Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

а


 
ОД СВЕТОТО ПИСМО - БИБЛИЈА

Јас сум Господ

 Синаи

19* Бог му кажа на Мојсеј: Кажи му на домот Јаковов и извести ги синовите Израилеви: Сами видовте што им направив на Египјаните и како ве изнесов, како на крилја орлови и ве приведов при себе, па сега ако го слушате гласот мој и го пазите заветот мој ќе ми бидете народ избран меѓу сите народи, зашто моја е целата земја, и вие ќе ми бидете царство на свештеници и народ свет. Еве јас ќе дојдам кај тебе во столб од облак за да чуе народот како ќе зборам со тебе па да ти поверува засекогаш. Слези од гората при народот и објасни им и очисти го денес и утре и нека ги исперат облеките свои и нека се приготват за третиот ден зашто во третиот ден ќе се симне Господ на гората Синајска пред целиот народ, а ќе поставиш граници за целиот народ од сите страни и ќе им кажеш: Пазете да не се качувате на планината и да не се допирате до подножјето нејзино, секој кој ќе се допре до гората ќе биде предаден на смрт, никаква рака да не се допре до неа, туку со камења да биде убиен или со стрела да биде застрелан, добиток или човек, жив да не остане, а кога трубата ќе затруби растегнато, кога облакот ќе се крене од планината, тогаш ќе можат да се качат на гората М: Бидете готови и за три денови не се доближувајте до жените. Б: Слези и кажи му на народот да не навалува за да го види Господ па да не изгинат многу од нив, а свештениците кои му пристапуваат на Господ Бог нека се осветат, за да не ги погуби Господ.

20* Јас сум Господ Бог твој кој те изведе од земјата Египетска од домот на робството, немој да имаш други Богови освен мене. Не прави за себе идол ниту било каква слика на она што е горе на небото, што е доле на земјата и што е во водата под земјата, немој да им се клањаш ниту да им служиш, оти јас сум Господ Бог твој, Бог ревносен, кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено на оние кои ме мразат, кој покажува милост на илјадници кои ме сакаат и ги пазат заповедите мои. Не изговарај го напразно името на Господ твојот Бог, бидејќи Господ нема да го остави неказнет оној кој напразно ќе го изговори Името негово. Памти го денот Сабота, за да го празнуваш, шест дена работи и заврши ги во нив сите работи свои, а седмиот ден е Сабота Господова на твојот Бог, тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти ни синот твој ни ќерката твоја ни слугата твој ни слугинката твоја ни волот твој ни ослето твое ни придојдениот кој се наоѓа кај тебе, оти за шест дена ги создаде Господ небото и земјата морето и се што е во нив, а во седмиот ден се одмори. Заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети. Почитувај ги таткото свој и мајката своја за да ти биде добро и да поживееш подолго на земјата што ти ја дава Господ твојот Бог. Не убивај. Не врши прељуба. Не кради. Не сведочи лажно против својот ближен. Не посакувај ја жената на ближниот свој, не посакувај го домот на ближниот свој ниту нивата негова ни слугата негов ни слугинката негова ни волот негов ни ослето негово ни секаков добиток ниту нешто друго кое е на ближниот твој. Вие видовте како јас зборував со вас од небото, не правете си сами богови сребрени ни богови златни не правете сами за себе. Направете ми жртвеник од земја и на него принесувајте ми жртви сепаленици и жртви спасителни, овци и јунци ваши, на секое место каде што ќе определам да се споменува Името мое, ќе дојдам кај тебе и ќе те благословам. Ако ми направиш жртвеник од камен, немој да го ѕидаш со делкан камен, зашто штом ќе повлечеш по него со сечиво ќе го оскверниш. И да не се качуваш по стапалата до жртвеникот мој за да не се открие на него голотијата твоја

21*
Ако купиш роб евреин, шест години нека ти служи а седмата нека си оди слободен без откуп. Ако дошол сам сам нека си оди, а ако има жена нека оди и жената со него. Ако неговиот господар му дал жена и таа му родила синови и ќерки, жената и децата нека останат на господарот негов а тој нека си оди сам но ако робот одговарајќи рече `Го сакам господарот мој, жената моја и децата мои, не сакам да одам да бидам слободен` тогаш таквиот господарот негов нека го доведе пред судот Божји и нека го постави пред вратата или на прагот и таму господарот негов да му го дупне увото со игла па да му остане вечен роб. Ако некој ја продаде ќерката своја за робинка, таа да не си оди како што одат робинките. Ако не му се допадне на господарот нејзин за која ветил дека ќе ја земе за него нека ја одпушти. Но нема право господарот да ја продаде на туѓ народ, кога сам ја одфрлил. А ако ја свршил за синот свој, нека и го даде правото што го имаат ќерките. Ако земе друга за себе, првата не смее да ја лиши од храна облека и брачна должност. Не и направи ли една од овие три работи, тогаш нека си оди од него дарум без откуп. Кој ќе удри човек и тој умре, со смрт да се казни. Но ако тоа не го направи намерно а Бог допуштил да падне во негови раце тогаш ќе ти определам место каде што може да побегне убиецот. А ако некој намерно го нападне својот ближен со цел да го убие на измама и се засолни при жртвеникот мој, одвлечи го од жртвеникот мој, и да умре. Кој ќе го удри таткото или мајката да се погуби. Кој го злоставува таткото или мајката со смрт да се казни. Ако некој украде некого од синовите израилеви и го продаде или се најде во негови раце одкако го заробил, со смрт да заврши. Кога двајца мажи се скараат па еден од нив удри друг со камен или со тупаница но тој не умре туку легне во постела па кога ќе стане макар и со стап да се потпира, на оној што удрил нека му е простено. Само времето што го изгубил да му го надомести и за лекувањето да плати. А кој ќе удри роб свој или робинка своја со стап и тие умрат од неговата рака нека биде виновен пред судот, но ако тие преживеат ден или два да не е виновен бидејќи тие се негов имот. Кога луѓето се тепаат а некој од нив удри бремена жена така што таа пометне но не дојде до смрт, да плати пари колку ќе определи мажот на жената и колку што ќе дозволи судот. А ако плодот бил оформен тогаш нека се даде живот за живот, око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога, изгоретина за изгоретина, рана за рана, повреда за повреда. Ако некој го удри робот свој во окото или робинката своја во окото и го ослепи, да ги пушти на слобода заради окото, или ако му скрши заб на робот свој или на робинката своја, да ги пушти на слобода заради забот. Ако вол убоде маж или жена па умре, волот да се убие со камења и месото од него да не се јаде, но господарот на волот нема да биде виновен. Но ако волот бил и порано бодлив а господарот негов знаел за тоа и не го пазел па убие маж или жена, волот да се убие со камења и господарот негов заедно со него да се предаде на смрт. А ако му се наложи откуп за животот свој нека плати откуп колку што ќе му се определи. Син ли прободе или ќерка, со него да се постапи според истиот закон. Прободе ли волот роб или робинка, тогаш на господарот нивни да му се платат 30 сикли сребро а волот да се убие со камења. Ако некој открие јама или ископа јама и не ја покрие и падне во неа јунец или осел, сопственикот на јамата треба да ги надомести. На господарот ќе му даде сребро а трупот тогаш ќе биде негов. Кога нечиј вол смртно убоде вол на друг човек и тој умре, тогаш да го продадат волот жив и парите да ги поделат. А исто така да го поделат и убиениот вол. Ако се знаело од порано дека волот бил бодлив и му е кажано на господарот негов а тој не го пазел, да даде вол за вол а убиениот нека му остане нему 22* Ако некој украде јунец или овца и ја заколе или продаде да даде пет јунци за еден јунец и четири овци за една овца. Ако се фати крадец како влегува и ранет умре, тоа не се смета за убиство. Но ако сонцето веќе се појавило над него виновен е за крв. Крадецот штетата мора да ја надомести, а ако нема ништо тогаш тој треба да биде продаден за својата кражба. Ако кај фатениот се најде она што го украл во неговата рака живо, било осел или овца, да го врати двојно. Ако некој уништи нива или лозје пуштајќи го добитокот свој да пасе во туѓа нива, да ја надомести штетата за целата нива, да надомести со најдоброто од својата нива и најдоброто од своето лозје според плодот од својата нива, ако ја уништи. Ако се појави огин па тој го зафати трњето и се запали гумното или класјето или нивата, тогаш оној кој го предизвикал пожарот да плати. Кога некој му даде на ближниот свој пари или предмети на чување и тие бидат украдени од домот негов, крадецот ако се фати ќе плати двојно, во случај крадецот да не се фати тоаш сопственикот на куќата нека се јави пред Бог па нека се заколне дека тој не посегнал врз имотот на ближниот. За секоја изречена неправда за јунец осел овца облека, за секој изгубен предмет за кој некој рече дека е негов, нивниот спор треба да дојде пред Бог, па кого ќе го осуди Бог, тој нека му плати на ближниот двојно. Ако некој му даде на чување на ближниот осел или јунец или овца или некој друг добиток и тој добиток е повреден или загине или биде запленет а никој не го види тогаш меѓу нив нека одлучи клетва пред Господ дека оној не посегнал врз имотот на својот ближен и ако сопственикот така го прими не се надоместува, а ако пак му биде украден тогаш нека му плати на сопственикот негов. А ако е изеден од ѕверка да донесе доказ за тоа и да не плаќа ништо. Ако некој од ближниот добие на услуга жививинче а тоа загине или е повредено или изгубено а сопственикот не бил со него ќе мора да се плати. Но ако сопственикот биде со него да не плаќа. Ако бил момок да плати само со наемот. Кој измамил несвршена девојка и биде со неа да ја дарува и да ја земе за жена, а ако таткото нејзин одбие и не сака да му ја даде да одмери сребро на таткото колку што следува за мираз на девојката. Вражачи да не оставате живи. Кој ќе има однос со добиток, со смрт да се казни. Кој принесува жртви на други богови освен на Едниот Господ, со смрт да се истреби. На придојден немој да му правиш неправда ниту да го угнетуваш зашто и вие бевте придојдени во земјата Египетска. Не навредувајте ни вдовици ни сираци. Ако ги навредиш и тие негодувајќи се обрнат кон мене ќе го чујам повикот нивни и ќе се распали гневот мој па со меч ќе ве убијам и жените ваши ќе останат вдовици и децата ваши сираци. Кога на заем ќе дадеш пари на некој сиромашен брат што е при тебе не присилувај го и не наложувај му лихва. Ако земеш во залог облека од пријателот твој, врати му ја до зајдисонце, оти таа му е покривка, таа му е едина облека на телото негово. Со што ќе спие? И кога ќе повика кон мене јас ќе го чујам бидејќи сум милостив. Немој да ги злоставуваш судиите ни за старешините на твојот народ да не зборуваш лошо. Не воздржувај се да ги принесеш првите плодови од жетвата и лозјето. Дај ми ги првородените од синовите твои, така и со јунецот твој и со овцата твоја и со оселот твој. Седум дена нека бидат при мајката своја а во осмиот ден дај ми ги мене. И ќе ми бидете свет народ, затоа и месо од растргнато животно да не јадете, фрлајте им го на кучињата 23* Не шири лажни изјави, не мешај се со неправедни за да сведочиш криво. Не оди со мнозинството на зло и не согласувај се со мнозинството против правдата поведувајќи се по мнозинството. На сиромавиот во неговиот спор не гледај дека е сиромав. Ако сретнеш вол на непријателот или осел заскитан, одведи го кај него. Ако видиш дека на непријателот твој му паднал оселот под товарот негов, немој да го одминуваш, но да му помогнеш да се крене со него. Немој да ја извртуваш правдата на сиромавиот твој во спорот негов. Одалечувај се од неправда и не убивај невин и праведен бидејќи јас нема да го оправдам беззаконикот. Не земај мито, зашто подароците ги заслепуваат очите на оние што гледаат и ги извртуваат делата на праведните. Не навредувајте и не вознемирувајте придојден. Вие знаете каква му е душата на придојдениот оти сами бевте придојдени во земјата Египет. Шест години да ја сееш земјата твоја и собирај ги плодовите нејзини а седмата остави ја да се одмори за да се хранат сиромасите на твојот народ а со она што ќе остане по нив нека се хранат ѕверовите полски, така прави и со лозјето твое и со маслинарникот твој. Шест дена врши ги работите свои а во седмиот ден одмори се за да здивне волот твој и ослето твое а и да се одмори синот на робинката твоја како и придојдениот. Пазете го сето она што ви го кажав. Не споменувајте ги имињата на туѓите богови, ова да не се чуе од устата ваша. Три пати годишно прославувај ме со празник. Пази го празникот `Безквасници`, седум дена јади бесквасни лебови како што ти заповедав во определено време во месецот авив (Март Април) зашто во тој месец си излегол од Египет, да не се јавуваш пред мене празен. Прославувај го `Празникот на Жетвата` (Празник на Неделите Мај, Јуни) од првите плодови од твојот труд што си ги посеал на нивата твоја. Прославувај го празникот на `Собирањето Плодови` (Празник на Шатори, Сеници, Септ. Окт.) на крајот од секоја година кога го собираш трудот свој од нивите твои. Три пати преку годината сите твои од машки пол треба да се јавуваат пред Господ твојот Бог. Крвта од жртвата моја да не се излива врз леб со квас, и месото од мојата празнична жртва да не се остава до изутрина, кога ќе ги истераш незнабожците од пред тебе и ги прошириш пределите свои. Првите плодови од жетвата на земјата твоја принесувај ги во домот на Господ твојот Бог. Немој да вариш јагне во млеко од мајката негова. Еве јас го праќам пред тебе Ангелот мој за да те пази по патот и да те воведе во земјата што сум ти ја приготвил. Пази се и послушај го и не противи му се, оти и он нема нема да ви го прости гревот бидејќи Името мое е во него. Ако го послушаш гласот мој и извршуваш се што ќе ти заповедам и го пазиш заветот мој ќе ми бидете избран народ меѓу сите народи. Моја е целата земја а вие ќе ми бидете царско свештенство и народ свет. Овие зборови да им ги кажеш на синовите Левиеви, Свештениците. И ако го послушате гласот мој и ако го извршувате се она што ќе ви речам ќе им бидам непријател на непријателите твои и противник на противниците твои. Кога Ангелот мој ќе појде пред тебе и те одведе во земјата на Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Хананејците, Гергесејците, Евејците и Јевусејците и Јас ќе ги истребам пред лицето ваше. Немој да им се клањаш на боговите нивни ни да им служиш ни да правиш што тие прават туку урни ги, и ликовите нивни уништи ги. Служи му на Господ твојот Бог па ќе го благословам лебот твој и виното твое и водата твоја и ќе одстранам од вас секакви болести. Бездетни и неплодни нема да има во земјата твоја а ќе направам бројот на деновите твои да бидат полни. И ќе го пуштам ужасот мој што те води и ќе го уплашам секој народ на кој ќе наидеш и ќе ги свртам кон тебе грбовите на сите непријатели твои. Ќе пратам пред тебе и стршлени и ќе ги изгонам Аморејците ... Нема да ги истерам пред тебе за една година, за да не се запусти земјата и ѕверовите полски да не се размножат против тебе. Малку по малку ќе ги изгонувам пред тебе дедека не се намножиш и не завладееш со земјата. И ќе ти ја поставам границата твоја од Црвеното до Филистејското море и од Пустината до големата река Еуфрат и ќе ви ги предадам во рацете оние кои живеат во таа земја за да ги истераш пред тебе. Не мешај се со нив и со боговите нивни да не сврзуваш завет. Да не останат во земјата твоја за да не те наведат на грев против мене зашто ако им служиш на боговите нивни тие ќе ти бидат соблазна за тебе 24*...

Иса 58
А
ко заради Саботата ја воздржуваш ногата твоја да ги исполнува желбите на твоето срце во Светиот мој ден, и ако ја нарекуваш Саботата радост, Свет Ден Господов, ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа да не се занимаваш со обичните работи, да им угодуваш на твоите грешни желби и да кажуваш празни зборови. Тогаш ќе имаш радост во Господа, а Јас ќе те искачам на височини земни и ќе ти дадам да вкусиш од наследството на Јаков, твојот татко



 

 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie