Од Светото Писмо - Библија
†
Кажи им на сите видови птици и на сите
ѕверови полски
†
И ќе му судам преку помор и
крвопролевање
†
Ќе ги јадете телата на синовите и на ќерките ваши
†
Земјата ќе се награди за своите саботи
Јас сум Господ
3 Мој 26
Не правете ракотворни образи ни делкани и не издигајте столб и не
поставувајте во земјата камења со знаци, за да не им се клањате зошто јас сум
Господ вашиот Бог. Пазете ги моите Саботи и Плашете се од моите Светињи. Јас
сум Господ.
Ако постапувате според моите заповеди и ги
запазувате моите наредби и ги исполнувате
Ќе ви дадам дожд во свое
време и земјата ќе го даде родот свој и дрвјата полски ќе го дадат својот плод и
вршидбата ќе трае кај вас до гроздоберот, гроздоберот ќе трае до сеидбата и ќе
го јадете својот леб до наситување и ќе се населите на земјата ваша со сигурност
и војна нема да мине по целата ваша земја. Ќе и дадам мир на земјата ваша.
Ќе спиете и никој нема да ве вознемирува.
Ќе
ги истребам лутите ѕверови од земјата ваша. Војна нема да мине преку вашата
земја. Па ќе ги гоните непријателите ваши и од меч ќе паднат убиени пред вас.
Петмина од вас ќе прогонуваат сто души и стотина од вас ќе прогонуваат илјадници
и непријателите ваши ќе паднат од меч пред вас. Ќе погледнам на вас и ќе ве
благословам. Ќе ве расплодам плодни, ќе ве умножам и ќе го поставам заветот мој
со вас. И додека јадете од старото и од постароток, старото ќе го исфрлите
поради новото. Ќе ја поставам скинијата моја меѓу вас и душата моја нема да се
гнаси и одвраќа од вас. Ќе се движам меѓу вас и ќе бидам ваш Бог а вие ќе бидете
мој народ. Јас сум Господ Бог ваш кој ве изведе од Египетската земја каде што
бевте таму робови и ги скршив врските на јаремот ваш и ве изведов охрабрени.
Ако не ме слушате и не ги исполнувате овие
мој заповеди и не им се покорувате и ако душата ваша негодува од моите закони и
со тоа нема да ги исполнувате сите мои заповеди за да го нарушите заветот мој,
тогаш и јас ќе постапам со вас вака.
Ќе ви пратам оскудност, красти и жолтица од
кои ќе ослабат очите ваши и ќе се измачува душата ваша па ќе сеете семе залудно
зашто непријателите ваши ќе го јадат. Ќе го свртам лицето мое против вас и ќе
паднете пред непријателите ваши. Над вас ќе владеат непријателите ваши и ќе
бегате дури и кога никој не ве гони. Ако и покрај сето ова не ме послушате седум
пати ќе ја зголемам казната за гревовите ваши. Ќе ја скршам вашата тврдоглавост.
Ќе го направам небото ваше како железо и земјата ваша како бакар. Па залудно ќе
се истоштува силата ваша и земјата ваша нема да го дава својот род и дрвјата на
земјата ваша нема да раѓаат плодови свои. Ако и потоа тргнете настрана и не
сакате да ме слушате ќе ви нанесам седумкратни удари поради вашите гревови. Ќе
испратам против вас лути земни ѕверови кои ќе ве изедат, ќе го уништат добитокот
ваш и ќе ве намалат така што ќе запустат патиштата ваши. Ако и потоа не се
поправите и тргнете против мене тогаш и јас ќе тргнам против вас со јарост и ќе
ве поразам седумкратно за гревовите ваши. И ќе испратам против вас одмаздувачки
меч за одмазда поради заветот. Ако избегате по градовите ваши ќе испратам на вас
помор и ќе бидете предадени во рацете на непријателот. Ќе оскудувате за леб.
Десет жени ќе го печат лебот ваш во една печка и ќе ви даваат леб со мерка. Ќе
јадете и нема да се наситите. Ако и покрај сево ова не ме послушате и тргнете
против мене и јас ќе тргнам против вас со гнев и седумкратно ќе ве казнам според
гревовите ваши и
ќе ги јадете телата на синовите свои
и телата на ќерките ваши ќе ги јадете. Ќе ги разрушам жртвениците
ваши, ќе ги разрушам ракотворните столбови ваши и ќе ги фрлам труповите ваши врз
урнатините на идолите ваши и душата моја ќе се одврати од вас. Гревовите ваши ќе
ги претворам во пустињи и ќе ги опустошам Светињите ваши и нема да примам
благопријатен мирис од жртвите ваши. Ќе ја запустам земјата ваша така што ќе се
чудат над неа непријателите ваши што ќе живеат во неа. Вас ќе ве растурам помеѓу
народите и ќе ве истреби мечот што ќе дојде. Земјата ваша ќе биде пуста и
гревовите ваши разрушени.
Тогаш земјата ќе се награди
за своите саботи преку сите денови додека биде пуста. А вие ќе бидете
во земјата на непријателите ваши.
Земјата ќе си
почива и ќе се награди за своите Саботи. Таа ќе почива за сето време додека ќе
биде пуста, што не почиваше за сите Саботи ваши кога живеевте во неа.
А на оние од вас што ќе останат ќе им всадам страв во срцата во земјата на
непријателите нивни па и шумот од развеан лист ќе ги прогонува. Ќе бегаат како
од меч и ќе паѓаат кога и никој не ги гони. Тие ќе се сопнат еден преку друг
како кога се бега од Меч иако никој не ги прогонува. Не ќе имате сила да им се
спротивставувате на непријателите ваши. Ќе загинете меѓу народите и ќе ве
проголта земјата на непријателите ваши. А другите од вас ќе истлеат поради
беззаконијата свои во земјите на непријателите ваши и поради беззаконијата на
татковците ваши ќе исчезнат.
Тогаш ќе ги исповедаат беззаконијата свои и беззаконијата на татковците свои
заради тоа што ме презреа, престапија и станаа против мене. Поради кое и јас ќе
станам со јарост против нив и ќе ги погубам во земјата на непријателите нивни.
Тогаш ќе ги засрами нивното необрезано срце и тогаш ќе се сетат за гревовите
свои. И јас ќе си спомнам за заветот мој со Јаков и на заветот мој со Исак и на
заветот мој со Авраам и на земјата ќе се сетам и земјата ќе биде напуштена од
нив и земјата ќе се награди за своите Саботи одкако ќе биде испразнета од нив и
тие ќе ја добиат својата казна за беззаконијата свои затоа што ги презреа
законите мои и душата нивна негодува поради наредбите мои. Но кога тие ќе бидат
во земјата на непријателите свои јас нема да ги презрам и нема да се налутам на
нив толку за да ги истребам и да го растурам мојот завето со нив зашто јас сум
Господ Бог нивни. Ќе се сетам на заветот прв кога ги изведов од египетската
земја, од домот на робството пред очите на народите за да им бидам Бог.
Ја
сум Господ.
Језекил 38
& 39
Еве јас сум против тебе Гог кнез на Рош Месех и
Тувал. Ќе те вратам и ќе ставам алка на твојата челуст, ќе те изведам тебе и
сета твоја војска, коњите и коњаниците, сите храбри јунцаци, многубројни
борци во оклопи и со штитови, сите вооружени со мечеви. Персијанците,
Етиопите и Либијците со нив сите со штитови и со шлемови. Гомер со сите
чети, домот на Гарма од северните предели со сите негови чети, многу народи
со тебе. Готви се и приготви се, ти и сите твои чети собрани при тебе и биди
им водач. По многу денови ти ќе бидеш посетен, во последните години ќе
дојдеш во земја избавена од меч, собрана меѓу многу народи на Израилевите
планини кои беа долго време запустени, но сега жителите нејзини ќе бидат
повратени од кај народите и сите тие ќе живеат спокојно. Па ќе се кренеш
како бура ќе тргнеш како црн облак за да ја покриеш земјата ти и сите твои
чети и многу народи со тебе. Така вели Господ Бог. Во оној ден ќе ти дојдат
на срцето мисли и ти ќе помослиш да направиш нешто лошо. И ќе речеш: Ќе се
кренам против неоградена земја, ќе појдам против мирните кои живеат
безгрижно, сите тие живеат без ѕидови и при нив нема ни резиња ни порти, за
да грабаш и да насобереш плен, да ставиш рака врз одново населените урнатини
и врз народ собран од кај народите што се занимаваа со стопанство и трговија
кои живее во папокот на земјата. Сава и Дедан и Тарсиските трговци со сите
нивни млади лавови ќе ти речат: Ти дојде да извршиш грабеж, ја собра твојата
војска за да земеш плен, да земеш сребро и злато да одземеш добиток и имот,
да зграбиш голем плен. Затоа изречи пророштво, сине човечки, кажи му на Гог,
вака вели Господ Бог: Па зар не ти е познато дека во оној ден народот мој,
Израилот ќе заживее во мир? И ќе тргнеш од твоето место од северните предели
ти и многу народи со тебе сите на коњи, голем собир и многубројна војска. И
ќе се кренеш против мојот народ, против Израилот како црн облак за да ја
покриеш земјата, тоа се ќе биде во последните денови и Јас ќе те доведам во
мојата земја, та народите да ме познаат кога ќе се појавам над тебе Гог,
мојата светост пред очите нивни. Така вели Господ Бог. Не си ли ти оној за
кого зборував во дамнешните дни преку моите слуги, пророците Израилеви кои
пророкуваат тогаш дека Јас ќе те доведам против нив? Во оној ден кога ќе
дојде Гог против Израилевата земја, вели Господ Бог, мојот гнев ќе пламне во
мојата јарост. И во мојата ревност во огнот на моето негодување Јас реков:
Навистина во оној ден ќе настане голем потрес во земјата Израилева. И од
лицето мое ќе затреперат рибите морски и птиците небески и ѕверовите полски
и се што се влече и лази по земјата и сите луѓе што се наоѓаат на земјата,
ќе се соборат планини ќе попаѓаат карпи и сите ѕидови ќе паднат на земја. И
по сите мои планини ќе повикам меч против него, вели Господ Бог. Мечот на
секој човек ќе биде против братот негов.
И ќе му
судам преку помор и крвопролевање, ќе излеам врз него и војските негови и
врз многуте народи што се со него силен дожд и град како камења, огин и
сулфур. Ќе го покажам моето величие и мојата светост и ќе се појавам
пред очите на многу народи и тие ќе познаат дека Јас сум Господ.
39* Ти сине
човечки изречи пророштво против Гог и кажи: Вака вели Господ Бог: Еве Јас
сум против тебе, Гог кнез на Рож Месех и Тувал. Ќе те вратам и ќе те
поведам, ќе те изведам од северните предели и ќе те доведам на планините
Израилеви. Ќе го исфрлам лакот од твојата лева рака и ќе ти ги исфрлам
стрелите од твојата десна рака. Ќе паднеш на Израилевите планини ти и твоите
полкови и народите што ќе бидат со тебе, ќе дозволам да те изедат секакви
грабливи птици и ѕверови полски. Ќе паднеш на откриено поле оти јас го реков
тоа, вели Господ Бог и ќе испратам огин врз земјата Магог и врз жителите на
островите кои живеат безгрижно па ќе познаат дека јас сум Господ. Ќе го
покажам своето свето Име меѓу мојот народ Израилот и нема веќе да дозволам
во иднина да се обеславува моето Име Свето, па ќе познаат народите дека Јас
сум Господ, Светецот Израилев. Ете тоа ќе дојде и ќе се збидне вели Господ
Бог, тоа е денот за кој ви зборував. Тогаш жителите на градовите Израилеви
ќе излезат, ќе запалат огин и ќе го изгорат оружјето, штитовите и железните
ризници, лаковите и стрелите, боздоганите и копјата, седум години ќе ги
горат. И нема да носат дрва од полето ниту ќе сечат од горите туку ќе го
горат само оружјето, ќе ги ограбат своите грабители и ќе ги оберат своите
обирачи, вели Господ Бог. Во тој ден ќе му дадам на Гог место за гробница
при Израилот во долината на патниците источно од морето и таа таму ќе ги
задржува патниците. Таму ќе го погребуваат Гог и сета негова војска а ќе ја
наречат, Долината На Гоговиот Народ. Домот Израилев ќе ги погребува седум
месеци за да ја очисти земјата. И сиот народ од земјата ќе ги погребува и за
нив тој ден ќе биде знаменит во кој себе ќе се прославам, вели Господ Бог. И
ќе определат луѓе кои постојано ќе го обиколуваат пределот и со помош на
патниците да се погребуваат другите по лицето земјино, за да ја очистат по
седум месеци тие ќе почнат да бараат. И кога некои од оние што ќе минува по
земјата ќе види човечка коска ќе стави до неа знак додека погребувачите не
ја закопаат во долината на Гоговата Војска. Името на градот ќе му биде
Хамона (Народ). Така ќе го очистат тие пределот. А ти сине човечки, така
вели Господ,
Кажи им на сите видови птици и на сите
ѕверови полски.
Соберете
се и дојдете, побрзајте од сите краишта кон мојата жртва што јас ќе ја
заколам за вас кон големата жртва на планините Израилеви, ќе јадете месо и
ќе пиете крв,
месо од силни мажи ќе јадете и
ќе пиете крв од кнезови земни, од овни од
јагниња, од козли и од телиња, сите тие се згоени во Васан, ќе јадете мрс до
наситување и ќе пиете крв до опивање од мојата жртва што Јас ќе ја заколам
за вас. И на мојата трпеза ќе се наситите на коњи и коњаници на мажи
силни на секаков вид воени лица, вели Господ Бог. Ќе ја покажам Славата
Своја меѓу народите и сите народи ќе го видат мојот суд што Јас ќе го одржам
и мојата рака што Јас ќе ја кренам врз нив. И ќе узнае домот Израилев дека
Јас сум Господ Бог нивни од денес и натаму. Ќе познаат народите дека домот
Израилев беше преселен поради својата неправда оти тие постапија вероломно
пред мене, Јас го сокрив од нив Лицето мое и ги предадов во рацете на
непријателите нивни и тие сите паднаа од меч. Поради нечистотиите нивни и
поради гревовите нивни Јас го направив тоа со нив и го сокрив од нив Лицето
мое...
† Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie