Писмо од ЦК во Солун до Врховниот македонски комитет во Софија за настанатиот расцеп на II конгрес на Врховниот комитет [1] |
||||||||
20.01.1896 год.
Во таква положба на работите – право да си кажеме – ние не гледаме никаква сериозна помош за делото, дотолку повеќе, што Вашето разединување се случува токму во моментот кога се чувствува најголема потреба од хармонија и целост на сите што дејствуваат во негова насока. Ве гледаме разединети токму сега, кога ни остануваат одвај уште неколку седмици, за да бидеме внатре материјално потпомогнати. Дали се растопија снеговите по планините, и нам патиштата ни се веќе зафатени, а со тоа и нашите работници до другата зима ослабени. Независно од тоа, ние продолжуваме да го подготвуваме народот во духот на нашата зацртана програма и остануваме согласни со сите, кои ја споделуваат нашата девиза. Нашиот народ негодува за оружје и ние сигурно веруваме во готовноста на ангажираните да се жртвуваат- треба да побрзате со испраќање на помош! Со братски поздрав.
|
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||