица: зашто Отецот е беспочетен, од Него се роди Синот без време и Духот сопрестолен сообразен, Кој зрачи од Оца.
Четврт антифон
Ете, сега, што е подобро или што е поубаво од тоа кога браќата живеат заедно; зашто само така Господ ветува живот вечен.
За облеката своја, Оној Кој ги украсува криновите полски, заповеда, дека не прилега да се грижиме.
Слава... и сега...
Во Светиот Дух е единствената причина, што се се одржува во мир, зашто Он е Бог, единосуштен на Оца и Сина по Господство.
Прокимен (Пс. 91,1)
Се зацари Господ во вековите, твојот Бог, Сионе, од род во род. (3 пати)
Кондак
Многомилостив, кога воскресна од гробот, умрените Си ги подигнал, и Адама Си го воскреснал, и Ева ликува во Твоето воскресение, и краиштата на земјата торжествуваат со Твоето воскресение од мртвите.
ПОФАЛНИ (ХВАЛИТНИ) СТИХИРИ
Се што дише да Го фали Господа! Фалете Го Господа иа небесата, фалете Го, во висините: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го сите сили Негови: Тебе Ти прилега песна како на Бога.
Да се изврши над нив напишаниот суд: Тоа ќе биде славата за сите преподобни Негови.
Господи, иако Си бил изведен пред Пилата да бидеш суден, престолот на кој седиш, со Оца, не Си го оставил; а кога воскресна од мртвите, светот Си го ослободил од ропството на непријателот, како добар и човекољубец.
Фалете Го Бога во Неговите светии, фалете Го во цврстината на силата Негова.
Господи, за оружје против ѓаволот Си ни го дал крстот Твој, од што тој трепери и се тресе, не можејќи да ја гледа силата негова, која мртвите ги воскреснува и смртта ја обессилува: затоа се поклонуваме на Твоето погребение и воскресение.
Фалете Го поради силите Негови, фалете Го поради многуте величија Негови.
Господи, иако како мртов Јудеите во гроб Те положија, сепак војниците Те чуваа како цар што спие и како на ризница на животот, ставија печат; но Ти Си воскреснал и Си им дал нетление на душите наши.
Фалете Го со глас на труба, фалете Го со псалтир и гусли.
Ангелот Твој, Господи, кој воскресението го објави, стражарите ги преплаши, а на жените им извика, говорејќи: Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Воскресна како Бог и на вселената живот и дарува.
Фалете Го со тимпани и хорови, фалете Го на струни и оргули;
Фалете Го во милозвучни кимвали, фалете Го со кимвали громогласни!
НА ЛИТУРГИЈ А БЛАЖЕНИ
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Сети се на нас, Христе, Спасителе на светот; како што Си се сетил на разбојникот на дрвото; и сите удостој ги за небесното Твое царство, единствен милостив.
Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
Слушни Адаме и радувај се со Ева, зашто оној, кој порано обајцата ве разголи и со лага
ве зеде за пленици, со крстот Христов се обессили.
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
Доброволно прикован на крст, Спасителе наш, Адама Си го избавил од клетвата на дрвото, враќајќи му ги, како добар, образот и рајската населба.
Блажени се гонетите заради правда, бидејќи е нивно царството небесно!
Денес Христос воскресна од гробот, на сите верни давајќи им нетление, а на мироносиците им ја обнови радоста, по страдањето и воскресението.
Слава...
Безначална Троице, неразделно суштество, сопрестолна Единице, единочесна по слава, предпочетна природо и царство, Која ги спасуваш тие кои со вера Те воспеваат.
И сега...
Радувај се, Божјо пространо сместувалиште; радувај се, ковчегу на Новиот Завет; радувај се, стомно, од која им се даде на сите мана небесна.
Прокимен на апостолот (Пс. 75,12)
Помолете се, и, заветувајте Му се на Господа, нашиот Бог.
ЕКСАПОСТИЛАРИ ВОСКРЕСНИ И
ЕВАНГЕЛСКИ СТИХИРИ НА
СЛАВА ПО
ПОФАЛНИТЕ
ПРВ ЕКСАПОСТИЛАР
Заедно, со ученицнте, да се искачиме на Галилејската Гора. Со вера, Христа да Го видиме, Кој им зборува, да примат власт над се што е небесно и земно. Да се научиме, како Тој ги учи, да ги крштеваат сите народи, во името на Оца и Сина и Светиот Дух, и дека ќе биде со учениците, како што им вети, до крајот на вековите.
Богородичен
Заедно со учениците си се радувала, Богородице Дево, зашто си Го видела Христа, по три дена воскреснат од гробот, како што прорече. Ним им се јави, учејќи ги и јавувајќи им за убавините и заповедајќи им да крштеваат во името на Оца и Сина и Светиот Дух, за да поверуваме во Неговото воскресение и тебе, Девојко, да те славиме.
Слава, први глас
Застана Господ пред учениците, кои одеа на Гората, да го видат вознесувањето од земјата. И кога Му се поклонија и им даде власт насекаде, ги испрати по земјата да го проповедаат воскресението од мртвите и вознесението на небесата и им вети, Христос Бог и Спасителот на нашите души, дека навистина, вечно ќе бидат со Него.
ВТОР ЕКСАПОСТИЛАР
Мироносиците се радуваа кога го видоа каменот навален, зашто видоа младич, кој, седи во гробот. И тој им рече: Ете, Христос воскресна, кажете му на Петар и на учениците: Побрзајте кон Галилејската Гора, таму ќе ви се јави, како што им претскажа на пријателите.
Богородичен
Пред Твоето зачнување, Христе, ангелот и принесе радост на Дева; друг ангел, пак, го тргна каменот од гробот. Првиот, наместо тага, од чудото неискажлива радост донесе. Другиот, пак, наместо смртта, како дарител на животот Те проповедаше, величајќи Те и зборувајќи им на жените и на учениците за воскресението.
Слава, втори глас
На жените мироносици, кои дојдоа со Марија и беа во недоумица, како ќе им биде исполнета желбата, им се јави божествен младич, кој го подигна каменот и им го смири немирот во нивните души кога им рече: Господ Исус, стана! Затоа проповедајте им на проповедниците учениците Негови, да побрзаат во Галилеја и да Го видат воскреснатиот од мртвите, како животодавец и Господ.
ТРЕТ ЕКСАПОСТИЛАР
Секој да верува дека Христос воскресна, зашто и се јави на Марија. Потоа беше виден од оние кои одеа на село. На собраните единаесет ученици, пак, им се јави и откако ги испрати да крштеваат, се вознесе на небесата, од каде што и слезе, утврдувајќи ја проповедта нивна со многу чудеса.
Богородичен
Сонцето, кое засветли денес од гробот, како од одаја на младоженец и адот го плени, смртта ја обессили, преку твоите молитви Богородице, светлина ни испрати. Светлина, која ги просветува срцата и душшре; светлина, која ги упатува сите да одат по патеките на заповедите твои и по патот на мирот.
Слава, трети глас
Бидејќи учениците не и поверуваа на Магдалина Марија, која им го благовести воскресението и јавувањето на Спасителот, беа прекорени заради нивната жестокосрдечност. Но, штом се вооружија со знаци и чудеса, тргнаа да проповедаат. И кога Ти, Господи, Си се вознесол кај Отецот Почетокот на светлината, тие насекаде Го проповедаа словото, потврдувајќи го со чудеса. Затоа, Човекољубче Господи, откако се просветивме преку нив, го славиме Твоето воскресение од мртвите.
ЧЕТВРТ ЕКСАПОСТИЛАР
Штом ќе блеснеме со добродетели, да ги видиме мажите што стојат во живоносниот гроб, облечени во блескави облеки. Да се научиме на воскресението, како мироносиците, кои ги наведнаа лицата кон земјата пред Оној Кој владее со небесата и да потрчаме со Петар кон гробот на животот и восхитени од настанот, да Го видиме Христа.
Богородичен
Господи, Ти, Кој радоста од Твоето воскресение, ја внесе во светот, кога им се јави на прародителите, тагата во радост им ја претвори. Затоа, Животодавче, преку родилката Твоја, испрати ни ја светлината на Твоите
милости, која ги просветува срцата, за да Ти пееме: Човекољубче, Богочовече, слава на Твоето воскресение.
Слава, четврти глас Беше рано наутро и жените дојдоа на гробот Твој, Христе, но не го најдоа телото што го бараа. Затоа, пред збунетите, застанаа ангели во блескава облека и им зборуваа: Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Стана, како што прорече. Зошто не ги помните Неговите зборови? Ним им поверуваа за видението што го проповедаа, но се плашеа да не е лажна благовест, иако подоцна постанаа ученици. Но, Петар потрча, и, кога виде, ги прослави во себе, Твоите чудеса.
ПЕТТИ ЕКСАПОСТИЛАР
Христос, Кој е живот и пат, стана од мртвите, патуваше со Клеопа и Лука и тие Го препознаа во Емаус, кога го прекршуваше лебот. Ним им гореа душите и срцата, кога им зборуваше по патот и им ги објаснуваше Писмата, за се што претрпе. Со нив да извикаме: Воскресна! Му се јави и на Петар.
Богородичен Ја пеам безграничната милост Твоја, Створителу мој, бидејќи Себе си Си се измачил,
за да ја спасиш озлобената човечка природа. Иако, Си Бог, Си посакал да се родиш заради мене, од чистата Богодевојка, и да слезеш дури во адот, Владико Семилостив, сакајќи да ме спасиш, по молитвите на таа која Те роди.
Слава, петти глас
О, Твоите премудри промислувања, Христе! Како, значи, преку една плаштаница, на Петар Си му дал да го разбере Твоето воскресение! Патувајќи, пак, со Лука и Клеопа, Си им беседел, и разговарајќи со нив, не Си им се открил. Затоа беше прекорен, дека Ти Си единствениот странец во Ерусалим, Кој не учествувал во последните настани. Но, Ти Кој правиш се во полза на созданијата и Кој пророштвата за Себе си ги открил, и кога го благословуваше лебот, Си направил да Те препознаат, тие, на кои уште пред тоа им ги разгоре срцата за да Те познаат; и на собраните ученици, јасно им го проповедаа Твоето воскресение; преку нив, смилувај се на нас.
ШЕСТИ ЕКСАПОСТИЛАР
Кога воскресна од гробот, Спасителе, застана насреде (меѓу учениците), и вкуси од храната, за да покажеш дека Си човек по суштество. Ги научи на покајно крштение и, во истиот момент, се вознесе кон Небесниот Отец. И на учениците им вети дека ќе им Го испратиш Утешителот; пребожествен Богочовече, слава на Твоето воскресение.
Богородичен
Творецот на созданијата и Бог на се, човечко тело прими од пречистата твоја крв, Сесвета Дево, и сета моја изгниена пририда, нова ја направи. И ти пак, остана иста по раѓањето, како и пред раѓањето. Затоа сите, верно те славиме, извикувајќи: Радувај се, Владетелко на светот!
Слава, шести глас
Ти Си вистинскиот мир, Христе, и мирот Божји, на луѓето им го даваш. По воскресението, Си им се покажал на преплашените ученици, кои мислеа дека гледаат дух. Но, Си го стишил метежот во нивните души, покажувајќи им ги рацете и нозете Твои. Сепак не веруваа и храна кога вкуси. И кога ги потсети на учењето, им го отвори умот, за да го разберат Писмото. И на нив им ги вети татковските ветувања и кога ги благослови, се вознесе на небото. Затоа, со нив, и ние Ти се поклонуваме; Господи, слава Ти!
Ексапостилари и Воскресни стихири СЕДМИ ЕКСАПОСТИЛАР
Кога Марија кажа, дека Го зеле Господа, трчаа кон гробот, Симон Петар и другиот ученик, кого Христос го љубеше. Трчаа обајцата и внатре ја најдоа само плаштаницата како лежи. И имаше голем судир меѓу нив. Потоа пак замолчија, додека Христа не Го видоа.
Богородичен
Многумилостив, Христе мој, заради мене Си направил големи и преславни дела, зашто, неискажливо Си се родил од девојка млада, и крст Си поднесол, и смрт Си претрпел, и во слава Си воскреснал и нашата природа, од смрт Си ја ослободил. Слава Христе, на славата Твоја, слава на силата Твоја.
Слава, седми глас
Ете, уште е темница и рано е. И зошто, Марие, стоиш пред гробот со многу мрачни мисли и се прашуваш каде беше положен Исус? Но, види ги собраните ученици, како преку плаштаницата и судирот, воскресението го најдоа и се сетија, дека за сето ова беше напишано. Откако со нив и ние поверувавме, Тебе, Животодавече Христе, Те воспеваме.
ОСМИ ЕКСАПОСТИЛАР
Кога Марија ги виде двата ангела во гробот, се исплаши. И незнаејќи дека е Христос, како градинар Го прашуваше: Господине, каде си го положил телото на мојот Исус? Но, кога Го позна по гласот, дека е Спасителот, слушна: Не допирај се до Мене, кажи им на браќата Мои, дека Си одам кај Отецот.
Богородичен
Девојко, ти си родила Еден од Светата Троица, Кој, неискажливо постои во две природи, и во двојно дејство, и во една ипостас. Него моли Го постојано, за тие што Му се поклонуваат со вера, да ги избави од секаков непријателски напад, зашто сега, сите ние, Владичице Богородице, кон тебе прибегнуваме.
Слава, осми глас
Топлите Мариини солзи, не се проливаат напразно, зашто, ете, таа се удостои да ја поучат ангелите и да Го види Исуса. Но, уште земно размислува, како немоќна жена. Затоа беше оттргната, да не се допре до Христа. Но, сепак, ја испрати како проповедничка кај Твоите ученици, на кои, благовестие им однесе и ги извести за Твоето заминување во наследството на Отецот. Заради неа, Владико Господи, удостој не и нас, со Твоето јавување.
ДЕВЕТТИ ЕКСАПОСТИЛАР
Владико, Си влегол низ заклучена врата и апостолите Си ги исполнил со Пресветиот Дух, откако дувна мирно. Преку тоа, Си им рекол, да задржуваат и разрешуваат гревови. И по осум дни, Твоите ребра и рацете Твои, Си му ги покажал на Тома. Со него да извикаме: Господ и Бог, Ти Си.
Богородичен
Богоневесто, Пресвета Дево, кога си Го видела Твојот Син, воскреснат од гробот, си ја отфрлила сета жалост, што си ја поднела како мајка, кога си Го видела како страда. И откако се исполни со радост, заедно со Неговите ученици, почитувајќи Го, Му пееш. Затоа сега, спаси ги тие што те исповедаат како Богородица.
Слава, петти глас
Како во последните години, доцна во сабота, Си застанал пред пријателите, Христе, и со чудо, Си го објавил чудото, за Твоето воскресение од мртвите, влегувајќи. преку заклучената врата. Со радост Си ги исполнил
Твоите ученици и Духот Свети Си им Го предал. И власт Си
им дал да простуваат гревови, и Тома не Си го оставил да потоне во бурата на
неверието. Затоа, Добросрдечен Господи, дај ни и нам да ја разбереме
вистината и дај ни прошка за прегрешенијата.
ДЕСЕТТИ ЕКСАПОСТИЛАР
Децата Заведееви, заедно со Натанаил и Петар и со други двајца и Тома, беа на риболов на Тиверијадското море. И кога им заповеда Христос да ги фрлат мрежите, од десната страна, извлекоа многу риби. Петар кога Го позна, пливаше кон Него. Тогаш, по трет пат им се јави, и леб им даде и риба на жар.
Богородичен
Дево, моли Го Господа, Кој воскресна по три дена од гробот, за оние кои те воспеваат и со љубов те величаат. Зашто тебе, сите те имаме како спасително прибежиште и посредница пред Него. Твое наследство и твои раби сме, Богородице и сите гледаме на твоето застапништво.
Слава, шести глас
По слегувањето во адот и по Твоето воскресение од мртвите, Христе, Твоите ученици жалеа, како што прилега, заради разделбата од Тебе. И пак на работа отидоа, и пак со коработ запловија, и мрежи фрлија, ама лов немаше. Но, Ти Спасителе, се појави како Господар на сите; им заповеда да ги фрлат мрежите оддесно, и набрзо се исполни Твојот збор, и многу риби уловија, и вечера необична беше приготвена на Земјата, од која, тогаш јадеа Твоите ученици. Човекољубче, Господи, сега и нас удостој не, мисловно да се насладиме.
ЕДИНАЕСЕТТИ ЕКСАПОСТИЛАР
По божественото воскресение, Господ, трипати го праша Петара: Ме љубиш ли? И го постави за пастироначалник на Своите овци. Но, тој кога го виде ученикот, кого Исус го сакаше, како иде по нив, Го запраша Владиката: Овој, пак, зошто? А Он му рече: Ако сакам тој да остане, додека дојдам повторно, тебе што ти е другар Петре?
Богородичен
О, страшно таинство! О, преславно чудо! Смртта со смрт, засекогаш е погубена. Кој, пак, нема да запее, и кој нема да му се поклони, Слово, на Твоето воскресение и на Богородица, која пречисто, во тело Те родила? Заради нејзините молитви, избави ги сите од геената.
Слава, осми глас
Спасителе, јавувајќи им се на Твоите ученици, по воскресението, на Симона Си му го дал стадото овци, заради возвратената љубов, бидејќи Ти бараше, кој ќе се грижи за паствата. Затоа и Си рекол: Петре, ако ме љубиш, паси ги јагнињата мои, паси ги овците мои! Тој, пак, покажувајќи дружељубие, за другиот ученик прашуваше. Преку нивните молитви, Христе, сочувај го Твоето стадо од волците кои го убиваа.
† Мистична
Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie