Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Резолуција на VII-от конгрес на ВМРО по казнувањето на Александар Протогеров

VII-от општ редовен конгрес на ВМРО, откако го ислуша подробниот извештај на членот од ЦК Иван Михајлов, за сета досегашна дејност на А. Протогеров, а исто и објаснувањата на многу од делегатите на конгресо, установува:

1) А. Протогеров уште пред м. септември 1924 г., служејќи се со заблуди и интриги, постојано се стремел да го осрамоти чистиот лик на Т. Александров и, расолебувајќи ја верата во способностите, силите и достоинството на големиот вожд, отворено создавал расположение против него. Тоа расположение донесе раскол во Организацијата и потстрек на престапната мисла за отстранување на Тодор.

2) Од собраните податоци и автентични документи по VII-от редовен конгрес, претставени на сегашниот конгрес, несомнено е докажано, дека А. Протогеров е соучесник, како во подготовката за убиството, така исто и во самото устројство на тоа убиство.

3) По општиот конгрес во 1925 г., до денот на неговото убиство, А. Протогеров со своите престапни дејствија внесувал раскол во Организацијата и секогаш ја доведувал во опасност нејзината целост и самостојност. Со најнепростени средства тој се стремел да го осуети денешниот конгрес, за да ги избегне одговорностите, кои неминовно ќе ги поднесеше за својот престап.

Протогеров не само што не се замислил, дека со тоа свое дејствување го подготвува кутнувањето на македонската ослободителна борба, туку напротив, во тоа кутнување го гледал својот триумф и го очекувал својот спас.

Со оглед на гореизложеното, конгресот смета, дека членот на ЦК И. Михајлов, исполнуивајќи го решението на минатиот VI-ти општ редовен конгрес за пронаоѓање и казнување на сите соучесници во убиството на Т. Александров, сфаќајќи ја уште и апсолутната неопходност од запазување на застрашената целост и самостојност на ВМРО, го исполнил својот заповеден долг, кога решил и наредил А. Протогеров да биде убиен.

Конгресот еднодушно го одобрува решението на членот од ЦК Иван Михајлов за егзекутирањето на А. Протогеров и признава, дека со тоа свое дејствие тој ги запазил највишите интереси на Организацијата и му искажува благодарност од името на поробената Татковина како на него, затоа што ја имал доблеста да ја реши и заповеда егзекуцијата, исто така и на нејзините извршители.


Оргиналната резолуција е потпишана од бирото на конгресот и од сите делегати.

<<Назад | Почеток

granicnik