Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



УТРЕНА - ПОЧЕТОК НА УТРЕНА
СЕКОЈДНЕВНА

Св: 
Благословен е нашиот Бог постојано сега секогаш и во вечни векови.

Пс: Амин
Слава ти Боже наш салва ти.
Пс: Царе Небесен, Утешителу, Дух на вистината кој си на секаде и се исполнуваш Само на погреб нема Царе Неб
Ризницо на добрините, Животодавче, дојди, вселисе во нас, очисти не од секаква нечистотија и спаси ги Благи, душите наши

Св Боже Св Силнии Св Бесмртни Помилуј не (3) Пресвета Троице помилувај не, Господи очисти ги гревовите наши, Владико прости ги беззаконијата наши
Свети посети не и исцелиги нашите слабости заради твоето име. Господи Помилуј
(3) СИ
Оче наш кој си на небесата, да се свет името твое да дојде царството твое да биде вољата твоја како на небото така и на земјата
Лебот наш насуштен дај ни го денес, и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници

И не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот.  Зошто твое е .. АМИН Господи помилуј 12 СИ


Придете да Му се поклониме на царот, нашиот Бог, Придете да му се поклониме и да паднеме пред Христа царот и нашиот Бог
Пријдете да му се поклониме и да паднеме пред самиот Христос, нашиот цар и Бог    **
 Потоа (ПС19 и 20) не ги читаат, oсвен на бдение кога навистина не се читаат


Пс 19 Нека те послуша Господ во тежок ден, да те заштити Името на Бога Јаковов. Да ти испрати помош од светилиштето и од Сион да те подкрепи.
Нека си спомне за секоја твоја жртва, и сепалениците твои да бидат примени. Да ти даде Господ и она што ти Срце сака и сите твои помисли да ги исполни.
Ќе се зарадуваме на твоето спасение и во Името на нашиот Бог ќе се издигнеме. Да ги исполни Господ сите твои молби.
Сега знаеме дека Господ го спасува својот помазаник, го слуша од светите свои небеса, спасението е во силата на неговата десница.
Едни со коли други со коњи а ние со Името на Господ нашиот Бог се фалиме. Тие се сопнаа и паднаа а ние се кренавме и стоиме прави.
Господи спаси го Царот и послушај не кога ти се молиме Пс 20 Господи со твојата сила ќе се весели Царот и за спасението од тебе безмерно ќе се радува.
Ти му даде она што срцето негово посака и молбата на устата негова не ја одфрли зашто ти го пресретна со добри благослови
M
у возложи на главата венец со скапоцени камења. Тој побара од тебе живот а ти му даде долголетие во векови вечни.
Голема е славата негова поради спасението од тебе. Ти го покри со чест и величие. Ќе положиш на него вечен благослов развеселувајќи го со радоста на Лицето твое
Зашто Царот се надева на Господ и во милоста на Севишниот не се сомнева. Раката твоја ќе ги најде сите твои непријатели, десницата твоја ќе ги најде сите што те мразат
Кога ќе се разгневиш ќе ги направиш како огнена печка, гневот Господов ќе ги погуби и оган ќе ги проголта.
Ти ќе го уништиш плодот нивни на земјата и семето нивно меѓу човечките синови, зашто смислија против тебе зло, се договорија но не можеа ништо да направат.
Ти ќе ги поставиш како цел а од твоите лакови ќе пуштиш стрели во лицето нивно. Издигни се Господи со твојата сила. Ние ќе воспеваме и ќе ја прославуваме тв моќ


Спаси ги Господи Тв луѓе и благослови го Тв наследство. Победи на сите православни христијани  над противниците дарувај  пазејќи го со Тв крст Тв жителство.
СЛ: Христе Боже, кој добороволно си се издигнал на крстот, подари ги Тв добрини на Тв нов народ.
Со својата сила, зарадувај го Тв народ кој се именува со Тв Име, давајќи му победа над противниците, да го има Тв оружје на мирот, како непобедлива победа.
ИС: Севоспеана Богородице, како страшна и сигурна застапница, не презирај ги, Благодатна нашите молитви, утврди го православното жителство
Спаси го нашиот православен народ, кому си заповедала да владее и подај му победа, бидејќи си Го родила Бога, единствена благословена.


ЕК 3 ГП Амин. Во името на Господа, Благослови оче ☺Слава на Светата и единосушна, животворна и неразделна Троица, постоја ...векови.  АМИН.


ШЕСТОПСАЛМИЕ Слава на Бога во висините, и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја. (3) Господи, отвори ми ги усните и мојата уста ќе Те фали. (2)

3 Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене; мнозина велат за душата моја:
Нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си застапник мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја.
Со гласот свој викам кон Господа и Он ме слуша од Својата света Гора. Легнувам, спијам и станувам, оти Господ ме чува.
Не се плашам од многу илјади луѓе, што од сите страни навалиле на мене. Стани, Господи! Спаси ме, Боже мој
Зашто Ти ги поразуваш сите мои непријатели и им ги здробуваш забите на грешниците. Од Господа е спасението. Твојот благослов нека биде на народот Твој.

37 Господи, во јароста Своја не карај ме и во гневот Свој не казнувај ме, зашто стрелите Твои се забија во мене, и Твојата рака тежи врз мене.
За телото мое нема лек од Тв гнев. Во коските мои нема мир од гревовите мои Зашто беззаконијата ја надвишија главата моја, како тешко бреме ме притиснаа.
Смрдат и гнијат раните мои поради безумието мое. Настрадав и се стопив сосема, цел ден натажен одам бидејќи одвнатре горам од оган, нема лек за телото мое.
Озлобен сум и прекумерно понизен; рикав поради воздишките на срцето мое. Господи, пред Тебе се сите мои желби, и мојата воздишка не е сокриена од Тебе.
Срцето ми се возбуди и ме напушти силата моја и светлината на очите мои и неа ја нема во мене. Моите пријатели и моите ближни се приближија и не се доближија
Застанаа подалеку од мене, а оние што ја бараа душата моја, зборуваа лошо и без основа и секој ден кроеја сплетки
А јас, пак, како глув не слушав и сум како нем, кој не ја отвора устата своја; станав како човек, што не слуша и што во устата своја нема прекор,
Зашто на Тебе, Господи, се надевав; Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој. Оти си реков: да не се погордеат над
мене моите непријатели
И кога ми се поколебаа нозете мои, тие изговорија лоши зборови над мене. Готов
сум да паднам, и јадот мој секогаш е пред мене,
Беззаконието свое го признавам и ќе се смирувам поради гревот мој.
А непријателите мои живеат и се посилни
стануваат од мене, и се намножија оние што неправедно ме мразат, па враќајќи ми зло за добро
Бидејќи бев за правда тие ме
отфрлија како мртовец. Не оставај ме, Господи Боже мој, не отстапувај од мене. Побрзај да ми помогнеш, Господи Спасителу мој

62 Боже, Боже мој, кон Тебе поранувам; за Тебе зажедне душата моја. Колку пати за Тебе копнее телото мое на земјава пуста, неплодна и безводна?
И така се појавив во Светилиштето Твое, за да ја видам Твојата сила, и Твојата слава. Зашто милоста Твоја е подобра од животот
Устата моја ќе Те фали. Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои. Како со маст и елеј се наситува душата моја
И со радосен глас ќе Те фали устата моја. Кога ќе се сетам за Тебе во постелата моја во утринските часови за Тебе размислувам
Зашто Ти си ми помошник и во сенката на твојата закрила ќе воскликнувам. Кон Тебе се приближи душата моја, Твојата десница ме поддржува.
А оние кои залудно го побараа мојот живот, ќе слезат во пеколот! Ќе бидат поразени со силата на мечот; ќе станат плен за лисиците.
А царот ќе се зарадува во Бога, и секој ќе се фали, кој во Него се колне, бидејќи ќе им се затне устата на оние што говорат неправда.
Размислувам за Тебе за време на ноќните стражи, зашто Ти си моја помош, и под сенката на Твојата закрила ќе се зарадувам.

Кон Тебе се приврза мојата душа, Твојата десница ме поддржа. СИ: Алилуја, алилуја, алилуја, слава Ти, Боже. (трипати, без меатнија). Господи, помилуј. (3) СИ:                 

Пс 87 Господи, Боже на моето спасение, дење Те призивам и ноќе сум пред Тебе:
За да дојде пред Тебе молитвата моја, приклони го увото Свое кон молбата моја, Господи зашто душата моја е полна со јад и животот се приближи до адот.
Се изедначив со оние што слегуваат во гроб, станав како човек без помош слободен меѓу мртвите  
Како фрлени и ранети што лежат во гроб, за кои Ти веќе не се сеќаваш; тие се оттурнати од Твојата рака.
Ме положија во подземен ров, во мрак и во смртна сенка. Ја истури врз мене Твојата јарост, и со сите Свои бранови ме поразуваш.
Ти ги оддалечи од мене моите познати, ме направи одвратен за нив; затворен сум и не можам да излезам.
Очите мои ослабеа од сиромаштија; цел ден викам кон Тебе, Господи, ги протегам рацете кон Тебе. Зар на мртовци ќе правиш чуда?
Зар сенките ќе се кренат и ќе Те слават? Зар во гроб некој ќе кажува за Твојата милост и за Твојата вистина - во местото на распаѓањето?
Зар во темнината ќе ги познаат Твоите чудеса и во земјата на заборавот Тв: правда? Но јас повикав кон Тебе Господи и наутро молитвата моја Те испреварува.
Зошто, Господи, ја оттурнуваш душата моја и го одрваќаш лицето Свое од мене? Јас сум несреќен и од младини се мачам;
Се возгордеав, се смирив и изнемоштен сум.  Над мене се надви Твојата јарост, Твоите заплашувања наполно ме скршија.

Секој ден ме опкружуваат како вода: сите заедно ме опседнуваат. Ти го оддалечи од мене ближниот и пријателот; моите познати не се гледаат.

Господи Боже на моето спасение, дење и ноќе Те повикувам Тебе. Нека влезе пред Твоето лице мојата молитва;
Наклони го Твоето уво кон мојата молба.
102 Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да Го благословува Неговото име.

Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите твои беззаконија,
Кој ги исцелува сите твои болести; Кој го избавува од распаѓање твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини.

Кој ја исполнува со блага твојата желба, како на орел ќе се обновува твојата младост.

Господ им дава милост и суд на сите онеправдани. Он му ги покажа Своите патишта на Мојсеја, на Израилевите синови - барањата Свои.

Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив. Он не се гневи до крај, ниту вечно се лути.
Он не ни направи ништо според нашите беззаконија и не постапи според нашите гревови.
Зашто, колку е големо растојанието од небото до земјата, толку е голема милоста на Господа спрема оние што се бојат од Него.
Колку е далеку исток од запад, толку ги оддалечил Он од нас нашите беззаконија.
Како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто Он го знае нашиот состав. Помни дека ние сме земја.
Дните на човекот се како трева; како полски цвет така прецутува тој; ќе дувне ли над него ветар и веќе го нема и местото веќе нема да се познава

А милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, и правдата Негова е од синовите на синовите, кои го чуваат заветот Негов
И ги помнат заповедите Негови, за да ги исполнуваат. Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над се.
Благословувајте го Господа - сите ангели Негови, крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов
Благословувајте Го Господа - сите Негови војски, Негови служители, кои ја исполнувате волјата негова;
Благословувајте Го Господа сите Негови дела. По сите места на Неговото владеење благословувај Го, душо моја, Господа!  
142 ...

Господи, услиши ја молитвата моја, чуј го молењето мое поради Твојата вистина; услиши ме поради Твојата правда и не стапувај во суд со Твојот слуга
Зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите. Непријателот ја прогонува душата моја, го понизил животот мој дури до земјата,
Ме остави во темнина како оние кои се одамна умрени; опадна духот мој во мене, се вознемири во мене срцето мое. Се сетив на дамнешните дни
И размислував за сите Твои дела, расудував за делата на Твоите раце. Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како сува земја.

Услиши ме поскоро, Господи: духот мој малакса; не одвраќај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб.

Соопшти ми ја утрената милост Твоја зашто на Тебе се надевам Господи. Покажи ми го Господи патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја вознесувам душ: моја

Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав. Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот Бог.

Твојот благ дух нека ме води по прав пат. Заради Твоето име, Господи, ќе ме оживиш Поради Твојата правда - ќе ја избавиш од неволја душата моја.

Според милоста Твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите, кои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој.

Услиши ме, Господи по Твојата правда, и не влегувај во суд со Твојот слуга. Услиши ме, Господи по Твојата правда, и не влегувај во суд со Твојот слуга.

Твојот благ дух нека ме води во земјата на правдата. СИ: Алилуја, алилуја, алилуја, слава Ти, Боже. (3)


ЕК
 -  Припев Бог Господ ни се јави, благословен е оној што доаѓа во името Господово.     

             Стих 1. Фалете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна Неговата милост.
      
                 2. Ме заокружија од сите страни, но со Името на Господа ги одвраќав.

                        3. Нема да умрам но ќе живеам за да ги кажувам делата на Господа.
     
                  4. Каменот што ѕидарите го отфрлија стана аголен камен. Од Господ е ова и чудесно е во нашите очи

Потоа ако е Недела, продолжува со тропар и седални од Осмогласник
Ако е Празник, продолжува со тропар и седални од Минеи

 

 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie