ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА
Пророчкото Слово за последните времиња е дел од нашата вера, дел од патот за Спасението наше. Многу е интересно да се чита и да се размислува за оваа тема, има многу места низ писмата, не е лесно да се разберат, и сето ова ја прави оваа тема уште поинтересна, привлечна, умот го исполнува со светлина и радост.
Некои пресметале дека во Светото Писмо постојат 1500 пророштва, од кои 1000 се исполнети, а уште 500 треба да се исполнат.
1 ПЕТРОВО 1
НЕШТО УШТЕ ПОВЕРНО - ПРОРОЧКОТО СЛОВО
Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени параболи, туку откако станавме очевидци на Неговото величие. Оти Он прими чест и слава од Бога Отецот, кога од велелепната слава Му дојде ваков глас: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Моето благоволение”. И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на Светата гора. А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што на него му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца. Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Оти никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух.
ДАНИЕЛ 2
Твоето видение, царе, е вакво; ете, некаков си голем, огромен беше тој лик, стоеше пред тебе во голема светлина, и погледот му беше страшен. Главата на тој лик беше чисто злато, градите и рацете од сребро, додека стомакот и бедрата негови беа бакарни. Потколениците железни, а нозете дел железни, дел глинени. Ти го гледаше, додека еден камен не се откачи од планината сам, удри во идолот, во неговите железно – глинени нозе и го скрши. Тогаш заедно сè се раздроби: железото, глината, бакарот, среброто и златото станаа како прав на летно гумно; ветрот ги однесе, и трага од нив не остана, а каменот што го разби идолот стана колема планина и ја исполни целата земја...
И во деновите на тие царства небесниот Бог ќе подиегне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно.. Бидејќи ти виде дека каменот што падна од планината сам, го раздроби железото, бакарот, глината, среброто и златото.
ДАНИЕЛ 7
Потоа видов од ноќните виденија и ете, четврти ѕвер, страшен и ужасен и многу силен; имаше големи железни заби; тој јадеше и здробуваше, а остатоците ги газеше со нозете; тој се разликуваше од сите поренешни ѕверови, и имаше десет рогови. Ги гледав тие рогови, и ете, меѓу нив се појави уште еден мал рог, а три од првите рогови беа со корен, истргнати пред него, на тој рог имаше очи, како човечки очи, и уста што зборува надуено. Видов најпосле дека се поставија престоли и седна Старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; престолот Негов личеше на огнен пламен, а тркалата му беа како оган што пламти. Река огнена излетуваше и минуваше пред Него; илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеја пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија. Тогаш видов дека за искажаните горди зборови, што рогот ги говореше, ѕверот беше убиен пред очите мои и телото негово смачкано и предадено на оган за да изгори. И од другите ѕверови власта беше одземена и животот нивни се продолжи само до извесно време и до рок. Видов во ноќните виденија, а тоа на небесните облаци како да идеше Синот Човечки, дојде до Старецот и застана пред него. И Нему Му се даде власт, слава и царство, за да Му служат сите народи, племиња и јазици; владението Негово е владение вечно, кое нема да измине, и царството Негово нема да се разруши.
... А десетте рогови значат дека од тоа царство ќе се кренат десет цареви и потоа ќе се појави друг, поинаков од поренешните и ќе ги покори трите цара. И против Севишниот ќе зборува и ќе ги угнетува светиите на Севишниот; дури ќе си помисли да ги измени времињата нивни и закони, па и тие да бидат предадени во раката негова за време и за времиња и за половина време. Потоа ќе седнат судиите и ќе ја одземат од него власта да погубува и да истребува до крај, а царството и власта и царското величие по целиот поднебесен свод ќе му се даде на народот од светиите на Севишниот, чие царство е царство вечно и сите големодостојници ќе му служат и ќе му се покоруваат нему.”
ДАНИЕЛ 8
И од едниот од нив излезе среден рог, кој нарасна многу спрема југ и спрема исток и спрема убавата страна, па се издигна до небесната војска, собори на земјата дел од таа војска и од ѕвездите и ги смачка; се издигна дури и над Водачот на таа војска, Му ја одзеде секојдневната жртва и го урна местото на Неговата светиња; и војската беше предадена заедно со секојдневната жртва поради бесчестието; а тој, откако ја собори вистината на земајта, дејстуваше и успеваше. И чув еден од светиите да зборува, и тој светија му рече на еден кој прашуваше: „До кога ќе трае тоа видени за секојдневната жртва и за бесчесното опустошување, кога светлината и војската беа стапкани?”. И ми рече: „Две илјади и триста вечери и утрини; и тогаш светилиштето ќе се очисти.”
... А косестиот козел е царот на Грција, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тој е нејзиниот прв цар: тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила.
А кон крајот на царството нивно кога отстапниците ќе ја исполнат мерката на своите беззаконија, ќе се издигне еден цар бесрамен и искусен во сплеткарење; неговата моќ ќе се зацврсти, иако не со неговата сила; тој ќе врши чудни пустошења и ќе успева, ќе дејствува и ќе погубува јунаци и народи на светиите; со умот негов ќе напредува и сплеткарството во раката негова; во срцето ќе се возгордее и во мирно време ќе погуби мнозина; тој ќе се крене против Кнезот над кнезовите, но ќе биде победен – не со рака. А видението за вечерта и утрината за кое ти се рече е вистинско, но ти сокри го тоа видение оти се однесува на далечни времиња.”
ДАНИЕЛ 9
Седумдесет седмици се определени за твојот народ и за светиот твој град за да биде покриен престапот, за да бидат запечатени гревовите и избришани беззаконијата, за да биде доведена вечната правда, за да биде запечатено секое видени и пророк и да биде помазан Светиот на светиите.
И така, знај и разбери: од времето кога излезе законот за обновување на Ерусалим, до Христа Владиката се седум седмици и шеесет и две седмици; и ќе се врати народот и одново ќе се изградат улици и ѕидовите, но во тешки времиња. И по шеесет и двете седмици Христос ќе биде предаден на смрт и суд нема да има: а градот и светилиштето ќе бидат разрушени ОД НАРОДОТ НА ВОДАЧОТ ШТО ЌЕ ДОЈДЕ, и крајот ќе му биде како од поплава, и до крајот на војната ќе има опустошување. И во една седмица ќе го потврди заветот за мнозина, а во половината на седмицата ќе престане жртвата и приносот, а на крилото од светилиштето ќе настапи мерзост на запустувањето и крајот на предопределената погибел ќе го постигне опустошителот.”
ДАНИЕЛ 12
1. И во тоа време ќе се крене Михаил, големиот кнез, кој ќе ги брани синовите на твојот народ, и ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па сè до денес; но ќе се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ќе се најдат дека се запишани во книгата. И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за укор и срам. И разумните ќе сјајат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда – како ѕвездите, во веки, засекогаш. „А ти, Данииле, сокри ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе ја прочитаат и знаењето ќе се умножи.”
... Оди си Данииле, оти тие зборови се сокриени и запечатени до последното време. Многумина ќе се очистат, ќе се избелат и ќе бидат искушани; нечестивете ќе почнат пак нечесно, и никој од нив нема тоа да го разбере, само мудрите ќе разберат. Од времето, кога ќе се прекрати секојдневната жртва и ќе се постави мерзоста на запустувањето, ќе минат илјади и двесте и деведесет денови. Блажен е оној што чека и ќе дочека илјада и триста и триесет и пет дена.
БУКВАЛЕН ПРЕВОД ДАНИЕЛ 12 - СЕПТУАГИНТА
4 And thou, Daniel, close the words, and seal the book to the time of the end; until many are taught, and knowledge is increased. 5 And I Daniel saw, and, behold, two others stood, on one side of the bank of the river, and the other on the other side of the bank of the river. 6 And [one] said to the man clothed in linen, who was over the water of the river, When [will be] the end of the wonders which thou has mentioned? 7 And I heard the man clothed in linen, who was over the water of the river, and he lifted up his right hand and his left hand to heaven, and sware by him that lives for ever, that [it should be] for a time of times and half a time: when the dispersion is ended they shall know all these things. 8 And I heard, but I understood not: and I said, O Lord, what [will be] the end of these things? 9 And he said, Go, Daniel: for the words are closed and sealed up to the time of the end. 10 Many must be tested, and thoroughly whitened, and tried with fire, and sanctified; but the transgressors shall transgress: and none of the transgressors shall understand; but the wise shall understand. 11 And from the time of the removal of the perpetual sacrifice, when the abomination of desolation shall be set up, [there shall be] a thousand two hundred and ninety days. 12 Blessed is he that waits, and comes to the thousand three hundred and thirty-five days. 13 But go thou, and rest; for [there are] yet days and seasons to the fulfillment of the end; and thou shalt stand in thy lot at the end of the days.
1 СОЛ 5
1. А за времињата и годините, браќа, нема потреба да ви се пишува,
2. бидејќи вие самите многу добро знаете дека денот Господов ќе дојде така, како крадец во ноќно време.
3. Оти, кога ќе речат: „Мир и безопасност!”, тогаш ненадејно ќе ги стигне погибел, како што ја напаѓаат родилни маки секоја непразна жена, и нема да избегнат.
4. Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да ве затече како крадец.
5. Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот: ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.
6. И така, да не спиеме, како и другите, туку да бидеме будни и трезвени.
Лука 17
20. Запрашан од фарисеите, кога ќе дојде царството Божјо, Он им одговори: „царството Божјо нема да дојде забележливо,
21. ниту ќе кажат: »Еве, овде е« или: »Ене, онде е«. Зашто царството Божјо е во вас внатре.”
22. И им рече: „Ќе дојдат дни, кога ќе сакате да видите еден од деновите на Синот Човечки, и нема да видите:
23. и ќе ви речат: »Еве, овде е« или, Ене, онде е«. – Не одете и не барајте!
24. Зашто, како што молњата, кога ќе светне од едниот крај на небото го осветлува и другиот, така ќе биде и Синот Човечки во Својот ден.
25. Но, најнапред Он треба многу да пострада и да биде отфрлен од овој род.
26. Како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки:
27. јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сè до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите.
28. Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа;
29. но во истиот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги изгоре сите;
30. така ќе биде и во денот, кога ќе се јави Синот Човечки.
31. Во тој ден, кој е на покрив, а покуќнината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; и кој е в поле, исто така, да не се враќа.
32. Сеќавајте се на Лотовата жена.
33. Кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја погуби; а кој ја погуби, ќе ја оживи.
34. Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават;
35. две жени ќе мелат заедно: едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават;
36. двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.”
37. И, кога одговорија, Му рекоа: „Каде, Господи?” А Он им рече: „Каде што е телото, таму ќе се соберат и орлите.”
ЛУКА 18
Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата
МАТЕЈ 24
А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој;
5. зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: »Јас сум Христос!« и ќе прелажат мнозина.
6. Ќе слушате боеви и гласови за војни. Гледајте да не се уплашите, оти сето тоа треба да биде; ама тоа уште не е крајот.
7. Зашто ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; и на места ќе има глад, помор и потреси;
8. а сето тоа е почеток на болките.
9. Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име.
10. Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат, и еден со друг ќе се мразат;
11. многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;
12. и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе се олади.
13. А кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.
14. И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.
15. Па така, штом ја видите мерзоста на запустението да стои на свето место, за која е зборувано преку пророкот Даниил – кој чита, нека разбере,
16. тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, да бегаат по планините;
17. кој е на покрив, нека не слегува да земе нешто од куќата своја;
18. и кој е на нива, нека не се враќа дома за да ги земе алиштата свои!
19. Но тешко на бремените и на оние што дојдат во тие дни.
20. Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме, или во сабота;
21. оти тогаш ќе биде мака, каква што не била од почетокот на светот па досега, а и нема да биде.
22. И, ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни.
23. Тогаш, ако ви каже некој: »Еве, овде е Христос, или таму е«, не верувајте!
24. Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.
25. Ете, однапред ви кажав.
26. И така, ако ви речат: »Ете, во пустината е Он« – не излегувајте;, Ете, во тајната соба е« – не верувајте!
27. Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки.
28. Оти, каде што е трупот, таму се собираат и орлите.
29. И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите ќе попаѓаат од небото, и силите небески ќе попуштат.
30. Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила;
31. и ќе ги испрати Своите ангели со голем трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.
32. Со смоквата направете споредба: штом се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото;
33. така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата.
34. Вистина ви велам: нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни.
35. Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
36. А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец;
37. но, како што беше во деновите на Ноја, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки;
38. оти, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот,
39. и не узнаа, додека не дојде потопот и истреби сè, – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки;
40. тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе се земе, а другиот ќе се остави;
41. две жени ќе мелат на рачници: едната ќе се земе, а другата ќе се остави.
42. Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ.
43. Знајте го и тоа, дека, ако домаќинот на куќата знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би стоел буден и не би позволил да му ја поткопаат куќата.
44. Затоа бидете и вие готови, зашто во кој час и не мислите, ќе дојде Синот Човечки.
2 СОЛ 2
1. А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање при Него, ве молам, браќа,
2. да не се поколебате лесно во мислите свои и да доаѓате во ужас било преку духот, било преку словото, или преку послание, како да е од нас испратено, како божем настапува веќе Христовиот ден.
3. Никој да не ве измами ни по каков начин; оти оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓањето и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта,
4. кој што се противи и се превознесува над сè, што се наречува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог.
5. Не помните ли дека, уште кога бев при вас, ви зборував за тоа?
6. И сега знаете што Го задржа Него да се открие во Свое време.
7. Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено, додека не се отргне оној, што ја задржува сега;
8. тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја, и преку блесокот на Своето доаѓање ќе го истреби
9. оној, чие јавување, по дејството на сатаната, е со секаква сила и знаци и лажни чудеса,
10. и со секакво неправедно измамување меѓу оние, кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината за своето спасение.
11. И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата,
12. та да бидат осудени сите, кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата.
13. Ние, пак, сме должни да Му благодариме на Бога за вас секогаш, возљубени од Господа браќа, затоа што +од почетокот, преку осветувањето од Светиот Дух и преку верата во вистината, Бог ве избра за спасение,
14. кон кое ве повика преку нашето Благовестие, за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос.
15. И така, браќа, стојте и држете ги преданијата, што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание.
16. А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отец наш, Кој нè возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж,
17. нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело!
1 ТИМОТЕЈ 4
1. А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамливи духови и ѓаволски учења,
2. преку лицемерството на оние, што зборуваат лага и имаат жигосана совест;
3. кои што забрануваат да се стапува во брак и советуваат воздржување од јадења, што ги создал Бог, верните да ги јадат +со благодарност и оние, што ја познаа вистината,
4. Оти секое творение Божјо е добро и ништо не е за отфрлување, штом се прима со благодарност,
5. бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.
2 ТИМОТЕЈ 3
1. Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки.
2. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни,неправедни,недружељубиви,
3. непомирливи,клеветници,невоздржливи, нескротливи, недоброљупци,
4. предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци,
5. на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив одвратувај се!
6. Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени, што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти,
7. жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до познавањето на вистината.
8. Па, како што му се противеа на Мојсеја Јаниј и Јамвриј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, неискусни во верата.
9. Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе се открие пред сите, како и на оние двајца.
10. Ти се угледа на моето учење, животот, целта, верата на мојата големодушност, љубовта, трпеливоста,
11. на моите гонења и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во +Иконија, и во ++Листра, какви прогони претрпев; и од сè Господ ме избави.
12. Па и сите, што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети.
13. А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себеси.
14. Но ти остани во тоа, што си го научил, и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил,
15. бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.
16. Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата,
17. за да биде Божјиот човек совршен и годен за секое добро дело.
1 СОЛ 415. Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господа, нема да ги испревариме умрените,
16. бидејќи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат +мртвите;
17. а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господа.
ОТКР 3
Бидејќи ти го запази словото на трпението Мое, и Јас ќе те запазам од часот на искушението, кое ќе дојде над целата вселена, за да ги искуша оние што живеат на земјата.1 КОРИНТ 15
Еве, тајна ви кажувам; сите нема да умреме, но сите ќе се измениме, одеднаш, во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме;ОТКР 20
1. Потоа видов како од небото слегуваше ангел, кој што го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја:
2. го фати змевот, древната змија, која што е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години;
3. потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјадата години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време.
4. И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите, чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние, што не му се поклонија на ѕверот, ниту на ликот негов, и не примија белег на челата свои и на рацете свои; и оживеаја и царуваа со Христа илјада години.
5. Другите, пак, од умрените не оживеаја, додека не се навршат илјадата години. Тоа е првото воскресение.
6. Блажен и свет е оној, кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со Него илјада години.
7. А кога ќе се навршат илјадата години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој,
8. и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата, Гога и Магога, и да ги собере за војна: бројот нивни е колку морскиот песок.
9. Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта.
10. А ѓаволот, што ги лажеше, беше фрлен во огнено и сулфурно езеро, каде што е ѕверот и лажниот пророк: тие ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков.
11. И видов голем бел престол и Седнатиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде.
12. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.
13. Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.
14. А смртта и пеколот беа фрлени во огнено езеро. Тоа е втората смрт.
15. И кој што не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во огненото езеро. 1. И видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина, и морето ги немаше веќе.
2. Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста, променета за својот маж.
3. И чув висок глас од небото како зборува: „Ете ја скинијата на Бога меѓу луѓето, и Он ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив – нивни Бог.
4. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.”
5. И Седнатиот на престолот рече: „Ете, сѐ ново создавам.” И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.”
6. Потоа ми рече: „Се сврши! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.
7. Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син.
8. А на плашливците и неверните, на поганите и убијците, на блудниците и магепсниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото, што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.”
ЗА ТЕРМИНОТ - RAPTURE
На запад, голем дел од христијаните, можеби пола, веруваат во нешто што го викаат RAPTURE, рапчр. Зборот значи среќа, но меѓу верните означува одземање, пренос од земјата на небесата.
Според сите, злобниот цар ќе владее 7 години од кои последните три ќе бидат страшни, но пола од верните веруваат дека Исус ќе ги заштити своите и ќе ги земе пред големите маки, а другите како и на исток веруваат дека тоа ќе се случи на крајот од овие седум години.
Аргумените на првите се Исус кога вика:
... Тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе се земе, а другиот ќе се остави;
две жени ќе мелат на рачници: едната ќе се земе, а другата ќе се остави.
... Оти, кога ќе речат: „Мир и безопасност!”, тогаш ненадејно ќе ги стигне погибел ...
... Како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки: јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сè до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите. Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа;
но во истиот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги изгоре сите;
Едните веруваат дека пред маките, за време на лажниот мир кој ќе го донесе антихристот, христијаните ќе бидат земени на небесата, Господ ќе ги заштити од искушениата за време на злобниот цар, и потоа заедно со Исус ќе дојдат на облаците кога сите ќе воскреснат, за ова има и филм во три дела ОСТАВЕНИ. Тие што ќе бидат оставени некои ќе се покајат, па ќе сведочат и ќе се спасат, за време на владеењето на антихристот.
Другите исто како православните веруваат дека само еднаш Исус ќе дојде, ќе го уништи злото, и потоа суд.
† ВЕРОНАУКА
www.angelfire.com/falcon/voznesenie