ОД СВЕТОТО ПИСМО - БИБЛИЈА
†
Жителите на земјата кои многу знаат ќе бидат
грабнати
†
Патот на вистината ќе се сокрие
†
Вселената ќе осиромаши од вера и ќе се умножи неправдата
†
Среде ноќ ќе огрее сонце месечината три пати преку денот
†
Од дрво крв ќе капе, камен ќе проговори
†
А мојот рог ти го вознесуваш како рог на
Еднорог
3
Кн Ездра
Зборовите на Господ за Последните Времиња
И за Смислата на Животот
5.. ете ќе настанат денови кога многумина
од жителите на земјата кои многу знаат ќе бидат грабнати и патот на вистината ќе
се сокрие и вселената ќе осиромаши од вера и ќе се умножи неправдата која сега
ја гледаш и за која од порано си слушал. И земјата која сега ја гледаш дека
царува ќе биде изложена на опустошување. Ако Севишниот ти даде да доживееш ќе
видиш дека веднаш по третата труба среде ноќ ќе огрее сонце, а месечината три
пати преку денот и од дрво крв ќе капе, камен ќе проговори и народите ќе се
раздвижат. Тогаш ќе царува оној кого жителите на земјата не го очекуваат а
птиците ќе прелетаат на други места. Содомското море ќе исфрли риби, ќе пушти
глас ноќно време за мнозина непознат но сите ќе го чујат гласот негов. На многу
места ќе има немири често ќе биде пуштан оган од небото, полските ѕверови ќе ги
сменат местата свои и нечисти жени ќе раѓаат чудовишта. Слатките води ќе станат
солени, сите пријатели ќе станат еден против друг, тогаш умот ќе се сокрие и
разумот ќе се повлече од своето пребивалиште. Многумина ќе го бараат но нема да
го најдат, на земјата ќе се намножат неправдата и невоздржливоста. Една земја ќе
ја прашува соседната: Дали низ тебе поминала правдата што човекот го прави
праведен? И таа ќе одговори дека не поминала. Луѓето тогаш ќе се надеваат и нема
да го добиат она што го сакаат, ќе се трудат но нивните патишта нема да се
исправат... 6.18 Еве настануваат денови кога јас ќе почнам да се приближувам за
да ги посетам жителите на земјата, кога ќе почнам да барам од оние кои преку
својата неправда предизвикаа неправедно голема штета и кога ќе се исполни
мерката на понижувањето на Сион. А кога ќе се обележи векот што ќе почне да
изминува еве ги знаците што ќе ги покажам: Книгите ќе се отворат пред лицето на
небесниот свод и сите заедно ќе видат и едногодишни деца ќе проговорат со своите
гласови а бремени жени ќе раѓаат тримесечни и четиримесечни недоносенчиња кои ќе
останат живи и ќе зајакнат, посеани ниви одеднаш ќе се покажат како непосеани и
полни житници ќе бидат одеднаш празни потоа силно ќе затруби труба и кога ќе ја
чујат сите веднаш ќе се уплашат. Тогаш пријатели ќе се вооружуваат против
пријатели како непријатели, страв ќе ја опфати земјата заедно со нејзините
жители, а жилите на сите извори ќе престанат и нема да течат. Секој кој по сето
ова што ти го претскажувам ќе остане жив ќе се спаси и ќе го види моето спасение
и крајот на вашиот век. И ќе видат избраните луѓе кои не доживеале смрт од
своето раѓање, ќе се измени срцето на живите и ќе се претвори во друго чуство
зашто злото ќе се уништи и лукавството ќе исчезне, верата ќе расцути,
расипаноста ќе биде победена, ќе се појави вистината која толку време остануваше
без плод.. 7.26 Еве ќе дојде време кога ќе се јават знаците што ти ги претскажав
и ќе се јави невестата а со појавувањето свое ќе се покаже сокривана сега од
земјата. И секој кој ќе се избави од наброените понапред зла самиот ќе ги види
моите чудеса зашто ќе се јави мојот Син Исус заедно со оние што се со него и
другите ќе се насладуваат 400 год. И по три години ќе умре мојот Син Христос и
сите луѓе што дишат и ќе се врати светот во старото молчење седум дена како што
беше понапред така што никој нема да остане. А по седумте дена ќе се разбуди
заспаниот свет и лошите ќе умрат, земјата ќе ги врати оние што спијат во неа и
правот на оние што молчаливо престојувале во него а сокровишниците ќе ги вратат
душите што им се доверени. Тоа ќе го објави Севишниот од судскиот престол, ќе
изминат невољите и ќе се исцрпи долготрпеливоста. Само еден суд ќе остане:
вистината ќе се утврди верата ќе закрепне. Потоа ќе дојде делото, ќе се открие
отплатата, ќе се издигне правдата, ќе престане владеењето на неправдата. Јас
реков Авраам прв се молеше.. Сегашниот век не е крајот, во него често нема
слава, затоа се молеле за немошните. А судниот ден ќе биде крајот на тоа време и
почеток на времето на идната бесмртност, кога ќе премине распаѓањето, ќе
престане невоздржливоста, ќе се пресече неверувањето, ќе се издигне правдата и
ќе болсне вистината. Тогаш никој не ќе може да го избави загинатиот ниту ќе може
да го погуби оној што победил.. 8.46 Сегашното е за сегашните а идното за
идните. Ти недостасува многу за да можеш да го сакаш моето создание повеќе од
мене иако често сум се доближувал до тебе, и никогаш до неправедните. Но и по
тоа ти си прекрасен пред Севишниот затоа што си се смирил како што ти прилега и
не си мислел на себе си така за да те слават меѓу праведниците. Многу и тешки
невољи ќе ги постигнат во последно време оние што го населуваат овој свет зашто
се однесуваа многу горделиво. А ти грижи се за себе си и барај слава за оние што
се слични на тебе, зашто за вас е отворен рајот насадено е дрвото на животот,
предназначено е идното време, изобилството е подготвено, градот е изграден,
живеалиштата се приготвени - совршената добрина и совршената премудрост. Коренот
на злото е запечатен за вас, слабоста и гниењето се сокриени од вас и
расипаноста бега во адот за да биде заборавена. Изминаа болестите и на крајот се
покажа тајната на бесмртноста. Не труди се повеќе и не испитувај колкаво е
множеството на оние што загинуваат зашто откако добиа слобода тие го презреа
Севишниот, законот негов го занемарија и ги оставија неговите патишта а и
неговите праведници ги изгазија и во срцето свое си велеа `Нема Бог` иако знаеа
дека се смртни. Како вас што ве очекува она за кое пред малку се кажа така и нив
ги чека жед и маки кои се приготвени. Бог не сакаше да го погуби човекот но и
самите созданија го освернија Името на Оној кој ги создал и се покажаа
неблагодарни кон Оној што им приготвил живот. Затоа судот мој сега наближува.
Ова не сум им го открил на сите а само на малкумина слични на тебе.. 9 Кога го
мериш времето мери го во себе си, и кога ќе видиш изминал еден дел од веќе
посочените знаци тогаш ќе разбереш дека е тоа точно време кога Севишниот ќе
почне да ги посетува своите созданија од неговиот свет. Кога во светот ќе се
појават земјотреси, бунтови кај народите тогаш ќе разбереш дека за тоа говорел
Севишниот уште во деновите пред тебе во почетокот. Како се што е создадено во
светот има свој почеток и крај така и свршетокот бива јавен, така и времињата на
Севишниот имаат почеток кој се открива преку чудеса и сили и крај кој се
појавува преку дејства и знаци. Секој што ќе спаси и успее преку своите дела и
верата во која верувате да избегне од гореспоменатите зла ќе остане и ќе го види
спасението од мене во мојата земја и во моите предели кои сум ги осветил уште
пред вековите. Тогаш ќе зажалат оние кои отстапиле сега од моите патишта и оние
што ги отфлиле со презир, тие ќе бидат во маки. Оние кои во животот добиваат
добрини а не ме познаа, го пренебрегнуваа мојот закон, не го разбраа туку го
презреа кога беа уште слободни и кога им беше уште отворено место за покајание,
тие ќе ме познаат по својата смрт во маките. Тие не беа повеќе љубопитни за тоа
како ќе се спасат непобожните, туку испитуваа како и кога ќе се спасат
праведните на кои им припаѓа и заради кои постои светот.. Каква е нивата такво е
и семето, какви се цвеќињата такви се и шарките, каков е работникот таква му е и
работата, каков е земјоделецот такво е обратувањето, зашто тогаш беше времето на
векот. Кога го приготвував светот пред да биде живеалиште на оние што сега
живеат во него тогаш никој не ми се протистави, а сега кога овој свет беше
создаден обичаите на создадените се расипаа при богата жетва и неиспитан закон.
Јас го разгледав светот, и ете се покажа опасност од замисли кои се појавиа во
него. Го видов и го поштедив, запазив за себеси едно зрно од гроздот и еден од
многуте садови. Нека загине множеството што се родило попусто, нека се запазат
моето зрно и мојот сад кои ги одгледав со голем труд..
Псалм 91
Ти си Господи Севишен Секогаш
Зашто еве непријателите твои Господи ќе пропаднат
И ќе ги растурат сите што вршат беззаконија
А мојот рог ти го вознесуваш како рог на
Еднорог
И староста моја со елеј се помазува
И окото мое ги погледна непријателите мои
И увото мое ќе чуе за побунетите против мене беззаконици
4
Мој
23
Бог не е човек та да се колеба
Ниту е син човечки па да се изменува
Што ќе каже, па да не го изврши
Или што ќе рече, па да не биде така?
Ете доведен сум да благословувам
Ќе благословувам и никако инаку
Не се гледа мака во Јаков
И Не се забележува ни болест кај Израилот
Господ Бог е со него
И тој има Слава Царска
Бог го изведе од Египет
Тој е брз како
Еднорог
4
Мој
24
Колку се убави домовите твои Јакове
И Живеалиштата твои о Израиле
Тие се распростираат како дубрави со сенки
Како градини крај река
Како куќи што ги издигнал Господ
Како кедри крај Води
Од семето негово ќе излезе човек
И ќе завладее многу народи
И царството негово ќе се возвиси
Погоре од Царството на Гог
И ќе се преувеличи
Бог го изведе од Египет
Тој е брз како
Еднорог
Ќе ги голтне
непријателски расположените народи кон него
Ќе им ги скрши коските нивни
И со стрелите свои ќе го порази непријателот
Легнал тој како лав и како лавче
Кој ќе го разбуди?
Благословен да биде оној што те благословува
И проклет оној кој те проколнува
† Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie