† Стефан Таковски Ивица Гаврил Прохор Наум Климент ...
Тоа се Духовници и Вероучители, наставници на нашиот народ од поново време
Тие се Светлината во Македонија, Извор на Жива Вода, Византиска Богослужба, Теологија и Традиција
Познати по своите редовни, тивки и молитвени богослужби, целовечрни молитви
(бденија) и предавања
Преведување книги, издавање весници, списанија, духовно раководење, и обраќање
на нашиот народ
Отец Јован Таковски, секако на прво место, е неуморен преведувач
Заедно со сите оние луѓе кои стојат позади него, кои го подржуваат и финансираат,
и му помагаат
Тоа е Владика Петар и многу други
Тој ги преведе Минеите и Осмогласникот, а тоа е целата Богослужбена Православна
Традиција
Тоа се илјадници страни животворен текст, слово кое единствено воскреснува во
Небесните Живеалишта
Претходно ја преведе прекрасната книга Мистична Теологија на Црквата од Исток
Тој прв започна со редовни предавања во Црквата Св Димитрија, заедно со Ивица
Тодоров
Ја осветли раната христијанска традиција за редовно причестување
Како и благодатното соединување на младите во брак, на Света Литргија со Причест
Отец Гаврил Велички, сега починат, во тек е неговото канонизирање за Светител
Кога се врати од Света Гора го заживеа манастирот во Лесново
Познат е по повеќе чудесни исцелениа, по својата строгост
За него се вели дека голем дел од православната богослужба ја знаел на памет
Кога некој од певница ќе пропуштел некој стих, Отецот веднаш реагирал
Се вели дека главна храна му било леб и чај. ***
Види Повеќе
Отец Прохор, духовно чедо на От Гаврил
Овој Отец е познат исто така, по својата строгост
По претставувањето на От Гаврил, Прохор беше две години на Св Гора, во Хиландар
Откако се врати, често држеше часови по Веронаука во Св Петка и Св Димитрија
Сега е во Берово
Отец Стефан Санџаковски, прекрасен и неуморен духовник, учител, професор ...
Човек со безброј прекрасни предавања, богослужби, со голем број духовни
ученици
Со прекрасен глас, со огромна љубов и големо разбирање
Човек со прекрасно познавање на Православната Теологија
Познат е по својот единствен речник, начин на изразување и теологија
Служи во Калиште, во Струга
Редовно предава на Богословскиот Факултет, каде секој може да присуствува и да
го слуша
Владика Наум Струмички, голем духовник, со осумгодишно монашко искуство на Света
Гора
Основач на списанието Премин, како и најдобриот македонски православен сајт
Преминпортал
Еден од најревносните возобновители на Исусовата Молитва на овие простори
Епископ Климент, заедно со Наум, со две години искуство на Света Гора, сега е во
Зрзе, Прилеп
Овие двајца се основачи на повеќе машки и женски манастири, возобновители на
монашкиот живот
Тоа се Духовни раководители, познати по своите прекрасни тивки и молитвени
богослужби
Владика Методија Златанов, заедно со горе наведените е голем духовен
учител
Има многу напишани текстови, со единствен и прекрасен речник
Го уредуваше фантастичното списание, Домострој, кое за жал веќе не излегува
Мнозина велат, дека за тоа списание, сеуште нема замена.
От Методија сега е во Америка
Проф. и Презвитер
Ивица Тодоров, познат неуморен вероучител
Одличен познавач на Православната Теологија, Философиа, Преданија, Историја и
Богослужба
Можеби најдобар познавач на раното христијанство, животот на црквата во првите
векови.
Со безброј предавања во црквата Св Димитрија и многу други цркви
Долгогодишен раководител на мисионерската дејонст во МПЦ
Сега богослужи и држи часови по веронаука во Црквата Св Ѓорѓи во Чаир
Владика Партение, голем и најславен духовен учител, молитвеник, подвижник
и исповедник кај нас.
Возобновител на великиот и славен манастир Св Јован Крстител и женскиот Св
Ѓорѓија, во Дебарско
Службите во овој манастрир се надалеку прочуени, по својата строгост, благодат,
молитвеност
Во овие два манастири има повеќе чудотворни икони, и мироточиви мошти
Мнозина болни, слаби, изгубени души, зависници од разни дроги, нашле помош во ова
славно светилиште
Отец Никола, од Драчево
Секогаш наоѓа доволно време за своите духовни чеда
Редовно ги посетува дома, и останува по неколку саати и не си оди, додека не им
одговори на сите нејасни прашања
Црквата Св Ѓорѓија, во криви дол, до касарната во кале е позната по своите
тивки молитвени служби
Со Византиски напев, редовно причестување и исповед, континуирано и ревносно
служи долги години
Тука служеа От Јован Таковски и Методија Златанов, Игор Калапаковски а сега
богослужи От Горан
Оваа црква веќе долго години е силен духовен центар со Византиски Богослужби и
целовечерни бденија
От Фотиј од Берово, еден од најдобрите пеачи
Владика Пимен, кога ќе го видиш, и веднаш се заљубуваш во него
Постои светилна во Македонија, огромна светлина, која не е во редот на
Свештенството
Тоа е Хорот Хармосини, кој пее редовно во црквата Св Ѓорѓиј, во Криви Дол
Професорот по византиско пеење Јане Коџабашија - кој е автор на повеќе насушни кгини од
оваа област
Протопсалт Гоце Секуловски - професор и учител
Источното Црковно пеење е суштина на православната црква, тоа е неразделен дел
од Духот на нашиот Господ Исус Христос
... и уште многу други
Во следниот период ...
† Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie