Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
 
     

ЕВАНГЕЛИЕ ПО ЈОВАН +

Зборовите на Господ Исус Христос
Во евангелие според Јован

† Како што си Ти Татко во мене и Јас во Тебе
† Така и тие да бидат во Нас Едно
† Јас Сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во се Едно

Во почетокот беше Словото, и Словото беше +во Бога, и Бог беше Словото.
Тоа во почетокот беше во Бога.
Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.
Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето.
И Светлината во темнина свети и мракот не ја опфати.

Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога
Тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината та сите да поверуваат преку него
Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината.
Постоеше вистинска Светлина, Која го просветлува секој човек, што доаѓа на св..
Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.
Дојде при Своите и Своите не Го примија.
А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име
Им даде можност да станат синови Божји:
Кои не од крв, ни од желба машка, а од Бога се родија.
И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина;
И ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.
Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи:
Овој е за Кого реков:
Оној Кој иде по мене, ме испревари, оти постоеше пред мене
И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат
Зашто Законот беше даден преку Мојсеја
А благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа.
Бога никој никогаш не Го видел;
Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот – Он Го објави.
„Јас сум глас на оној што вика во пустината: израмнете го патот на Господа,”
Јас крштавам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате.
Он е Оној што иде по мене, Кој беше пред мене
И Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови
Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!
Овој е, за Кого реков:
По мене иде Човек, Кој пред мене беше, оти постоеше порано од мене.
Јас не Го познавав, но дојдов да крштавам со вода
За да биде Он објавен на Израилот
Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него.
Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече:
Врз Кого видиш да слегува Духот и да останува над Него
Тој е Кој ќе крштава со Дух Свети.
И јас видов и посведочив дека е Овој Син Божји

„Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот Израилев!” (Натанаил)
Веруваш, оти ти реков дека те видов под смоквата; ќе видиш повеќе од ова
Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено
И ангелите Божји како се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки

Носете го тоа одовде, и од домот на Мојот Отец не правете дом за тргување!
Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам

Мнозина, гледајќи ги чудесата Негови што ги вршеше, поверуваа во Неговото Име
„Но Сам Исус не им се доверуваше, оти ги познаваше сите,
„И немаше потреба никој да Му сведочи за човекот
„Бидејќи Сам знаеше, што има во човекот.

3 * Амин, ако некој не се роди од горе, не може да го види Царството Божјо
Ако некој не се роди од Вода и Дух не може да влезе во Царството Божјо
Зашто роденото од тело, тело е, а роденото од Дух, Дух е
Затоа не се чуди што ти реков, вие треба да се родите од горе
Ветерот дува каде што сака и гласот Негов го слушаш
Но не знаеш од каде иде и на каде оди, така е со секој човек роден од Дух 
Ние зборуваме за она што знаеме и сведочиме за она што сме виделе
А вие нашето сведоштво не го примате
Кога за земни работи ви зборував не верувавте
Како ќе поверувате ако би ви говорел за небесните ?
Никој не се искачи на Небото освен Синот Човечки
Кој слезе од Небо и Кој пребива на Небото
И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината
Така треба да се издигне и Синот Човечки
И секој што верува во Него да не загине но да има живот вечен
Зашто Бог толку го возљуби светот што го даде својот единороден Син
И секој што верува во него да не погине но да има живот вечен
Оти Бог не го испрати својот Син во Светот за да му суди на Светот
Туку светот да се спаси преку него
Кој верува во Него нема да биде суден, а кој не верува тој е веќе осуден
Оти не поверувал во Името на единородниот Син Божји
А овој суд е за тоа што светлината дојде на светот
Но на луѓето им омиле повеќе мракот отколку светлината
Оти нивните дела беа лоши
Зашто секој што прави зло ја мрази Светлината и не оди кон светлината
За да не бидат осудени неговите дела оти се лукави
А оној што твори Вистина оди кон Светлината
За да се видат неговите дела бидејќи се по Бога извршени

4 * Кога би го знаела дарот Божји и кој е оној што ти вели дај ми да пијам
Ти сама би побарала од него и Он би ти дал вода жива
Секој што пие од оваа вода повторно ќе ожедни
А кој пие од водата што ќе му ја дадам јас нема никогаш да ожедни
Таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен
Жено, верувај ми дека иде часот
Кога ни во оваа планина ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот
Вие му се клањате на она што не го знаете
А ние се клањаме на она што го знаеме зашто спасението е од Јудејците.
Но иде време и дошло веќе
Кога вистинските поклоници ќе му се поклонуваат на Отецот со Дух и Вистина
Зашто Отецот сака такви да бидат оние кои му се клањаат
Бог е Дух и оние што му се клањаат треба да се поклонуваат со Дух и Вистина 
5 * Синот не може да прави ништо сам од себе ако не го види Отецот да прави
Оти она што го прави Он тоа истото го прави и Синот
Зашто Отецот го сака својот Син и му покажува се што прави Сам
И ќе му покаже дела поголеми од овие за да се чудите вие
Оти како што Отецот воскреснува од мртви и оживува
Така и Синот ги оживува оние кои што сака
Отецот не суди никого но целиот суд му го предаде на Синот
И сите да го почитуваат Синот како што го почитуваат Отецот
Кој не го почитува Синот тој не го почитува ни Отецот кој што го пратил
Амин кој го слуша словото мое и верува во Оној кој ме пратил
Има живот вечен и нема да дојде на суд а преминал од смрт во живот
Амин, иде часот и дошол веќе
Кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји и штом го чујат ќе оживеат
Оти како што Отецот има живот во себе
Така му даде и на Синот да има живот во себе
И му даде власт да осудува оти е Син Човечки
Не чудете се на ова зашто иде часoт кога сите кои што се во гробовите
Ќе го чујат гласот на Синот Божји и ќе излезат
Кои правеле добро ќе воскреснат за живот
А кои правеле зло ќе воскреснат за осудување
Но Јас ништо не можам да правам сам од себе
Како што слушам така и судам и мојот суд е праведен
Оти не ја барам вољата Моја а вољата на Отецот кој што ме прати
Ако Јас сведочам сам за Себе, сведоштвото мое нема да биде вистинско
Но има друг што сведочи за Мене
И знам дека е вистинско тоа сведоштво со кое Он сведочи за Мене
Вие пративте при Јована и тој ви посведочи за Вистината
Само јас не го примам сведоштвото од човек
Туку го кажувам ова за да се спасите вие
Тој беше светило што гори и свети
А вие малку време сакавте да се порадувате на неговата светлина
Но јас имам поголемо сведоштво од Јовановото
Оти делата што ми ги даде Отецот да ги извршам
Самите тие дела што ги извршувам јас сведочат за Мене дека ме пратил Отецот
И Отецот Кој ме прати Сам посведочи за Мене
А вие ни гласот негов никогаш не сте го чуле ниту лицето негово сте го виделе
И зборовите негови не се во вас зашто не верувате во оној кого го пратил Он
Прегледајте го писмото зашто вие мислите дека преку него ќе имате живот вечен
И тоа сведочи за Мене, но не сакате да дојдете при Мене за да имате живот
Од луѓе слава не примам но ве разбрав дека во себе Љубов Божја немате
Јас дојдов во името на мојот Отец и не ме примате
А некој друг ако дојде во свое име него ќе го примите
Како можете вие да поверувате кога примате слава еден од друг
А славата што е од Единиот Бог не ја барате
Немојте да мислите дека јас ќе ве обвинувам пред Отецот
Има кој да говори против вас, Мојсеј на кого вие се надевате
Оти ако му бевте верувале на Мојсеја и Мене ќе ми поверувавте
Зашто тој пишуваше за Мене
Ако на неговите напишани работи не поверувавте
Како тогаш ќе им поверувате на Моите зборови

6 * Не Мојсеј ви даде леб од небото
А мојот Отец ви дава вистински Леб од Небото
Зашто Лебот Божји е Оној кој слегува од Небото и му дава живот на светот
Јас сум Лебот на животот. Кој доаѓа при Мене нема никогаш да огладне
И кој верува во Мене нема никогаш да ожедни
Но ви реков дека вие и ме видовте и повторно не верувате
Се што ми дава Отецотот ќе дојде при Мене
А кој доаѓа при Мене нема да го избркам надвор
Оти слегов од Небото не да ја извршувам мојата воља
Туку волјата на Отецот Кој ме прати
А волјата на Отецот кој ме прати е оваа:
Од се што ми дал да не погубам ништо туку да го воскреснам во последниот ден
Вољата на оној што ме прати е: Секој што ќе го види Синот и поверува во Него
Да има живот вечен и јас ќе го воскреснам во последниот ден.
Не гневете се помеѓу себе
Никој не може да дојде при Мене ако не го привлече Отецот кој ме прати
И јас ќе го воскреснам во последниот ден
Кај пророците е напишано: И ќе бидат сите од Бога научени
Секој што чул од Отецот и се научил доаѓа при Мене
Но тоа не значи дека некој го видел Бога освен оној кој е од Бога.
Само Он го видел Отецот
Амин, кој верува во Мене има живот вечен
Јас сум лебот на животот. Отците ваши јадеа мана во пустината и умреа
А ова е леб што доаѓа од Небото и оној кој јаде од него нема да умре
А лебот што ќе го дадам јас е моето тело што ќе го предадам за живот на светот
Ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова
Не ќе имате живот во себе
Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв
Има Живот Вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден
Зашто Моето тело е вистинска храна и Мојата крв е вистинско питие
Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв ќе биде во Мене и Јас во него
Како што ме прати живиот Отец и јас живеам преку Отецот
Така и тој што јаде од Мене ќе живее преку Мене
Ова е лебот што слезе од небото, а не како Татковците ваши што јадеа мана и изумреа
Кој јаде од овој леб ќе живее довека. Зар ова ве соблазнува ?
Ами ако го видите Синот Човечки да се вознесува горе каде што бил порано ?
Духот е тој што оживува телото ништо не помага.
Зборовите што ви ги кажав се Дух и Живот
Но има меѓу вас и некои што не веруваат. Затоа ви зборувам:
Дека никој не може да дојде при Мене ако не му биде дадено од мојот Отец

7 * Моето време уште не е дојдено а за вас времето е секогаш добро
Светот вас не може да ве мрази, а Мене ме мрази
Оти Јас сведочам за него дека делата му се лоши
Учењето Мое не е Мое а на Оној што ме прати
И ако некој сака да ја врши волјата Негова
Ќе разбере дали е ова учење од Бога или јас сам од себе зборувам
Кој говори сам од себе тој ја бара својата слава
А кој ја бара славата на Оној што го пратил, Он е вистина и во него нема неправда
Зар не ви даде Мојсеј закон. Но никој од вас не го исполнува законот
Не судете според надворешноста туку судете со праведен суд
И Мене ме познавате и знаете од каде сум, но сам од себе не дојдов
А има Еден вистински Кој ме пратил и Кого вие не Го познавате
А Јас го знам оти сум од Него и Он ме прати
Уште малку време сум со вас, а потоа одам при Оној кој ме пратил
Ќе ме барате и нема да ме најдете и каде што ќе бидам јас вие не можете да дојдете
Кој е жеден нека дојде при Мене да пие. Кој верува во Мене:
Од неговата утроба како што е речено во писмото ќе потечат реки од жива вода 

8 * Јас сум Светлина на светот.
Кој врви по Мене нема да оди во Темнина а ќе има Светлина во животот
Иако сведочам сам за Себе, моето сведоштво е вистинско
Зашто знам од каде сум дошол и на каде одам.
А вие не знаете од каде сум дошол и на каде одам
Вие судите по телото. Јас не судам никому.
И ако судам Јас мојот суд е вистински
Зашто не сум сам туку Јас и Отецот кој ме прати
А во законот ваш е напишано дека сведоштвото на двајца луѓе е вистинско
Јас сум што сведочам за себе и Отецот кој ме прати сведочи за Мене
Вие не ме знаете ни Мене ни мојот Отец
Ако ме знаевте Мене ќе го знаевте и мојот Отец
Јас си одам и ќе ме барате, и во својот грев ќе умрете
Јас каде што одам вие не можете да дојдете
Вие сте од долните а Јас сум од горните.
Вие сте од овој свет, а Јас не сум од овој свет
Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови
И навистина, ако не поверувате дека сум Јас, ќе умрете во гревовите свои
* Кој си Ти ? Почеток како и што ви зборувам
Многу имам за вас да зборувам и да судам но Оној што ме прати е вистински
И она што сум чул од него тоа и му го кажувам на светот
Кога ќе го издигнете Синот Човечки тогаш ќе узнаете дека сум Јас
И дека ништо не правам сам од себе туку како што ме научи мојот Отец така и зборувам
Оној што ме прати е со Мене
Отецот не ме остави сам оти секогаш го вршам она што му е угодно
Ако вие останете при Моето Слово
Навистина ќе бидете мој ученици
И ќе ја познаете Вистината и Вистината ќе ве Ослободи
Секој што прави грев роб му е на гревот, а робот не останува вечно дома
Синот останува вечно. И ако Синот ве ослободи навистина ќе бидете слободни
Знам дека сте семе Аврамово
Но сакате да ме убиете зашто Словото мое не може да се смести во вас
Јас го кажувам она што сум го видел кај мојот Отец
А и вие го правите она што сте го виделе кај вашиот Татко
Ако бевте деца Авраамови вие ќе ги вршевте делата Авраамови
А сега сакате да ме убиете Мене човекот, кој ви ја кажав Вистината што ја чув од Бога
Авараам така не правеше. Вие ги вршите делата на својот Татко
Ако Бог беше ваш Отец тогаш ќе ме сакавте Мене
Бидејќи Јас сум излегол и доаѓам од Бога
Оти не сум дошол сам од себе, а Он ме прати
Зошто не ги разберете моите зборови ?
Затоа што не можете да ги слушате поуките мои
Вашиот татко е ѓаволот и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко
Тој е човекоубиец од почетокот и не стои во Вистината зашто во него нема Вистина
Кога зборува лага говори од себе зашто е лажец и татко на лагата
А бидејќи јас Вистината ви ја кажувам не ми верувате
Кој од вас може да ме укори за неправда ?
Ако вистина зборуввам тогаш зошто не ми верувате
Кој е од Бога тој ги слуша зборовите Божји
А вие не ги слушате зашто не сте од Бога
Во Мене нема бес туку го почитувам својот Отец а вие ме безчестите
Но Јас не ја барам славата своја а има друг што ја бара и Кој што ќе суди
Амин кој ќе ги запази зборовите мои нема да види смрт довека
Ако се славам сам, тогаш славата моја е ништо
Мојот Отец е, што ме прославува и за кого вие велите дека е ваш Бог
Но не го познавате а јас го знам.
И ако кажам дека не Го познавам ќе бидам лажец како вие
Но Јас го знам и го пазам словото Негово.
Аврам таткото ваш би се зарадувал да го види мојот ден
И го виде и се зарадува. Јас постојам уште пред да се роди Авраам 

9. Јас треба да ги вршам делата на Оној што ме прати додека е уште ден
Оти настапува ноќ кога не ќе може никој да работи
Дури сум во светот, Јас сум Светлина на светот
За суд дојдов јас во овој свет
За да прогледаат слепите а оние што гледаат да станат слепи
Да бевте слепи грев немаше да имате
А сега велите оти гледате затоа гревот ви останува 
Кој не влегува низ вратата во овчото трло
А прескокнува од другата страна, крадец е и разбојник
А кој влегува низ вратата пастир е на овците
Нему вратарот му отвара и овците го слушаат гласот негов
И тој ги вика своите овци по име и ги изведува
И кога ќе ги изведе овците свои оди пред нив и овците одат по него
Бидејќи му го познаваат гласот негов, а по туѓ човек не одат туку бегаат од него
Оти гласот на туѓиот не го познаваат. Амин, Јас сум вратата на овците
Сите, колку што дојдоа пред Мене крадци се и разбојници
Но овците не ги послушаа
Јас сум Вратата.
Кој ќе влезе преку Мене ќе се спаси и ќе влезе и ќе излезе и пасиште ќе најде
Крадецот доаѓа само да украде да убие и да погуби
Јас дојдов за да имаат живот вечен и да имаат изобилие
Јас сум добриот пастир. Добриот пастир си ја полага душата своја за овците
А наемникот кој не е пастир и кому овците не се негови виде ли волк да иде
Ги остава овците и бега и волкот ги разграбува и ги распрснува овците
Наемникот бега зашто е наемник и не се грижи за овците
Јас сум добриот пастир и ги знам моите и моите ме знаат Мене
Како Мене што ме познава Отецот така и јас го познавам Отецот
И душата своја ја полагам за овците свои
И други овци имам што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам
И ќе го чујат гласот мој и ќе биде едно стадо и еден пастир
Затоа ме љуби Отецот зашто јас душата своја си ја полагам за да ја примам пак
Никој не ми ја отима туку јас сам од себе ја давам
Имам власт да ја дадам и власт имам да ја примам.
Оваа заповед ја примив од својот Отец
Ви реков и не верувате
Делата што ги вршам Јас во името на мојот Отец тие сведочат за Мене
Но вие не верувате оти не сте од моите овци како што ви реков
Моите овци го слушаат мојот глас и Јас ги познавам и тие одат по Мене
И јас ќе им дадам Живот Вечен
И никогаш нема да загинат и никој не ќе ги земе од раката моја
Мојот Отец што ми ги даде е поголем од сите
И никој не може да ги грабне од раката на мојот Отец
Јас и Отецот Едно Сме
Многу добри дела ви јавив од мојот Отец.
За кое од тие дела фрлате камења на Мене?
Не е ли напишано во вашиот закон: Јас реков вие сте Богови
Ако Он ги нарече Богови оние кон кои беше упатено словото Божјо
И не можеше да се урне писмото
А на Оној ли кого го освети Отецот и го прати во светот
Вие велите: Хулиш на Бога, дека реков Јас Сум син Божји
Ако не ги вршам делата на мојот Отец не верувајте ми
А ако ги вршам иако Мене не ми верувате, на делата мои поверувајте
За да разберете и поверувате дека Отецот е во Мене и јас сум во Него 
11 * Нели дванаесет часови има во денот ?
Кој оди дење не се сопнува зашто ја гледа светлината на овој свет
А кој оди ноќе се сопнува оти нема светлина во него
Јас Сум Воскресението и Животот. Кој верува во Мене и да умре ќе живее
И секој што живее и верува во Мене нема да умре довека. Го веруваш ли тоа? 
Нели ти реков дека ако поверуваш ќе ја видиш Славата Божја
Отче ти благодарам оти ме послуша, а Јас знаев дека Ти секогаш ме слушаш
Но ова го реков заради народот што стои наоколу
За да поверуваат дека Ти си ме пратил

12 * Дојде часот да се прослави Синот Човечки
Амин ако зрното пченично што паднало на земја, не умре останува само.
А ако умре ќе донесе голем плод. Кој ја сака душата своја ќе ја загуби
А кој ја мрази душата своја на овој свет ќе ја запази за живот вечен
Кој ми служи Мене нека врви по Мене
И каде што сум Јас таму ќе биде и мојот слуга
И кој ми служи Мене него ќе го уважува и мојот Отец.
Душата сега ми се нажали и што да кажам ? Отче, избавиме од овој час
Но заради тоа и дојдов на овој час. Отче, прослави го Името Свое
И Го прославив и пак ќе Го прославам.
Не заради Мене беше овој глас но заради вас
Сега е судот на овој свет. Сега кнезот на овој свет ќе биде истеран надвор
И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата сите ќе ги привлечам кон Себе
Уште малку време Светлината е со вас.
Одете дури има Светлина за да не ве опфати мракот
А кој оди по мрак не знае каде оди
Додека ја имате Светлината верувајте во Светлината
За да бидете синови на Светлината
Кој верува во Мене не во Мене верува а во Оној кој што ме пратил
И кој ме гледа Мене го гледа Оној што ме пратил
Јас како Светлина дојдов во светот
Така што никој кој верува во Мене да не остане во темнина
И ако некој ги чуе зборовите Мои и не поверува, Јас нема да го судам
Оти не дојдов да му судам на светот туку светот да го спасам
Кој што се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои има кој да го суди: 
Словото што го кажав тоа ќе го осуди во последниот ден
Зашто Јас сам од себе не зборувам, но Отецот кој ме прати Он ми даде заповед
Што да кажам и што да зборувам и знам дека заповетта негова е живот вечен
А она што зборувам Јас го зборувам така како што ми рече Отецот

13 * Вие ме нарекувате Учител и Господ и право велите бидејќи Јас сум таков
Ако јас Господ и Учител ви ги измив нозете
Тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете
Затоа ви дадов пример да правите и вие така како што ви направив Јас
Амин, нема слуга поголем од својот Господар
Ниту пратеник поголем од оној што го пратил
Кога го знаете ова блажени сте ако го извршувате
Амин, кој го прими оној што го праќам Јас Мене ме прима
А кој Ме прима Мене го прима Оној што ме пратил
Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во Него
Ако Бог се прослави во Него и Бог ќе го прослави во Себе
И веднаш ќе Го прослави
Деца, уште малку Сум со вас
Ќе ме барате и како што им реков на Јудеите
Дека каде што одам Јас вие не можете да дојдете и вам ви велам сега
Нова заповед ви давам: Да се љубите еден со друг
Како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг
По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате Љубов помеѓу себе 

14 * Да не се плаши срцето ваше
Верувајте во Бога и во Мене верувајте
Во домот на мојот Отец има многу места за живеење, а да немаше Јас ќе ви кажев
Одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место
Пак ќе дојдам и ќе ве земам вас при себе за да бидете и вие каде што сум Јас
А каде одам Јас знаете, и патот го знаете.
Јас сум патот, вистината и животот
Никој не доаѓа при Отецот освен преку Мене
Ако ме бевте познавале ќе го познававте и мојот Отец
А од сега го познавате и сте го виделе
Господи покажи ни го Отецот и доста ни е.
Толку време сум со вас и не си ли ме познал Филипе ?
Кој Ме видел Мене го видел Отецот и како ти велиш покажи ни го Отецот
Не верувате ли дека јас сум во Отецот и дека Отецот е во Мене
Зборовите што ви ги кажувам од себе не ги зборувам
А Отецот кој е секогаш во Мене, Он ги врши делата.
Верувајте ми дека јас сум во Отецот и Отецот е во Мене
Ако ли не, тогаш верувајте во Мене заради делата
Амин, кој верува во Мене
Делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши и поголеми од нив ќе врши
Оти Јас си одам при Својот Отец
И што и да посакате од Отецот во мое Име
Ќе ви го направам, за да се прослави Отецот во Синот.
Ако посакате нешто во Мое Име Јас ќе го направам.
Ако ме Љубите пазете ги моите запаповеди
Јас ќе го помолам Отецот и Он ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека
Духот на Вистината кого светот не може да го прими оти не го виде ниту го познава
А вие Го познавате зашто во вас е, и во вас ќе биде
Нема да ве оставам сираци ќе дојдам при вас.
Уште малку и светот веќе нема да ме гледа
А вие ќе ме гледате зашто јас живеам и вие ќе живеете
Во оној ден вие ќе разберете дека
Јас сум во Мојот Отец и вие сте во Мене и Јас сум во вас
Кои ги има заповедите мои и ги пази
Тој е оној што ме љуби, а кој ме љуби Мене
Возљубен ќе биде од мојот Отец, и Јас ќе го возљубам и ќе му се јавам Сам
Ако некој ме љуби ќе го пази Словото мое и Мојот Отец ќе го возљуби
И ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме
Кој не ме љуби, не го запазува Словото мое
А Словото што го слушате не е Мое, туку на мојот Отец, кој ме прати.
Ова ви го реков бидејќи сум со вас
А Утешителот Духот Свети, кого што Отецот ќе го испрати во Мое Име
Он ќе ве научи на се и ќе ви напомни за се што сум ви зборувал
Мир ви оставам, мирот свој ви го давам
Јас ви го давам не како што го дава светот.
Да не се плаши срцето ваше ниту да се бои
Чувте дека јас ви реков: Одам од вас и пак ќе дојдам при вас
Но ако ме љубевте Мене ќе се зарадувавте што реков одам при мојот Отец
Зашто мојот мојот Отец е поголем од Мене.
И сега ви кажав уште пред да се изврши и кога ќе се изврши да поверувате 

15 * Јас сум вистинска лоза. Мојот Отец е лозарот
Секоја прачка во Мене која што не дава плод Он ќе ја исече
И секоја која што дава плод ќе ја очисти за да принесе повеќе плод
Вие сте веќе чисти преку Словото кое ви го проповедав
Бидете во Мене и Јас ќе бидам во вас
Како што прачката не може да роди плод сама од себе ако не е на лозата
Така и вие ако не бидете во Мене
Јас сум лозата а вие прачките
И кој што е во Мене и Јас во него, тој ќе даде многу плод
Оти без Мене не можете да направите ништо
Ако некој не остане во Мене ќе биде исфрлен надвор како прачката и ќе се исуши
А такви ќе ги соберат и во оган ќе ги фрлат и ќе изгорат
Ако останете во Мене и зборовите Мои во вас
Тогаш што и да посакатете барајте и ќе ви биде
Со тоа ќе се прослави мојот Отец
Ако вие принесувате многу плод и ако бидете мои ученици
Како што ме возљуби Отецот, и јас ве возљубив вас.
Бидете во мојата Љубов
Ако ги запазите Моите заповеди ќе останете во Љубовта моја
Како што Јас ги запазив заповедите на мојот Отец и останувам во Љубовта Негова
Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна
Ова е Моја заповед. Да се љубите еден со друг како што ве возљубив Јас
Никој нема поголема Љубов од оваа, да ја положи душата своја за своите пријатели
Вие сте ми пријатели ако го вршите она што ви заповедам Јас
Не ве нарекувам веќе слуги зашто слугата не знае што работи Господарот
Туку ве нареков пријатели оти ви кажав се што сум слушнал од Мојот Отец
И вие не ме избравте Мене
Но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите да принесувате плод
И плодот ваш да остане па што и да посакате од Отецот во Мое Име да ви даде
Оваа заповед ви ја давам: Да се љубите еден со друг
Ако светот ве мрази знајте дека Мене светот уште пред вас ме замрази
Да бевте од овој свет тогаш светот ќе го љубеше своето
Но бидејќи не сте од светот туку Јас ве избрав од светот затоа светот и ве мрази
Помнете ги зборовите што ви ги реков Јас:
Ниеден слуга не е поголем од својот Господар
Ако Мене ме гонеа, и вас ќе ве гонат.
Ако Моите зборови ги запазеа и вашите ќе ги запазат
Но сето ова ќе ви го прават заради Моето Име
Оти не го знаат Оној кој што Ме пратил
Да не бев дошол и да не бев им зборувал, грев немаше да имаат
Но сега тие немаат изговор за својот грев.
Кој ме мрази Мене го мрази и мојот Отец
Ако не бев направел меѓу нив
Дела какви што никој друг не направил, грев немаше да имаат
А сега и видоа и ме замразија, Мене и Мојот Отец
Но нека се изврши словото напишано во нивниот закон
Дека Ме замразија без вина
А кога ќе дојде Утешителот, кого што ќе ви го испратам Јас од Отецот
Духот на Вистината, кој излегува од Отецот, Он ќе сведочи за Мене
А и вие ќе сведочите бидејќи од почетокот сте со Мене.
16 * Ова ви го кажав за да не се соблазните
Ќе ве истеруваат од синагогите но ќе настапи и време
Кога секој што ќе ве убие ќе мисли дека на Бога му прионесува служба
И тоа ќе го прават оти не Го познаа Отецот ниту Мене
Но ви го кажав тоа, та кога ќе дојде времето да се сетите дека Јас сум ви рекол
А од почетокот не ви го зборував ова, зашто бев со вас
А сега одам кај Оној кој што Ме прати и никој од вас не ме праша каде одиш
Но затоа што ви го кажав ова срцата ваши се исполнија со тага
Но јас вистината ви ја кажувам, подобро е за вас Јас да си отидам
Оти ако не си отидам Утешителот нема да дојде при вас
Ако заминам ќе ви го пратам
А Он кога ќе дојде ќе го изобличи светот за грев, за правда и за суд
За грев дека не веруваат во Мене
За правда оти јас си одам при својот Отец и веќе нема да ме видите
А за суд зашто кнезот на овој свет е осуден
Имам уште многу да ви кажувам но сега не можете да носите
А кога ќе дојде Он, Духот на Вистината ќе ве упати во секоја Вистина
Но од себе нема да зборува а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината
Он Мене ќе ме прослави зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави
Се што има Отецот мое е, затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви јави
Уште малку и нема да ме гледате и по малку пак ќе ме видите
Ззашто си одам при Отецот
Амин, вие ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се зарадува
И вие ќе бидете нажалени, но жалоста ваша ќе се претвори во радост
Жена кога раѓа има болки оти дошло времето нејзино
Но штом ќе го роди детето од радост не ги помни веќе болките
Зашто се родил човек на светот
Па така и вие сега сте нажалени но јас пак ќе ве видам
И ќе се зарадува срцето ваше и радоста ваша никој нема да ви ја одземе
И во тој ден нема да ме прашате за ништо
Амин што и да посакате од Отецот во Мое Име, ќе ви даде
Досега ништо не сте барале во Мое Име
Барајте и ќе добиете за да биде радоста ваша полна.
Ова во параболи ви го кажував
Но ќе дојде час кога нема веќе во параболи да ви зборувам
Туку откриено ќе ве известам за Отецот
Во тој ден ќе побарате во Мое Име
И не ви велам дека Отецот ќе го помолам за вас
Оти Отецот Сам ве милува
Зашто вие ме засакавте и поверувавте дека Јас сум излегол од Бога
Излегов од Отецот и дојдов во светот
Сега го оставам светот и одам при Отецот
Ете иде часот и настапува веќе
За да се разбегате секој при своите а Мене сам да ме оставите
Но јас не сум сам бидејќи Отецот е со Мене
Ова ви го реков за да имате мир во Мене
Во светот ќе имате маки само не бојте се зашто Јас го победив светот

17 * Тато, дојде часот.
Прослави Го Својот Син за да те прослави Синот Твој
Како што си му дал власт над секое тело
И преку се што си му дал да им даде Живот Вечен
А животот вечен е тоа
Да те познаат Тебе единиот вистински Бог
И испратениот од тебе Исуса Христа
Јас Те прославив на земјата
Го извршив делото што си ми го дал да го извршам
И сега прослави ме ти Тато во Тебе Самиот
Со Славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане
Го јавив Името Твое на луѓето што си ми ги дал од светот
Тие беа Твои и Ти ми ги даде и го запазија Твоето Слово
Сега разбраа дека се што си ми дал е од Тебе
Зашто зборовите што си ми ги дал им ги предадов и тие ги примија
И разбраа навистина оти од Тебе Сум излегол и поверуваа дека Ти си ме пратил
Јас за нив се молам
Не се молам за сиот свет туку за оние што си ми ги дал зашто се твои
И се мое е твое, и твоето мое, и се прославив во нив
Веќе не сум во светот но тие се во светот а Јас идам при Тебе
Татко Свети, запази ги во Твоето Име оние што си ми ги дал
За да бидат едно како што сме и ние
Додека бев со нив во светот Јас ги пазев во Твоето Име оние што си ми ги дал
Ги зачував и никој од нив не погина освен погибелниот син за да се исполни писмото
А сега одам при Тебе
И ова му го кажувам на светот за да ја имаат во себе мојата радост полна
Јас им го предадов твоето слово и светот ги замрази
Зашто тие не се од светот како и Јас што не сум од него
Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото
Тие не се од светот како и јас што не сум од него
Освети ги со својата Вистина. Твоето Слово е Вистина
Како ти Мене што ме прати во светот и Јас ги пратив во светот
И за нив Јас се посветувам така и тие да бидат осветени преку Вистината
Но не се молам само за нив
Туку и за оние што по нивните зборови ќе поверуваат во Мене
За да бидат сите едно како што си ти Татко во Мене и Јас во Тебе
Па така и тие да бидат во нас едно
И да поверува светот дека Ти си ме пратил
И славата што си ми ја дал, ним им ја дадов
За да бидат едно како што сме Ние
Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во се едно
И да узнае светот дека Ти си ме пратил
И нив си ги возљубил како Мене што ме возљуби
Тато сакам и оние што си ми ги дал да бидат со Мене каде што сум Јас
За да ја гледаат Мојата слава што си ми ја дал
Оти ме возљуби уште пред да се создаде светот
Татко праведен, светот не те позна, Јас те познав
И овие познаа дека Ти си ме пратил
И им го објавив Името Твое и ќе го известувам
И Љубовта со која ме возљуби Ти, да биде во нив и јас во нив

Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот
За да сведочам за Вистината. Секој кој е од вистината го слуша гласот Мој
Се враќам при Својот Отец и вашиот Отец при својот Бог и при вашиот Бог
Мир вам. Како што ме прати Отецот така и Јас ве праќам
Дувна и рече: примете Дух Свети
На кои ќе им ги простите гревовите ќе им се простат
А на кои ќе им ги задржите ќе им се задржат
Тома ти поверува оти ме виде, блажени се оние кои не виделе а поверувале


Забелешка:
Во текстот наместо:
ВИСТИНА ВИСТИНА ВИ ВЕЛАМ
Стои АМИН
Бидејќи во еврејскиот јазик
Амин значи ТАКА Е; ВИСТИНА Е:
Со зборот Амин, во молитвите даваме согласност
Дека цврсто стоиме во зборовите и во молитвите



 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie