Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

    
Пресвета Троица - Симбол



Симбол (Символ) претставува кратко симболично објаснување на верата во Бог
Кога велиме Бог е Љубов, Бог е Вечен, тоа го кажуваме Симболично
Бидејќи Божјата природа е неопислива со човечки зборови
Бог ги научи пророците и апостолите како да го наре
куваме, како да веруваме во него, како да го Прославуваме
Сето тоа на Симболичен начин, бидејќи не постојат зборови буквално да ја објаснат Божјата Природа и Личност

Постојат повеќе Симболи од кои следните два се со голем авторитет во Црквата Божја
:
1. Од Св Атанасие Александриски 2. Никејско-Констанинополски
  Симболот на Св Атанасие Патријарх Александриски е во псалтирот
 Т
ој целосно е прифатен на првиот Собор во Никеа

Св Атанасие
 го запиша сето она што до 3 век беше пренесувано од Апостолите, преку нивните ученици
Ние целосно го прифаќеме учењето кое Господ им го предаде на Апостолите
Нашата вера е Апостолска и Чиста, бидејќи ние веруваме исто како што верувале Апостолите


Симбол од Св Атанасие Александриски
 

1. Оној кој сака да се спаси, пред се треба да ја почитува соборната вера
Која ако во целост и непогрешно не ја сочува, без сомневање засекогаш ќе погине. Верата, соборна е оваа:

2. Ние го прославуваме Едниот Бог во Троица и Троица во Еден
 
Со три личности неслиени и една природа неразделна
Зашто една е личноста на Отецот, друга на Синот и друга на Светиот Дух
Но Божјата природа на Отецот, Синот и Светиот Дух е една, Славата е една, и Величието е едно
Каков е Отецот, таков е Синот, таков е и Св Дух
Несоздаден е Отецот, несоздаден е Синот, Несоздаден е Св Дух
Несфатлив е Отецот, несфатлив е Синот, несфатлив е Светиот Дух
Вечен е Отецот, вечен е Синот, вечен е Светиот Дух, меѓутоа не троица вечни, туку Еден Вечен.
Не се троица несоздадени ни троица несфатливи туку еден несоздаден и еден несфатлив
Како што Отецот е Семоќен, така и Синот е Семоќен и Светиот Дух е Семоќен (Седржител, Сеприсутен)
Не троица Семоќни туку Еден Семоќен.Отецот е Бог, Синот е Бог и Светиот Дух е Бог
Меѓутоа нема три Богови, но само Еден Бог
Слично Отецот е Господ, Синот е Господ и Светиот Дух е Господ
Но нема три господа но само Еден е Господ
Како што според Христијанската Вера секоја Личност ја нарекуваме Бог и Господ
Така според истата Соборна Вистина не смееме да кажеме дека има три богови или три господа
Отецот од никого не е создаден ни креиран ни роден.
Синот не е создаден од Отецот, ниту е креиран, туку е Роден
Светиот Дух не е создаден од Отецот ниту креиран ни роден. Светиот Дух од Отецот Произлегува
Има еден Отец, а не три Отци. Еден Син а не три сина. Еден Свет Дух а не три свети духови
Во лицата на Света Троица никој не е прв или последен, и никој не е поголем или помал
Сите три личности се вечни и еднакви.
Според она што до сега го кажавме, Троица во Еден, и Еден во Троица го Прославуваме
Затоа кој сака да се спаси треба вака да размислува за Пресвета Троица


3. Заради нашето спасение
треба точно да веруваме и во Воплотувањето на нашиот Господ Исус Христос
Вистинска вера е кога веруваме и кажуваме дека нашиот Господ Исус Христос, Син Божји, е Бог и Човек
Бог по природата на Отецот, пред времето роден, и човек по природата на мајката, во времето роден
Совршен Бог и совршен Човек, со душа разумна и тело човечко
Еднаков на Отецот со неговата Божја Природа и помал од Отецот со неговата човечка природа
Иако Он е Бог и Човек, во него нема две личности но еден е Христос
Еден, не со претворање на Божјата природа во Тело, но со примање на човечката природа од Божјата
Еден во полнота, не со слевање на природата, но со единство во Личноста (Христос е само една Личност)
Како што еден човек има разумна душа и тело, слично Еден е Христос, Бог и Човек, Богочовек
Кој пострада заради наше спасение и слезе во адот и во третиот ден воскресна од мртвите
И се вознесе на небесата и седна од десно на Бог, Отецот Семоќен
Од каде што ќе дојде да им суди на живите и мртвите
И со своето доаѓање, сите луѓе со телата свои ќе ги воскресне, за да дадат одговор за делата свои
И ако правеле добро, во вечен живот ќе појдат, ако правле зло, во вечен огин
Ова е соборната вера. Во неа ако некој верно и вистинито не поверува неможе да се спаси 
(Тука завршува Симболот)




Ова е најточно исповедање на Православната Вера, за Божјата природа на Бог, Троица.
Синот предвечно се раѓа од Отецот
Светиот Дух, предвечно произлегува од Отецот.
Или, за Светиот Дух уште се вели:
Излегува од Отецот, преку Синот.
Уште се вели:
Сé е создадено од Отецот, преку Синот, во Светиот Дух

Но не смееме да кажеме за Светиот Дух:
Излегува од Отецот и од Синот.

Троичноста на Бог е симбол, мала претстава за Неговата Божествена природа. Сепак, Божјата природа, ние веруваме дека е неискажлива со зборови, и несватлива за нашиот човечки ум. Ова е апофатична теологија.
Бог се објавува како Троичен, а да кажеш дека мора да биде Троичен, е исто, како да си поголем од Господ, па добро ја разбираш неговата природа, па сега објаснуваш што мора да биде а што не немора. Зборот објавува, не значи, дека Бог бира што ќе биде, но ни дава најблиска претстава за нас, за да имаме увид во Божјата природа, според нашиот ограничен ум.

За Св Троица постои споредба. Отецот е Сонце, Синот е Светлина, Светиот Дух е Топлина
Светлината се раѓа од Сонцето за да ја осветли целата Земја
Синот се раѓа од Отецот за нас да не исполни со даровите на Светиот Дух
А Топлината произлегува од Сонцето и преку Светлината не стоплува. Господ за себе сведочи:
Светиот Дух произлегува од Отца, и преку Синот не исполнува со силата на Вечниот Живот
Затоа Господ ни го даде Сонцето, за да можеме да размислуваме за Оној кој ни дарува Вечна Топлина
Исус учи: ** Јас сум Светлина на светот, кој врви по мене нема да оди во темнина а ќе има Светлина во животот

Во Библија никаде не се спомнува зборот Света Троица
Најблиску до овој поим е кога Господ Исус Христос им заповедал на Апостолите да ги потопуваат верните
Да ги крштеваат (потопуваат) во вода, во името на
Отца и Сина и Светиот Дух.
Ангелите пеат: Свет си Свет си Свет си Господи ** Со ова ни кажуваат за
Три Личности во Еден Бог
На Апостолите и нивните ученици сé им било јасно, бидејќи биле поучувани од Христос и од Светиот Дух
Но во Библијата не е напишано јасно за природата на Господ Исус Христос, за Отецот, Синот и Светиот Дух
Затоа од самиот почеток, кога верните почнале да ги читаат писмата, се појавиле разни учења, и разни заедници
Сето ова се случува поради брзо и погрешно разбирање на книгите во Библијата
Погрешно разбирање, доаѓа од желбата за брзо навлегување во тајните на Светото Писмо
Библијата е непроценлив извор на знаење, во сите времиња се јавуваат луѓе кои манипулираат со оваа книга
Можеш да отвориш твоја школа, факултет, да основаш заедница, филозовски систем, и да заработуваш
Кога човекот би ги ставил на страна сите погрешни мотиви, пари, слава, забава, добротворни организации ...
Ако е упорен во проучување на писмата, и во советување со искусни луѓе, ке дојде до правилно разбирање
Црквата би била само една, Светла, Апостолска, Сеправославна, Соборна, Христова, и Вистинска.
Верата на Православните Христијани од првите векови, е Чиста, Непогрешна и Славна

* Библијата е само дел од Св Предание и Св Искуство на Црквата
Дел од непоценливото богатство на Христовата Црква
Луѓето кога ја читале Библијата а не сакале да ги проучат преданијата паѓале во Илузија и во Ерес
- Луѓето не можеле да сватат како е можно Семоќен Бог да страда на крст и да умре.
- Насекаде во Библијата пишува дека Бог е само Еден и дека нема други Богови освен него
Никој не смеел ни да помисли дека има повеќе Богови.
Тоа што Христос изјавил дека е Син Божји е тешко да се разбере.
 - Дали Христос е Бог, дали е човек, кој е Светиот Дух
   Дали Духот е Сила, дали е Личност, дали Духот е Бог ?
   Кој е поголем, дали се Троица, дали е Еден, на кого му платил Исус кога не искупил ?
   Ако Христос е Бог, тогаш на кого му се молел Христос ?
   Дали Христос е создаден, дали е роден, од кого и кога е роден, дали има Мајка, Татко ?
Сето тоа не е лесно да се разбере и затоа се појавиле погрешни учења
Се појавиле и безброј секти, војни се воделе, а и денес се водат
Црквата Православна, во борба против Ересите одржа седум големи Собори
Овие се нарекуваат вселенски Бидејќи на нив учествуваа духовници од целата Вселена (сите населени места)



   Седум Вселенски Собори Одржани од Православната Црква во првите векови од Христијанството

7 ВСЕЛЕНСКИ СОБОРИ
Зборот Вселенски означува, целата населена земја, вселена, целата земја на која што ние луѓето сме вселени.
Одлуките на овие собори не се локални, но се однесуваат на целата земја.

Седум Вселенски Собори се одржани во Православната Црква во првите векови од Христијанството, и сите одлуки на овие собори, за нас се непроменлива вистина, која води во живот вечен.

1. Првиот 325 год. во Никеа против Ариј кој учел дека Христос е создаден. ...
** Вистина е дека Христос предвечно се раѓа од Отецот.
2. Вториот 380 год. во Цариград против Македониј кој учел дека Светиот Дух е создаден од Отецот.
** Вистина е дека Светиот Дух произлегува (исходи) од Отецот
(не е погрешно да се каже дека Светиот Дух произлегува од Отецот преку Синот, но не смее да се каже, произлегува од Отецот и од Синот)

3. Третиот 413 год. во Ефес против Несториј кој учел дека во Христа има две личности и дека се родил како обичен човек, а Марија ја нарекол Христородица.
** Вистина е дека Христос е една Личност со две природи, Божја и Човечка, Он се раѓа како Богочовек.
4. Четвртиот 451 год. во Халкидон против Диоскор и Евтихиј кој учеле: (Монофизитска Ерес) Христос не е човек, во него има само една Божја природа, односно дека Христос е само Бог.
** Висттина е дека Христос е совршен Бог и совршен Човек.

5. Петиот 553 год. во Константинопол против Ориген кој учел дека Бог е милостив и дека во пеколот маките нема да бидат вечни, и сите ќе се спасат.
Исто така Ориген погрешно учеше дека телото на оние што ќе се спасат нема да воскресне, а само духот.
** Православното учење е дека и во рајот и во пеколот луѓето ќе добиат ново преобразено нераспадливо Тело.
Ние ќе воскреснеме со телото и душата заедно. Едни во вечни маки, а други во вечна радост.
6. Шестиот 680 год. против монотелитите, оние кои учеле дека во Христос има само една Волја.
** Вистина е дека Христос има две волји, Божја и Човечка. Човечката секогаш се покорува на Божјата.
7. Седмиот 797 год. во Никеа против иконоборците, оние кои учат дека не треба да се цртаат икони.
** Вистина е дека Божјата природа во Христос е неопислива, но човечката природа може да се нацрта на икона. Откако Христос се роди, Бог стана човек, и оваа човечка природа ние ја гледаме на Иконите. Иконите се дел од нашата вера, сведоштво дека Христос се роди, дека Бог стана човек, и ова за нас е најголема Вистина за Живот Вечен.
Соборот учи: Ние пред иконите се поклонуваме на Господ, а не се поклонуваме на самите икони.
Иконите се Прозорци Небесни, полни со Благодат која чудесно не води во Светлината на Царството Небесно.



Еден Бог со Три Личности * Отец, Син и Дух * 
Бог * Вечен * Семоќен * Сеприсутен * Нема почеток и нема крај
Во православната Терминологија постои Разлика помеѓу Лице и Личност

Лице, тоа е обликот на Лицето на Главата
Личност се однесува на сите Дарови и Особини кои те прават единствен
Сите Три Личности во Св Троица не се слеваат во една личност и не се делат на три богови
Сите Три Личности во Едниот Бог имаат Иста Природа, Божја Вечна Несоздадена Совршена
Сите Три Личности заедно го создаваат Светот и се што постои
Сé е создадено Од Отецот, Преку Синот, во Светиот Дух
Отецот е Бог, Синот е Бог, Светиот Дух е Бог. Нема три богови но Еден Бог со Три Личности
Отецот е Вечен, Синот е Вечен и Светиот Дух е Вечен
Луѓето се создадени од Земја. Св Троица не е создадена
За полесно разбирање на овие три личности во едниот Бог се вели:
Отецот е Нероден, Несоздаден, Не произлегува. Синот се раѓа од Отецот.
Св Дух произлегува од Отецот, пред времето
Ние исповедаме, веруваме, дека *Светиот Дух произлегува од Отецот преку Синот
Но не смее да се каже дека *Св Дух произлегува од Отецот и од Синот. Тоа е учење на Римокатолиците

Синот Втора Личност * Синот се роди од Марија, постана Богочовек, се отелотвори
Совечниот Син Божји пред 2000 год. покрај Божјата природа на себе прима и човечка природа
Исус Христос е Вистински Бог и Вистински Човек ** Исус Христос е Богочовек
Христос е една Личност со Две природи и со две Вољи - Христос има две природи, Божја и Човечка
Со човечката природа Христос јадеше, збореше, одеше, спиеше, постеше, страдаше, умре
Со Божјата природа Христос лекуваше, воскреснуваше мртви, одеше по вода, и др.
- Христос има две Вољи, Божја и Човечка, при што човечката секогаш се покорува на Божјата
Христос не се роди како обичен човек. Исус Христос се роди како Богочовек
- Името Исус Христос Синот Божји го зема откако се роди од Марија и зема човечка природа
- Синот два пати се раѓа
Прв пат се раѓа пред времето како вистински Бог од Бог вистински, како Светлина од Светлина
Втор пат се раѓа како Богочовек од Марија Дева, и тогаш го зема името Исус Христос
- Христос страдаше со неговата човечка природа, а не со неговата Божествена Природа
- Дали можеме Христос и Светиот Дух да ги наречеме наш Отец ?

Кога ќе кажеме ** Оче наш кој си на Небесата .. се мисли на Сите три Лица од Света Тројца
Сите три учествуаат во нашето создавање и не одржуваат во живот
Отецот Синот и Светиот Дух се наш Отец, наш Бог.
Имињата Јахве и Саваот исто така се однесуваат на сите три лица во Бог.
- Христос се нарекува
* Син Човечки, Бидејќи Бог стана Човек, се роди од Девојка
- Зборот Татко, и зборот Отец, имаат сосема исто значење. Отец е старомакедонски збор за Татко
Црквата, ретко го употребува зборот Татко, поради големото влијание на Словенските Просветители
Тие со својот живот толку го прославуваат црквенословенскиот јазик, го облагодатуваат со Славата Божја
Така денес кога ќе кажеме Господи, наместо Господи, Отци, наместо Татковци, Дева, наместо Девица ....
И ние Ја чувствуваме Силата на Воскресението, Славата на Новиоит Јерусалим, Радоста на Вечниот Живот
Оваа Голема Слава, нашите учители Кирил и Методиј, и нивните ученици, ја присоединија кон македонскиот јазик

Господ Исус на едно место вели: Отецот е поголем од мене. А на друго: Ја и Отецот сме Едно
Овие две места во Светото Писмо се главната причина за појавата на безброј Цркви и Секти во светот
Апостол Павле во следното послание ни објаснува зошто Исус е Помал од Отецот и зошто е Еднаков со Отецот
Исус како Бог е еднаков со Бога, но како човек е послушен се до самата смрт

(Филипјаните 2:5-8) Во Новиот Завет, Ап Павле вели:
Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли што ги има Исус Христос
Кои иако беше во Божји Лик, не сметаше дека треба да го искористи
тоа што е еднаков со Бога
Но сам себе се понизи, земајки лик на слуга, се изедначи со луѓето и по изглед се покажа како човек
Сам себе се понизи,
послушен се до самата смрт, смрт на крст

(Јован 13:13) Господ Исус Христос вели: "Вие Ме викате Мене Учител и Господ, и право велите, зашто тоа Сум."
(Јован 20:28-29)  Тома одговори и Му рече: „Мој Господ и мој Бог!”  Исус му рече: „Поверува, зашто Ме виде.
(Римјаните 9:5) Ап Павле "чии се и отците, од кои потекнува и Христос по тело, Кој е Бог над сите

Во Ст Завет: Пророк Исаија вели: "Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото.
Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Отец, Кнез на Мирот. "
(Исаија 9:6)
"Затоа, Господ Сам ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел! "
(Појаснување: Името Емануел значи: Бог со нас; Бог меѓу нас; Бог на наша страна)  
(Исаија 7:14)
 
Зашто Господ  Христос се Симна од Небесната Слава, зема човечко тело и се понизи до Смрт ?
-
За да ни покаже дека Бог не е далечен, не е некаков Деспот кој си игра со нас луѓето од Небесните Височини
- Дека сочувствува со нас, се грижи за нас, Бог сака да биде наш Татко а ние негови деца
- Но пред се Бог сакаше ние да го почувстуваме,  да го видиме Божјото Битие во Лицето на Христос
Да јадеме и да пиеме со него, да го допреме, да го видиме, да разговараме со Него, да спиеме со Него
Св Јован ја ослони својата глава на Градите на Господ Исус Христос
- Господ со своето симнување од Небесата сака да ни ја каже вистината и смислата на животот
- Господ сака да ни каже дека не Љуби и дека ја полага душата своја за нас
- Господ издигнат на Крстот целиот Свет ќе го привлече кон Себе за да го спаси и помилува
- Исус Христос со молитвата *Оче Наш кој си на Небесата.. за прв пат ни го покажа Бог како наш најсакан Татко
Како Оној кој највеќе се грижи за нас, Кој има целосна слобода да не Љуби но и жестоко да не кара
Пред доаѓањето на Христос Евреите немале обичај да го нарекуваат својот Бог * Татко
- Христос на земјата ја постави најголемата тајна *Евхаристија, ни го даде своето Тело и Крв
Оваа тајна не соединува со Бог, ние стануваме дел од него, дел од неговата вечна природа
Ако Христос Воскресна и ние ќе воскреснеме, ако сме дел од Вечниот тогаш и ние постануваме вечни
 
Светиот Дух. Трета Личност од Пресвета Троица.
Светиот Дух се спомнува често пати во Светото Писмо но при тоа треба да се прави разлика меѓу:

Прво Личноста на Светиот Дух, тоа е Бог.
Второ Даровите на Св Дух,
кои произлегуваат од Св Дух, или Плодовите на Св Дух.
Даровите на Св Дух се нарекуваат Несоздадени Енергии кој произлегуваат од третата Личност, од Св. Дух
Дарови, тоа се сите дарови кои човекот ги има, за да шири Радост Љубов и Вистина во Светот
Според плодовите и љубовта во нивниот живот, ќе ги познаеме вистинските ученици Христови

Кој верува во мене има Живот Вечен.
Светиот Дух ги научи Апостолите и нивните ученици како да го изобразт Христовиот Образ во Иконите, Музиката, Архитектурата, Одеждите, во секој момент од Црквата и Литургијата, и сега ние пребивајки во Црквата Христова и од Св Дух запечатена, веруваме во вистинскиот Христос, и оваа вера за нас е животворна и спасоносна, како што ни е ветено:
* Кој верува во Мене има Живот Вечен.
* А животот вечен е во тоа да Те познаат Тебе Едиствениот Вистински Бог и испратениот од Тебе, Исуса Христа.
Ние во Црквата имаме вистинско познавање на Отецот преку Синот во Светиот Дух. Од тука се гледа и разликата со неправославните заедници, кои читаат свето писмо, добро го познаваат новиот завет, но го немаат Духот Христов. Тоа е како да слушнале за нешто, но не го виделе и не го допреле.
Од тука и разликата со мачката.
Господ преку Духот на животните им дава бесловесен живот.
Господ преку истиот Дух во Црквата сведочи за Самиот Себе.
И ова сведоштво за нас е Живот и Вистина.
Тоа е нашата вера во Синот Божји, која воскреснува.



Каде во Светото Писмо може да се види дека Св Дух е Личност, а не некоја сила ?
Дали една обична сила може да се ожалости?
   "И не жалостете Го Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето!" (Ефесјани: 4:30)
Дали една обична сила може да воздивнува?
   "но Самиот Дух посредува за нас со неискажливи воздишки." (Римјаните 8:26)
Дали една обична сила може да одлучува?
(Дела 15:28) Св Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи"
Дали една обична сила може да сведочи?
   "Освен што Светиот Дух ми сведочи, во секој град, велејќи дека ме чекаат окови и маки." (Дела 20:23)
Дали една обична сила може да испитува?
  "А Бог ни го откри тоа нам преку Духот, зашто Духот испитува сè, па дури и Божјите длабочини." (1 Кор 2:10)
Дали една обична сила може да поседува знаење?
 " тоа не го зборуваме со зборови научени од човечката мудрост, туку со зборови научени од Св Дух" (1 Кор 2:13)
Дали една обична сила може да комуницира,
Да зборува преку пророците, преку христијаните, да ни зборува во молитва, да забранува, да дозволува итн.
Дали една обична сила, енергија, и сл. може да поседува знаење, разум, емоции?
Тоа се својства на личност. Робот или компјутерот можат да поседуваат знаење и информации
Но не можат да поседуваат разум и чувства.
Светиот Дух ги поседува овие својства, затоа тој не е ниту робот, ниту машина, ниту струја
Светиот Дух, е личност - Бог.

Бог се јавува на луѓето преку Старозаветниот Закон, Новозаветното учење и Молитвите на Св Дух
Секој што ќе ги прифати овие Три најголеми Небесни Откровенија
Ќе му се даде Клучот на Царството Небесно и Вечниот Живот
Ќе добие простување на Гревовите. Бидејќи Грев, значи означува Богоодалеченост
А преку Словото на Отца и Сина и Св Дух ние влегуваме во Славата Божја
Се потопуваме во Словото на ЈАХВЕ Повторно се раѓаме, од ГОРЕ

Ап Јован вели: Во почетокот беше СЛОВОТО (Исус как Син Божји постои од секогаш)
Господ Исус ни го јавува Словото на двата Завети и Словото на Светиот Дух
Господ Исус се вселува во нас преку Светиот Дух, кој во нас постојано се моли
Бидејки молитвата која ја кажуваме не е од нас, но Бог самиот ни ја дава, за да Му ја принесеме
Како што е напишано во словото на Литургијата: Твое од твоите ти принесуваме

ЗА БОЖЈИТЕ ИМИЊА   Елохим, Адонаи, Елшадаи, Кирие, Јахве, Јешуа, Месија, Ника, Теос, Елеос

Бог, на еврејски * Елохим, на Коине * Теос значи Цар. (Коине, е јазик на кој е напишан Стариот и Новиот Завет)
Господ, евр * Адонаи, на Коине * Кирие значи Владика или Господар
Божјото Име на еврејски е ЈАХВЕХ, значи ** Јас Сум Оној Кој Сум ** Јас сум Оној Кој Вечно Постојам
Саваот на еврејски значи Семоќен Бог.
Ника на Коине, значи победник и се однесува на Исус Христос
Исус е Коине и Македонски збор, значи Јахве е Спасител. Еврејски Јехошуа *Оној кој вечно постои е Спасител
Христос е Коине и Македонски збор, и значи Помазан со Елеи (Масло). Еврејски Месија или Мешијах
Господ го земал името ** Помазаник, бидејќи тој е помазан да биде Вечен Цар, Свештеник и Пророк
Масло, на Коине * Елеос. Елеј е симбол за Даровите на Светиот Дух
Царот, Свештениците и Пророците Бог ги помазувал со Елеј, односно со Силата на Светиот Дух
Тоа значи, тие имаат посебни Дарови на Светиот Дух за да ја извршуваат својата Служба

יהוה  - YHWH е Божјото име кое во Библијата се спомнува 7000 пати и тоа е преведено како Господ
Кај евреите се јавило предание, заради Третата Божја заопвед (Не изговарај го напразно името Божјо)
Тие толку буквално ја сватиле оваа заповед што воопшто не го изговарале Името Божјо
И затоа за да не паднат во искушение да го прочитаат Неговото Име при читањето на светите списи
Тие решиле во нив да го заменат со еврејскиот збор за Господ (Господар) - АДОНАИ.
Сега во некои списи се среќава adonai, а во некои тетраграматонот YHWH.
Никој не знае како точно се изговара ЈХВХ бидејки јазикот на Евреите е одамна изумрен
Претпоставки за изговорот на Името се ЈАХВЕ, и Јехова, но само како приближно до вистинското изговарање

 



 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie