Мирцштегски реформи- целиот текст на изработените реформи | ||||||||
I. За да се установи една контрола врз дејноста на месните отомански власти, што се однесува до примената на реформите, треба да се назначат кај главниот инспектор Хилми паша специјални цивилни агенти од страна на Австро-Унгарија и Русија, кои ќе бидат задолжени да го придружуваат насекаде главниот инспектор, да го свртуваат неговото внимание врз потребите на христијанското население, да ги истакнуваат злоупотребите на месните власти, да им ги соопштуваат соодветните препораки на амбасадорите во Цариград и да му реферираат на своите влади за сe, што се случува во земјата. Како помошници на горенаведените агенти да се назначат секретари и доброволци, коишто ќе бидат задолжени да ги исполнуваат нивните заповеди и затоа, ќе им биде дозволено да прават обиколки во каазите, за да ги распрашуваат жителите во христијанските села, да ги контролираат месните власти и сл. Бидејќи задачата на цивилните агенти е да бдеат врз спроведувањето на реформите и смирувањето на населението, нивниот мандат ќе истече по две години од денот на нивното назначување. Високата порта да се задолжи да им нареди на месните власти да му ги дадат на тие агенти сите олеснувања, за тие да можат да ја исполнат својата мисија. II. Бидејќи реорганизацијата на турската жандармерија и полиција се најсуштествените мерки за успокојувањето на земјата, неодложно е да се побара од Портата и оваа реформа. Кога ќе се земе предвид дека неколкумината шведски офицери и други, кои непознавајќи го ниту јазикот, ниту месните услови, не би можеле да бидат полезни, пожелно би било да се додадат кон основниот проект следните измени и дополнувања: 6) Овие офицери ќе можат да побараат, ако тоа им се види неопходно, и помош на други офицери и подофицери, исто така странци. III. Откако смирувањето на земјата биде установено, да се побара од императорската влада една измена во територијалната поделба на административните единици, со цел да се групираат поправилно разните националности. IV. Во истото време да се побара реорганизацијата на административните и судските установи, во кои ќе биде пожелно да се допуштат и тукашните христијани и да се искористи решението на месните самоуправи (contonomies locales). V. Да се основаат веднаш во поважнит центри на вилаетите мешани комисии, составени од еднаков број христијани и муслимани, за разгледување на политичките престапи и други, направени за време на метежите. Во овие комисии треба да земат учество и конзулските претставници на Австро-Унгарија и Русија. VI. Да се побараат од турската влада суми, наменети специјално за: а) за враќање во нивните места на живеење на оние христијански семејства, коишто избегале во Бугарија и на други места; б) за помош на христијаните, кои ги изгубиле своите имоти и живеалишта; в) за реконструкција на куќите, црквите и училиштата, разрушени од Турците во текот на востанието. Комисиите, во коишто ќе заседаваат и христијани-првенци, ќе го решаваат раздавањето на тие суми. Австро-унгарските и руските конзули ќе бидат за нивната распределба. VII. Во христијанските села, изгорени од турските војски и башибозуци, христијанските жители, коишто се вратиле, ќе бидат ослободени во текот на една година од секаков данок. VIII. Турската влада да се задолжи да ги воведе одново и итно реформите, означени во приготвениот проект во месец февруари о.г., како и на овој, од кој неопходноста ќе биде отпосле почувствувана. IX. Бидејќи повеќето од самоволијата и ѕверствата се извршени од „илавето" (редифите од II класа) и од башибозуците, да се задолжи Портата да не се служи во иднина со илавети и башибозуци и да ги замени со редовни војски. *** Двете сили си го задржуваат правото да бараат за сите, коишто зеле учество во востанието, но не извршиле злосторства казниви со смрт, амнестија, којашто ќе биде објавена наскоро, штом околностите дозволат и којашто ќе се употреби под надзорот на агентите, назначени од Хилми паша, како и на конзулите на Русија и Австро-Унгарија. |
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||