После Кршт.
ние сме
Синови Божји и се спасуваме по Божјата милост но
само
со силна и чиста вера во Св
Троица
Ние стануваме
1.
Цареви 2. Свештеници 3. Пророци 1. Бидејќи
го победуваме злото и ќе царуваме заедно со Христос
2. Нашиот живот се преобразува
во Богослужба 3. Ја
знаеме иднината, тоа е Воскресението
и Царството Божјо.
Кумот при крштевањето е Сведок дека малото дете ќе биде воспитано во Духот на
Христос и ќе биде Член на Црквата
2 Свето Миропомазание
Тоа е излевање на дар од Светиот Дух на
новокрстениот, за да бидеме посилни и постојани
3 Евхаристија
Тоа е лебот и виното кое со повикување на Светиот Дух се
претвара во Тело Крв на Господ Исус
Оваа тајна се извршува на
празнични служби во Православниот Храм,
најчесто на Литургија, во Недела
* Ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта негова не ќе
имате живот во себе
Св Јован Зл. советувал да се причестуваме од лажичка бидејки некои луѓе со
телото и крвта правеле маѓии.
4 Свештенство
ракоположувње, хиротонија
Ракоположување на Ѓакони, Презвитери и Епископи со цел да
ги извршуваат Светите Тајни
5 Исповед
Дар од Светиот Дух за простување на гревовите направени по
Крштевањето, на оној со кае.
Покајание значи вистинска и реална промена во нашиот живот, а не само жалење
за нашите грешки со чувства
Господ Исус Христос им вели на Апостолите и Свештениците ** Ќе ти ги дадам
клучевите од Небесното Царство
Што ќе сврзеш на земјата ќе
биде сврзано на небесата а што ќе разврзеш на земјата ќе биде разврзано и на
небото
6 Брак -
Дар од Светиот Дух за соединување на мажот и жената во Едно
Тело
7 Елеоосветување
Дар на Светиот Дух за исцелување на болни и
простување на гревовите
За Крштевањето (Потопување -
Ваптисо)
Вие што зборувате против крштевање
на мали деца
Самите велите дека многу од учењето на Исус е Симболично,
значи има подлабоко значение
Вие велите дека буквално Он не е Врата, не е Пат
Кога Исус вели Ја сум Вратата, Ја сум Патот, Вистината и Животот
Следува дека има поголема тајна во зборовите за Крштевањето
Крштевање значи потопување во Словото на Отецот и Синот и Светиот Дух
Кој поверува во Исус, откако ќе поверува треба да се потопи во Словото, цел
живот да се потопува
Да се бања во Словото на Радоста за Вечниот Живот
Нели Исус кажува, ... нека го земе својот крст и нека оди по Мене
Па сега кој од вас што не признавата крштевање мали
деца си носи крст со себе
Тука е најголемото искушение кога некој ќе намисли да наклевети некоја друга
црква и да си создаде нова
Ова е Буквално, а ова не е Буквално
Павле кога вика жени да носат шамија и да не зборат, тоа не е Буквално
Исус кога вели Ова е Моето Тело и Крв, тоа не е Буквално
Сега кога вели откако ќе поверува да се крсти, тоа е Буквално
Ете тука е најголемото искушение за човекот ** АЈ да
си направиме нова црква
Според учењето на повеќе православни Отци
Тие деца што ќе умрат некрстени, ќе одат во Пеколот како
и сите што ќе умрат некрстени
Затоа што со крштевањето се добива простување од наследниот грев, од Адам и
Ева
А потоа за секој нареден грев, добиваме простување преку Верата,
со исповед и причест на Литургија
За ракоположувањето
(Хиротонија)
Апостолите не биле ракополагани,
бидејќи биле Апостоли
Тие добиле посебен дар на Светиот Дух, кога Исус им
заповедал:
Матеј
28* Ми се даде секаква власт над небото и над
земјата, одете и научете ги сите народи
Крштевајќи ги во името на
Отецот и
Синот и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал.
Ете јас сум
со вас преку сите денови до крајот на светот, Амин.
Апостоли не е исто со Епископи и Презвитери
Апостолите имале задача да одат од град во град и да проповедаат и да
ракоположуваат Епископи и Презвитери
А Епископите и Презвитерите се грижеле за црквите каде што
биле назначени
Преемството на епископите започнува од учениците на Апостолите, како што се
Игнатие, Поликарп Ипоолит ...
Според раните правила на црквата, треба три Епископи за да
назначат еден Епископ
А еден епископ е доволно да назначи Презвитер
Преемството е од огромно значење во Црквата заради зачувување на Вистината
За да се знае кои се вистински ученици и носители на науката која доаѓала од
Исус преку неговите Апостоли
Потоа, за да има ред во црковната хиерархија
Да има послушност, мир и дисциплина
Без оваа заповед, во она време не би се знаело кои се вистински носители на
верата
Како што и денес човек многу лесно може да се збуни покрај толку многу цркви
со различно толкување на Библијата, на Црквата, на Историјата
Секој си има своја историја, своја теологија, ...
Ако се погледне реално во историјата и единството на црквата, се гледа дека
само Православната Црква има авторитет, искуство, преемство, сила, и сите
аргументи да сведочи дека е Единствен Авторитет и Носител на Вистинското
Евангелие
Односно, само Православната Црква е носител на Христос, Вистинскиот Бог,
преку Светиот Дух
Надвор од Православната Црква има нејасна слика за Исус
Нејасна слика за Историјата, за Црквата, за Библијата, за Заповедите
Се е недоволно јасно, и води во големи искушенија
Пред се води во Гордост, бидејќи своеволното толкување на Светото Писмо, без
искуството на Црквата е душепогубно
Затоа Ракополагањето на Апостолите е суштина на единството на Црвата
А со тоа на Вистината, која извира од Православната Црква
Литургија
Заедничко Дело на
Верните. Лаос – Народ и Ергон – Дело. Богослужба во Светите Христови Храмови
На
Евхаристиска Литургијата се случува Припрема, Осветување и Причестување со
Светите Тајни
Верните во Храмот носат дарови, Леб и Вино. Со молитвите дел од даровите се
преобразуваат во Тело и Крв Христова
Литургијата ја основа Господ Исус на Тајната Вечара со давање на Лебот и
Виното. Редослед на Литургијата:
1 Проскомидија: Припрема на Даровите, Принесување на Лебот и Виното со
спомнување на сите членови на Црквата
2 Литургија на Словото: Уводна Служба, Мал Вход, Изнесување на Евангелие,
Читање од Св Писмо, Молитви
3 Евхаристија: Голем Вход, Целив на Мирот, Симбол, Евх. Молитви. Подигање и
Кршење, Причестување, Отпуст
- Големиот Вход претставува пренесување на евхаристиските дарови во Олтарот
После причестувањето ние сме Едно Тело Христово, затоа веќе не е потребно да
се Целиваме меѓу себе и Иконите
Ерес
- значи Избирам на Грчки, тоа значи си бираш само тоа што ти одговара
од Верата
И така си правиш нова вера по твој вкус, си го замислуваш Бог онака како ти си
сакаш
На пример твојот Бог не сака жените да си ги покриваат главите со шамија,
Nе
сака да бидат тивки смирени и да не зборат во Црква, не сака секоја недела да
се причестуваш,
Бог не сака ти секој ден да читаш Библија и Молитви ...
Гностицизам &
Окултизам
Погрешно учење
дека Христос и дал тајно знаење (Гносис) на Марија Магдалена кое се пренесува
само во одреден круг на луѓе, дека целиот физички Свет е грешен, телото
човечко треба да се уништи со цел да се ослободи духот. Окултизам е живот надвор од Црквата Христова кој наличува на Духовност но
мотивот на ваков духовен живот не е соединување со Исус Христос, но правење
чуда, пророкување, исцелување, телекинеза, телепатија, левитација и др дела
кои не се во согласност со физичките закони на земјата. Пример за вакви луѓе
се богомили, бајачи, хороскоп, Шри Чин Мои, Саи Баба.. Окултното учење е
мешавина на сите Религии. Овие окултни заедници и поединци веруваат дека ако
го ослободат Духот од Телото, духот ќе оди на најразлични места во вселената и
ќе стекне големо знаење за невидливите сили кои владеат околу нас. Со оваа
идеа окултните заедници запагаат во две крајности. Првата е крајно перверзен
живот исполнет со секакво блудствување и дроги со цел да се уништи телото, а
втората е директно убивање на телото со крајно откажување од храна, удобност и
Љубов, а ова преоѓа најчесто во Сатанизам, односно измачување и жртвување на
своето тело со цел да се добие слава и богатство од Духовите
Коливо
- значи Пченица Варена.
Во она време еден лош Цар наредил целата храна на
пазарот да се посвети на Пагански Богови и Демони
Jа прскале со крв
од умрени животни жртвувани на Лажни Богови
Тогаш Христијаните одлучиле да постат и да јадат Пченица
И од тогаш Пченицата има посебно место во Православните Домови
Пагани - доаѓа од зборот Погани, што значи Нечисти
Престол
- Трпеза за: Антиминс, Евангелие, Крст, сад со честици за причестување на
болни
Mироносица, свеќи, кандило, служебник
† Амин, така да биде
†
†
Ангели, Духови,
има
девет
видови:
Престоли, Херувими, Серафими, Власти, Господства, Сили, Ангели, Архангели и
Начала
†
Антифон, наизменично пеење Псалми и Песни во Храмот
†
Анафора, Принос, Подигање, Вознесување на Лебот и Виното
†
Антропологиа, Наука за Човечкото Суштество
†
Апокрифи, Прикриени, неавтентични списи, се мисли на лажни евангелија,
посланија, откровенија
†
Аскесис, Атлетичар,
Подвиг.
Аскетизам е постојано напредување
(подвиг, чекор напред)
во Животот
†
Апсида, Дел од Храмот со Слика на Богородица, го претставува соединувањето на
Небото и Земјата
†
Аџилак, Посетување на Свети места.
Се мисли и на нашето
Духовно патување кон Царството Небесно
† Богослов - тоа е Човек кој со Својот живот слови, зборува за Бог
†
Библија, Свети Книги, секој ден читаме по неколку страни
†
Богојавување, Празник
кога Господ Исус беше крстен од Јован Крстител, Бог се јави во Троица,
Отецот, Исус и Гулабот (Св Дух)
†
Бадник,
Целовечерно Бдеење во очекување на Христовото Раѓање. Гранките се симбол за
сламата и листовите во Пештерата
†
Бесребреници, работат бесплатно
† Веритас
Вистина (Лат)
†
Грев, Амартиа.
Одстранување
од целта на животот, прекршување на законот од Бог
†
Душа, Разумна
Свесна Невидлива
Бесмрттна
енергија. Душата има
слободна воља
и власт
да
управува со телото
† Духовник, Искуксен Човек во Верата, твој Советник, те познава како син,
секогаш е со тебе, тоа е твој Духовен Отец
† Догма, непроменлива Богословска Дефиниција како на пример: Исус
Христос е Богочовек
†
Ѓавол, Сатана,
Демон, тоа е Личност која се
противи на Бога и ги Мрази неговите Заповеди
†
Евхаристија, Благодарност, Телото и Крвта на нашиот Христос, кое ни се дава во
вид на Леб и Вино, за Живот Вечен
†
Еклектицизам, бирање на она што е најдобро од мудроста кај
другите народи, и примена во Христијанството
†
Екуменизам, христијанкко движење за соединување на сите цркви
во една Католици Протестанти и Православни
† Ектенија,
Молитви кои ги кажува свештеникот, на кои се одговара со * Господи Помилуј или
* Подај Господи
†
Емануил, Бог е со нас во тело, Тоа е Богочовекот Христос
† Епифанија,
Теофанија,
Богојавување. Најчесто
се мисли на Крштевањето Христово од Св. Јован кога Бог се јавува во Троица
† Екскомуникација.
Казнување на член од црквата со цел да се промени (извесен
период
не
му се дозволува да се причести)
†
Зограф Живописец
† Кеносис, Празнење. Христос се испразни од својата Сила и се понизи до
смрт на крст
†
Клепало Даска по која се удира, наместо Камбани
†
Литургија, Заедничка Богослужба
†
Идол, Лажен Идолски Бог, тоа се Глумци, Политичари, Пеачи, Спортисти, Пари,
Имот, тоа се нашите
лажни Богови
†
Идиот, човек што не е заинтересиран за
политика
†
Изобразителна Литургија,
Посебна Литургија
на која не се служи Телото и Крвта,
оваа најчесто се извршува во Манастири
†
Исповедник, Свештеник кој те исповедува. Презвитерите и Епископите имаат дар
од Св Дух да простуваат гревови
†
`И сега`, Кратенка од `И сега и секогаш и во сите векови, Амин`
†
Игуман Старешина на Манастир
†
Ктитор, оној кој нарачува изградба на Храм
†
Крстовден, празник (27/14 Септември) кога Царица Елена, мајката на Цар
Константин го пронајде Светиот Крст на Голгота
†
Католичка (Грч)
Соборна.
Православната Црква е
Соборна бидејќи заедницата се собира на едно место, околу Христос
†
Митра, Капа со крст,
која ја носат Епископите, таа е симбол за Христовиот трнов венец на Главата.
Виз. Цареви на гл. носеа Венец
†
Митарства, според
преданијата тоа се места каде што нашата душа после смрта проаѓа за да се види
каква е нејзината светлина
†
Мистика, Мистагогија, Вовед во Тајните на Црквата и Толкување. Мистирион, Св
Тајна, Дар на Св Дух
†
Мартир, Сведок. Светите Отци посведочија за
Бог
со своите животи слично
на Богочовекот
Христос
кој го даде својот Живот
†
Минеј 12 книги со служби за секој
ден
†
New Age, Синкретизам, прифаќање на сите богови, религии,
философии, како вистинити
†
Нафора, Антидор, Наместо Дар, Дел од принесениот леб, кој нема да се преобрази
во Тело Христово. Верните на крај го земаат
†
Нартекс, Предворје на Храмот, тука имало Крстилница, тука стоеле и оние кои не
се причестувале поради казна *Епитимија
†
Огласени, Катихумени, Почетници во Верата. Пред да се Крстат, луѓето оделе на
посебен Катихетски Курс, часови за Верата.
†
Неневесна, онаа
што немала Маж
†
Олтар, најсвето место во Храмот,
каде се наоѓа Престол (Трпеза), Проскомидија и Ѓаконик
†
Пневма, Дух, Здив, понекогаш се мисли на Светиот Дух, некогаш на Ангелите,
некогаш на духот човечки
†
Покајание, Метаноја, Промена од незнаење во знаење, од слобода во послушност,
одлука Христос да биде сé за нас
†
Презвитер, Епископ, Старешина,
Надгледник
на Црквата или Свештеник,
човек кој има посебни дарови од Св. Дух за оваа служба
† Прозелит, преобратен
во верата кој потекнува од друг незнабожечки пагански народ
† Пасха, Велигден, Воскресение,
Премин од Египет во
Ветената Земја. Од
смрт во Живот,
преку верата во Синот Божји
†
Пентакост,
Педесетница.
50 дена по Воскресението
слегува Св Дух на
верните.
Во С.З Празник Божјите Заповеди на Синаи
†
Парадокс, Вистина што не може да се сфати
со разум (пример учењето за Света Троица)
†
Пасхално Јагње. Тоа е Христос, кој го даде својот живот за простување на
гревовите на сите кои ќе поверуваат во Него
† Пентатеух, Тора, Пет Книги на Мојсеј со кој почнува Светото Писмо
† Парастос молитви за
Погреб
† Опело Мол. за
Преминати Христијани
† Задушница обичај
сабота во очи на слава да се посети Гроб
†
Параскева, Света Петка
† Покајание, значи промена,
од незнаење во знаење, од слободен и
безгрижен живот, во
Духовен,
Христочентричен
† Парабола,
Алегорија,
приказна
исполета со Симболи што ни помагаат да го разбереме Духовниот Свет
†
Плаштаница, големо
четириаголно платно кое седи во Олтарот, со слика на Христос како го полагаат
во Гроб
† Пантеон, храм
на сите лажни богови. Денес тоа е ТВ, преполн со лажни идолски богови, Глумци,
Пеачи. перверзии, ужас и смрт.
†
Путир, чаша со Вино, Вода и Леб * Тело Господово. Од градите на Христос потече
Крв и Вода откако беше прободен со копје
†
Преобразување, Празник
кога на Гората Тавор Исус ја покажа својата Божја Природа пред Мојсеј, Илија,
Јован, Јаков и Петар
†
Просфора, 5 Лебови со Печат, принесени од Верните, дел од ова ќе се преобрази
во Телото на Христос во Евхаристијата
†
Проскомидија, жртвеник, место во храмот каде се наоѓа Путир, Дискос, Копје,
Лажичка, Облеки, и се што е потребно за Служба
†
Света Гора, Атос, Полуостров во Грција со 20 Големи и безброј мали Машки
Православни Манастири, првите се основани во 9 век
†
Сретение Господово, тоа е кога Господ Исус беше воведен во Храмот 40 дена по
раѓањето, кога Старец Симеон пророкуваше
†
Св. Спас, Свето Вознесение, тоа е 40 дена после Велигден, кога
Христос се вознесе од земјата и се врати при својот Отец
†
Секта, Група Верници
што
се делат во помали групи *Нешто што е исечено од нешто Поголемо
† Симбол,
приближно
објаснување на Духовниот Свет со физички примери, на пр. Гулаб за Светиот Дух
† Сакрамент, Мистерија, Мистирион, Света Тајна, Дар на Светиот Дух,
Несоздадени Божествени Енергии
† Синергизам, Взаемно учество на нашите и Божествените Енергии во
Духовниот Живот
† Синоптик, Заеднички,
Сличен поглед.
Првите
три евангелија се слични, Матеј, Марко и Лука
† Свето Предание.
Тоа е целиот
Живот на Црквата, Библија, Собори, Св. Отци,
Богослужба, Историја,
..
† Синаксис, Собир.
Првиот дел од Литургијата се нарекува Синаксис
†
Солеа дел од Храмот пред Иконостасот
† Схимник, Молитвеник
за целиот Свет
†
Тропар, Кондак, Икос, Антифон, Ирмос, Катавасија, Акатист, Канон, Стихира ..
Песни и Молитви
†
Тањир, Дискос, во кој се наоѓа лебот кој ќе се претвори во Телото на Господ
Христос
†
Трисагион, Трисвета
Песна. Тоа е
Химна на Ангелите кои постојано пеат: Свет Си Господи
†
Темјан,
мирис
од посебни смоли,
благопријатен
на Бог, се употребува на секоја Богослужба
† Телогумена,
Богословско
размислување. Пример
дека има
девет видови Ангели
†
Ум, Разум. За Умот
се кажува дека е Прозор на Душата
†
Филиокве, Римокатоличко
неправославно учење дека Св Дух произлегува од
Отецот и од Синот. Ние Веруваме * Од
Отецот преку Синот
†
Хилијазам. Лажно учење
дека после воскресението
верните ќе живеат илјада години
на земјата каде ќе се мажат
и женат
† Храм,
Молитвен Дом, Се дели на три дела: 1. Предворје *Нартекс 2. Средина Брод *
Наос 3. Олтар * Мистична Средина на Црквата
†
Цветници, Влегувањето
на Господ во Јерусалим на Магаре. Народот фрлаше цвеќе и своите облеки под
нозете на Господ
†
Целомудрие, целиот
да бидеш исполнет со Божја Мудрост, со благословениот начин на постоење
†
Црква, Еклисија.
Света Заедница на луѓе кои го носат во себе Господ Исус Христос
†
Нус Разум † Адвент Доаѓање † Ава Тато † Агапи Љубов †
Апостасија Одпаѓање од Верата † Ангел Гласник †
Псалтир Кн. со Псалми
† Апостол Пратеник † Блаженство Духовна Радост † Канон
Правило
† Колесница Кола
† Есхатологија Учење за последните времиња † Порниа Еротски
Перверзии † Глосалија Дар на зборење во разни јазици
† Евангелие.
Радосна Вест
дека се приближи Царството Небесно † Шеол (Евр) Царство на Мртвите †
Ерес Лажно учење за Бог
† Осветен Ставен на посебно место † Ипостас Личност †
Инкарнација Воплотување Отелотворување † Антропос Човек
† Теотоко Богородица † Тринити Света Троица † Омилија
Проповед † Присно Секогаш † Раб Слуга † Нетлено
Нераспадливо
† Штедар Дарежлив † Покров Заштита † Јазичници Незнабожци † Откровение Видение † Бодар Силен †
Одар Кревет
† Амвон Место пред Дверите † Орар Лента, дел од облеката на
ѓаконот † Добросрдечност Од Срце † Покров Заштита
† Безмолвен Тивок (Молва е Метеж) † Диптих Книга со Молитви †
Теплота Топла Вода † Домострој Промисла †
Похот Неумереност
† Невештествен Нематеријален † Ликување Радување †
Пленува Освојува † Бедем Заштита † Крепост Сила
†
Порив Надига † Јота Буква † Отроковица Родителка †
Архистратиг Прв †
Озари Осветли
†
Преисподно Подземно
† Епиклеза Призивање † Превасходи Надминува † Отрок Дете † Торжествува Слави † Порфир Царска Облека † Инок Монах
† Кивот Ковчег † Изнедрува Од Гради † Сохрани Чува †
Страст Страдање или Желба † Руно Волна † Безпаќа Без Пат
† Предстател Оној кој нé Претставува † Ластар Прачка † Дерзновение Храброст † Устрои Нареди
† Словест Свест
† Чевствува Дава Чест † Азно Богатство † Благовеен Благ † Чертог Постела † Хорологион Часослов † Прилежно Прилега † Јота Буква
†
Слишание Послушност † Анамнеза Сеќавање † Јахве Ја сум Оној кој
Сум †
Аксиос, Достоен †
Миро Свето Масло
† Апокалипса Откривање † Катарза Чистење † Онтологиа
Наука за Битието † Парусија Доаѓање † Сотир Спасител
† Теофорос Богоносец † Хагиологиа Учење за Светост †
Харизма Духовен Дар † Алилујах Слава на Јахве †
Богомили Источна Секта
†
Типик Црквено Правило
†
Требник Молитви за
сите Св Тајни
† Служебник Молитви од
Утринска Вечерна и Литургија
†
Часослов Молитви за
Певницата
† Евхологион Требник и
Служебник на едно место
†
Тропар мала песна со
прославување
† Шалом Мир Евр.
Поздрав †
Панагија Слика на
Марија со мал Христос
†
Жезал Стап со двоглава
змија и крст кој го носат Епископи
† Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie