ОД СВЕТОТО ПИСМО - БИБЛИЈА
† И се покаја
Бог што го беше создал човекот на земјата
†
Новороденче ќе игра
над змиина дупка, дете ќе протера рака кон змиино гнездо
† Духот на животните
беше во тркалата
† Од Горите ќе Капне
Вино а од Ридовите ќе потече Млеко
† Имаше во тоа Време
Џинови на Земјата
† Волк и јагне ќе пасат заедно а лавот ќе јаде слама
како вол.
† А на змијата правот ќе и биде храна
† Сонцето ќе се преобрати во темнина а месечината во крв
† Ќерките ваши
ќе пророкуваат
Језекил 1 И видов ете бурен ветер доаѓаше од север и голем облак во него, а околу оган
сјаеше, среде него светлина од злато и сребро, во средината негова видов
призраци на четири животни, по обликот свој слични на човек. Секој од нив
имаше по четири лица и секој од нив по четири криља. А нозете нивни, прави
нозе, со перја а стапалата нивни како телешки копита, и болскаа како сјаен
бакар, а криљата нивни беа лесни. А под криљата нивни имаат човечки раце на
сите четири страни.
Четирите животни имаа свои лица и криља, криљата нивни се
допираа едно до друго, а кога одеа тие не се свртуваа туку врвеа секое во
правец на лицето свое. Обликот на лицето нивно им беше како лице човечко и
лице лавовско од десната страна кај сите четири. А од левата страна лице
телешко при сите четири и лице орловско кај сите четири животни. И лицата
нивни и криљата нивни од горе им беа разделени но при секое двета криља се
допираа едно до друго, а двете им ги покриваа телата нивни. И одеа тие секое
во правец на лицето свое на каде што Духот сакаше да оди и натаму одеа тие, и
кога не се свртуваа. Тие животни личеа на разгорени јаглени, на факели, огнот
се движеше меѓу животните и огнена светлина и светкавица излегуваше од огнот.
Животните се движеа брзо натаму и наваму, како болскава молскавица. И кога ги
гледав животните ете на земјата до тие животни имаше по едно тркало спрема
четирите лица нивни. Тркалата и обликот нивни изгледаше нешто слично на Топаз,
и сите четири си личеа едно на друго и по изгледот и по обликот тие беа како
тркало во тркало. А кога одеа се движеа во своите четири правци, кога се
движеа не се свртуваа. А краевите нивни беа високи и страшни, краевите на сите
четири наоколу беа полни со очи. И кога одеа животните се движеа и тркалата до
нив. И кога животните се подигаа од земјата се подигаа и тркалата, каде што
Духот сакаше да оди, натаму одеа и тие, на каде што Духот ќе тргнеше и
тркалата се подигаа подеднакво со нив, бидејќи
Духот на животните беше во тркалата. Кога
одеа животните одеа и тркалата и кога стоеа животните стоеа и тркалата и кога
оние се подигаа од земјата, се подигаа еднакво и тркалата, зашто Духот на
животните беше во тркалата.
Над главите од животните имаше нешто
слично на
сводот небески како проѕирен кристал издигнат одозгора над нивните крилја. А
под сводот се наоѓаа раширени крилјата нивни, свртени едно спроти друго,
додека другите две им ги покриваа телата нивни.
А кога летаа слушнав шум од
крилјата нивни нешто како шум од многу води
како глас од сесилниот Бог силен
шум, а кога одеа како шум од воен логор, а кога застануваа ги спуштаа крилјата
свои. И од сводот на главите нивни се слушаше шум. И кога запираа ги спуштаа
крилјата свои. Над сводот над главите имаше нешто слично на престол, како да
беше од камен од сафир, а на престолот од горе нешто слично на човек. И видов
потоа нешто како светнато злато и сребро, а внатре во него наоколу огин, од
бедрата угоре, од бедрата удолу видов слично на огин околу кого имаше
светлина. Како што изгледа божилакот во облаци во дождовен ден така беше оваа
светлина надолу. Такво беше видението на сјајот од сличноста на Славата
Господова кога го видов тоа паднав ничкум и го чув гласот на Оној кој ми
зборуваше и Он ми рече: Сине човечки стани на нозе и Јас ќе говорам со тебе. И
влезе во мене Дух, ме зеде и ме подигна и ме исправи на нозете мои и го чув
Оној кој ми говореше. Тогаш Он ми рече: Сине Човечки јас те праќам при
Израилевите Синови, при непокорните луѓе кои се побунија против мене, тие и
татковците нивни ме изневерија мене дури до денешниот ден. Тие се синови со
огрубено лице и со жестоко срце, при нив те праќам и ти ќе им кажеш: вака вели
Господ Бог.....
Исаија
11
Тогаш волк ќе живее со јагне, леопард ќе лежи заедно со јаре, теле. Лавче и вол
ќе бидат заедно и мало дете ќе ги води. Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе
лежат заедно, лавот ќе јаде слама како волот.
Новороденче
ќе игра над змиина дупка, дете ќе протера рака кон змиино гнездо. Нема да
прават зло и штета по целата моја Света Гора, зашто земјата ќе биде полна со
познавање на Господ како што водите го полнат морето.
Иса 65
Оти, ете, Јас создавам
ново небо и
нова земја, а поранешните нема повеќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе
доаѓаат. А вие ќе се веселите и ќе се радувате довека за она што јас го
создавам: зашто, ете, Јас ќе го создавам Ерусалим за веселба, а народот
негов - за радост. Ќе се радувам за Ерусалим и ќе се веселам за Мојот народ;
и нема повеќе да се чуе глас во него од плачење и глас од пискот. Таму веќе
нема да има малолетен ни старец, што нема да ги исполни деновите свои;
стогодишникот умира како момче, но умира ли стогодишен грешник, ќе биде
проколнуван. Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат
плодовите нивни. Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде
друг; зашто дните на народот Мој ќе бидат како дните
на дрво, и моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете
свои. Нема да се трудат напразно и да раѓаат деца за скрб; зашто ќе бидат
семе, благословено од Господа, и потомците нивни со нив. И пред тие да
повикаат, Јас ќе одговорам; тие уште ќе говорат, а Јас веќе ќе ги чујам.
Волк и јагне ќе пасат заедно, а лавот ќе јаде слама
како вол, а на змијата правот ќе и биде храна: тие нема да причинуваат зло и
штета по целата Моја света гора, вели Господ. Вака вели Господ:
небото е Мој престол, а земјата - подножје на нозете Мои; каде тогаш ќе
изградите дом за Мене, каде е местото на Мојот спокој? Зашто, сето тоа го
создаде Мојата рака, и сето тоа е Мое, вели Господ.
А
еве на кого ќе погледнам: на смирениот и паднатиот со дух и на оној што
трепери пред Моето слово.
Иса 58
Викај со
сиот глас. Не се воздржувај. Крени го гласот како труба. Укажи му на народот мој
на беззаконието негово ... Таков ли е постот што јас го определив, човек да ја
изнемоштува душата своја во денот кога ја неведнува главата како трска и под
себе става вреќа и пепел. Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господ? Ете
го постот што го избрав: Раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на
јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем. Раздели го
лебот свој со гладните, и скитниците сиромаси одведи ги во домот свој. Ако видиш
гол облечи го, и од блиските немој да се сокриеш. Тогаш твојата Светлина ќе се
јави како зора и твоето здравје наскоро ќе процути, твојата праведност ќе биде
пред тебе и Славата Господова ќе те придружува. Тогаш ти ќе повикаш и Господ ќе
те слушне. Ќе извикаш и Он ќе рече: ЕВЕ МЕ ... ти ќе бидеш како градина напоена
со вода и како извор чии води никогаш не пресушуваат
Јоел 2 И ете по тоа ќе излеам од мојот Дух врз секоја плот и синовите ваши и
ќерките ваши ќе пророкуваат, старците ваши ќе сонуваат
соништа и младите ваши ќе гледаат виденија. А и врз слугите и слугинките
во оние денови ќе излеам од мојот Дух. И ќе покажам знаци на Небото и Земјата,
крв оган и столбови од дим.
Сонцето ќе се преобрати во
темнина а месечината во крв. Пред да настапи Денот Господин великиот и
Страшниот. Тогаш што ќе го призове Името Господово ќе се спаси бидејќи на гората
Сион и во Ерусалим ќе има спасение, како што вели Господ а и по другите места
што ќе повика Господ.
Јоел 3 И ете во тој ден
од горите ќе капне вино а од ридовите
ќе потече млеко
и сите долини Јудејски ќе се исполнат со вода а од домот Господов ќе се појави
Извор и ќе ја напојува долината Ситим. Египет ќе стане пустина и Едом ќе стане
пустина бидејќи тие ги измачуваа синовите Јудини и пролеваа невина крв во
земјата нивна. А Јуда ќе живее вечно и Ерусалим од род во род. Јас ќе ја
измијам крвта нивна која уште не сум ја измил и Господ ќе живее на Сион
1 Мој 6
А кога луѓето почнаа да се множат на земјата и ќерки им се народија, тогаш
Синовите Божји гледајќи ги ќерките човечки дека се убави ги земаа кои што ги
сакаа за жени. И рече Господ Бог: Духот мој нема вечно да пребива во луѓето
зашто тие се тело, ете деновите нивни нека им бидат 120 год.
А имаше во тоа време џинови на земјата
особено кога Синовите Божји почнаа да влегуваат при ќерките човечки и
тие почнаа да им раѓаат. Тоа се силните луѓе прочуени од старото време. И виде
Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на земјата се големи и дека сите мисли и
помисли беа зли во секое време.
И се покаја Бог
што го беше создал човекот на земјата па се огорчи во срцето свое. И
рече Господ: Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал од земјата од човекот до
животното, ѕверовите и птиците небесни оти се кајам што ги создадов.
† Мистична
Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie