Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



   

ОД СВЕТОТО ПИСМО - БИБЛИЈА

Пророчки - Месијански Схихови од Старииот Завет
За доаѓањто на Господ Исус Христос


Во
Книгите на Мојсеј
1 Мој 3 И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и Породот нејзин. Он ќе ти ја гази главата а ти ќе го каснуваш во петата.
1 Мој 4 А и Авел исто така принесе од првината на стадото свое и од маста и Господ погледна милозливо на Авел и на неговите дарови
1 Мој 9 Го поставувам заветот мој со вас дека од сега нема веќе ниедно тело да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата. Еве го знакот на заветот што го поставувам меѓу мене и вас и меѓу секоја жива душа која е со вас за идните поколенија: Божилак свој поставувам во облакот за да биде знак на заветот меѓу мене и земјата па кога облак ќе навеам на земјата ќе се види Божјиот Лак во Облакот, и ќе си спомнам за Заветот мој кој е меѓу мене и вас и меѓу секоја душа што живее во тело и нема веќе да има потоп за да го уништи секое тело. Божјиот лак ќе биде во облакот и Јас ќе го видам и ќе си спомнам за вечниот завет меѓу Бог и секоја душа што живее во секое тело кое е на земјата. Тоа нека е знакот на заветот што го поставив меѓу мене и меѓу секое тело кое е на земјата
1 Мој 22 (На Авраам) Се колнам во себе вели Господ, кога така направи и не го пожали саканиот свој син заради мене навистина јас ќе те благословам и преблагословам и потомството твое ќе го умножам и преумножам како ѕвездите на небото и како песокта на морскиот брег а потомците твои ќе ги завладеат градовите на непријателите свои и ќе бидат благословени преку Потомството твое сите народи на земјата зашто го послуша гласот мој
1 Мој 26 (На Исак) И ќе го умножам потомството твое како ѕвездите на небото и ќе му ја дадам на потомството твое сета таа земја и ќе се благословат преку Потомството твое сите народи земни.
1 Мој 28 Јаков виде сон: Ете скала стои на земјата а со врвот допира до небото и Ангели Божји се качуваа по неа и слегуваа .. и тоа место Јаков го нарече Ветил, односно Дом Божји..
Јован 1 Од сега ќе го гледате небото отворено и Ангелите Божји како се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки
1 Мој 49 (Благословот на Јаков) Нема да недостасува кнез од Јуда и водач од бедрата негови се дури не дојде Оној кому му припаѓа власта и Он е надеж на народите. Тој го врзува за лоза оселот свој и прлето на неговата ослица за дебела прачка во вино ја пере облеката своја а во крв од грозје облеклото свое. Очите му се повесели од вино и забите му се побели од млеко.
2 Мој 12 Во една куќа треба да јадете, не оставајте за изутрина и не изнесувајте надвор од куќата и коски од жртвата да не кршите
4 Мој 24 (Валаам) Ќе му покажам но не сега, уште го сакам но не одблиску. Изгрева ѕвезда од Јаков и се издига довек од Израилот, Тој ќе ги поразува кнезовите Моавски и ќе ги заробува сите Ситови синови.

Исусовиот Ран Живот
Пс 71 Царевите на тарсис и островјаните дарови ќе му принесуваат и царевите на арабија и од саба дарови ќе му донесуваат
Михеј 5 И ти Витлееме Ефратов иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци од тебе ќе ни излезе Оној кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот од вечноста, затоа Он ќе ги остави до времето додека роди онаа која треба да роди..

Иса 7.14 Затоа самиот Господ ќе ви даде доказ. Ете Девица ќе зачне и ќе роди Син и ќе му го дадат Името Емануил. Тој ќе се храни со млеко и мед додека да се научи да го отфрла лошото и да го избира доброто (Мат 1)
Јер 31.15 Така вели Господ, глас се слуша во Рама, пискот и гоко плачење, Рахил плаче за децата свои и не сака да се утеши за нив оти ги нема (Мат 2)

Службата на Исус
Иса 61 Духот на Господ Бог е врз мене зашто Господ ме помаза за да им благовестувам на бедните, ме испрати да лекувам сокрушени по срце да им проповедам на заробените и на затворениците отварање на темницата, да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог. Да ги утешам сите оние што тагуваат, да им соопштам на оние што тагуваат на Сион дека ним место пепел ќе се даде украсување, место плачење елеј на радост, место опаднат дух славна одежда и ќе ги наречат силни со правда, градина на Господ за негова слава (Лук 4)
Пс 109  Му рече Господ на мојот Господ: Седи од мојата десна страна додека ги ставам непријателите твои во подножјето на нозете твои. Жезалот на твојата сила ќе ти го прати Господ од Сион, владеј меѓу непријателите свои .. Те родив уште пред да постои ѕвездата Деница .. Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.. (Лука 20)
Иса 9 Народот кој оди во темнина ќе види голема Светлина врз оние што живеат во земјата на смртната сенка ќе болсне Светлина .. Зашто Младенец ни се роди Син ни се даде, власта е на рамењата негови, и ќе го наречат, Советник Чудесен, Бог Силен, Татко Вечен, Кнез на мирот. Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давид и во царството негово за да го утврди Он и да го зацврсти преку суд и правда од сега па довека..
Пс 68 Бидејќи ревноста за твојот Дом ме јаде и подбивите на оние што те хулат паѓаат врз мене .. (ев Јован 2)
Пс 117 Нека е благословен Оној кој оди во Името на Господа, ве благословуваме од Домот Господов
Зах 9 Ликувај од радост ќерко Сионова извикувај ќерко Ерусалимска, Ете Царот твоој доаѓа при тебе, праведен и со спасувачка сила, кроток седнат на осле, рожба на ослицата.
Пс 2 И кнезовите се собираат заедно против Господ и неговиот Помазаник .. Јас го помазав Царот свој на Сион на мојата света гора .. Господ ми рече: Ти си Син мој, јас денес те родив .. почитувајте го Синот та да не се разгневи и на патот свој да не погинете, блажени се сите кои на Него се надеваат.

Страдањата на Христос
Пс 68.21 И ми дадоа жолчка да каснам и кога зажеднев со оцет ме напоија
Зах 11 И тие ми одредија плата 30 сребреници (Јуда) А Господ ми рече стави ги во црковната каса, тоа е висока цена со која ме оценија. И јас ги зедов тие 30 сребреници и ги фрлив во Домот Господов за Грнчарот.
Зах 12 А врз домоот Давидов и врз жителите Ерусалимски ќе излеам Дух на Благодат и милост и тие ќе погледнат на него кого тие го прободоа и ќе плачат за Него како што се плаче за единороден Син и ќе жалат како што се жали за првороден.
Пс 26 Не ме предавај на своеволноста на непријателите зашто востанаа против мене лажни сведоци и дишат злоба.
Пс 40 Дури и човекот кој беше во мир со мене и на кого се надевав кој јадеше мој леб ја крена ногата против мене
Пс 21 Боже мој Боже мој, почуј ме, зошто ме остави ..  Сите што ме гледаа ми се подбиваа нишајќи ги главите велеа: Тој се надеваше на Господ, нека го избави нека го спаси ако му е угоден .. ми ги пробија рацете и нозете ..  ги разделија меѓу себе алиштата мои и за облеката моја фрлија жреб..
Пс 108 Дните негови да бидат кратки

И
саија
53

Господe, Кој поверува на тоа, што го чул од нас и кому му се откри силата Господова? Зашто изникна Он пред него како младо дрвце и како стебленце од сува земја,нема во Него ни изглед, ниту величие,ние Го видовме, и во Него немаше изглед, што ќе не привлекува кон Него.Он беше презрен и понизен меѓу луѓето, маж на болки и свикнат на страдања, и ние го одвраќавме од Него лицето свое, Он беше презиран, и ние ништо не Го сметавме. Но Он ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости, а ние мислевме, дека Он беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога. А Он беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија,казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме. Сите ние бевме заблудени како овци, се отстрани секој од патот свој, и Господ ги возложи врз Него гревовите на сите нас. Он беше измачуван, но страдаше доброволно и устата Своја не ја отвараше,како овца Он беше одведен на колење,и како што е јагнето пред стрижачите свои безгласно, така и Он не ја отвори устата Своја. Он беше лишен од праведен суд, но родот Негов кој ќе го објасни? Зашто беше одземен од земјата на живите,заради беззаконијата на Мојот народ беше осуден на смрт. Му определија гроб со злодејци,но Он беше погребан кај богатиот, зашто не беше направил грев и во устата негова немаше лага. Но на Господа му беше угодно да Го понизи, и Го предаде на мачење, а кога душата Негова Му принесе милостива жртва, Он ќе види долговечно потомство, и вољата Господова ќе напредува преку Неговата рака. Ќе се зарадува поради трудот на душата Своја и ќе види светлина. Праведниот Слуга Мој ќе ги оправда мнозина и гревовите нивни врз Себе ќе ги понесе. Затоа Јас ќе Му дадам големо наследство, со силните плен ќе дели, зашто душата Своја на смрт ја предаде, и меѓу злодејци беше вброен и ги понесе брз Себе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник.



 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie