Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



                 
Одговорност Пред Ангелите
  (за цигари и алкохол)

Кога ја исполнуваш твојата воља, кога не ти е грижа за семејството, кога ги мразиш твоите деца
Кога ќе и кажеш не на Љубовта, кога Смртта ти е помила од Животот, е тоа е најтажната слика на Светот
Кога се тресеш и нервозно излегуваш од дома, одиш до првата трафика и си купуваш Смрт
Парите и ги даваш на Смртта, и го даваш здравјето, љубовта, животот, и го даваш целиот свој живот
И го принесуваш како жртва целото твое семејство, да, и твоите родени деца на смртта и ги поклонуваш
За да ги измачува и на крај да ги убие. И ти сето тоа го правиш за едно најситно, најмало задоволство
Lord HB Partner Winston Bond и уште безброј. Најотровно, најсмртоносно и најодвратно решение во моментот

Го вдишуваш димот од цигарите, он преку градите оди во сите вени и капилари
Го уништува целото тело, ги уништува гените, директно го убива животот на твоето потомство
Со големи шанси твоите деца да се родат сакати или крајно слаби и неспособни за живот
Неотпорни на страшни болести како што е Леукемија, рак на крв, физичка слабост, болести во мозокот.
Преку воздухот смртта им ја даваш на твоите најблиски дома, на твоите колеги на работа
Ти стануваш сериски убиец и силно викаш * Баш ми е гајле за сé, јас ќе уживам, ако умрам тоа е Божја Воља

Смртта доаѓа во твојот мозок. Прво ја загадува најскапоцената црвена течност во телото
А потоа го зафаќа целиот систем со центар во Главата и го уништува целиот нервен систем на човекот
А нервниот систем раководи со сите органи во телото. После тоа ти не си способен правилно да размислуваш
Не си способен правилно да чувствуваш. Стануваш крајно деструктивен, нервозен и неподнослив
Ова го пренесуваш на твоите ближни. Им ја одземаш радоста и животот им го одземаш
Твојата способност за контрола е изобличена. Твоите органи ги убиваш и тие полека умираат
Им ја отвораш широко вратата на најстрашните болести. Просто ги молиш да дојдат и да те освојат
Тоа е најстрашен вид Сатанизам. Се убиваш самиот а потоа и другите, нешто најодвратно од почетокот на Времето
Тоа е најголемиот грев на Светот. Никој не те присилува. Ти доброволно ја купуваш бавната смрт

И другите ги убиваш и при тоа не ти е гајле за последиците дека откако ќе се разболеш
Некој ќе те чува и ќе те гледа како умираш и жално ќе плаче за тебе
Твоите најблиски, твојата жена и твоите деца наместо да работат и да се радуваат на животот
Тебе ќе те гледаат како умираш и како полека ти се распаѓа телото
Некогаш тоа со години се случува, твоите сите пари ќе ги дадат за Операции Болници Инекции Седативи
Нивната Радост и Љубов ќе се претвори во Ужас. И кога ќе јадат и кога ќе пијат
Кога надвор е најубаво време за прошетка твоите најсакани плачно ќе мислат на твојата смрт
Не ќе можат да се ослободат од страшните слики. Tоа е твоето тело кое полека се распаѓа и ги напушта
А ти ги оставаш сами на овој Свет осакатени засекогаш со сите трауми од кои нема да се ослободат никогаш

Замисли Терористи ти даваат услов:
Ако запалиш уште една цигара ќе селене дел од тебе
Дали постои толку зависен пушач што нема да се откаже? Многу христијани велат: Не можам да ги откажам
Но Господ Заповедува: Десната рака ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе

Ангелите што те сакаат и неможат без тебе, што сакаат да го слушаат твојот глас и да се блиску до тебе
Оние кои се грижат за тебе, тие се твоите Ангели во тело. Овие Ангели те Љубат, и не можат без тебе да живеат
Бог ги определи за тебе, ти да ги сакаш и да им го овозможиш твоето присуство, и да се грижиш за нив
Да ги радуваш, да зрачиш со Радост, Мир, Љубов, Здравје, Живот, со Елан, со Мистичен Елан
Тоа е сила која ќе го облагороди животот насекаде околу тебе со Свежина и со Силата на Светиот Дух
Љубовта меѓу вас ќе биде Света и Совршена и Зборовите на Господ да бидат ваша Светлина во Сите Векови

Се што е кажано за цигарите, се однесува и на алкохол, брзо возење, расправии, насилство ....







 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie