Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!


РЕДОСЛЕД НА ВЕЧЕРНА СЛУЖБА
 

Благословен е нашиот Бог постојано сега секогаш и во вечни векови. Амин
Слава Ти Боже Слава Ти -  Царе Небесен - Свети Боже - СИ - Пресвета Троице - ГП3 - СИ - ОЧЕ НАШ - ГП12
Пријдете да Му се Токлониме на Царот, нашиот Бог

Пријдете да Му се поклониме и да паднеме пред Христа - Царот и нашиот Бог
Пријд да Му се покл.. и да паднеме пред Самиот Христос, нашиот Цар и Бог.


 
Пс 103
Благословувај Го, душо моја, Господа
, Господи, Боже мој, ти си се возвеличил; во слава и велелепие си се облекол;
Ти си се облекол во светлина како со облека, си го прострел небото како шатор; со вода си ги покрил Твоите дворови,
Облаците си ги направил за да одиш по нив, кога се движиш - ветрот Ти служи како крилја.
Ветровите ги правиш Свои гласници, а слугите Свои огнен пламен. Ти си ја поставил земјата на цврсти основи, таа нема да се разниша никогаш.
Си ја покрил со бездна како со облека, води ќе стојат на горите. Од твојата закана тие бегаат, од гласот на твојот гром се бојат.
Се издигаат горите, се спуштаат долините на места што си им ги определил.
Си поставил граница преку која нема да преминат, ниту ќе се вратат да ја покријат земјата.
Се управил извори во долините, меѓу горите течат води, ги напојуваат сите полски ѕверови, дивите магариња ја гаснат жедта своја.
При нив живеат птици небесни, меѓу камењата пуштаат глас. Ти ги напојуваш горите од своите височини, од плодовите на твоите дела се наситува земјата
Ти правиш да расте трева за добитокот и растение за потреба на луѓето, за да произведат леб од земјата
И виното што го весели срцето на човекот и елејот од кој блеска лицето негово, и лебот што го закрепнува срцето на човекот.
Се заситуваат дрвјата по полето ќедрите ливански, што си ги посадил, на нив птиците си прават гнезда, елките им се живеалишта на штрковите
Високите гори на срните, камењата прибежиште на зајаците. Он ја создзл месечината да ги определува времињата, сонцето го знае својот запад. Спушташ темнина и настанува ноќ, тогаш излегуваат сите горски ѕверови, лавовите рикаат за плен и бараат од Бога храна за себе.
Изгрева сонцето, а тие се собираат и легнуваат во своите легла; човекот излегува по своја работа и работи до вечерта.
Колку се многубројни делата Твои, Господи! Се си направил премудро; земјата е полна со Твоите созданија.
А тоа море е големо и пространо; таму се движат безброј лазачи, мали и големи животни; таму пловат кораби
Таму е чудовиштето што си го создал да игра во него. Сите тие од Тебе чекаат да им дадеш храна навреме.
Им даваш - примаат, ја отвораш раката Своја - се наситуваат со блага; го одвратиш ли лицето Свое - се збунуваат, им го одземаш ли духот нивни - умираат и во земјата своја се враќаат.
Го праќаш ли духот Свој - се создаваат; Ти го обновуваш лицето на земјата.
Нека пребива славата на Господа вечно; нека се весели Господ за делата Свои!
Погледнува ли кон земјата, и таа се тресе; се допре ли до горите, тие чадат.
Ќе му пеам на Господа преку целиот мој живот, ќе му пеам на мојот Бог се додека постојам. Нека Му биде мила беседата моја!
Ќе се веселам во Господа. Нека ги снема грешниците од земјата, и беззаконици да нема веќе! Благословувај Го, душо моја, Господа!
Сонцето го знае својот запад. Ти ја простираш темнината и настапува ноќ.        

Колку се многубројни Твоите дела, Господи! Се си направил премудро. Слава, и сега: Алилуја, алилуја, алилуја, Слава Ти, Боже. (3).


    За време на пс 103 презвитерот ги кажува следните молитви
1. Господи дарежлив и милостив, долготрпелив, многумилостив, послушај ја нашата молитва и почуј го гласот на нашето молење, направи од нас образец на доброто
    Упати не по твојот пат за да одиме по твојата вистина, развесели ги нашите срца за да се плашат од твоето свето Име зашто ти си голем и правиш чуда.
    Ти си Господи единствен Бог и нема сличен на тебе меѓу боговите, ти си силен во милоста и благ си во силата
    За да им помагаш, да ги утешуваш и да ги спасуваш сите што се надеваат на твоето свето Име, зашто тебе ти прилега секоја слава чест и поклонување на От..
2. Господи во јароста твоја да не не караш ниту во гневот твој да не казнуаш но направи ни според твојата милост, лекар и исцелител на нашите души,
    Упати не кон пристаништето на твојата волја, просвети ги очите на нашите срца за спознавање на твојата вистина
    И дарувај ни да го поминеме мирно и безгрешно останатото време од денешниот ден и сето време од нашиот живот по молитвите на Св Богородица и на сите светии, зашто твоја е власта..
3. Господи Боже наш сети се на нас твоите грешни и непотребни слуги кога го повикуваме твоето свето и почитувано Име
    И не посрамувај не во чекањето на твојата милост, дарувај ни Господи се што молиме за спасение
    И удостој не од се срце да те сакаме и да се плашиме од тебе и во се да ја исполнуваме твојата воља, зашто си добар и човекољубив Бог и тебе слава ти вознесуваме на От..
4. Господи кој си воспеван од светите сили со постојани песни и непрестајни славословија, исполни ги нашите усни со пофалби кон тебе, за да го величаме твоето свето Име, дај ни заедница и   
     наследство со сите кои вистински се плашат од тебе и ги пазат твоите заповеди, по молитвите на Св Богородица и на сите твои светии, зашто тебе ти прилега секоја Слава Чест и Покл..
5. Господи Господи, кој држиш се со твојата пречиста дланка, кој си долготрпелив кон сите нас и жалиш поради нашите зла,
    Спомни си за твоето милосрдие и за твојата милост, посети не со твојата добрина и дај ни со твојата благодат во останатото време на овој ден да ги одбегнуваме различните итрини на лукавиот,
    И запази го чист нашиот живот со благодатта на твојот Св Дух, по милоста и човекољубието на твојот единороден Син, 
    Со него со благословен со пресветиот благиот и животворен твој Дух, сега..
6. Боже голем и дивен, кој со неискажлива благост и богата промисла управуваш се, си ни дарувал и световни добра и си ни го испратил ветеното царство со даруваните добра,
    Си ни направил пат во изминатиот дел од денот за да се запазиме од зло, дарувај ни останатото време да го завршиме непорочно пред твојата света слава, 
    И да те воспеваме тебе единствениот благ и човекољубив Бог наш. Зашто ти си Бог наш и тебе слава ти вознесуваме на Oт..
7. Боже голем и севишен кој си единствен бесмртен и живееш во непристапна светлина, со премудрост си го создал целото создание, си ја разделил светлината од темнината,
    Сонцето си го поставил да владее со денот, а месечината и ѕвездите со ноќта и во овој час си не удостоил нас грешните со исповедание да излеземе пред твоето лице
    И да ти принесеме вечерно славословие. Човекољубив, ти самиот исправија нашата молитва како кадило пред тебе и примија како мирис на благоухание,
    Сај ни да ги поминеме мирно оваа вечер и ноќта што доаѓа, облечи не во оружјето на светлината, избави не од ноќен страв и од се што се движи ноќе,
    Сај ни сон што си ни го дарувал за смирување на нашите немоќи ослободен од ѓаволските привиденија.
    Да Владико, дарителу на добрини, и на нашите постели ноќе умилно да го спомнуваме твоето Име
    И просветени со размислување за твоите заповеди во душевна радост да се разбудиме за прославување на твојата добрина
    Принесувајќи кон твоето милосрдие молби и молитви за согрешенија наши и на сите твои луѓе кој ги посети со милоста,
    По молитвите на пресвета Богородица, зашто си добар и човекољубив Бог и тебе слава ти вознесуваме на Oт...


Ек: 

Во пракса, во црква на служба, или се пее само првиот псалм, или по неколку стихови од сите 3 псалми, 1, 2, 3

Пс 1 Блажен е оној човек што не оди на совет безбожнички, не застанува на патот на грешници и не седи во друштво на развратници
Па му омилел законот на Господа и во законот Негов дење и ноќе се поучува;
Тој е како дрво посадено крај извор вода, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не вене; и во се што прави, напредува.
Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го растура ветрот по земјата.
Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците - во соборот на праведниците.
Зашто Господ го знае патот на праведниците; патот, пак, безбожнички, води кон погибел.


Пс 2 Зошто се бунат народите и племињата смислуваат лоши работи
Се креваат царевите земски и кнезовите се собираат заедно против Господ и неговиот Помазаник:
Да ги раскинеме врските нивни и да го отфлмиме од себе јаремот нивни.
Оној кој живее на Небесата ќе им се смее и Господ ќе ги исмее.
Тогаш во гневот свој ќе им говори и со јароста своја ќе ги збуни:
Јас го помазав Царот свој на Сион на мојата Света Гора. Ќе го кажам определението.
Господ ми рече: Ти си Син мој, јас денес те родив.
И побарај од мене и ќе ти ги дадам народите во твое наследство, и краиштата на земјата во твоја власт.
Ти ќе ги пасеш со железен жезал, ќе ги разбиваш како грнчарски сад. Е сега цареви вразумете се, поучете се судии земни.
Служете му на Господ со страв и радувајте се со трепет.
Почитувајте го Синот, та да не се разгневи, и на патот свој да не погинете, зашто неговиот гнев брзо ќе се разгори.
Блажени се сите кои на него се надеваат.


Пс 3 Господи колку многу се намножија непријателите мои, мнозина се креваат против мене, мнозина велат за душата моја: Нема спас за него во Бога.
Но ти Господи си застапник мој, слава моја, ти ја подигаш главата моја. Со гласот свој викам кон Господ и Он ме слуша од својата Света Гора.
Легнувам спијам и станувам оти Господ ме чува. Не се плашам од многу илјади луѓе што од сите страни навалиле на мене.
Стани Господи, спаси ме Боже мој. Зашто ти ги поразуваш сите мои непријатели и им ги здробуваш забите на грешните.
Од Господ е спасението, твојот благослов нека биде на народот твој.


ЕК:

Г
осподи повикав кон Тебе: услиши ме Услиши ме, Господи.
Господи, повикав кон Тебе: услиши ме Чуј го гласот на молењето мое, кога повикувам кон тебе Услиши ме, Господи.
Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан, а воздигањето на рацете мои - како жртва вечерна. Услиши ме, Господи.

Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои. Не давај да застрани срцето мое кон зборовите лукави, да врши грешни дела. - - Пс 140

Јас нема да се здружам, со луѓето кои вршат беззаконија и со нивните избраници.

Нека ме казнува праведникот со милост и нека ме кара, но на грешникот не му давај елеј да ја помаже главата моја.

Зашто и молитвата моја се противи на нивната злоба, кога ќе се распрснат по стрмни камења.

Ке се чујат зборовите мои, зашто се пријатни, како грутка земја кога ќе падне и се растура, така се растурија коските нивни во пеколот.

Но кон Тебе Господи, Господи, се управени очите мои; во Тебе се надевам, не одземај ја душата моја.

Запази ме од стапиците што ми ги поставија, и од соблазната на оние што вршат беззаконие. Грешниците нека паднат во своите мрежи, само јас ќе поминам.

Со гласот свој повикав кон Господа, со гласот свој Му се помолив на Гос... - - Пс 141 Ке го излијам пред Него молењето мое маката моја пред Него ќе ја кажам.

Кога изнемоштуваше духот мој, Ти ја знаеше мојата патека. На патот, по кој одев, тие стапица ми поставија.

Се обѕирав на десно и гледав,и немаше никој што ме познава. Немаше каде да избегам, никој не се грижеше за душата моја.

Повикав кон Тебе, Господи, и реков: Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на живите.
Прими ја молитвата моја, зашто се понизив многу. Избави ме од моите гонители, оти тие се посилни од мене.

На10: Изведи ја од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое. 9. Мене ќе ме чекаат праведните, додека не ме вратиш.

На 8: Од дното на душата повикав кон Тебе, Господи. Господи чуј го гласот мој. - - Пс 129  7. Ушите Твои нека го чујат гласот на молењето мое.

На 6  Господи, ако гледаш на беззаконијата, тогаш кој ќе се одржи, Господи? Но во Тебе има простување.

           Заради името Твое, Те чекав долго Господи, чекаше душата моја на Твојот збор, душата моја се надеваше во Господа.

На 4: Од утрената стража, па до ноќта, од утрената стража нека се надева Израилот во Господа.

           Зашто милоста е во Господа и во Него има обилно избавување. И Он ќе го избави Израилот од сите беззаконија негови.

На 2  Фалете Го Господа сите народи, прославувајте Го, сите луѓе. Псалм 116 

           Зашто се зацврсти Неговата голема милост во нас, и вистината Господова останува вечно. СИ: Богородичен..


Ако има влегување (вход), кога ќе заврши
пеењето, ѓаконот кон свештеникот тивко вели: На Господа да Му се помолиме.

Свештеникот, тивко ја кажува молитвата на влегувањето (входот):
Навечер, и наутро, и напладне Те славиме, благословуваме, благодариме и Ти се молиме,
Владико, исправи ја нашата молитва како кадило пред Тебе, и не ги наклонувај нашите срца во зборови или мисли лукави: но избави не од сите што ги ловат нашите души
Зашто кон Тебе, Господи, Господи, се нашите очи, и во Тебе се надеваме, да не не посрамиш, Боже наш. Зашто Тебе Ти прилега
... АМИН

Благослови го Владико Светото Влегување Св Благословено е влегувањето на твоите светии постојано сега ... Ѓ Амин. Премудрост Прости

Тивка Светлина
на Св слава на бесмртниот Отец небесниот светиот и
блажениот Исусе Христе.              Слушни ЈТ  ♫ ♪ ♪
Откако зајде сонцето ја видовме вечерната светлина, Му пееме на Оца, Сина и Св Дух Бог.
Достоен си во сите времиња да бидеш пеен од гласовите на препо... Сине Божји, Кој живот даваш. Затоа светот Те слави.


Ѓ:
Да
внимаваме. Св: Мир на сите. И со духот Твој. ѓ: Премудрост, да внимаваме.


Сабота гл 6, пс 92:
Господ се зацари, се облече во велелепие. Стих:Се облече Господ во сила и се опаша. Ако е Бог Господ...Прокимени:

    Стих: Затоа што вселената ја зацврсти, и нема да се разниша. Стих: На Твојот дом, Господи, му припаѓа светост за долго време.

Недела  гл 8, пс 133: Благословувајте го сега Господа, сите раби Господови.  Стих: Што стоите во храмот на Господа, во дворовите од домот на нашиот Бог.
Понеделник гл 4, пс 4: Господ ќе ме услиша кога ќе Го повикам. Стих: Кога викам, ме услиша Бог, правдата моја.

Втор гл 1, пс 22: Милоста Твоја, Господи, ќе ме придружува во сите денови на мојот живот. 
    Стих: Господ ме напасува и од ништо нема да ме лиши; на место тревливо, таму ќе ме всели.

Среда гл 5, псалм 53 Боже, со името Твое, спаси ме, и со силата Твоја, суди ми.Стих: Боже, услиши ја молитвата моја, чуј ги зборовите од устата моја.

Четврток  гл 6, пс120 Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата. Стих: Ги кренав очите кон горите; од каде помош ќе ми пристигне?

Петок гл 7, пс 58: Боже, застапник мој Си Ти, и милоста Твоја ќе ме пресретне.
    Стих: Ослободи ме од моите непријатели, Боже, и од оние кои стануваат против мене, избави ме.

Ако е предвидено според типикот, паримии. Пред секое читање, ѓаконот Премудрост,: Од Битие, или Приказни, или Од Соборното послание, , Да внимаваме.

Ѓ: на секојдневната вечерна, ектенијата: Да речеме, сите... не се кажува, но по прокименот, веднаш: Удостој не, Господи:


Да речеме, сите, од сета душа, и од сета наша помисла, да речеме.
Господи, помилуј. Господи, Седржителу, Боже на оците наши, Ти се молиме, услиши не, и помилуј. Господи, помилуј. Помилуј не, Боже, по големата Твоја милост, Ти се молиме, услиши не, и помилуј: и останатото.  Господи, помилуј. (трипати)

Зашто Си, милостив и човекољубец Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Оца, и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш, и во вечни векови. : Амин.


Удостој не, Гос оваа вечер да се сочуваме од грев. Благословен Си, Господи, Боже на нашите оци. И фалено и прославувано е Твоето име во векови. Амин.
Нека биде, Твојата милост на нас Господи, како што се надевавме во Тебе. Благословен си, Господи, нучи ме на повелбите Твои. Благословен Си, Владико вразуми ме со повелбите Твои. Благословен Си, Свети, просвети ме со повелбите Твои. Господи, Твојата милост е вечна, делата на Твоите раце не презирај ги. Тебе Ти прилега пофалба, Тебе Ти прилега пеење, Тебе Ти прилега слава - на Оца и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.


Г
:
Да ја исполниме вечерната молитва пред Господа.: Господи, помилуј. Заштити, спаси, помилуј и сочувај не, Боже, со Твојата благодат. Господи, помилуј.

Оваа вечер, да биде: совршена, света, мирна и безгрешна, од Господа просиме:: Подај, Господи. ***  Зашто Си благ и човекољубив Бог, и Тебе слава .... Амин

С:Мир на сите. И со Духот Твој. Ѓ Главите наши, да ги приклониме пред Господа. На Тебе, Господи. Молитвата на главоприклонувањето. Потоа свештеникот:

Нека биде благословена и прославена, власта на Твоето царство, на Оца и Сина и Светиот Дух сега и секогаш, и во вечни векови.: Амин.

Стих 1: Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој живееш на небото. Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на  слугинката - кон раката на господарката нејзина, така, и нашите очи гледаат кон Господа, нашиот Бог, се додека не се смилува. Стих 2: Смилуј се на нас, Господи, смилуј се, зашто многу сме понизени со презир; зашто се преполни душата наша од навреди на силните и од понижување на горделивите.


Сега го отпушташ
Својот раб со мир, Владико, според зборовите Твои;
Зашто очите мои го видоа спасението Твое, што си го приготвил пред лицето на сите народи;
светлина за просвета на незнабожците, и слава на Твојот народ, Израилот.

Трисвето
,..
Оче наш...
Тропари


Помилуј не, Боже
... Премудрост. Благослови. Св: Благословен е Христос, нашиот Бог, постојано сега ...

АМИН Утврди ја Боже, светата православна вера на православните христијани, во вечни векови.Све: Пресвета Богородице, спаси не .

Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, нетлено Бога Словото, што го роди
Вистинска Богородице, Тебе ние те величаме.

Слава Ти, Боже, надеж наша, слава Ти
. СИ: ГП (3) Оче Благослови.

Свештеникот прави Отпуст и го спомнува светителот чиј што е храм, и светиот, на кого се пее службата.


Ако е света Четириесетница, или некој пост
Алилуја се пее, по Сега го отпушташ... кажувај ги овие тропари, ѓлас 4:

Богородице Дево, радувај се благодатна Марие, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, зашто си го родила Спасителот на нашите души. (поклон) Слава: Крстителу Христов, спомни не сите за да се избавиме од нашите беззаконија, зашто Тебе Ти се даде благодат, да се молиш за нас. (поклон) И сега: Молете се за нас, свети апостоли и сите светии, да се избавиме од беда и неволја, зашто во вас стекнавме застапници пред Спасителот. (поклон) Прибегнуваме под Твојата добросрдечност Богородице. Не презирај ги нашите молитви во неволја, туку избави не од опасност, единствена чиста, единствена благословена. (нема поклон) Господи, помилуј.(40 пати)

Слава, и сега: Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, нетлено си го родила Бога Словото, тебе, која си Богородица, те величаме.

Во името на Господа, благослови оче! Свештеникот: Благословен е Христос, нашиот Бог, постојано, сега, и секогаш, и во вечни векови. АМИН

Небески Цару, закрепи го благочестивиот православен народ наш, верата утврди ја, народите укроти ги, светот смири го, овој свет храм (ако е манастир: оваа света обител) чувај го добро, порано починатите наши оци и браќа, всели ги во населбите на праведниците, и прими не нас во покајание и исповед, зашто си добар и човекољубец. И веднаш, три метании со молитвата на Свети Ефрем:

Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на леност, безволност, властољубие и празнословие. Метанија.

Даруј ми, пак, како на Твој раб, Дух на целомудреност, смиреност, трпение и љубов. Метанија.

Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го осудувам мојот брат, зашто Си благословен во вечни векови. Амин.Метанија.Потоа, Трисвето. А по Оче наш... Господи, помилуј. (12 пати)
Сесвета Троице, единосушна сило, неразделно царство, причина за сите добрини, покажи добра волја кон мене, грешниот, утврди го, вразуми го моето срце, отфрли секаква моја нечистотија, просвети ја мојата мисла, та секогаш да Те славам, и да те опевам, да Ти се поклонувам и да велам: Еден е свет, еден е Господ, Исус Христос, за славата на Бога Оца. Амин.
Нека биде благословено името Господово, од века и до века.
(3).

Слава, и сега: Потоа, псалм 33: Ќе го благословувам Господа во секое време...види страна:128, и псалм 144: Ќе Те превознесувам, Боже мој... види стр: 761 од Св.Писмо. По се, Достојно е... Слава, и сега: Господи, помилуј,(3). Благослови.

И Отпуст. Ова се прави во Великиот пост.

Ако е друг пост, и се пее Алилуја, по метаниите и Трисветото, и по возгласот: Зашто твое е царството... Господи, помилуј, (12 пати), Слава, и сега: И пак Господи, помилуј, (трипати). Благослови.И Отпуст

 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie