Зборовите на Господ Исус Христос во Евангелие
според Лука
2* Што сте ме барале, зар не знаете дека
јас треба да бидам во Домот на мојот
Отец?
4*
Напишано е `Не само од леб ќе живее човекот, туку и од секој збор што доаѓа
од Бог` Бегај од мене Сатано оти е напишано `На Господ
твојот Бог клањај му се и само нему служи му` Кажано е `Не искушувај го
Господ твојот Бог`.
Духот Господов е на мене,
затоа ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните, ме прати да ги
исцелам скрушените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и на
слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените, да ја проповедам
благопријатната година Господова. Денес се исполни ова писмо што го
слушнавте. Секои од вас сигурно ќе ми
проговори `Лекаре, излекувај се сам, направи го и овде во твојот роден крај
она што чувме дека се случило во Капернаум` вистина ви велам, ни еден пророк
не е мил во земјата своја, навистина ви кажувам, имаше многу вдовици во
Израилот во деновите на Илија кога се затвори небото три години и шест
месеци и настана голем глад по целата земја, и при ниедна од нив не беше
пратен Илија но само кај вдовицата во Сарепта Сидонска, и мнозина беа
лепрозни во Израилот при пророкот Елисеј и ниеден од нив не се очисти освен
Сириецот Нееман.
И на другите градови треба
да им соопштам радосна вест за Царството Божјо оти затоа сум пратен
5*Здравите
немаат потреба од лекар, но болните.
Не сум
дошол да ги повикувам праведните на покајание туку грешните.
Зар можете да ги натерате сватовите да постат
додека е со нив младоженецот но ќе дојдат денови кога ќе се одели од нив
младоженецот и тогаш во тие денови ќе постат.
Никој
не шие на стара облека крпа од нова облека оти и новата ќе се одпара а и на
старата не и прилега нова крпа, и никој не налива ново вино во стари мевови
зашто новото вино ќе ги раскине мевовите и тоа ќе истече а и мевовите ќе се
упропастат, но ново вино треба да се става во нови мевови, па така ќе се
запази и едното и другото, и никој одкако пиел старо вино нема да побара
ново оти вели старото е подобро
6* Зар не сте
читале што направи Давид кога огладне сам, тој и оние
што беа со него, како влезе во Домот божји, ги зеде лебовите од жртвеникот
што не требаше да ги јаде никој освен свештениците, па јадеше и им даде на
оние што беа со него.
Синот Човечки е
Господар и на Саботата.
Блажени
сте вие сиромашните зашто ваше е Царството Божјо.
Блажени
сте вие што сега гладувате оти ќе се наситите.
Блажени
сте вие кои сега плачете оти ќе се насмеете.
Блажени ќе бидете кога ќе ве намразат луѓето
и ќе ве оделат и похулат и го исфрлат името ваше како лошо заради Синот
Човечки. Зарадувајте се во овој ден и развеселете се оти голема е наградата
ваша на небесата, зашто така постапуваа со пророците и нивните татковци. Но
тешко вам богати зашто веќе сте ја примиле својата утеха. Тешко вам наситени
сега, оти ќе огладнете. Тешко вам што се смеете сега зашто ќе заридате и ќе
заплачете, тешко вам кога ќе почнат сите луѓе да зборат добро за вас, зашто
така им правеа на лажните пророци и нивните татковци, но вам што слушате ви
велам: Љубете ги непријателите свои, правете
им добро на оние што ве мразат, благословувајте ги оние што ве навредуваат.
На оној што ќе те удри по едниот образ заврти
му го и другиот, а оној што сака да ти ја земе горната облека, подај му ја и
кошулата. Секому кој ти бара подај, а од оној што зема од тебе нешто, не
сакај да ти врати.
Како што сакате да
постапуваат луѓето со вас така постапувајте и вие со нив.
И ако ги сакате оние што вас ве љубат, каква
ви е наградата, зашто и грешните ги милуваат оние што ги сакаат нив. И ако
им правите добро на оние што вам ви прават добро, каква ви е наградата, оти
и грешните го прават тоа.
И ако им дадете
заем на оние од кои се надевате дека ќе ви го вратат,
каква ви е наградата, зашто и грешните им даваат заем на грешни за да им се
врати истото.
Вие љубете ги непријателите
ваши и чинете добро и на заем давајте не очекувајќи ништо, така ќе биде
голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот, зашто и Он е добар
кон неблагодарните и кон лошите.
Бидете
милостиви како што е милостив вашиот
Отец. Не
судете и нема да бидете судени и не осудувајте за да не бидете осудени.
Простувајте и ќе ви биде простено, давајте и
ќе ви се даде. Мерка добра набиена натресена и преполнета ќе ви дадат во
раце, оти со каква мера мерите со таква ќе ви се мери.
Може ли слеп, слеп да води. Нема ли да паднат
двајцата во јама.
Нема ученик поголем од
својот учител, но секој што ќе се усоврши ќе биде како и учителот негов.
И зошто ја гледаш раската во окото на братот,
а гредата во своето око не ја забележуваш или како можеш да му кажеш на
својот брат `Дозволи брате да ти ја извадам раската од окото твое` кога сам
не ја гледаш гредата во своето око. Лицемере, извади ја најнапред гредата од
своето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на братот.
Оти нема добро дрво што дава лош плод ниту
лошо дрво што дава добар плод, а секое дрво се познава според својот плод,
бидејќи не се берат смокви од трња ниту се бере грозје од капина. Добриот
човек од доброто
сокровиште во своето срце изнесува
добро а лошиот човек од лошото
сокровиште во своето
срце изнесува лошо, оти од преполнето срце зборува устата негова.
Зошто ми велите Господи Господи а не го
извршувате она што ви го кажувам. Секој што доаѓа при мене и ги слуша
зборовите и ги исполнува ќе ви кажам на кого приличи. Тој личи на човек кој
прави куќа, па ископа и продлабочи и постави темели на камен, а кога настана
поплава, реката удри на таа куќа и не можеше да ја помести оти беше основана
на камен. А оној што слуша и не исполнува личи на човек што направил куќа на
земја без темели и кога удри реката веднаш ја урна и паѓањето на таа куќа
беше големо
7*Одете
и кажете му на Јован што видовте и што чувте. Слепи прогледуваат, хроми
проодуваат, лепрозни се очистуваат, глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат
и на бедни им се проповеда евангелието. Блажен е оној кој нема да се
соблазни поради мене. Што излеговте да видите во пустината, трска ли што се
ниша од ветер, но што излеговте да видите, човек ли облечен во меки алишта,
ете оние што се облекуваат убаво и живеат богато, по царски палати се. Туку
што излеговте да видите, пророк ли? Да, јас ви велам и повеќе од пророк.
Овој е за кого е напишано `Ете јас го испраќам пред лицето твое
Ангелот мој што ќе го приготви патот твој пред тебе`
оти ви велам, меѓу родените од жена нема ниеден поголем пророк од Јован
Крстител, но најмалиот во Царството Божјо е поголем од него. Со кого да ги
споредам луѓето од овој род, и кому се слични? Тие личат на деца кои седат
по пазарите и викаат едно на друго велејки: Ви свиревме и не игравте, ви
пеевме жални песни и не плачевте. Зашто дојде Јован Крстител
кој ниту леб јаде ниту вино пие, а вие велите `Бес има`, Дојде Синот Човечки
кој јаде и пие, а вие велите `Еве човек што многу јаде и пие, пријател на
митниците и грешните. И се оправда премудроста од сите свои деца.
Двајца му беа должни на еден заемодавец. Еден
му должеше 500 дин, а другиот 50 дин. Но бидејќи немаа да му вратат, тој им
прости на двајцата. Кажи ми кој од нив повеќе ќе го сака? (Фар: Мислам оној
кому повеќе му прости) Право пресуди. Ја гледаш ли оваа жена. Влегов во
твојот дом, ти ни вода за нозете не ми даде, а таа со солзи ми ги обли
нозете и со косата своја ги истри. Ти не ми даде целив, а таа одкако влегов
не престана да ги целива нозете мои. Ти со миро не ја помаза главата моја а
таа со миро ги помаза нозете мои. Затоа ти велам, нејзе и се простуваат
многу гревови оти ме возљуби многу, а кому малку се простува и љубов мала
има. (На жената и рече:) Ти се простуваат гревовите. Верата твоја те спаси,
оди си со мир
8* Излезе сеач да
сее семе и кога сееше едно падна покрај патот и беше изгазено и
птиците небесни го исколваа, а друго падна на камен, па штом никна се исуши
оти немаше влага. А едно падна меѓу трња и израсна трњето и го задуши. А
друго падна на добра земја и кога изникна донесе стократен плод. Кој има уши
да слуша, нека чуе. Вам ви е дадено да ги знаете
тајните на Царството Божјо, а на другите ќе им се зборува во параболи, па
гледајќи да не видат и слушајќи да не разбираат, а оваа парабола значи:
Семето е словото божјо, она што падна покрај патот се оние кои слушаат но
потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни за да не поверуваат
и да не се спасат. А она на камен се оние кои кога ќе го слушнат словото со
радост го примаат но немаат корен и веруваат некое време па штом дојдат
искушенија тие се одкажуваат. А тоа што падна меѓу трње се оние кои го
слушаат словото
но кога отидат се подаваат на грижи
богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод. А оние на добра
земја се тие што го слушаат словото и го пазат во добро и чисто срце
и принесуваат плод со трпение. Кој има уши да слуша нека чуе.
Никој кога запали свеќа не ја поклопува со
сад ниту ја става под кревет, туку ја мести на свеќник за да ја гледаат
светлината оние што влегуваат, оти нема тајно што не ќе стане јавно ниту
сокриено што не ќе се разбере и излезе на видело.
Пазете
како слушате, зашто кој има ќе му се даде а кој нема
ќе му се одземе и она што мисли дека го има.
Мојата
мајка и моите браќа се оние што го слушаат словото божјо и го исполнуваат
9*Не земајте
ништо за по пат, ни стап ни торба ни леб ни сребро ниту по две облеки да
имате. Но во која куќа влезете, тука останувајте и од таму тргнувајте на
пат. А ако некои не ве примат, излегувајќи од тој
град истресете го правот од нозете свои ним за сведоштво.
За кого ме мисли народот? А вие за кого ме
мислите? (Петар: Христос Божји) Синот Човечки треба да пострада многу, да
биде одфрлен од старешините првосвештениците и книжниците и ќе биде убиен и
на третиот ден ќе воскресне.
Ако некој сака
да врви по мене нека го земе крстот свој и нека оди по мене, оти кој сака да
ја спаси душата своја ќе ја загуби, а кој ја загуби душата своја заради мене
тој ќе ја спаси зашто каква му е ползата на човекот ако го придобие целиот
свет а самиот се погуби или си направи зло.
Кој
се срами од мене и од зборовите мои, од него ќе се засрами и Синот Човечки
кога ќе дојде со славата своја и на
Отецот и на Светите
Ангели.
Вистина ви
Веламовде стојат некои што нема да вкусат
смрт дури не го видат Царството Божјо.
Синот
Човечки ќе биде предаден во раце човечки.
Кој
го прима ова дете во мое име мене ме прима, а кој ме прима мене го прима
Оној што ме пратил, зашто кој е најмал меѓу вас тој ќе биде најголем. (Видовме
еден човек кој во твое име истерува бесови, па му забранивме бидејќи не оди
со нас) Не забранувајте оти кој не е против вас тој е со вас.
Лисиците имаат легла и птиците небесни
гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да заслони.
Остави ги мртвите да ги закопуваат своите мртовци, а ти врви по мене
и проповедај го Царството Божјо.
Никој што ја
ставил раката своја на ралото и погледнува назад не е достоен за Царството
Божјо
10*Жетвата
е голема а работниците се малку, затоа молете го
Господарот
на жетвата да испрати работници на жетвата своја. Одете, ете јас ве праќам
како јагниња меѓу волци. Не носете со себе ни ќеса ни торба ниту обувки и
никого по патот не поздравувајте, и во која куќа ќе влезете прво кажете `Мир
на таа куќа` па ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе остане на него,
ако не, тој ќе се врати во вас. И во таа куќа останете јадете и пијте што ќе
ви дадат зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преоѓајте од куќа
во куќа. И во кој град влезете и ве примат, јадете што ќе ви принесат пред
вас. Лекувајте ги болните што се во него и говорете им `Се приближи до вас
Царството Божјо`. А во кој град влезете и не ве примат, излезете по
раскрсниците негови и кажете `И правот од вашиот град што се прилепил на нас
ви го тресеме, но знајте го ова, дека се приближи до вас Царството Божјо`. И
ви велам, дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно одколку на тој град.
Тешко тебе Хоразин, тешко тебе Витсаида, оти ако во Тир и Сидон се извршија
чудестата што станаа кај вас, тие одамна седејќи во вреќи и пепел ќе се
покаеа, но на Тир и Сидон ќе им биде полесно на судот одколку вам. И ти
Капернаум, што си се издигнал на небото, до пеколот ќе паднеш.
Кој ве слуша вас мене ме слуша, и кој се
одкажува од вас, од мене се одкажува, а кој се одкажува од мене се одкажува
од Оној што ме пратил.
Го видов сатаната дека
падна од небото како молња, ете ви давам власт да газите на змии и скорпии и
на секаква непријателска сила и ништо нема да ве повреди, но не се радувајте
на тоа дека духовите ви се покоруваат а радувајте се дека имињата ваши се
запишани на небесата.
Те прославувам
Татко,
Господи на небото и на земјата оти си го сокрил ова од мудрите и разумните,
а си го открил на простите. Така е, оти таква беше вољата твоја.
Се ми е предадено од мојот
Отец и кој е
Синот не знае никој освен
Отецот, и кој е Отецот не знае никој освен Синот
и кому што сака Синот да му открие.
Блажени
се очите кои го гледаат ова што го гледате вие, зашто
ви велам многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие и не видоа, и
да слушнат што слушате вие и
не слушнаа.
Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон и
сретна разбојници кои го соблекоа и му направиа рани и си отидоа оставајќи
го полумртов. Во тоа време слегуваше по тој пат свештеник, и кога го виде си
замина. Исто така и еден левит кога дојде на тоа место се приближи погледна
и си отиде. А еден самарјанин кога патуваше кога дојде до него го виде и се
сожали и кога се приближи му ги преврза раните поливајќи ги со елеј и со
вино па одкако го качи на добитокот свој го однесе во гостилница и се
погрижи за него. А утредента на одење извади два динари, му ги даде на
гостилничарот и му рече `Припази го, а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се
вратам ќе ти платам` Кој од тие троица мислиш дека му беше ближен на оној
што падна во раце на разбојници? (Оној што направи милост) Оди и ти прави
така. Марта
Марта,
ти се грижиш и се трудиш за многу работи но само едно е потребно. Марија го
избра добриот дел кој нема да и се одземе. (Марија седна при нозете Исусови
и го слушаше словото негово)
11* Кога се молите говорете:
Татко наш кој си на небесата, да се свети Името твое, да
дојде царството твое, да биде вољата твоја, како на небото така и на
земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши
зашто и ние самите му ги простуваме на секој наш должник, и не воведувај не
во искушение но избави не од лукавиот.
Ако
некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ па му каже `Пријателе
дај ми на заем три леба оти ми дојде еден пријател од пат и немам што да му
принесам` а оној од внатре му одговори и рече `Не ме вознемирувај, вратата е
веќе затворена и децата се со мене во постела, не можам да станам да ти
дадам`. Но ви велам, ако не стане да му даде затоа што му е пријател, но ќе
стане заради неговото настојување и ќе му даде колку што му траба. И јас ви
велам. Сакајте и ќе ви се даде, барајте и ќе
најдете, чукајте и ќе ви се отвори, зашто секој што сака добива, кој бара
наоѓа, и на оној што чука ќе му се отвори.
Кој
татко од вас ако синот негов му побара леб ќе му даде камен, или ако побара
риба па да му даде змија наместо риба, или ако побара јајце да му даде
скорпија. И така значи бидејќи сте лукави умеете да давате добри дарови на
децата свои, колку повеќе
Небесниот
Отец
ќе им даде Дух Свет на оние што му бараат.
Секое
царство разделено на две половини една против друга, запустува, и дом на
групи една против друга, пропаѓа. И ако сатаната се разделил сам против себе
како ќе се одржи царството негово, оти велите дека јас преку велзевул ги
истерувам бесовите. Ако јас преку велзевул ги
истерувам бесовите тогаш синовите ваши преку кого си истеруваат? Затоа тие
ќе ви бидат судии. А ако јас со прст божји ги изгонувам бесовите тоа значи
дека до вас дошло Царството Божјо. Кога силен човек се вооружи и го припази
домот свој тогаш имотот негов е во безопасност, но ако некој посилен од него
го нападне и победи тој ќе му го земе сето оружје на кое се надевал и
ограбеното од него ќе го раздаде.
Кој не е со
мене тој е против мене и кој не собира со мене тој растура.
Кога нечист дух ќе излезе од човек тој оди
преку безводни места и бара мир и не наоѓајќи вели: Ќе се вратам во домот
свој од каде што излегов. Па штом дојде го наоѓа изметен и уреден. Тогаш оди
и доведува други седум духови полоши од себе и тие влегуваат и живеат таму.
И последната состојба на тој човек ќе биде многу полоша од првата.
Блаженени се оние што го слушаат словото
божјо и го пазат.
Лукав е овој народ, бара
знаци но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона, зашто како
што Јона беше знак на ниневијците така и Синот Човечки ќе биде за овој род.
Јужната царица ќе излезе на суд со луѓето од
овој род
и ќе ги осуди оти таа дојде од крајот на земјата да ја слушне мудроста на
Соломон, а ете тука е поголем од Соломон, и ниневијците ќе излезат на суд со
луѓето од овој род и ќе ги осудат зашто тие се покајаа од проповедта на
Јона, а ете тука е поголем од Јона.
Никој не
става запалено светило на сокриено место ниту под поклоп, туку на свеќник за
да ја видат светлината оние што влегуваат.
Светило
за телото е окото. Ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде
светло, а ако биде лукаво и твоето тело ќе биде темно. Затоа гледај
светлината што е во тебе да не биде темнина.
Ако
целото твое тело е светло и нема ни еден темен дел тогаш тоа ќе биде така
светло како кога светило те осветлува со светлина.
Ете
вие фарисеите ја миете чашата и чинијата од надвор, а внатрешноста ви е
полна со грабеж и лукавство. Безумни, нели е ист Оној
што ја создаде и надворешноста и внатрешноста, но давајте милостиња според
своите сили, тогаш се во вас ќе биде чисто. Но тешко вам фарисеи оти давате
десеток од нане и рута и од секакви зелени зачини, а преминувате преку судот
и љубовта божја. Ова требаше да го правите, но и она да не го оставите.
Тешко вам фарисеи оти сакате да сте на првите места во синагогите и да ве
поздравуваат по плоштадите. Тешко вам книжници и фарисеи лицемери, оти сте
како скриени гробови преку кои луѓето одат и не ги знаат. Тешко и на вас
законици, што ги товарите луѓето со тешки бремиња за носење, а вие сами ни
со еден прст не се допирате до тие бремиња. Тешко вам оти им ѕидате гробници
на пророците што беа убиени од вашите татковци. Со тоа сведочите за делата
на своите татковци и ги одобрувате бидејќи тие ги убија пророците а вие им
ѕидате гробници. Затоа божјата премудрост рече: Ќе им пратам пророци и
апостоли и од нив, едните ќе ги убијат а другите ќе ги прогонат за да се
побара од овој род крвта на сите пророци пролеана од постанокот на светот,
од крвта на Авел па се до крвта на Захарија кој е убиен меѓу жртвеникот и
храмот, да, ви велам, ќе се побара од овој род. Тешко вам законици оти го
зедовте клучот на познанието, сами не влеговте, а и на оние што сакаат да
влезат им попречувате
12*Пазете се од квасот фарисејски, што е
лицемерие. Нема ништо сокриено а да не се
открие, ни тајно што не ќе се
дознае, па затоа што
сте рекле во темнина ќе се слушне на видело, и што сте рекле на уво во
скривница ќе биде разгласено од покривите.
А
вам на моите пријатели ви велам: Не плашете се од оние што го убиваат телото
и потоа не можат ништо повеќе да направат, но ќе ви кажам од кого да се
плашите. Плашете се од Оној кој по убивањето има власт да фрли во пеколот.
Да ви велам. од него да се плашите.
Зар не се
продаваат пет врапчиња за два динари, и ниедно од нив не е заборавено од
Бог, а вам и косата на главата ви е изброена. Па така не плашете се, од
многу врапчиња вие сте поскапи. И ви велам:
Секој
што ме признае мене пред луѓето, и Синот Човечки ќе го признае пред божјите
Ангели. Кој се одрече од мене пред луѓето, и тој ќе
биде одречен пред божјите
Ангели.
На секој што ќе каже збор против Синот
Човечки ќе му биде простено, но на оној кој похули на Светиот Дух нема да му
се прости. А кога ве одведат по синагогите и пред властите
и началствата не грижете се како ќе одговорите или што ќе кажете, зашто
Светиот Дух ќе ве научи во истиот час што треба да
кажете. Човеку кој ме постави да ви судам или
да ве делам. Гледајте и пазете се од лакомство оти животот на човек не
зависи од големината на неговиот имот.
На
некој богат човек нивата му роди многу и мислеше во себе велејќи: Што да
правам, немам во што да ги соберам плодовите свои. Па рече: Вака ќе
направам, ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми и таму ќе го
соберам сето свое жито и сите свои добра и ќе и речам н душата своја `Душо,
имаш многу добра приготвени за многу години, јади пиј и весели се`. Но Бог
му рече: Безумнен, ноќеска ќе ти ја побарам душата
своја, тоа што си го приготвил кому ќе му остане? Така бива со оној што
собира добра за себе а не се богати во Бога. Затоа ви велам:
Не грижете се за душата своја, што ќе јадете,
ниту за телото свое, што ќе облечете, зашто душата е многу
поскапа од храната и телото од облеката.
Погледајте ги гавраните како ни сеат ни
жнеат, тие немаат скривници ниту житници, и Бог ги храни, а колку сте
поскапи вие од птиците.
А кој од вас грижејќи
се може да му додаде еден лакт на својот раст. И така кога ни најмалото
нешто не можете да го направите, зошто се грижите за друго.
Погледајте ги лилјаните како растат, ни се
трудат, ниту предат, но ви велам дека ни Соломон во сета своја слава не се
облаче така како еден од нив. Ако тревата во полето која денес ја има а утре
се фрла во огин Бог така ја облекува тогаш колку повеќе вас маловерни.
Вие не барајте што ќе јадете и што ќе пиете и
не се загрижувајте, сето тоа го бараат незнабожците на овој свет, а вашиот
Отец знае дека тоа ви е потребно, но барајте го Царството Божјо и сето тоа
ќе ви се придаде.
Не плаши се мало стадо,
зашто вољата на вашиот
Отец е вам да ви го даде царството. Продајте си ги
имотите ваши и давајте милост, згответе си ќесиња што нема да се распаднат,
богатство на небото каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде,
зашто каде што е богатството ваше таму ќе биде и срцето ваше.
Нека ви биде крстот стегнат и светилата
запалени. Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе кои го чекаат својот
Господар да се врати од свадба за да му отворат
веднаш штом дојде и затропа. Блажени се оние слуги што ќе ги затече
Господарот будни кога ќе си дојде. Вистина ви велам
тој ќе се опаше и ќе им рече да седнат па ќе пристапи и ќе им служи.
Ако дојде и на втора стража и
на трета дојде ли и ги затече така, блажени се тие
слуги. Знајте и го и тоа дека ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе
дојде крадецот тој би седел буден и не би дозволил да му ја подкопаат
куќата. И вие бидете готови зашто во кој час и не мислите ќе дојде Синот
Човечки. Кој е тој верен и мудар слуга кого
го поставил неговиот
Господар над своите слуги за да
им дава потребна храна на време. Блажен е тој слуга чиј
Господар
кога ќе дојде го затече така да постапува. Вистина ви велам, дека тој ќе го
постави него над целиот свој имот. А ако тој слуга рече во срцето свое `Нема
скоро да дојде мојот
Господар` и почне да ги тепа
слугите и слугинките, да јаде пие и да се опива,
Господарот
на тој слуга ќе дојде во ден во кој не очекува и во час што не го знае па ќе
го одели и ќе го постави меѓу неверните.
Оној
слуга кој ја знае вољата на својот
Господар и не се
приготвил и не постапил според вољата негова ќе биде многу тепан. Кој не
знаел и направил нешто достојно за казна, ќе биде малку тепан. Кому е многу
дадено многу и ќе се бара од него, и кому му е поверено повеќе повеќе ќе се
бара од него.
Јас дојдов да фрлам огин на
земјата и колку би сакал да беше веќе разгорен.
Со
крштевање треба да се крстам и колку ми е мачно дури не се сврши тоа.
Мислите ли дека сум дошол да дадам мир на
земјата, не, туку раздвојување, оти од сега пет во една куќа ќе бидат
разделени, троица против двајца и двајца против троица. Татко ќе биде против
син и син против татко. Мајка против ќерка и ќерка против мајка. Свекрва
против снаа и снаа против свекрва.
Кога
видите дека се крева облак од запад тогаш велите `Ќе врне дожд`
така и бива. А кога дува јужниот ветер велие `Ќе биде
топло`
па така и бива. Лицемери, лицето на небото и земјата умеете да го
распознаете, а ова време како не го познавате?
Зошто
и сами од себе не судите што е праведно? Кога одиш со својот противник пред
власта гледај уште по патот да се
смириш со него за
да не те предаде на судијата а судијата на слугата и слугата да те фрли во
затвор. Ти велам од таму нема да излезеш дури не го дадеш последниот динар
13*Мислите ли
дека тие галилејци беа најгрешни од сите галилејци па така пострадаа? Не, ви
велам, ако не се покаете сите така ќе изгинете. Или мислите дека овие 18
души врз кои падна силуанската кула и ги уби беа најгрешни од сите жители на
Ерусалим? Не ви велам, но ако не се покаете сите така ќе изгинете.
Некој човек имаше во своето лозје посадена
една смоква па дојде да бара од неа плод и не најде. Тогаш му рече на
лозарот: Ете три години доаѓам и барам плод на оваа смоква и не наоѓам.
Пресечи ја. Зошто само да ја осиромашува земјата? А
тој му одговори и рече: Господаре, остави ја и оваа година дури да ја
одкопам и и ставам ѓубриво, па ако роди добро, а ако не, тогаш другата
година ќе ја пресечеш.
Лицемере, не го
одврзува ли секој од вас својот вол или осле од јаслите во Сабота и не го
води ли да го напои? А оваа ќерка Авраамова што ја врзал сатаната еве веќе
18 години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден?
На што приличи Царството Божјо, и со што
треба да го споредам? Тоа е како синапово зрно што го зема човек и го
посадува во градината своја каде што расте и станува големо дрво па и
птиците небесни си прават гнездо на неговите гранки.
Со што да го споредам Царството Божјо? Тоа прилега на квас што го
зема жена и го става во три мери брашно додека скисне сето.
Потрудете се да влезете низ тесната врата
зошто ви велам мнозина ќе сакаат да влезат и не ќе можат.
Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори
вратата на куќата, а вие стоејќи однадвор ќе почнете да чукате и да викате
`Господи Господи, отвори ни` Он ќе ви одговори и рече `Не ве знам, од каде
сте?` Тогаш ќе почнете да зборувате `Ние јадевме пред тебе и пиевме и по
нашите улици ти поучуваше`. А Он ќе рече `Ви велам не ве познавам од каде
сте, одстапете од мене сите што вршите неправда`. Таму ќе биде пчач и
крцкање со заби, кога ќе го видите Авраам Исак и Јаков и сите пророци во
Царството Божјо, а себе истерани надвор. И ќе дојдат од исток и запад и
север и југ и ќе седнат на трпезата во Царството Божјо. И ете има последни
што ќе бидат први а има и први што ќе бидат последни.
Одете и кажете и на таа лисица (Ирод)
`Еве истерувам бесови и лекувам денес и утре, и на
третиот ден ќе завршам, но јас треба да врвам денес
утре и задутре бидејќи не бидува пророк да загине надвор од Ерусалим`.
Ерусалиме Ерусалиме ти што ги убиваш
пророците и со камења ги засипуваш пратените при тебе, колку пати сакав да
ги соберам децата свои како
птица пилињата свои под
крилја, но не сакавте, и ете домот ваш ќе ви се остави пуст. И јас ви велам
дека нема да ме видите се додека не дојде времето да кажете: Благословен е
Оној кој доаѓа во Името Господово.
14*Кој од вас ако му падне во бунар вол или осле
нема да го извади веднаш и тоа во саботен ден?
Ако
те покани некој на свадба не седнувај на првото место за да не влезе некој
од гостите и да биде со поголема чест од тебе и да не дојде оној кој ве
поканил и тебе и него па да рече `Одстапи го местото на овој` и тогаш
засрамен ќе седнеш на последното место, но кога ќе бидеш поканет оди и седни
на последното место, па оној што те поканил штом дојде да ти каже `Пријателе
премести се погоре` тогаш ќе имаш чест од гостите што седат со тебе, зашто
секој што се издига ќе биде понизен, а тој што се понизува ќе биде издигнат.
Кога даваш ручек или вечера не ги кани
пријателите твои ниту браќата твои ни роднините твои ниту богатите соседи,
за да не те поканат и тие некогаш и да ти вратат, но кога даваш гозба
повикај ги сиромасите, хромите и слепите и ќе бидеш блажен оти тие не можат
да ти вратат а ќе ти биде одплатено при воскресението на праведните.
Еден човек приготви голема вечера и покани
мнозина и кога беше време за вечера го прати слугата свој да им каже на
поканетите: Дојдете оти се е готово и почнаа сите како договорени да
одкажуваат. Првиот му рече: Купив нива ќе треба да одам да ја видам, те
молам извини ме. Вториот рече: Купив пет пара волови и одам да ги пробам, те
молам извини ме. Третиот рече: Се оженив и затоа не можам да дојдам. Кога се
врати слугата му го кажа тоа на својот
Господар.
Тогаш се разгневи домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: Оди брзо по
раскрсниците и улиците градски и доведи ги тука бедните слабите хромите и
слепите. И рече слугата: Господаре, направив како што ми заповеда и уште има
место. И му рече
Господарот на слугата: Излези по
патиштата и оградите и убеди ги да дојдат за да се наполни мојот дом, зашто
ви велам никој од поканетите нема да вкуси од вечерата моја оти мнозина се
поканети но малку избрани.
Ако некој дојде и
не ги намрази таткото и мајката, жената и децата, браќата и сестрите, па
дури и душата своја, тој не може да биде мој ученик, и кој не го носи својот
крст и не оди по мене, не може да биде мој ученик.
Кој
од вас сакајќи да соѕида кула нема да седне најнапред да направи сметка
колку ќе чини и дали има се што е потребно за нејзино довршување, па одкако
ги постави темелите и не може да доврши да не почнат сите што го гледаат да
му се смеат и да речат: Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.
Или кој цар одејќи во војна
против друг цар не ќе седне да се посоветува најнапред може ли со 10000 да
издржи пред оној што доаѓа против него со 20000. Инаку дури е оној уште
далеку ќе прати слуги и ќе моли за мир. Така и секој од вас кој не се одкаже
од се што има не може да биде мој ученик.
Солта
е добро нешто но ако таа облутави со што ќе се соли. Ниту на земјата ниту на
ѓубрето му е потрбна, па затоа ја фрлаат надвор. Кој има уши да слуша нека
слушне
15* Кој од вас имајќи 100 овци кога
загуби една од нив не ќе ги остави 99 во пустина и ќе тргне по загубената
додека не ја најде, а одкако ќе ја најде ќе ја крене на рамо радосен, и кога
ќе дојде дома ќе повика пријатели и соседи и ќе им рече: Радувајте се со
мене оти ја најдов загубената овца. Ви велам дека така и на небото ќе биде
поголема радост за еден грешник кој се кае одколку за 99 праведници што
немаат потреба од каење. Или која жена има 10 драхми, кога загуби една нема
да запали светло и да ја измете куќата за да ја побара внимателно дури не ја
најде, а штом ја најде ќе повика пријателки и соседки велејќи: Радувајте се
со мене оти ја најдов загубената драхма. Таква радост ви велам станува и
пред Ангелите божји за еден грешник што се кае.
Еден човек имаше два сина. Помладиот од нив
му рече на таткото: Татко, дај ми го делот што ми припаѓа од имотот. И
таткото им го раздели имотот. По неколку дена помладиот син кога собра се,
отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел живеејќи блудно, и
одкако потроши се, настана голем глад во таа земја и тој се најде во мака,
па отиде при еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своето
поле да пасе свињи, и се мачеше да го наполни својот стомак со рогчиња што
ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себе си рече:
Колку наемници при мојот татко имаат леб во изобилие, а јас умирам од глад,
ќе станам и ќе отидам при мојот татко и ќе му речам: Татко згрешив против
небото и пред тебе, не сум веќе достоен да се наречам твој син, но прими ме
како еден од своите наемници. Па стана и отиде при таткото, и кога беше уште
далеку, го виде таткото негов и се сожали на него па потрча, го прегрна и го
целива, и синот му рече: Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум
веќе достоен да се наречам твој син. А таткото им рече на слугите свои:
Изнесете најубава облека и облечете го и дајте му прстен на раката негова и
сандали на нозете, па донесете и заколете угоено теле да јадеме и да се
веселиме, оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде, и
почнаа да се веселат. За тоа време постариоит негов син беше во поле и на
враќање кога се приближи до куќата слушна песни и извици, па како повика
еден од слугите го праша: Што е ова? А тој му рече: Братот твој си дојде и
татко ти закла угоено теле оти го виде здрав. Тој се налути и не сакаше да
влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. А тој му одговори на таткото и му
рече: Еве ти служам толку години и никогаш не ја прекршив твојата заповед, и
мене не си ми дал ни едно јаре за да се развеселам со моите пријатели, а
кога дојде овој твој син што го упропасти својот имот со блудници, за него
ти закла угоено теле. А тој му рече: Синко, ти си секогаш со мене, и се мое
е твое, но требаше да се зарадуваме и развеселиме оти овој твој брат беше
мртов и оживе, изгубен беше и се најде
16*Еден човек беше богат и имаше настојник и тој
беше наклеветен пред него дека го растура неговиот
имот. И кога го повика му рече `Што е ова што слушам за тебе, дај сметка за
раководењето зашто веќе не ќе можеш да бидеш
настојник` А настојникот си рече во себе `Што да правам,
Господарот
мој го одзема од мене раководењето на куќата, да копам немам сила, да просам
се срамам. Знам што да правам за да ме примат во своите домови кога ќе бидам
одстранет од раководењето на куќата`. И кога ги повика должниците на својот
Господар, секого пооделно му рече. На
првиот: Колку му должиш на мојот
Господар? Тој
одговори: 100 мери елеи. И му рече: Земи си ја потврдата, седни брзо и
напиши 50. Потоа му рече на другиот: А ти колку му должиш? Тој одговори 100
мери пченица. И му рече: Земи си ја потврдата и напиши 80. И го пофали
Господарот несправедливиот настојник оти постапил
досетливо, зашто синовите на овој свет во својот род се подосетливи од
синовите на светлината. И јас ви велам, создадете си пријатели со неправедно
богатство, па кога осиромашите да ве примат во вечните живеалишта. Верниот
во малку, и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е
несправедлив. Па така ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе
ви го довери вистинското? И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде
вашето? Ни еден слуга не може да им служи на двајца господари, зашто или
едниот ќе го замрази а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди а
другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бог и на Мамон.
Вие се прикажувате пред луѓето за праведни но
Бог ги знае вашите срца зашто она што е за луѓето вредно,
пред Бог е одвратно.
Законот и пророците беа
до Јован, а од тогаш Царството Божјо се благовестува и секој со сила влегува
во него. Но полесно им е на небото и на
земјата да преминат одколку една црта од законот да пропадне.
Секој што ја остава жената своја и се жени со
друга прељубодејствува и секој што се жени со напуштена прави прељуба.
Еден човек беше богат и се облекуваше во
пурпур и во свила и секој ден живееше раскошно и се веселеше. Имаше исто
така и еден сиромав по име Лазар, кој со рани лежеше пред вратата негова и
сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот, и
кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови. Умре сиромавиот и
Ангелите го однесоа во крилото Авраамово. Умре и богатиот и го
погребаа. И во пеколот кога беше во маки ги подигна очите свои и го виде од
далеку Авраам и Лазар во крилото негово, и одкако извика рече: Отче Авраам,
смилувај се на мене и прати го Лазар да го накваси својот прст во вода и да
ми го разлади јазикот, оти многу страдам во овој пламен. Но Авраам
рече: Синко, сети се дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив,
а Лазар злото, а сега тој се утешува а ти страдаш. Освен тоа меѓу вас и нас
постои голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат при вас не
можат, а исто така и оние од таму при нас. А тој рече: Тогаш те молам отче,
прати го во куќата на мојот татко, зашто имам пет браќа, па да им посведочи
за да не дојдат и тие во ова место на маките. Авраам
му рече: Тие го имаат Мојсеј и пророците, нив нека ги слушаат. А тој рече:
Не отче Авраам, туку ако некој од мртвите отиде при нив тогаш ќе се
покајат. Авраам му рече: Штом Мојсеј и Пророците не
ги слушаат тогаш и да воскресне некој од мртвите тие нема да поверуваат
17*Не е можно
да не дојдат соблазни, но тешко на оној преку кого доаѓаат, за него би било
подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат во море,
одколку да соблазни еден од овие помали.
Пазете
на себе, ако згреши против тебе братот твој карај го и ако се покае прости
му. И ако седум пати на ден згреши против тебе и седум пати на ден дојде и
ти рече `Се кајам` прости му.
Кога би имале
вера колку синапово зрно и и речете на оваа црница `Откорни се и пресади се
во море` и таа би ве послушала.
Кој од вас
кога се врати неговиот слуга од поле, орач или овчар, веднаш ќе му рече: Дојди
брзо и седни на маса. Нема ли да му каже: Приготви ми да вечерам, препаши се
и служи ми дури јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј. Зар ќе му благодари на
тој слуга што ја исполнил неговата заповед? Мислам не. Па така и вие кога
исполните се што ви е заповедано речете: Ние сме слуги безвредни, оти го
извршивме она што бевме должни да го извршиме.
Царството
Божјо нема да дојде приметно, ниту ќе кажат `Еве овде е` или `Ене онде е`
зашто Царството Божјо е во вас внатре.
Ќе
дојдат денови кога ќе сакате
да видите еден од деновите на Синот Човечки и нема да видите и ќе ви речат
`Еве овде е` или `Ене онде е` не одете и не барајте. Зашто како што молњата
кога ќе светне од едниот крај на небото го осветлува и другиот така ќе биде
и Синот Човечки во својот ден. Но најнапред он треба многу да пострада и да
биде одфлен од овој род.
Како што беше во
деновите на Ное така ќе биде и во денот на Синот Човечки. Јадеа пиеја се
женеа се мажеа се до оној ден кога Ное влезе во ковчегот и дојде потопот па
ги погуби сите. Исто така како што беше во Лотовите денови,
јадеа пиеја купуваа продаваа садеа ѕидаа, но
во истиот ден кога излезе Лот од Содом падна од небото огин и сулфур и ги
изгоре сите. Така ќе биде и во денот кога ќе се јави Синот Човечки. Во тој
ден кој е на покрив а
богатството му е во куќата,
нека не се симнува да
го земе,
и кој е во поле исто така да не се враќа. Сеќавајте се на лотовата жена. Кој
сака да ја спаси својата душа ќе ја погуби, а кој ја погуби ќе ја оживи. Ви
велам во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела, едниот ќе го земат а
другиот ќе го остават. Две жени ќе мелат заедно, едната ќе ја земат а
другата ќе ја остават. Двајца ќе бидат на нива, едниот ќе го земат а другиот
ќе го остават. Каде што е телото таму ќе се соберат и орлите
18*Во еден
град имаше судија кој од Бог не се плашеше ниту од луѓето се срамеше. Во
истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него велејќи: Заштити ме од
мојот противник. Но тој за долго време нејќеше. Најпосле си рече во себе:
Иако од Бог не се плашам и од луѓето не се срамам но бидејќи оваа вдовица не
ми дава мир ќе ја заштитам за да не доаѓа веќе и да не ми додева. Чујте што
зборува несправедливиот судија, а Бог нема ли да ги заштити своите избраници
што викаат кон него дење и ноќе, дури и да забави? Ви велам ќе ги заштити
набргу. Но Синот Човечки кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата? (А на
оние што беа уверени дека се праведни)
Два
човека влегоа во храм да се помолат, едниот фарисеј а другиот митник. Кога
застана фарисејот, вака се молеше во себе: Боже ти благодарам што не сум
како другите луѓе разбојници несправедливи прељубници или како овој митник,
постам два пати во седмицата, давам десеток од се што добивам. А митникот
стоеше од далеку, не сакаше ни очите да ги подигне кон небото туку се
удираше во гради и велеше: Боже биди милостив кон мене грешниот. Ви велам
дека тој си отиде дома повеќе оправдан одколку оној,
зашто секој што се воздига ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде
воздигнат. Оставете ги децата да доаѓаат при
мене, не им забранувајте,
зашто на такви е Царството Божјо. Вистина ви велам, кој не го прими
Царството Божјо како дете нема да влезе во него.
Зашто
ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен едниот Бог. Ги знаеш заповедите.
Не прељубодејствувај, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги
таткото и мајката. Уште едно ти недостига, продај се што имаш и раздај го на
сиромаси, и ќе имаш богатство на небото, потоа дојди и оди по мене. Колку е
тешко во Царството Божјо да влезат оние што имаат богатство. Полесно е на
камила да влезе низ иглени уши одколку богат да влезе во Царството Божјо.
(Кој може да се спаси) Неможното за луѓе е можно за Бог.
Вистина ви велам дека нема ни еден што
оставил куќа или родители или браќа или сестри или жена или деца заради
Царството Божјо а да не добил многу повеќе од тоа уште сега во ова време, а
во идниот век и живот вечен.
Еве одиме кон
Ерусалим и се ќе се исполни што напишале пророците за Синот Човечки, дека ќе
го предадат на незнабожци и ќе се подсмеваат со него, ќе го мачат и ќе го
плукаат, ќе го бичуваат и ќе го убијат и на третиот ден ќе воскресне
19* Еден човек од висок род заминуваше во
далечна земја да прими царство за себе и да се врати. И кога ги повика
своите 10 слуги им даде 10 мини и им рече: Тргувајте со нив дури не се
вратам. Но граѓаните го мразеа и испратија по него пратеници велејќи: Не
сакаме тој да царува над нас. А кога се врати по приемот на царството нареди
да ги повикаат оние слуги на кои им беше дал сребро за да види кој колку
заработил. Дојде првиот и му рече: Господаре твојата
мина придонесе десет мини. И му рече: Добро верен слуго, во мала работа беше
верен еве ти власт над десет градови. Дојде вториот и рече: Господаре
твојата мина придонесе пет мини. А тој и нему му рече: И ти биди над пет
градови. И друг дојде велејќи: Господаре еве ти ја твојата мина што ја чував
во крпа, оти се плашев од тебе бидејќи си жесток човек, земаш од каде што не
си оставил, и жнееш каде што не си сеел. А
Господарот
му рече: Со твојата уста ќе ти судам лукав слуго. Ти знаеш дека сум жесток
човек, земам од каде што не сум оставил и жнеам каде што не сум сеел, тогаш
зошто не го даде моето сребро на трговците па кога ќе се вратам да го добиам
со интерес. Па им рече на присутните: Земете ја од него мината и дајте му ја
на оној што има десет мини. И му рекоа: Господаре тој има десет мини. Ви
велам дека секому што има ќе му се придаде а од оној што нема ќе му се
одземе и она што го има. А оние мој непријатели што не сакаат да царувам над
нив доведете ги тука и погубете ги пред мене.
Одете
во селоно од спротива, штом ќе влезете во него ќе најдете едно врзано осле
кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го. И ако ве праша
некој: Зошто го одврзувате? Кажете му вака: Тоа му е потребно на Господ. (За
Ерусалим) Да беше и ти
знаел
во овој ден што би можело да ти донесе мир, но
сега тоа е скриено од твоите
очи, зашто ќе дојдат денови за тебе и непријателите
твои ќе те опкружат со окопи и ќе те опколат и ќе те притеснат од сите
страни и ќе те разрушат тебе и ќе ги избијат децата твој во тебе и нема да
остават камен на камен од тебе, оти не
си го позна
времето кога беше посетен.
Напишано е `Домот
мој е дом за молитва` а вие го направивте разбојничка
пештера
20*Еден
човек насади лозје и го предаде на лозари, па си отиде на подолго време. А
подоцна испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од плодовите на
лозјето, но лозарите го натепаа и го пуштија празен. И прати повторно друг
слуга, но тие и него го натепаа и го понизија, па го испратија празен.
Испрати и трет, а тие и него го ранија и го избркаа. Тогаш Господарот на
лозјето рече: Што да направам, ќе го испратам својот сакан Син, можеби кога
ќе го видат ќе се засрамат. Но лозарите штом го видоа си размислуваа меѓу
себе велејќи: Овој е наследникот, ајде да го убиеме и наследството ќе биде
наше. И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи
Господарот на лозјето? И ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе
го предаде на други.
Што значи тогаш
напишаното `Каменот што го одфрлија ѕидарите стана глава на аголот` Секој
што падне врз тој камен ќе се разбие, а врз кого тој падне ќе го здроби.
Покажете ми еден
динар. Чиј образ и натпис има? Дајте го царевото на царот, а Божјото на Бог.
Синовите од овој век се женат и мажат но оние
што ќе се удостојат да го добијат оној свет и воскресението од мртвите ниту
ќе се женат ниту ќе се мажат, да умрат веќе не можат оти се еднакви со
Ангелите и бидејќи се синови на воскресението тие се
синови Божји. И дека мртвите ќе воскреснат тоа го посведочи и Мојсеј при
капината кога го нарече Господ
`Бог Авраамов Бог
Исаков и Бог Јаковов` а Бог не е Бог на мртвите туку
на живите оти во него се сите живи.
А како
велат дека Христос е Син Давидов?
Кога и Давид вели
во книгата на псалмите `Му рече Господ на мојот Господ: Седи од мојата десна
страна дури не ги положам непријателите твои во подножјето на нозете твои` И
така кога Давид го нарече Господ, како
тогаш да му е Он Син.
Чувајте се од книжниците што
сакаат да одат
во посебни облеки и сакаат поздрави по пазарите,
предни места во Синагогите, да се први на гозбите, ги
подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго
се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда
21* Вистина ви велам,
оваа бедна вдовица од сите повеќе даде. Сите овие дадоа прилози на Бог од
својот вишок, а таа даде се што имаше за својот живот. (За храмот)
Ќе дојдат денови и од сето ова што го гледате
нема да остане ни камен што не ќе биде урнат. Чувајте се да не ве прелажат,
зашто мнозина ќе дојдат во мое име и ќе зборат оти сум јас, и дека времето
се приближи, но не одете по нив.
А кога ќе чуете за војни и бунтови,
не плашете се. Се тоа тоа треба да стане, но сеуште не е крајот. Ќе се крене
народ против народ и царство против царство. А на некои места ќе има и
големи потреси, и глад и помор. Ќе има стравотии и големи знаци на небото. А
пред сето тоа ќе стават раце на вас и ќе ве изгонат, предавајќи ве
во синагогите и затворите, и ќе ве водат пред цареви
и управници заради Моето Име. И тоа ќе ви биде вам за сведоштво. И така,
ставете си при срце да не размислувате однапред што ќе одговарате, зашто јас
ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да и противречат ниту да и
се противстават сите ваши противници. Ќе бидете
предадени исто така и од родители, и од браќа и од роднини, и од пријатели,
а некои од вас ќе бидат и убиени
и ќе бидете
намразени од сите, заради Моето Име, но ни влакно од
главата ваша нема да загине. Со трпение спасувајте си ги душите
а кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски,
знајте дека се приближило неговото запустување. Тогаш оние што се наоѓаат во
Јудеа нека бегаат во планините
а кои се во градот да
излезат од него. А кои се по околните места нека не влегуваат во него зашто
тоа се деновите на одмазда за
да се изврши се што е напишано. Но тешко на бремените и доилките во
денови зашто голема мака ќе биде на земјата
и гнев врз овој народ. И ќе паднат од сечивото на
мечот и ќе бидат одведени во плен по сите народи. А Ерусалим ќе го газат
незнабожци се додека не се свршат времињата на незнабожците. И ќе има знаци
на сонцето и на месечината и на ѕвездите а на земјата тага кај народите од
неизвесноста и од бучењето на морето и од брановите. Луѓето ќе умираат од
страв и од исчекување на она што ќе го снајде Светот зашто
и силите небесни ќе попуштат. И тогаш ќе го видат
Синот Човечки како доаѓа на облаци со
Сила и Слава
голема. А кога ќе почне тоа да станува исправете се и подигнете ги главите
свои зашто се приближува вашето спасение. Погледајте ја смоквата и сите
дрва. Кога ќе видите дека потеруваат сами знаете дека летото е веќе близу
па така кога ќе видите дека станува ова знајте оти се
приближи Царството Божјо. Вистина ви велам нема да премине овој род дури
сето тоа не се исполни. Небото и земјата ќе преминат но зборовите мои нема
да преминат. Само пазете се. Вашите срца да не бидат оптоварени со
прејадување и пијанство и грижи за овој Свет за да не ве затече оној ден
ненадејно. Оти тој ќе дојде како примка за сите што живеат по целата земја.
Бидете будни во секое време и молете се за да
го избегнете сето она што ќе настане и да се исправите пред Синот Човечки
22* Отидете и пригответе ни
Пасха за да јадеме. Ете влегувајќи во град ќе ве сретне човек со стомна
вода. Одете по него во куќата каде што ќе влезе, и кажете му на домаќинот од
куќата: Учителот ти вели: Каде е собата во која треба да јадам Пасха со
учениците свои? И тој ќе ви покаже голема одаја послана, таму пригответе. Од
се срце сакав да ја јадам оваа Пасха со вас пред да пострадам, оти ви велам
нема веќе да јадам од неа дури таа не се доврши во Царството Божјо. (Па како
ја зеде чашата заблагодари и рече) Земете и разделете ја помеѓу себе, зашто
нема да пијам од лозовиот плод додека не дојде Царството Божјо. (Потоа зеде
леб и заблагодари, го прекрши и им даде велејќи)
Ова
е моето тело што се дава за вас, правете го ова за мој спомен (Исто
така и со чашата по вечерата велејќи)
Оваа чаша е
Новиот Завет со мојата крв која се пролива за вас. Но ете раката на
оној што ме предава е со мене на маса. А Синот Човечки оди според она како
што е определено но тешко му на оној човек што ќе го предаде.
Царевите владеат над народите а оние што
управуваат над нив се нарекуваат добротвори. А вие немојте така, но
поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, и тој што е старешина да биде
како слуга, зашто кој е поголем, тој што седи на маса или тој што слугува.
Зар не е оној што седи? А јас сум меѓу вас како слуга, но вие сте кои
издржавте со мене во моите напасти, а јас ви ветувам како што ми вети мојот
Отец Царство, за да јадете и да пиете на масата моја во Царството мое. И да
седнете на престоли и да судите на 12 израилеви колена. Симоне Симоне, ете
сатаната посака да ве сее како пченица, но јас се молев за тебе за да не
намали твојата вера, а ти некогаш кога ќе се обратиш, укрепи ги браќата
свои. Кога ве пратив без кеса и без торба и
без обувки, останавте ли лишени од нешто? Но сега кој има кесе нека си го
земе, исто така и торба, а кој нема нека си ја продаде облеката и да купи
нож зашто ви велам, на мене треба да се изврши и ова од писмото `И меѓу
злочинци го ставија` Оти она што се однесува на мене се исполнува.
Молете се за да не паднете во искушение.
Татко, ако сакаш да ме одмине оваа чаша, но нека не
биде мојата воља, туку твојата (И му се јави Ангел од небото и го
поткрепуваше, па бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше,
а потта му беше како капки крв што паѓаа на земјата) Зошто спиете, станете и
молете му се на Бог за да не паднете во искушение.
Како
на разбојник сте излегле со ножеви и колови за да ме фатите. Секој ден бев
со вас во храмот и не кренавте рака на мене, но сега е вашето време и власта
на мракот. (Ако си ти Христос кажи ни) И да ви кажам нема да поверувате, и
да ве запрашам нема да ми одговорите ниту ќе ме пуштите. Од сега Синот
Човечки ќе седи од десно на силата Божја. (Ти ли си Син Божји) Вие велите
дека сум јас
23* (Пилат: Ти ли си Царот
Јудејски) Ти велиш.
Ќерки ерусалимски, не
плачете зе мене туку плачете за себе и за своите деца, зашто ете се
приближуваат деновите кога ќе се рече `Блазе на неплодните и на утроби што
не родиле и на гради што не доеле` Тогаш ќе почнат да им велат на планините
`Паднете врз нас` и на ридиштата `Покријте не` оти кога ова го прават со
зеленото дрво, што ќе биде тогаш со сувото.
Татко
прости им оти не знаат што прават. (Сети се на мене Господи кога ќе
дојдеш во Царството Свое)
Вистина ти велам,
денес ќе бидеш со мене во рајот.
Татко во твоите раце
го предавам својот Дух
24*Ете тоа е она за што ви зборував уште додека
бев со вас, оти треба да се исполни се што е напишано за мене во законот
Мојсеев и кај Пророците и во Псалмите. Така е напишано, и така требаше да
пострата Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден, и да биде
проповедано во негово Име покајание и простување на гревовите кај сите
народи почнувајќи од Ерусалим, а вие сте сведоци за ова, и ете јас ќе го
испратам врз вас ветувањето од мојот
Отец, а вие останете во градот
Ерусалим дури не се облечете во сила од горе. (И кога ги благословуваше се
одели од нив и се вознесе на небото)