Проект за споразум меѓу ВМРО и Советската влада, потпишан од членот на ЦК на ВМРО Тодор Александров | ||||||||
Декември 1923 год.
Обединувањето на Македонија, распарчена меѓу Бугарија, Србија и Грција во 1913 год. – во една политичка единица, која како последица на тоа ќе биде рамноправен член на една Балканска федерација или бар во првата своја етапа – на една Југословенска федерација. За постигање на таа своја цел ВМРО смета: а) на своите борбени сили; б) на секоја држава, какво и да било најзиното уредување, чиишто интереси се совпаѓаат со идеалите на ВМРО, и в) на сите општествени организации, кои што ратуваат за национално самоопределување, човечки правдини и слободи и траен мир во светот. Поаѓајќи от тие свои начела, ВМРО, земајќи уверување од официјалните петиции на Руската советска република, дека таа ќе содејствува за ослободувањето на потиснатите народи, го прифаќа следниот споразум со Руската советска република: 1. ВМРО се задолжува да
работи заедно со другите револуционерни организации на Балканот за федерализирање
на балканските држави во нивните етнички граници, чиишто добро разбрани
политички и економски интереси се совпаѓаат со тие на РСР.
|
||||||||
Подготвува: Цане Ѓорѓиевски |
||||||||