Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

      

 

     † Печат на Светиот Дух

 

 

Христос се роди на земјата, за да се изобрази во Православнате Богослужби

За да Го гледаме во Иконите, Молитвите, Одеждите, Храмот, Византиската Музика, Орнаментите...

Како што секој што ќе се допреше до Христовото Тело, и што ќе го чуеше неговиот Глас

И веднаш добиваше исцеление на душата и телото, и силна вера, и спасение

Така и секој што ќе се доближи до православната икона, до храмот, до презвитерите, до свеќата

И секој што ќе го чуе ангелското византиско пеење, од Христос благословените молитви и песни

Тој веднаш добива исцеление на душата и телото, и благослов за здрав духовен живот, и живот вечен.

 

ЈАХВЕ се објави како Бог Авраамов, Исаков и Јаковов

Јахве е Бог на заедница, која што Он ја одбира и ја запечатува со Својот Дух

Во оваа заедница може да се влезе единствено преку учество во Богооткриениот начин на Богослужење

Израил беше запечатен со законот на Мојсеј, како праобраз на Христовиот Закон

Во срцето Израилците ја имаа Саботата, како симбол за Вечната Сабота и Царството Небесно

Ги имаа жртвите и темјанот, како симбол за Христовата Жртва и Литургискиот Молитвен Живот

Литургијата, е Печат во нашето срце, кој не соединува со сите наши Отци, кои го носат истиот во себе

Авраам, Исак, Јаков, ... Мојсеј, Исаија ... се до Јован Крстител беа воплотени во Едно Тело преку Старозаветниот Закон

Израилскиот Народ беше соединет преку учество во Словото и Богослужбата откриена на Пророците

Старозаветниот образ на Богослужење и Уметност води во разбирање на евангелието
А самиот Господ Исус Христос, ја образува
Новозаветната Служба, преку Светиот Дух, Кој им го даде на Апостолите и нивните ученици

 

Центар на Новозаветното Служење е Литургијата, бидејќи таа е полнотија на Христовиот Образ

Литургијата е живот на црквата, заедницата Христова во Храмот

Aрматура на целиот наш христијански живот е Молитвата и Молитвеното Правило, во храмот и дома, и надвор.

Бидејќи е напишано *Молете се постојано

Молитвите се нашата постојана безкрвна жртва која ние ја принесуваме на олтарот на нашето срце

Свеќата која треба да се запали е символ за душата наша која треба да го прослави Вечниот Бог

Нашата душа, примајќи го на себе, Образот Христов, преку живот во Црквата

Таинствено се соединува со сите Души од Христовото Вознесение до денес

Со сите оние кои го имаат истиот Образ, истиот Печат

Христос е Телото ние сме Членови. Христос е бравата ние сме Клучеви

Христос е вратата. *Кој ќе влезе преку мене, ќе се спаси, ќе влезе и ќе излезе и пасиште ќе најде

Но оваа врата има образ, облик, печат, тоа е печатот на Православната Богослужба и Уметност

Пред се тоа е печат на молитвата и иконите, бидејќи тие се постојано околу нас, дење и ноќе

Никој не може да влезе низ оваа врата ако не се уподоби во Христовиот Образ

Тоа е нановото раѓање кое Никодим не можеше да го разбере, пред да го прими Духот Свети
 

Ние причестувајќи се со Телото и Крвта, сите наши сетива ги причестуваме пребивајќи  во храмот

Очите ги причестуваме со Икони, живи и насликани, ушите со молитвите и византиските светоотечки песни

Но не само на литургија, туку и дома и насекаде, насладувајќи се со православните молитви и песни

Ние ја принесуваме истата жртва што ја принесувале илјадници години православните насекаде

Го принесуваме истиот мирис кои се издига до небесата, од нашето срце до Небесниот Иерусалим

Тоа е мирисот од чадот на старозаветните жртви и на темјанот кој што му е на Бога угоден

Тоа е ветувањето на Светиот Дух, бидејќи е напишано:

* Имам уште многу да ви кажувам но сега не можете да носите

* А кога ќе дојде Он, Духот на Вистината, ќе ве упати во сеокоја Вистина

* Но од себе нема да зборува а ќе говори што чуе и ќе ви ја каже иднината

* Он Мене ќе ме прослави зошто од моето ќе земе и ќе ви јави

* Се што има Отецот Мое е, затоа и ви реков дека од моето ќе земе и ќе ви јави.

 

Светиот Дух ни го јавува образот и подобието Христово, овоплотени во Православната Богослужба

Христос сака да се овоплоти во целиот наш живот и да не присоедини кон Божјото Семејство

Јахве е Бог на Апостолите и Пресвета Богородица. Јахве е Бог на Апостолските Мажи

Св Игњатие Богоносец, Иполит Римски, Јустин Философ, потоа Бог на големите Отци
Од времето на Св Антоние, Василие, Григорие .... покасно Св Симеон Нов Богослов, Св Григорие Палама

Во скоро време Св Серафим Саровски, Св Силуан, Серафим Роуз ... Затоа често ги спомнува презвитерот на литургија

Оти сите овие сведочат за Едно Тело и Една Крв, изобразени и неделиви од Православната Богослужба и Уметност

 

**Ете стојам пред вратата и чукам.

Христос стои пред нашето срце и го преобразува

Целиот наш живот го преобразува за Он да живее во нас, Он да Воскресне во нас и Он да се Вознесе на небесата

И да седне од десно на Отца. И Славата Негова не ќе има крај.

 

*За да бидат сите едно, како што си ти Оче во мене и Јас во Тебе

*Па така и тие да бидат во нас едно и да познае светот дека Ти си ме пратил

*И Славата (Богослужението) што си ми ја дал на нив им ја дадов, за да бидат во се едно како што сме ние

*Јас сум во нив и тие се во мене за да бидат во се едно (Да бидеме едно пред се во Молитвите, и целиот Обред)

*И да узнае светот дека Ти си ме пратил и нив си ги возљубил како мене што ме возљуби
 

Кога зборуваме за Византиска Уметност, Музика, Икони, терминот *Византиска, е малку нејасен

Тоа е уметност која е инспирирана, сотворена од Духот Божји, од Светиот Дух

Тоа е Духот на самиот Господ Исус Христос, кој е Образ на Едниот Бог во Троица
Познавајќи и гледајќи го образот на Господ Исус Христос, ние гледаме во Вечниот Бог

Светиот Дух пребивајќи во учениците Христови, ги научи како овој Образ да го насликаат, да го пеат, да го чувствуваат.
Тоа е нашиот Живот Вечен, тоа е нашата Вера, тоа е нашето Спасение.

                                                                

 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie